Едвин ван дер Сар

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Холандија Едвин ван дер Сар
Edwin van der Sar side.jpg
Лични податоци
Полно име Едвин ван дер Сар
Роден на 29 октомври 1970 (1970-10-29) (воз. 46 г.)[1]
Роден во Ворхаут, Холандија[2]
Висина 6 ft 7.2 in (2.01 m)[3]
Позиција голман
Младинска кариера
1980–1985 Форехолте
1985–1990 ВВ Нурдуижк
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1990–1999 Ајакс Ајакс 226 (1)
1999–2001 Јувентус Јувентус 66 (0)
2001–2005 Фулам Фулам 127 (0)
2005–2011 Манчестер Јунајтед Манчестер Јунајтед 186 (1)
2016 ВВ Нордвајк 1 (0)
Total 605 (1)
Репрезентација
1995–2008 Холандија Холандија 130 (0)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 23
19, 22 мај 2011 (UTC).
† Учества (Голови).

Едвин ван дер Сар (29 октомври 1970) е поранешен фудбалски голман кој кариерата ја завршил во 2011 година.

Се смета за еден од најдобрите голмани во модерниот фудбал. Во својата неверојатно богата кариера двапати ја освоил Лигата на шампионите во 1995 година со Ајакс и 13 години подоцна со Манчестер Јунајтед. Потоа, четири шампионски титули во Премиерлигата и четири во холандската прва лига.

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Ван дер Сар ја започнал кариерата во Ајакс во 1990 година, каде што бранел до 1999, потоа само две години го бранел голот на Јувентус. Од 2001 до 2005 година го носел дресот на Фулам, од каде што се преселил на „Олд Трафорд“.Во неговата кариера бол награден со многу индивидуални признанија, вклучувајќи го признанието за најдобар голман на Европа во 1995 и 2009 година, како и најдобар голман на Уефа во 2009 година. Во сезоната 2008-2009, како голман на Манчестер ЈУнајтед, тој ја сочува својата мрежа 1,311минута без примен гол. Исто така тој е најстариот фудбалер во историјата на Премиер лигата со освоена титула на 40 годишна возраст. Ван дер Сар е вториот најтрофеен голман на сите времиња (само зад Витор Баија) и еден од најуспешните фудбалери некогаш, со освоени 25 трофеи во својата кариера, главно во Ајакс и Манчестер Јунајтед.

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

За репрезентацијата на Холандија, дебитирал на  7 јуни 1995 година на натпреварот против Белорусија. Ван дер Сар беше дел од тимот на Светското првенство во САД 1994 година, но не настапи на ниту еден натпревар. Тој беше на голот на националниот тим на три последователни елиминации од големите натпреварувања: УЕФА Евро 1996, на Светското првенство 1998 година и на Еуро 2000 каде што Холандија беше домаќин. Во квалификациите за светското првенство во 2002 година, Холандија не успеа да се квалификува откако завршија како трети во групната фаза, одма позади Португалија и Република Ирска.

Евро 2004[уреди | уреди извор]

Во текот на пеналите на Евро 2004 во четврт-финалето против Шведска, Ван дер Сар спаси пенал од Олоф Мелберг, со што Холандија победи со 5-4 и се пласира во полуфиналето,[4] каде што беа поразени од Португалија.[5]

Светско првенство 2006[уреди | уреди извор]

Ван дер Сар на ЕУРО 2008

Пред натпревар од групата на Светското првенство против Брегот на Слоновата Коска во 2006 година, Ван дер Сар немаше примено гол во девет последователни сениорски натпревари. Како капитен на Холандија, тој го собори рекордот на сите времиња на Франк де Бур за неговата земја во елиминациското коло на Светското првенство 2006 против Португалија.[6][7]

Евро 2008[уреди | уреди извор]

Едвин ван дер Сар на тренинг со Холандија пред Евро 2008.

