Прва фудбалска лига на Чешка
| Земја | |
|---|---|
| Конфедерација | УЕФА |
| Основана | 1993 |
| Број на клубови | 18 |
| Нивоа на пирамида | 1 |
| Испаѓање во | Втора лига |
| Домашен куп | Куп на Чешка |
| Тековен првак | (2018-2019) |
| Најмногу титули | (34 титули) |
| ТВ партнери | ЧТ |
| Мрежно место | Мрежно место |
| Трофеј | |
Прва фудбалска лига на Чешка (или 1. лига) позната уште како Фортуна лига поради спонзорски причини, е најсилната фудбалска лига во Чешка. Како највисоко ниво на чешкиот фудбалски лигашки систем, во неа се натпреваруваат 18 клубови кои играат помеѓу себе по двапати, а по крајот од секоја сезона има корелација со Втората лига на Чешка преку системот на промоција и испаѓање.
Лигата е основана во 1993 година, по распаѓањето на Чехословачка. Од основањето па сè до сега, 35 екипи играле во Првата лига на Чешка. Најуспешен клуб е Спарта Прага со 12 титули, а актуелен шампион е екипата на Славија Прага, која го освои изданието во сезоната 2019-2020.
Клубови во сезоната 2020-2021
[уреди | уреди извор]Шампиони
[уреди | уреди извор]Од никнувањето на чешкото првенство до денес, забележлива е доминација на прашките екипи: Спарта Прага ја има освоено титулата 12 пати, а Славија Прага 6 пати. Останатите екипи кои не се од главниот град а ја освоиле шампионската титула барем еднаш досега се: Викторија Плзењ со 5 титули, Слован Либерец со 3 титули и Баник Острава со една.
|
|
Титули по клубови
[уреди | уреди извор]| Екипа | Титули | Сезони |
|---|---|---|
| 12 | 1993-1994, 1994-1995, 1996-1997, 1997-1998, 1998-1999, 1999-2000, 2000-2001, 2002-2003, 2004-2005, 2006-2007, 2009-2010, 2013-2014 | |
| 6 | 1995-1996, 2007-2008, 2008-2009, 2016-2017, 2018-2019, 2019-2020 | |
| 5 | 2010-2011, 2012-2013, 2014-2015, 2015-2016, 2017-2018 | |
| 3 | 2001-2002, 2005-2006, 2011-2012 | |
| 1 | 2003-2004 |
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
| ||||||||||||