Прејди на содржината

Мауро Каморанези

Од Википедија — слободната енциклопедија
Мауро Каморанези
Лични податоци
Полно име Мауро Херман Каморанези Сера[1]
Роден на 4 октомври 1976(1976-10-04)(49 г.)
Роден во Тандил, Аргентина
Држава Аргентина Аргентина
Италија Италија (од 2003)
Висина &100000000000001740000001,74 м
Играчки податоци
Позиција среден ред
Повлекување 2014 (37 г.)
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1995–1996 Алдосиви Алдосиви 31 (0)
1996–1997 Сантос Лагуна Сантос Лагуна 13 (1)
1997 Монтевидео Вондерерс Монт. Вондерерс 6 (1)
1997–1998 Банфилд Банфилд 38 (16)
1998–2000 Крус Асул Крус Асул 78 (32)
2000–2002 Верона Верона 51 (7)
2002–2010 Јувентус Јувентус 224 (27)
2010–2011 Штутгарт Штутгарт 7 (0)
2011–2012 Ланус Ланус 35 (0)
2012–2014 Расинг Клуб Расинг Клуб 39 (3)
Репрезентација
2003–2010 Италија Италија 55 (4)
Раководител на екипите
2015 Корас де Тепик Корас де Тепик
2016 Тигре Тигре
2016–2017 Кафеталерос де Тапачула Кафеталерос (Т)
2020 Табор Сежана Табор Сежана
2020–2021 Марибор Марибор
2022 Марсеј Олимпик Марсеј             (Асистент)
2023–2024 Флоријана Флоријана
2024 Кармиотиса Кармиотиса
2024-2025 Анортозис Фамагуста Анортoзис Фамагуста

Мауро Херман Каморанези (роден на 4 октомври 1976, во Тандил) — аргентинско-италијански фудбалски тренер и поранешен фудбалер, играч од средниот ред.

Кариерата ја започнал во Аргентина со екипата на Алдосиви, од каде една година подоцна заминал во странство играјќи за Сантос Лагуна во Мексико и за уругвајскиот клуб Вондерерс од Монтевидео. Во 1997 година, се вратил во Аргентина, во дресот на Банфилд, каде неговите 16 голови на 38 натпревари го убедуваат Крус Асул да го купи. Враќајќи се во Мексико, тој одиграл две одлични сезони кои ширум му ја отвориле вратата за трансфер во Европа. Во 2000 година, се сели во Верона во Италија, каде со добрите игри во двете поминати сезони се препорачал на Јувентус, кој го купил во 2002 година. Со клубот од Торино го освоил италијанското првенство (2003) и два Суперкупа на Италија (2002 и 2003), станувајќи омилен кај навивачите особено по неговата одлука да остане во најтешките моменти, по испаѓањето на клубот во Серија Б, и да помогне за експресното враќање во врвната дивизија по само една година пауза. После осум години, во кој забележал 288 настапи и 32 гола, тој го напуштил Јувентус во 2010 година, играјќи кратко за германскиот клуб Штутгарт, пред да се врати во родната земја и таму да ја заврши својата играчка кариера.

И покрај тоа што е роден и израснал во Аргентина, благодарение на својте корени, тој добил право да настапува за италијанската репрезентација. Дресот на „аѕурите“ го носел на 55 натпревари, на кој постигнал 4 гола, претставувајќи ја Италија на две Европски (во 2004 и 2008) и две Светски првенства (во 2006 и 2010) станувајќи Светски шампион на Мундијалот во Германија (2006).

По завршувањето на играчката кариера, започнал да се занимава со тренерска работа, водејќи клубови од Мексико, Аргентина, Словенија, Малта и Кипар.

Биографија

[уреди | уреди извор]

Роден е во Аргентина, во семејство на спортисти: неговиот татко Хуан Карлос Каморанези бил фудбалер кој играл на аматерски нивоа,[2] додека неговиот чичко, Нестор Гомес, играл во аргентинската врвна лига. Тој има италијанско потекло од неговиот прадедо Лујџи, роден во Потенца Пичена (пров. Мачерата) во 1873 година и починал во 1953 година во Виља Митре, во Аргентина.

Технички карактеристики

[уреди | уреди извор]

Познат по издржливоста како една од главните карактеристики на неговиот стил на игра, Каморанези бил крилен играч, главно по десната страна, со силна склоност кон напаѓање, поради техничката виртуозност која ја поседувал и способноста за додавање кон своите соиграчи, но многу често знаел и самиот да го најде патот до противничката мрежа.[3]

Клупска кариера

[уреди | уреди извор]

Почетоци

[уреди | уреди извор]

Своите први фудбалски чекори ги направил во младинскиот тим на Химнасија Ла Плата, во Аргентина. Во 1994 година, играјќи за младинскиот сектор на Алдосиви, за време на дербито против Клуб Атлетико Алварадо, тој извршил фаул што предизвикал руптура на менискусот на тетивата на противничкиот играч Роберто Пицо, кој сепак бил во можност да се врати на физичката активност само по многу долга пауза.[4] Шеснаесет години подоцна, тој бил осуден да плати 50.000 долари (еднакво на 38.000 евра) за физичко оштетување: Пицо, всушност, завршил со 39% инвалидитет во коленото.[5]

Откако дебитирал за првиот тим на Алдосиви, тој одиграл 31 натпревар во втората аргентинска лига во сезоната 1994-1995. Во 1996 година, го потпишал својот прв професионален договор во Мексико со екипата на Сантос Лагуна, играјќи 13 натпревари и постигнувајќи еден гол за клубот. Во 1997 година, се преселил во Монтевидео Вондерерс, но за нив одиграл само неколку натпревари во уругвајското првенство, затоа што, откако истрпел суспензија од 10 натпревари за удирање на судија, договорот му бил раскинат.[6] После ова, тој се вратил во татковината во сезоната 1997-1998, каде играјќи за Банфилд, бил автор на позитивна сезона во втората аргентинска лига постигнувајќи 16 гола на 38 натпревари.

