Кларенс Седорф

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Кларенс Седорф
Clarence Seedorf
C-Seedorf.jpg
Лични податоци
Роден на 1 април 1976 (1976-04-01) (воз. 41 г.)
Роден во Парамарибо, Суринам
Висина  м
Позиција среден ред
Клупски податоци
Сегашен клуб ФК Милан
Број 10
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1992–1995 Ајакс 65 (11)
1995–1996 Сампдорија 32 (3)
1996–2000 Реал Мадрид 121 (15)
1999–2002 Интер 64 (8)
2002–2012 Милан 300 (47)
2012–2013 Ботафого 58 (15)
Total 654 (107)
Репрезентација
1997–2008 Холандија 87 (21)
Раководител на екипите
2014 Милан
2016 Шенџен
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 15 мај 2017.
† Учества (Голови).

Кларенс Седорф (роден на 1 април 1976) — поранешен холандиски фудбалер. Седорф е првиот фудбалер кој што ја освоил Лигата на Шампионите четири пати со три различни клубови – Ајакс во 1995, Реал Мадрид во 1998 и Милан во 2003 и 2007.[1][2] Седорф е е едне од нај декоративните и елегантни фудбалери, и тој освои многу домашни и континентални титули додека настапуваше за клубови во Холандија, Шпанија, Италија и Бразил.

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

Спрема Суринамските правила и закони против двојно државјанство, играчи кои се од холандска националност или се согласни да земат холандско државјанство веќе не се подобни да ја претставуваат поранешната холандска колонија. Како резултат на тоа, Седорф, а потоа и на Ајакс, одигра меѓународен натпревар за Холандија. Тој го обележа својот прв настап на 14 декември 1994 година на 18-годишна возраст против Луксембург.[3] Седорф постигна погодок на своето деби, помагајќи и на својата репрезентација да победи со резултат 5–0 за квалификациите за УЕФА ЕУРО 1996.[4]

Седорф беше дел од холандскиот национален тим за Европското првенство во фудбал во 1996 година, каде што тој го промаши пеналот во четврт-финалето против фудбалската репрезентација на Франција.[5] Тој исто така ја претсавуваше фудбалската репрезентација на Холандија на Европското првенство во 2000 година, одржано во Белгија и Холандија, како и Европското првенство 2004 година во Португалија. На светските шампионати тој настапил само еднаш, во Франција 1998 година, каде што стигна до полуфиналето на турнирот. Во полуфиналето беа поразени од репрезентацијата на Бразил, а во борбата за третото место, без поразени од репрезентацијата на Хрватска, со 2-1.

На 12 ноември 2006 година, Седорф беше повторно повикан во првиот тим на репрезентацијата, заменувајќи го повредениот Весли Снајдер. Тој започна како стартер на пријателскиот натпревар против Англија, каде што ги одигра сите 90 минути. Седорф победи на сите натпревари за репрезентацијата на Холандија во 2008 година.[6] Во квалификациите за Еуро 2008 против Романија (0–0 на домашен терен) и Словенија (1–0 победа на гостински терен), Седорф одигра четри и шест минути соодветно и респектибилно. Се појавија сомнежи за неговата позиција во рамките на националниот тим, како селекторот Марко ван Бастен фаворизира помлади играчи како што се Рафаел ван дер Варт, Весли Снајдер и Робин ван Перси. На 13 мај 2008 година, Седорф најави дека нема да учествува во УЕФА Еуро 2008, поради неговиот личен конфликт со Ван Бастен.[7]

Приватен живот и други ангажмани[уреди | уреди извор]

Седорф зборува течно шест јазици:[8][9][10][11][12][13] Холандски, Англиски,[14] Италијански, Португалски, Шпански и Суринамски. Тој често се гледа како на духовна, интелигентна и артикулирана фигура во фудбалот,[15] а во 2011 година во едно интервју, Седорф нагласи дека започнал со Мастер студии за Бизнис на престижниот Бокони Универзитет во Милано;[16] па поради тоа тој го добил прекарот "професорот" ("the professor") во времето играјќи за Милан.[17] Седорф е оженет со бразилката, Лувиана Седорф, кои се сопственици на ресторанот Прсти во Милано. Тие имаат четри деца.[18]

Седорф има искуство со медиумите поврзани со работа во текот на последните неколку години. Во 2009 година, тој работел за Њујорк тајмс за една колумна насловена како „Седорф одговара"“, каде што еднаш во месецот тој одговара на прашањата на луѓето во врска со фудбалот.[19] Тој се приклучил на ББС тимот за покривање на Светско Првенство во фудбал 2010 година во Јужна Африка, каде бил ангажиран како експерт и телевизиски критичар. [20] Тој, исто така извршувал голем број на функции за покривање ББС, вклучувајќи го и оној за 6,9 километри западно од брегот на Блубергстранд, Кејп Таун, Јужна Африка.[21] Тој, исто така, се приклучи на ББС за настанот Натпревар на Денот во живо на УЕФА Еуро 2012. Седорф беше широко пофален за својот придонес за покривање на BBC, со Daily Mail натпис со пофали за неговиот "елегантен, информирачки мандат во студиото на BBC".[22] Тој, исто така има направено настап на Натпревар на Денот 2 во англискиот фудбал во текот на лигашката сезона.

Поради својата силна врска со Суринам, каде што е роден, тој е инволвиран во многу проекти за социјален развој. Тој изградил сопствен стадион во областа Пара во Суринам. На овој стадион, игра екипата Сури проф. во Јуниорс Лигата на Суринам. Со неговата фондација за деца, тој поддржува проекти за добри и развојни цели во Суринам.[23] Поради сето ова, Суринам му даде орден на командант на висок ред со жолта ѕвезда, а неодамна во 2011 година, и Холандија, исто така, му оддаде почит со орденот во Редот на портокаловите-Насау.