На 37 от роденден, Ван дер Сар беше интервјуиран од страна на Радио 538 и изјави дека има намера да се пензионира од репрезентативниот фудбал по Евро 2008.[8] Пред почетокот на турнирот, тој имаше клучна улога во решавање на долгогодишниот спор помеѓу напаѓачот Руд ван Нистелрој и селекторот Марко ван Бастен.[9] Тој беше капитен во импресивната победа од 3-0 над Италија на 9 јуни 2008 година, а исто така и на 13 јуни со 4-1 победа над репрезентацијата на Франција. На 21 јуни, тој бранеше во нокаут фазата против Русија каде што Холандија беше поразена со резултат 3-1.[10] Тоа беше 16-ти настап на Европските првенства, со која тој го израмни рекордот на Лилијан Турам неколку дена порано. Заедно со 22 други играчи Ван дер Сар беше именуван во тимот на турнирот.[11] По Евро 2008, Ван дер Сар,беше карактеристичен по тоа што играл повеќе минути на Европското фудбалско првенство од било кој друг играч..[12]

Квалификации за светско првенство 2010[уреди | уреди извор]

На 3 октомври 2008 година, на барање на новиот тренер Берт ван Марвијк, Ван дер Сар се согласи да се пензионира од националниот тим на Холандија по натпреварите против Исланд и Норвешка по повредите на Мартен Стекеленбурк и Хенк Тимер.[13] Ван дер Сар ја сочува мрежата во двата натпревари, кои беа добиени од страна на холандската репрезентација со 2-0 и 1-0. Во Осло, холандскиот национален тим беше поразен со 1-0 а на тој натпревар Ван дер Сар, го забележал својот 130 настап, што е рекорд за холандскиот голман, и го стави во првите четириесет фудбалери со 100 или повеќе настапи на сите времиња.[14]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Edwin Van der Sar ESPN“. Soccernet.espn.go.com. ESPN Soccernet. 3 февруари 2011. http://soccernet.espn.go.com/player/_/id/8884/edwin-van-der-sar?cc=5901. конс. 3 февруари 2011 г. 
  2. „Edwin van der Sar Manchester United“. ManUtd.com. Manchester United. 3 февруари 2011. http://www.manutd.com/en/Players-And-Staff/First-Team/Edwin-Van-der-Sar.aspx. конс. 3 февруари 2011 г. 
  3. White, Jim (2008). Manchester United: The Biography. London: Sphere. стр. 425. ISBN 978-1-84744-088-4. 
  4. Holland end Swede dream“, „BBC Sport“, British Broadcasting Corporation, 26 јуни 2004 (конс. 13 август 2008 г).
  5. Portugal 2–1 Holland“, „BBC Sport“, British Broadcasting Corporation, 20 јуни 2004 (конс. 13 август 2008 г).
  6. „Van Der Sar Tight-Lipped on Future“. Yahoo! Sport UK. 20 октомври 2007. архивирано од оригиналот на 22 октомври 2007. https://web.archive.org/web/20071022171259/http://uk.eurosport.yahoo.com/20102007/4/van-der-sar-tight-lipped-future.html. конс. 13 август 2008 г. 
  7. „RSSSF International Career for Edwin van der Sar“. http://www.rsssf.com/miscellaneous/vandersar-intl.html. 
  8. Scurr, Andrew. „Van der Sar to quit Holland“, Sky Sports, 29 октомври 2007 (конс. 29 јануари 2009 г).
  9. Van der Sar happy to be Dutch daddy“, fifa.com, 12 јуни 2008.
  10. Ruizenaar, Theo. „Van der Sar ends Dutch career with painful defeat“, Reuters, 22 јуни 2008 (конс. 29 јануари 2009 г).
  11. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име Gill.
  12. Edwin van der Sar most minutes played at European Championship“, „TopFootball.net“, 21 јуни 2008 (конс. 29 јануари 2009 г).
  13. Van der Sar makes Dutch comeback for World Cup qualifiers“, „Reuters“, 3 октомври 2008 (конс. 28 октомври 2008 г).
  14. Strikers put in the shade“, „FIFA“, 15 октомври 2008 (конс. 28 октомври 2008 г).

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Wikiquote-logo.svg
Викицитат има збирка цитати поврзани со:

Едвин ван дер Сар profile and stats at Wereld van Oranje (холандски)

Спортски позиции
Претходник
Едгар Давидс
Холандија капитен
2004-2008
Наследник
Џовани ван Бронхорст