Крус Асул

[уреди | уреди извор]
Каморанези со Крус Асул во 1999

Во 1998 година се вратил во Мексико, потпишувајќи договор со Крус Асул, како етаблиран играч од средниот ред. На 1 август 1998, го направил своето деби за „Los Celestes“, влегувајќи како замена на полувремето на местото на Хоакин Морено и го постигнал четвртиот и последен гол за тимот во победата со 4-0 над Пуебла. Во Аперутра 1998, Каморанези играл редовно како стартер и постигнал 4 гола во регуларниот дел од сезоната, а исто така ги започнал и ги одиграл сите четири натпревари во Лигуиља, каде Крус Асул стигнале до полуфиналето во кое биле поразени од Атлас. Во Клаусура 1999, тој постигнал уште пет гола, вклучително и двата во победата со 4-0 над Клуб Америка на 17 март 1999.

Следната сезона, Каморанези постигнал 7 гола во регуларниот дел од сезоната (3 во Апертура и 4 во Клаусура). Завршувајќи на шесттото место во Клаусура 2000, Крус Асул се пласирал за Лигуиља, каде прв противник им била екипата на Некакса; по победата од 1-0 на домашен терен, реваншот донел многу возбудувања за на крајот да заврши со резултат 3-4 во корист на Крус Асул, додека Каморанези го постигнал првиот гол за својот тим. Во реваншот од полуфиналето против Клуб Америка, Каморанези извршил прекршок над Куаутемок Бланко, кој неправедно бил санкциониран со црвен картон од судијата Фелипе Рамос Рисо; морајќи да го напушти теренот по само 23 минути игра, аргентинецот се расплакал на патот кон соблекувалната, во истовреме утешен од својот противник Фабијан Естај, во една од најнезаборавните сцени во мексиканскиот фудбал.[7] Со играч помалку Крус Асул успеал да го добие натпреварот и да се пласира во финалето против Пачука. Откако го пропуштил првиот натпревар поради суспензија (завршен 2-2), Каморанези се вратил во почетниот состав за реваншот, но тоа не било доволно за неговиот тим да ја освои титулата; Крус Асул загубил со 0-1 по продолженија.

Каморанези со Верона во 2002

Во летото 2000 година, Каморанези бил купен од италијанската екипа Верона. Носејќи го новиот дрес, тој дебитирал во Серија А на 22 октомври 2000 година, за време на натпреварот Верона-Лацио 2-0, влегувајќи во игра како замена во 71-вата минута на местото на Винченцо Италијано. На 12 ноември, тој го постигнал својот прв гол во Серија А, во ремито 2-2 на гостувањето кај Виченца. На крајот од сезоната, Верона се спасува обезбедувајќи опстанок преку баражот со Реџина. Својата прва сезона во Италија ја затворил со 22 натпревари и 4 постигнати гола. На 25 јуни 2001 година, Верона целосно го откупила неговиот договор од Крус Асул за 6 милијарди италијански лири.[8]

Во сезоната 2001-2002, тој испаднал со Верона во Серија Б.

Јувентус

[уреди | уреди извор]

На 11 јули 2002 година, тој се преселил во Јувентус во договор за ко-сопственост за 4 милиони евра,[9][10] да го замени повредениот Џанлука Ѕамброта. Своето деби за Јувентус го имал на 15 септември 2002 година, во натпреварот Јувентус-Аталанта (3-0).[11] На 22 декември 2002, го постигнал својот прв гол за „бјанконерите“, со прекрасен удар во блискиот агол во првата минута од судиското надополнување, носејќи му победа на Јувентус во првенствениот натпревар на гости против Перуџа (0-1). Во Торино, под водството на тренерот Марчело Липи, тој брзо станал стартер, играјќи вкупно 45 натпревари (во првенството и куповите) во својата прва сезона, постигнувајќи 4 гола и освојувајќи го своето прво скудето.[12] Тој, исто така, добил можност да започне на местото на суспендираниот Павел Недвед во финалето на Лигата на шампионите во Манчестер, кое „бјанконерите“ го загубиле по изведување на пенали од Милан. На 25 јуни 2003 година, втората половина од договорот на играчот бил откупена од Јувентус за 4,5 милиони евра плус млад играч од Примавера тимот.[13]

Каморанези во дресот на Јувентус

Во следните сезони, со Јувентус освоил уште две скудета во 2004-2005 и во 2005-2006, но првото било одземено, а второто не им било доделено на „бјанконерите“, кои биле деградирани на последното место по санкциите од скандалот Калчополи.

