Филипо Инѕаги

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Филипо Инѕаги
Filippo Inzaghi 2011.jpg
Лични податоци
Полно име Филипо Инѕаги
Роден на 9 август 1973 (1973-08-09) (46 г.)
Роден во Пјаченца, Италија
Висина  м
Играчки податоци
Позиција напаѓач
Повлекување 1 јули 2012 (38 г.)- како играч
Младинска кариера
Пјаченца Пјаченца
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1991–1995 Пјаченца Пјаченца 39 (15)
1992–1993Албинолефе Албинолефе 21 (13)
1993–1994Верона Верона 36 (13)
1995–1996 Парма Парма 15 (2)
1996–1997 Аталанта Аталанта 33 (24)
1997–2001 Јувентус Јувентус 122 (58)
2001–2012 Милан Милан 202 (73)
Total 466 (197)
Репрезентација
1993–1996 Италија Италија 21 14 (3)
1997–2007 Италија Италија 57 (25[1])
Раководител на екипите
2013–2014 Bianco e Rosso (Croce) e Rosso e Nero (Strisce).svg Милан (Примавера)
2014–2015 Милан Милан
2016–2018 Венеција Венеција
2018–2019 Болоња Болоња
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари.
† Учества (Голови).

Филипо "Пипо" Инѕаги, Ufficiale OMRI (Italian pronunciation: [fiˈlippo inˈtsaːɡi];[2] роден 9 август 1973 година) е италијански фудбалски тренер и поранешен фудбалер. Тој е моментално без ангажман откако последно беше тренер на екипата на Болоња во 2019 година.

Инѕаги настапувал на позицијата напаѓач за неколку италијански клубови, а најголемиот дел од својата кариера го поминал во екипите на Јувентус и Милан, со кој освои две титули во Лигата на шампионите во (2003 и 2007), и три скудета во Серија А, едно со Јувентус во 1998 година и две со Милан во 2004 и 2011 година. Тој е еден од најплодните напаѓачи на сите времиња, и е на петтото место во Италија, со 313 постигнати голови во официјалните натпревари. Тој во моментов е четврти голгетер на УЕФА евиденција на клупско натпреварување и статистика со постигнати 70 гола, веднаш зад Раул Гонзалес, Лионел Меси и Кристијано Роналдо. Тој е, исто така, врвен меѓународен стрелец на Милан во историјата на клубот со 43 голови. Исто така го држи рекордот со најмногу хет-трика во Серија А - 10.

На репрезентативно ниво, Инѕаги забележал 57 настапи за италијанската репрезентација во периодот меѓу 1997 и 2007 година, постигнувајќи 25 гола. Тој ја претставувал својата земја на три Светски првенства, и бил во составот 2006-тата година на Светско првенство во Германија каде италијанците го освоиле златниот медал. Исто така тој учествувал и на Европскот првенство 2000, каде што го освоил второто место на турнирот.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. FIFA International 'A' match only
  2. See inzago во Dizionario italiano multimediale e multilingue d'ortografia e di pronunzia. Неговото презеиме често си толкува како [inˈdzaːɡi].

Надворешни врски[уреди | уреди извор]