Томаш Росицки

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Томаш Росицки
Arsenal Vs Burnley (24618630252).jpg
Лични податоци
Роден на 4 октомври 1980
Роден во Прага, Чешка
Држава Чешка Чешка
Висина &100000000000001800000001,80 м
Играчки податоци
Позиција среден ред
Повлекување 20 декември 2017 (37 г.)
Младинска кариера
Спарта Прага Спарта Прага
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1998-2001 Спарта Прага Спарта Прага 41 (8)
2001-2006 Борусија Дортмунд Борусија Дортмунд 149 (20)
2006-2016 Арсенал Арсенал 170 (19)
2016-2017 Спарта Прага Спарта Прага 12 (1)
Репрезентација
2000-2016 Чешка Чешка 105 (23)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 16 јануари 2012.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 16 јануари 2012

Томаш Росицки (роден 4 октомври 1980 во Прага) — поранешен чешки фудбалер, играч од средниот ред.

Технички карактеристики[уреди | уреди извор]

Росицки е играч од средниот ред познат по прекарот „Малиот Моцарт“, поради неговата феноменална вештина и способноста да го раководи средниот ред со добрите подавања.

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Борусија Дортмунд[уреди | уреди извор]

Борусија Дортмунд за него на Спарта прага во 2001 плати 18 милиони фунти, што претставува рекорд во Бундеслигата.[1] Неговата репутација растеше додека играше во Дортмунд, но поради финансиската криза во која се најде клубот не можеше да го задржи и покрај фактот што беа свесни за неовиот придонес. Медиумите шпекулираа со скап трансфер во повеќе големи клубови, вклучувајќи ги Реал Мадрид, Атлетико Мадрид, Тотенхем, Челси и Арсенал. Росицки изрази желба да си замине од Дортмунд на крајот на сезоната 2005–2006, и веднаш потоа јужноафриканецот Стивен Пиенар бил донесен во пресрет на заминувањето на Росицки.

Арсенал[уреди | уреди извор]

Росицки во 2007

На 23 мај 2006, Арсенал потврди дека го потпишале Росицки на долгорочен договор. Цената на трансферот не беше откриена но се шпекулираше дека се работи за околу 6,8 милиони фунти поради специјална клаузула во договорот на Росицки со Дортмунд.[1][2] Томаш го зема дресот со број 7 кој претходно му припаѓаше на Французинот Робер Пирес. На 8 август 2006, Росицки го направи своето деби за Арсенал Играјќи на левото крило во првиот натпревар од третото коло од квалификациите за Лигата на Шампиони против Динамо Загреб. На 13 септември, Росицки гопостигна својот прв гол за Арсенал на гостувањето кај Хамбургер, со спектакуларен шут од околу 30 метри.[3] Првиот гол во Премиер Лигата му беше против Виган Атлетик на 11 февруари 2007. Росицки не беше во форма во сезоната 2006–07, постигнувајќи само три гола во Премиер Лигата. Росицки во Арсенал најчесто игра како лево крило. На моменти неговата игра потсеќа на онаа на неговиот претходник Робер Пирес. Додека сѐ уште беше во раните фази на неговата кариера Томаш се здоби со прекарите „Малиот Моцарт“ и „Моцарт на Фудбалот“ поради неговата способност да ја диригира играта на својот тим.[4]

Сезоната 2007–08 Росицки повторно ја започнал како лево крило. На 29 август го постигна својот прв гол во новата сезона во натпревар против неговиот поранешен клуб Спарта Прага. Голот го постигна по амо 7 минути игра со низок шут, по асистенцијата на Тео Волкот.[5] Томаш ја одржа својата добра форма и во натпреварот против Портсмут постигнувајќи го својот прв гол во новата Премиерлигашка сезона со силен шут од лош агол. По опоравувањето од повредата на бутниот мускул заработена на натпреварот против Севиља, Росицки се врати во форма на натпреварот со Болтон Вондерерс од Премиер Лигата. По добрата комбинирање со Тео Волкот постигна го со шут од линијата на пет метри, а потоа следуваше уште еден гол против Виган Атлетик на асистенција од Никлас Бентнер. Томаш славеше и на гостувањето кај Мидлсбро, натпревар во кој Арсенал загуби со 2-1, а се запиша и меѓу стрелците и против Евертон со низок шут од врвот на шестнаесетникот во победата од 4-1. Повторно ја тресеше мрежата против Фулам кога постигна гол од 5 метри на асистенција на Едуардо, натпреварот заврши со победа од 3-0 за Арсенал. Навивачите на Арсенал последен пат го видоа Чехот кога излегуваше во 9 минута на натпреварот од ФА Купот против Њукасл на Емирати на 26 јануари. Менаџерот Арсен Венгер подоцна изјави за повредата на 27 годишниот Томаш дека „не е сериозна ама е чудна“. Сепак, поради повредата Росицки го пропушти остатокот од сезоната како и Европското Првенство кое се одржа летото. Според изјави на Скај Спорт Тој ќе го пропушти почетокот на новата сезона поради операција на коленото.[6]

Откако го пропуштил Европското првенство 2008, Росицки бил очекуван да се врати во составот на Арсенал најдоцна до септември, но на 2 октомври 2008 Арсен Венгер излегол со изјава дека физиотерапевтите „постапиле добро“ доколку успее да се врати пред новата година. Сепак, тој не успеал да се опорави и да игра до крајот на сезоната 2008-2009.

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

Росицки го оствари своето репрезентативно деби во 2000 на 19 годишна возраст, против Република Ирска. Играше за својата земја на Европските Првенство во 2000 и 2004 и и помогна да се квалификува за Светското Првенство во 2006 во Германија. Росицки покажа добра форма додека настапуваше за Чешка во фазата по групи од квалификациите, постигнувајќи неколку гола од пенал и асистирајќи им на Милан Барош и Јан Колер со прецизни и навремени подавања. Исто така го постигна и победоносниот гол во плејофот против Норвешка, со што го обезбеди влезот на Чешка во финалето.

На Светското Првенство во 2006, Росицки постигна два гола во победата на Чешка над САД со 3-0 во првиот натпревар, на 12 јуни, 2006. Чешка испадна од Првенството уште во фазата по групи, при што Росицки беше приморан да игра во нападот по повредите на двајцата напаѓачи, Јан Колер и Милан Барош.

На почетокот на сезоната 2006–2007 Росицки стана капитен на Чешка, на местото на Павел Недвед кој замина во пензија, и брзо се снајде во новата улога, помагајќи и на репрезентацијата да се квалификува за Европското првенство 2008.

Росицки го пропушти Европското првенство 2008 поради повреда.

Титули[уреди | уреди извор]

Клупски[уреди | уреди извор]

Чешка Спарта Прага[уреди | уреди извор]

1998-1999, 1999-2000
1996

Германија Борусија Дортмунд[уреди | уреди извор]

2001-2002

Англија Арсенал[уреди | уреди извор]

2013-2014, 2014-2015
2014, 2015

Индивидуални[уреди | уреди извор]

2001, 2002, 2006

Белешки[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]