Во сезоната 2006-2007, и покрај неговите барања да биде продаден по испаѓањето на клубот во Серија Б,[14][15] на крајот, следејќи го примерот на некои од останатите ѕвезди на Јувентус (пред се Џанлујџи Буфон, Алесандро Дел Пјеро, Давид Трезеге и Павел Недвед), и тој останал во Торино. Сезоната во втората лига ја завршил со 33 настапи и 4 постигнати гола, придонесувајќи за освојувањето на првенството и брзото враќање во Серија А, по само една година отсуство.

Во сезоната на враќањето во Серија А, тој постигнал гол на Сант'Елија против Каљари, во дербито против Милан и во Дербито на Италија против Интер во кое го постигнал израмнувачкиот гол, но бројот на одиграни натпревари драстично му опаднал, попречен од повреди.[16] Тој се вратил на теренот по долго отсуство предизвикано од повреда на мускулот ректус феморис[17] на крајот на јануари 2008 година во натпреварот од Купот на Италија против Интер, натпревар во кој бил исклучен само неколку минути по влегувањето на теренот. На 22 март, тој постигнал еден од двата гола кој му помогнале на Јувентус да слави на Меаца против „нероаѕурите“. Својата шестта сезона во црно-белиот дрес ја завршил со 22 настапи и 5 гола.

Во текот на сезоната 2008-2009, тој повторно бил жртва на неколку повреди: по поразот од Палермо на 5 октомври, тој претрпел повреда од прв степен на бицепсот на десната бутина[18][19] и ќе биде целосно достапен повторно кон крајот на ноември. Тој го одиграл својот прв натпревар како стартер по паузата на 29 ноември во победата од 4-0 над Реџина, натпревар во кој доживеал уште една повреда по само 4 минути игра: исчашување од прв степен на десната плешка од клучната коска,[20] но останал на теренот до крајот на првото полувреме и го постигнал голот со кој Јувентус повел.[21]

Каморанези во 2010

Во неговата последната сезона, тој ја променил позицијата и бил користен десно во средниот ред кој сега имал изглед на ромб, со цел да се олесни внесувањето во почетниот состав на новото засилување, бразилскиот офанзивен играч од средниот ред, Диего. Својот прв гол за сезоната го постигнал на 28 октомври 2009 година, против Сампдорија (5-1), на асистенција од Себастијан Џовинко. Во Лигата на шампионите, во четвртото коло од групната фаза, тој го постигнал победничкиот гол за Јувентус против Макаби Хаифа.[22] Неколку дена подоцна, во Серија А, тој постигнал два гола против Аталанта во Бергамо во победата со 2-5.

Носејќи го црно-белиот дрес во 8 сезони, тој запишал 223 настапи и 27 гола во првенството, 11 настапи и еден гол во Купот на Италија, 50 настапи и 4 гола во европските купови и 3 настапи во Суперкупот на Италија, за вкупно 288 настапи и 32 гола.

Штутгарт

[уреди | уреди извор]

На 31 август 2010 година, Каморанези потпишал за Штутгарт,[23][24] каде што се среќава повторно со својот поранешен соиграч од Јувентус, Кристијан Молинаро. Тој го имал своето деби во Бундеслигата на 11 септември, како стартер во поразот од 2-1 од Фрајбург.[25] Искуството во Германија, каде што Каморанези одиграл само 14 натпревари помеѓу првенството, купот и Лига Европа, завршило по само 4 месеци, поточно на 26 јануари 2011 година, кога тој консензуално го раскинал договорот што го врзувал за клубот.[26][27] Самиот Каморанези признал дека „едноставно не се вклопувал во тимот спортски, иако му се допаѓал клубот, луѓето и градот“. Тој, исто така, изразил желба да ја продолжи кариерата во Аргентина.

Ланус, Расинг и завршување на кариерата

[уреди | уреди извор]

На 2 февруари 2011 година, потпишал за Ланус.[28][29] Своето деби го имал во натпреварот од аргентинската лига, Ланус - Арсенал Саранди на 14 февруари, кога, откако влегол во игра во 37-мата минута од второто полувреме, дал асистенција за вториот гол на неговиот тим, во победата од 3-1.[30] На 23 јули, тој бил протагонист во една грда епизода: за време на пријателскиот предсезонски натпревар против Ол Бојс, итало-аргентинскиот играч го удри двапати во лицето уругваецот Хуан Пабло Родригес Конде, предизвикувајќи тепачка што завршила со прекин на натпреварот. Поранешниот играч на Јувентус потоа го продолжил судирот во соблекувалната.[31] На 27 октомври, за време на натпреварот меѓу Ланус и Расинг Клуб Авељанеда, откако бил исклучен, тој го шутнал противникот Патрисио Торанцо во лицето и додека го напуштал теренот се расправал со тренерот на Расинг, Диего Симеоне.[32] Тој ја завршил својата година во Ланус со 42 настапи (помеѓу Апертура, Клаусура, Копа Либертадорес и Копа Судамерикана), еден гол и 12 асистенции.[33]

На 22 јули 2012 година, тој бил продаден на Расинг Клуб Авељанеда, каде што бил стартер во тимот.[34] Својот прв гол во светлосиниот дрес го постигнал на 2 декември, во домашниот натпревар против Ол Бојс, добиен со 3-1.[35] На 13 февруари 2014 година, тој официјално го објавил своето пензионирање од фудбалот на крајот од сезоната, но на 16 април бил отстранет од составот поради критики кон тренерот Реиналдо Мерло.[36]

Репрезентативна кариера

[уреди | уреди извор]
Каморанези со италијанската репрезентација за време на пријателски натпревар против Белгија во 2008.