На 5 јуни 2009 година, Седорф најави на прес-конференција по состанокот со Нелсон Мандела, кога тој станал најновиот шампион на Фондацијата Нелсон Мандела за неговото наследство. Тој се приклучува на Патрис Мотцебе, Токио Сехвале, Дејвид Рокфелер, Пеги Дилејни и Бил Клинтон, кои се членови на одредена група на филантропи, кој помагаат да се осигура, дека наследството на г-дин Мандела живее.

Во 2012 и 2014 година, Седорф учествува на добротворен натпревар фудбалска помош , на Олд Трафорд со поранешните професионални играчи и познати личности. Тој играше за "остатокот на светот" против тимот на Англија. Во 2014 година, тој постигна хет-трик, каде што остатокот од светот победи со 4-2; и со тоа тие обезбедиja над 4 милиони фунти.[24]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. UEFA Champions League – Clarence Seedorf – UEFA.com. 2000.uefa.com (20 May 2013). Retrieved on 22 June 2013.
  2. UEFA CHAMPIONS LEAGUE SEASON 2009/10 MATCHWEEK STATS PACK MATCHWEEK 1 15/09/2009-16/09/2009. uefa.com
  3. „Clarence Seedorf – International Appearances“. RSSSF. http://www.rsssf.com/miscellaneous/seedorf-intl.html. 
  4. „Netherlands 5 – 0 Luxembourg“. UEFA. 14 декември 1994. http://www.uefa.com/uefaeuro/season=1996/matches/round=226/match=50681/index.html. 
  5. „France reach last four after shoot-out success“. UEFA. 6 октомври 2003. http://www.uefa.com/uefaeuro/season=1996/matches/round=223/match=52912/postmatch/report/index.html#france+into+last+four. 
  6. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име autogenerated1.
  7. „Seedorf Blames Van Basten For Exit“. Goal. 14 мај 2008. http://www.goal.com/en/news/476/euro-2008/2008/05/14/695578/seedorf-blames-van-basten-for-exit. 
  8. „Soccer Training Info - Soccer Players Speaking Foreign Languages“. http://www.soccer-training-info.com/soccer_players_speaking_foreign_languages.asp. 
  9. „Discover“. http://www.swide.com/sport-man/clarence-seedorf-is-the-new-ac-milan-coach-6-reasons-why-he-was-destined-for-it/2014/01/17. 
  10. „Both Thierry Henry and Clarence Seedorf speak English much better than Rio Ferdinand • /r/britishproblems“. http://www.reddit.com/r/britishproblems/comments/28hs90/both_thierry_henry_and_clarence_seedorf_speak/. 
  11. „Nothing found for 2014 01 18 The Most Interesting Man In The World Clarence Seedorf“. http://www.midtownfc.com/2014/01/18/the-most-interesting-man-in-the-world-clarence-seedorf/. 
  12. FIFA.com (13 мај 2012). „Seedorf reaches Milan landmark“. http://www.fifa.com/world-match-centre/nationalleagues/nationalleague=italy-serie-a-2000000026/news/newsid/162/639/8/index.html. 
  13. „Seedorf, campione anche nel business“. http://www.businessgentlemen.it/index.php?option=com_content&view=article&id=82:seedorf-campione-anche-nel-business&catid=21:canale-personaggi&Itemid=50. конс. 15 септември 2014 г. 
  14. ABDOMEDIAGROUP (9 март 2011). „Kate Giles Interviews Clarence Seedorf on CNN“. https://www.youtube.com/watch?v=DKTqaPwMMXk. 
  15. „Big interview Clarence Seedorf paints picture of hunger and intelligence“. https://www.theguardian.com/football/2010/feb/14/clarence-seedorf-interview-champions-league. конс. 15 септември 2014 г. 
  16. „Clarence Seedorf: One-on-One“. http://www.fourfourtwo.com/features/clarence-seedorf-one-one. конс. 15 септември 2014 г. 
  17. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име Seedorf_reaches_Milan_landmark.
  18. „La moglie di Seedorf fa belli i calciatori“. http://www.sologossip.it/2010/06/04/la-moglie-di-seedorf-fa-belli-i-calciatori/. конс. 15 септември 2014 г. 
  19. „Seedorf editorialista del NY Times“. http://www.sportmediaset.mediaset.it/calcio/articoli/articolo28900.shtml. конс. 15 септември 2014 г. 
  20. Klinsmann and Seedorf join BBC's World Cup team“, BBC Sport, 22 април 2010 (конс. 9 март 2011 г).
  21. World Cup 2010: Clarence Seedorf goes to Robben Island“, BBC Sport, 7 јули 2010 (конс. 9 март 2011 г).
  22. Williamson, Laura. „Clarence Seedorf has the class to admit that Dutch are lucky“, „The Daily Mail“, 8 јули 2010 (конс. 9 март 2011 г).
  23. „Seedorf - Off the field - Champions for Children“. http://www.seedorf.com/EN/seedorf/off_the_field/champions_for_children.aspx. конс. 15 септември 2014 г. 
  24. Wright, David. „Result: Clarence Seedorf scores hat-trick for Rest of World in Soccer Aid“, „Sportsmole“, 8 јуни 2014 (конс. 9 јуни 2014 г).

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Кларенс Седорф profile and stats at Wereld van Oranje (холандски)