Руд ван Нистелрој

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Холандија Руд ван Нистелрој
Ruud-van-Nistelrooy3.jpg
Лични податоци
Роден на 1 јули 1976 (1976-07-01) (воз. 41 г.)
Роден во Ос, Холандија
Висина &100000000000001880000001,88 м
Позиција напаѓач
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1993–1997 Ден Бош Ден Бош 69 (17)
1997-1998 Херенвен Херенвен 31 (13)
1998–2001 ПСВ ПСВ 67 (62)
2001-2006 Манчестер Јунајтед Манчестер Јунајтед 150 (95)
2006-2010 Реал Мадрид Реал Мадрид 68 (46)
2010-2011 Хамбургер Хамбургер 35 (13)
2011-2012 Шаблон:Fb team Malaga 28 (4)
Репрезентација
1998-2011 Холандија Холандија 70 (35)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 6 јануари 2011.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 17 ноември 2010

Рутгерус Јоханес Мартинус Руд ван Нистелрој (холандски: Rutgerus Johannes Martinus "Ruud" van Nistelrooij) е пензиониран холандски фудбалер кој во својата кариера играше како напаѓач за тимовите на Ден Бош, Херенвен, ПСВ Ејндховен, Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид, Хамбургер и Малага. Тој е пети најдобар стрелец во историјата на Лигата на шампионите со постигнати 56 голови, пред него се шпанскиот напаѓач и неговиот некогашен соиграч од Реал Мадрид Раул Гонзалез, Кристиано Роналдо, Филипо Инзаги и Лионел Меси.

Кариерата ја започна во тимот на Ден Бош, каде што помина 4 години, и постигна 17 голови, за да биде продаден во Херенвен каде што се задржал само една година при што забележал 31 настап и постигнал 13 гола. Во летото 1998 година, тој се преслил во тимот на ПСВ Ајндховен, каде што одиграл одлични две сезони и постигна 62 гола на 67 натпревари. Добрите игри во ПСВ Ајндховен беа забележани од Манчестер Јунајтед, каде што во 2000 година бил продаден за 19 милони фунти, но поради повреда тој го засилил Манчестер Јунајтед наредната 2001 година. Во Манчестер Јунајтед под водство на Сер Алекс Фергусон, освоил една шампионскa титула во Премиер лигата во сезоната 2002/2003, еден ФА куп во сезоната 2003/2004, еден Лига куп во 2005/2006 година и Комјунити Шилд сезоната 2003. Во сезозната 2002/2003 тој ја освоил златната копачка на Премиер лигата, како и најдобар играч во лигата.

Во 2006 година тој преминал во Реал Мадрид, и потпишал три годишен договор вреден 14 милони евра. Шпанската Ла Лига ја освоил две години по ред, во сезоните 2006/2007 и 2007/2008 по водство на Фабио Капело и Бернд Шустер. Во 2008 година го освоил и шпанскиот куп. Во Лигата на шампионите три години по ред бил најдобар стрелец, во сезоните 2001/2002, 2002/2003 и 2003/2004 година.

За Холандската репрезентација има одиграно 70 меча и постигнато 35 голови. Своето деби го имал во пријателски меч со Германија на 18-ти ноември 1998. Има настапено на две европски првенства во 2004 и 2008 и едно Светско првенство во 2006 година.

На 14 мај 2012 тој објави дека се повлекува од фудбалот на возраст од 35 години.

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]