Игнориран од стручниот штаб на Аргентина, неговата земја на потекло, благодарение на законот што им доделува италијанско државјанство на оние кои имаат барем еден италијански предок,[37] тој станува полноправен италијански државјанин во 2003 година, кога го носел дресот на Јувентус.

Ова му овозможило да биде повикан од селекторот на италијанската репрезентација, Џовани Трапатони, кој го направил дебитант на 12 февруари 2003 година, на 26-годишна возраст, во пријателскиот натпревар Италија-Португалија (1-0), одигран во Џенова, речиси 40 години по Анџело Сормани, последниот ориундо кој го носел синиот дрес пред него. Откако бил вклучен во групата, тој бил повикан за Европското првенство 2004, каде што Италија била елиминирана во групната фаза.

Редовно повикуван и од неговиот поранешен тренер во Јувентус, Марчело Липи, кој ја презел селекторската функција по Европското првенство, тој учествувал во поголемиот дел од натпреварите во квалификациите постигнувајќи еден погодок (неговиот прв во синиот дрес, во победата со 4-1 на гости над Белорусија), а потоа бил дел и од победничкиот состав на Светското првенство 2006 во Германија. Играјќи редовно како стартер на десното крило, тој го започнал и финалето на 9 јули 2006 година, на Олимпискиот стадион во Берлин против Франција, добиено по изведување пенали.

Тој, исто така, се сметал за клучен играч и под водството на новиот селектор Роберто Донадони, кој го повикал за Европското првенство 2008, каде што Италија загубила во четвртфиналето од Шпанија.

Со Липи, повторно на чело на „аѕурите“, тој учествувал на Купот на конфедерации 2009 во Јужна Африка, каде што Италија била елиминирана уште во првата фаза.

На 10 октомври 2009 година, тој постигнал гол во натпреварот против Ирска (2-2), со што и обезбедил пласман на Италија на Светското првенство 2010, повторно во Јужна Африка. На 33 години, тој учествувал на своето второ Светско првенство, играјќи во првите два натпревари од групната фаза; сепак, тој не бил искористен во третиот натпревар, загубен со 3-2 од Словачка, кој ја запечатил елиминацијата на Италија, и по 7 години служба, тој го објавил своето збогување од националниот тим.

Во историјата на италијанската репрезентација, тој е втор „ориундо“ со најмногу настапи по Жоржињо, со 55. Тој, исто така, е седмиот „ориундо“ и единствениот во повоениот период, кој го освоил Светско првенство носејќи го синиот дрес (за другите треба да се вратиме на 1934 и 1938, и тие се Анфилоџино Гуаризи, Атилио Демарија, Енрике Гуаита, Луис Монти, Раимундо Орси и Микеле Андреоло).

Хронологија на репрезенативните настапи

[уреди | уреди извор]
Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Италија
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
12-2-2003ЏеноваИталија Италија1 – 0Португалија ПортугалијаПријателска-заменет 81'
29-3-2003ПалермоИталија Италија2 – 0Финска ФинскаКвал. за ЕП 2004-
20-8-2003ШтутгартГерманија Германија0 – 1Италија ИталијаПријателска-заменет 64'
6-9-2003МиланоИталија Италија4 – 0Велс ВелсКвал. за ЕП 2004-
10-9-2003БелградСрбија и Црна Гора Србија и Црна Гора1 – 1Италија ИталијаКвал. за ЕП 2004-заменет 51'
11-10-2003Реџо КалабријаИталија Италија4 – 0Азербејџан АзербејџанКвал. за ЕП 2004-заменет 86'
31-3-2004БрагаПортугалија Португалија1 – 2Италија ИталијаПријателска-влегол во игра 59'
30-5-2004ТунисТунис Тунис0 – 4Италија ИталијаПријателска-добил жолт картон во 74-тата минута 74'
14-6-2004ГимараешДанска Данска0 – 0Италија ИталијаЕвро 2004 - Прва фаза-заменет 68'
18-6-2004ПортоИталија Италија1 – 1Шведска ШведскаЕвро 2004 - Прва фаза-влегол во игра 82'
9-10-2004ЦељеСловенија Словенија1 – 0Италија ИталијаКвал. за СП 2006-заменет 83'
26-3-2005МиланоИталија Италија2 – 0Шкотска ШкотскаКвал. за СП 2006-
4-6-2005ОслоНорвешка Норвешка0 – 0Италија ИталијаКвал. за СП 2006-добил жолт картон во 44-тата минута 44'
3-9-2005ГлазговШкотска Шкотска1 – 1Италија ИталијаКвал. за СП 2006-влегол во игра 60'
7-9-2005МинскБелорусија Белорусија1 – 4Италија ИталијаКвал. за СП 20061заменет 83'
8-10-2005ПалермоИталија Италија1 – 0Словенија СловенијаКвал. за СП 2006-
12-11-2005АмстердамХоландија Холандија1 – 3Италија ИталијаПријателска-добил жолт картон во 23-тата минута 23' заменет 79'
16-11-2005ЖеневаИталија Италија1 – 1Брег на Слоновата Коска Брег на Слоновата КоскаПријателска-влегол во игра 46'
1-3-2006ФиренцаИталија Италија4 – 1Германија ГерманијаПријателска-заменет 89'
31-5-2006ЖеневаШвајцарија Швајцарија1 – 1Италија ИталијаПријателска-заменет 46'
2-6-2006ЛозанаИталија Италија0 – 0Украина УкраинаПријателска-заменет 69'
12-6-2006ХановерИталија Италија2 – 0Гана ГанаСП 2006 - Прва фаза-влегол во игра 57'
22-6-2006ХамбургЧешка Чешка0 – 2Италија ИталијаСП 2006 - Прва фаза-заменет 74'
30-6-2006ХамбургИталија Италија3 – 0Украина УкраинаСП 2006 - Четвртфинале-заменет 68'
4-7-2006ДортмундГерманија Германија0 – 2 прод.Италија ИталијаСП 2006 - Полуфинале-заменет 91'
9-7-2006БерлинИталија Италија1 – 1 прод.
(5 – 3 пен.)
Франција ФранцијаСП 2006 - Финале-заменет 86'[38]
7-10-2006РимИталија Италија2 – 0Украина УкраинаКвал. за ЕП 2008-влегол во игра 74'
11-10-2006ТбилисиГрузија Грузија1 – 3Италија ИталијаКвал. за ЕП 20081заменет 87'
15-11-2006БергамоИталија Италија1 – 1Турција ТурцијаПријателска-заменет 59'
28-3-2007БариИталија Италија2 – 0Шкотска ШкотскаКвал. за ЕП 2008-
8-9-2007МиланоИталија Италија0 – 0Франција ФранцијаКвал. за ЕП 2008-заменет 58'
12-9-2007КиевУкраина Украина1 – 2Италија ИталијаКвал. за ЕП 2008-
17-11-2007ГлазговШкотска Шкотска1 – 2Италија ИталијаКвал. за ЕП 2008-заменет 83'
26-3-2008ЕлчеШпанија Шпанија1 – 0Италија ИталијаПријателска-
30-5-2008ФиренцаИталија Италија3 – 1Белгија БелгијаПријателска1заменет 61'
9-6-2008БернХоландија Холандија3 – 0Италија ИталијаЕвро 2008 - Прва фаза-заменет 75'
13-6-2008ЦирихИталија Италија1 – 1Романија РоманијаЕвро 2008 - Прва фаза-заменет 85'
17-6-2008ЦирихФранција Франција0 – 2Италија ИталијаЕвро 2008 - Прва фаза-влегол во игра 63'
22-6-2008ВиенаШпанија Шпанија0 – 0 прод.
(4 – 2 пен.)
Италија ИталијаЕвро 2008 - Четвртфинале-влегол во игра 58'
6-9-2008ЛарнакаКипар Кипар1 – 2Италија ИталијаКвал. за СП 2010-добил жолт картон во 85-тата минута 85'
10-9-2008УдинеИталија Италија2 – 0Грузија ГрузијаКвал. за СП 2010-
19-11-2008АтинаГрција Грција1 – 1Италија ИталијаПријателска-добил жолт картон во 15-тата минута 15' заменет 61'
10-2-2009ЛондонБразил Бразил2 – 0Италија ИталијаПријателска-влегол во игра 46'
10-6-2009ПреторијаИталија Италија4 – 3Нов Зеланд Нов ЗеландПријателска-влегол во игра 62'
15-6-2009ПреторијаСАД САД1 – 3Италија ИталијаКуп на конф. 2009 - Прва фаза-заменет 57'
21-6-2009ПреторијаИталија Италија0 – 3Бразил БразилКуп на конф. 2009 - Прва фаза-
12-8-2009БазелШвајцарија Швајцарија0 – 0Италија ИталијаПријателска-заменет 31'
5-9-2009ТбилисиГрузија Грузија0 – 2Италија ИталијаКвал. за СП 2010-заменет 71'
9-9-2009ТориноИталија Италија2 – 0Бугарија БугаријаКвал. за СП 2010-
10-10-2009ДаблинИрска Ирска2 – 2Италија ИталијаКвал. за СП 20101
14-10-2009ПармаИталија Италија3 – 2Кипар КипарКвал. за СП 2010-влегол во игра 46'
14-11-2009ПескараИталија Италија0 – 0Холандија ХоландијаПријателска-заменет 87'
18-11-2009ЧезенаИталија Италија1 – 0Шведска ШведскаПријателска-влегол во игра 77'
14-6-2010КејптаунИталија Италија1 – 1Парагвај ПарагвајСП 2010 - Прва фаза-влегол во игра 59' добил жолт картон во 71-вата минута 71'
20-6-2010НелспруитИталија Италија1 – 1Нов Зеланд Нов ЗеландСП 2010 - Прва фаза-влегол во игра 46'
Вкупно Настапи (45. место) 55 Голови 4

Тренерска кариера

[уреди | уреди извор]

На 15 декември 2014 година, тој го започнал своето прво искуство како тренер, во мексиканската втора лига, водејќи го Корас де Тепик.[39] Тој поднел оставка на 19 август 2015 година, половина час пред натпреварот против Гвадалахара.[40]

На 21 декември 2015, тој станал нов тренер на Тигре во Примера Дивисион, највисокото ниво на аргентинскиот шампионат.[41] На 17 март 2016, тој бил разрешен од своите должности, откако освоил само 5 бода во седум првенствени натпревари.[42]

На 31 август 2016 година, тој станал нов тренер на Кафеталерос де Тапачула, тим од мексиканската втора лига.[43] на 24 јануари 2017 година, поднел оставка.

Во октомври 2017 година, тој започнал да посетува специјален курс за тренерска лиценца УЕФА Б/УЕФА А во Коверчано, што го квалификува да ги тренира сите младински тимови, првите тимови до Серија Ц и позицијата помошник тренер во Серија Б и Серија А.[44] Тој ја добил лиценцата на 15 декември.[45] Курсот за тренери од прва категорија UEFA PRO го започнал на 5 ноември 2018.

На 3 јануари 2020 година, тој бил избран за нов тренер на Табор Сежана,[46] третопласираниот тим одзади во словенечката прва лига со 19 бода. На едно коло до крајот, тимот има сигурен опстанок, откако стигнал до седмото место со 46 бода.[47]

На 3 септември 2020 година, тој станал нов тренер на Марибор.[48] Откако водел во поголемиот дел од првенството, тој бил отпуштен на 24 февруари 2021 година,[49] во момент кога тимот бил на второто место, само на два бода зад лидерот.

На 5 јули 2022 година, тој станал помошник тренер на Игор Тудор во Олимпик Марсеј.[50] Сепак, една недела подоцна, без дури ни да започне со подготовките, тој објавил дека одлучил да го напушти францускиот клуб за да ја продолжи кариерата како главен тренер.[51][52] На 5 јуни 2023 година, бил назначен за тренер на Флоријана, во Премиер лигата на Малта, највисоката дивизија во земјата.[53] Откако ја завршил сезоната на второто место во првенството, тој го напуштил клубот.[54]

Статистика

[уреди | уреди извор]

Клупска статистика

[уреди | уреди извор]
Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
1994-1995Аргентина Алдосиви БН310 --- --- --- 310
1996-1997Мексико Сантос Лагуна ПД131 КМ?? --- --- 131
1997Уругвај Монтевидео Вондерерс ПД61 КУ?? --- --- 61
1997-1998Аргентина Банфилд БН3816 --- --- --- 3816
1998-1999Мексико Крус Асул ПД3911 --- --- --- 3911
1999-2000 ПД3610 --- --- --- 3610
Вкупно Крус Асул7521------7521
2000-2001Италија Верона А224 КИ10 --- --- 234
2001-2002 А293 КИ10 --- --- 303
Вкупно Верона51720----537
2002-2003Италија Јувентус А304 КИ10 ЛШ131 СИ10 455
2003-2004 А263 КИ51 ЛШ40 СИ10 364
2004-2005 А364 КИ10 ЛШ91 --- 465
2005-2006 А343 КИ00 ЛШ90 СИ10 443
2006-2007 Б334 КИ20 --- --- 354
2007-2008 А225 КИ10 --- --- 235
2008-2009 А191 КИ10 ЛШ6[55]1 --- 262
2009-2010 А243 КИ00 ЛШ+ЛЕ6+31+0 --- 334
Вкупно Јувентус224271115043028832
2010-јан. 2011Германија Штутгарт БЛ70КГ10 ЛЕ60 --- 140
2011Аргентина Ланус ПД170 --- --- --- 170
2011-2012 ПД180 КА00 КЛ+КС5+21+0 --- 251
Вкупно Ланус350--71--421
2012Аргентина Расинг Клуб ПД-- КА10 --- --- 10
2012-2013 ПД273 КА-- КС10 --- 283
Вкупно Расинг Клуб2731010--293
Вкупно во кариерата5077615+1+64530589+82+

Репрезентативна статистика

[уреди | уреди извор]
РепрезентацијаГодинаНастапиГолови
Италија Италија 200360
200450
200571
2006111
200740
200891
2009111
201020
Вкупно554

Тренерска статистика

[уреди | уреди извор]

Статистиката е ажурирана на 23 октомври 2024.

Сезона Екипа Првенство Национален куп Континентални купови Останати купови Вкупно Победи % Пласман
НатпОНПНИНатпОНПНИНатпОНПНИНатпОНПНИОНПНИ%
2014-2015Мексико Корас де ТепикАС13535КМ6222---------- &1000000000000001900000019 &100000000000000070000007 &100000000000000050000005 &100000000000000070000007 &1000000000000368400000036,84 10. место
јул.-авг. 2015АС3030КМ3012---------- &100000000000000060000006 &100000000000000000000000 &100000000000000040000004 &100000000000000020000002 &0&100000000000000000000000,00 отп. ?. место
Вкупно Корас де Тепик165659234 &1000000000000002500000025 &100000000000000070000007 &100000000000000090000009 &100000000000000090000009 &1000000000000280000000028,00
фев.-март 2016Аргентина ТигреПД7124КА-------------- &100000000000000070000007 &100000000000000010000001 &100000000000000020000002 &100000000000000040000004 &1000000000000142900000014,29 отп. ?
сеп. 2016-јан. 2017Мексико Кафеталерос де ТапачулаАС14428--------------- &1000000000000001400000014 &100000000000000040000004 &100000000000000020000002 &100000000000000080000008 &1000000000000285700000028,57 наз. ?, отп. ?
фев.-јул. 2020Словенија Табор Сежана1.СНЛ16835КС-------------- &1000000000000001600000016 &100000000000000080000008 &100000000000000030000003 &100000000000000050000005 &1000000000000500000000050,00 наз. ?, 7. место
јул.-сеп. 20201.СНЛ2101КС0000---------- &100000000000000020000002 &100000000000000010000001 &100000000000000000000000 &100000000000000010000001 &1000000000000500000000050,00 трансфер
Вкупно Табор Сежана189360000 &1000000000000001800000018 &100000000000000090000009 &100000000000000030000003 &100000000000000060000006 &1000000000000500000000050,00
сеп. 2020-фев. 2021Словенија Марибор1.СНЛ201064КС1100ЛЕ--------- &1000000000000002100000021 &1000000000000001100000011 &100000000000000060000006 &100000000000000040000004 &1000000000000523800000052,38 наз., отп. 2. место
2023-2024Малта ФлоријанаПЛМ261835КМ5320---------- &1000000000000003100000031 &1000000000000002100000021 &100000000000000050000005 &100000000000000050000005 &1000000000000677400000067,74 2. место
окт. 2024Кипар КармиотисаПД2101КК0000---------- &100000000000000020000002 &100000000000000010000001 &100000000000000000000000 &100000000000000010000001 &1000000000000500000000050,00 наз., раск.
ное. 2024-2025Кипар Анортoзис ФамагустаПД0000КК0000---------- &100000000000000000000000 &100000000000000000000000 &100000000000000000000000 &100000000000000000000000 ! наз., во тек
Вкупно во кариерата10348223315654 &10000000000000118000000118 &1000000000000005400000054 &1000000000000002700000027 &1000000000000003700000037 &1000000000000457600000045,76

Јувентус

[уреди | уреди извор]
2002-2003
2004-2005
2002, 2003
2006-2007

Репрезентативни

[уреди | уреди извор]
Италија
2006

Индивидуални

[уреди | уреди извор]
  1. „Camoranesi, Mauro Germán Camoranesi Serra – Footballer“. bdfutbol.com. Посетено на 16 October 2022.
  2. „Camoranesi Il piccolo genio“. 22 октомври 2002. Посетено на 8 јули 2020.
  3. „Black & White Stories: come conoscemmo Camoranesi“. 18 септември 2020.
  4. „Camoranesi condannato per un fallo di 16 anni fa“. Tuttosport.com. Архивирано од изворникот на |archive-url= requires |archive-date= (help).
  5. „Camoranesi paga un fallo del 1994. Condannato per "troppa rudezza". Gazzetta.it
  6. Matteo Dotto (2009). „Da Tandil alla notte di Berlino“. Guerin Sportivo. Бр. 1. стр. 6.
  7. . ESPN México. 26 ноември 2017 https://www.espn.com.mx/futbol/mexico/nota/_/id/3739326/la-ultima-vez-que-cruz-azul-elimino-al-america-contada-en-primera-persona. Посетено на 30 ноември 2017. Занемарен непознатиот параметар |títle= (се препорачува |title=) (help); Отсутно или празно |title= (help)
  8. „Camoranesi ora è tutto del Verona“. 25 јуни 2001.
  9. . 11 јули 2002 https://web.archive.org/web/20210716185636/https://hellasverona.it/news.php?id=698&page=291. Архивирано од изворникот на 16 јули 2021. Посетено на 22 декември 2015. Занемарен непознатиот параметар |titolo= (се препорачува |title=) (help); Занемарен непознатиот параметар |dead-link= (help); Отсутно или празно |title= (help)
  10. „Juve: ufficiale, arriva Camoranesi“. 12 јули 2002.
  11. „Juventus 3-0 Atalanta“. 15 септември 2002. Посетено на 8 мај 2011.
  12. Roberto Perrone. „Le pagelle di un anno: Pavel e Del Piero eccellenti“. Посетено на 30 ноември 2015.
  13. „Juve: riscattato Camoranesi“. 25 јуни 2003.
  14. Alessio Calfapietra. „Juventus: Camoranesi preme per andar via“. Посетено на 29 јуни 2008. Занемарен непознатиот параметар |data= (се препорачува |date=) (help)
  15. Christian Seu (25 август 2006). „Juventus, braccio di ferro con Camoranesi“. Посетено на 29 јуни 2008.
  16. Ilario Imparato (19 септември 2007). „Juventus: Camoranesi out per 45 giorni“. Посетено на 29 јуни 2008.
  17. Giuseppe Di Napoli (12 декември 2007). „Juventus, Camoranesi fuori un mese e mezzo“. Посетено на 29 јуни 2008.
  18. Rosario Carraffa (7 октомври 2008). „Nazionale, Buffon e Camoranesi out“. Посетено на 4 декември 2008.
  19. „Buffon e Camoranesi, niente Nazionale“. 7 октомври 2008. Архивирано од изворникот на |archive-url= requires |archive-date= (help). Посетено на 4 декември 2008. Занемарен непознатиот параметар |dead-link= (help)
  20. „Juventus, Camoranesi fuori un mese e mezzo“. 1 декември 2008. Архивирано од изворникот на |archive-url= requires |archive-date= (help). Посетено на 4 декември 2008. Занемарен непознатиот параметар |dead-link= (help)
  21. . 30 ноември 2008 https://web.archive.org/web/20081203104054/http://www.tuttosport.com/calcio/serie_a/juventus/2008/11/29-10882/Juve,+per+Camoranesi+infortunio+alla+spalla. Архивирано од изворникот на |archive-url= requires |archive-date= (help). Посетено на 4 декември 2008. Занемарен непознатиот параметар |titolo= (се препорачува |title=) (help); Занемарен непознатиот параметар |dead-link= (help); Отсутно или празно |title= (help)
  22. Valerio Clari. „Juve, basta Camoranesi“. Посетено на 3 ноември 2009.
  23. Der VfB verpflichtet Camoranesi - vfb-stuttgart.de, 31 agosto 2010“ (германски). Занемарен непознатиот параметар |dead-link= (help)[мртва врска]
  24. „Camoranesi, risoluzione consensuale del contratto“. Занемарен непознатиот параметар |urlarchivio= (се препорачува |archive-url=) (help)
  25. „Freiburg 2 - 1 Stuttgart“. Архивирано од изворникот на 2015-12-22. Посетено на 8 мај 2011. Занемарен непознатиот параметар |data= (се препорачува |date=) (help)
  26. „All the best Mauro!“. Архивирано од изворникот на |archive-url= requires |archive-date= (help). Занемарен непознатиот параметар |data= (се препорачува |date=) (help); Занемарен непознатиот параметар |dead-link= (help)
  27. „Ufficiale: Camoranesi rescinde con lo Stoccarda“. 26 јануари 2011.
  28. „Mauro Camoranesi Signs Two-Year Deal With Lanús“. Занемарен непознатиот параметар |data= (се препорачува |date=) (help)
  29. „Ufficiale: Mauro Camoranesi firma un biennale con il Lanús“. 3 февруари 2011.
  30. Diario Olé: Es hermosa. Архивирано од изворникот на |archive-url= requires |archive-date= (help).
  31. „Camoranesi: due pugni in amichevole“. 23 јули. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2025-10-12. Занемарен непознатиот параметар |accesso= (се препорачува |access-date=) (help); Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  32. „Follia Camoranesi, scalcia avversario“. 27 октомври 2011.
  33. „Mauro Camoranesi“. Посетено на 23 април 2013. Занемарен непознатиот параметар |dead-link= (help)
  34. „Ufficiale: Racing Avellaneda, biennale per Camoranesi“. 22 јули 2012.
  35. „Racing Club thrash All Boys 3-1“ (англиски). 1 декември 2012. Посетено на 24 април 2013.
  36. „Racing Avellaneda: Camoranesi fuori rosa“. 15 април 2014. Архивирано од изворникот на |archive-url= requires |archive-date= (help). Посетено на 16 април 2014. Занемарен непознатиот параметар |dead-link= (help)
  37. Каморанези е трета генерација Итало-аргентинец, чие италијанско потекло датира од прадедо кој емигрирал од Потенца Пичена (провницијата Мачерата) во последните години од 19 век (погледни https://www.youtube.com/watch?v=kJYgQWHBjyU).
  38. 4. титула Светски првак
  39. „Ufficiale: Coras FC, è Camoranesi il nuovo allenatore“. 16 декември 2014. Архивирано од изворникот на |archive-url= requires |archive-date= (help). Посетено на 16 декември 2014. Занемарен непознатиот параметар |dead-link= (help)
  40. „Clamoroso Camoranesi: si dimette dal Coras mezz'ora prima del match col Chivas“.
  41. (шпански). 21 декември 2015 https://web.archive.org/web/20151225041859/http://catigre.com.ar/tigre-tiene-nuevo-dt-mauro-camoranesi/. Архивирано од изворникот на |archive-url= requires |archive-date= (help). Посетено на 21 декември 2015. Занемарен непознатиот параметар |titolo= (се препорачува |title=) (help); Занемарен непознатиот параметар |dead-link= (help); Отсутно или празно |title= (help)
  42. „MAURO CAMORANESI DEJÓ DE SER EL DT DE TIGRE“. Архивирано од изворникот на |archive-url= requires |archive-date= (help). catigre.com.ar
  43. „Mauro Camoranesi es presentado como nuevo DT de los Cafetaleros“ (шпански). 31 август 2016.
  44. „Toni, Camoranesi, Amelia a corso tecnici“. 6 октомври 2017. Посетено на 7 октомври 2017.
  45. „Toni e Amelia hanno patentino allenatore“.
  46. „Camoranesi torna su una panchina: è il nuovo tecnico del Tabor Sezana“.
  47. „Pra Liga Slovenia“.
  48. Mojdenar IT. „MAURO CAMORANESI NA VIJOL'ČNI KLOPI“ (словенечки). Посетено на 10 септември 2020.
  49. „NAZAJ NA ZMAGOVALNO POT“.
  50. „Marsiglia, Tudor: 'Il mio calcio offensivo e ambizioso. C'è anche un italiano nello staff'. Посетено на 5 јули 2022.
  51. Tuttosport (12 јули 2022). „Camoranesi lascia il Marsiglia“. Занемарен непознатиот параметар |dead-link= (help)[мртва врска]
  52. Corriere dello Sport (12 јули 2022). „Camoranesi lascia Tudor dopo una settimana“.
  53. „UFFICIALE Floriana, il nuovo tecnico è Mauro Camoranesi“. 6 јуни 2023.
  54. Valhmor Camilleri (15 мај 2024). „Floriana part ways with coach Camoranesi“ (англиски). Посетено на 18 мај 2024.
  55. Due presenze ed una rete nel terzo turno preliminare.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]