Ередивиси
Земја | Холандија |
---|---|
Конфедерација | УЕФА |
Основана | 1956 |
Број на клубови | 18 |
Нивоа на пирамида | 1 |
Испаѓање во | Ерсте дивиси (втора лига) |
Домашен куп | Куп на Холандија |
Тековен првак | Ајакс (34. титула) (2018-2019) |
Најмногу титули | Ајакс (34 титули) |
ТВ партнери | ЕСПН |
Мрежно место | Мрежно место |
Трофеј | |
Ередивиси 2020-2021 |
Ередивиси е највисоко ниво на холандската фудбалска лига. Лигата е основана во 1956 година, две години по почетокот на професионалниот фудбал во Холандија. Од сезоната 2020–2021, таа е рангирана на 8-то место на најдобрите лиги во Европа од страна на УЕФА.
Лигата се состои од 18 клубови, кои играат по форматот секој против секого двокружно. Двата најслабо пласирани клубови на крајот на секоја сезона испаѓаат во втората лига по ранг, Ерсте дивиси, а оттаму влегуваат прво и второпласираната екипа. Најуспешен клуб е Ајакс со 34 титули и моментално е бранител на титулата.
Историја
[уреди | уреди извор]Првата титула била доделена во 1897-1898 година и сè до 1954 година шампионот на холандското првенство се одлучувал преку плејоф натпревари помеѓу различните регионални шампиони. Сепак, тоа бил аматерски турнир. Со основањето на Ередивиси лигата во 1956 година, во холандскиот фудбал доаѓа професионализмот. Новото првенство се состоело од една група со 18 екипи, во кое секој се соочува со секого двапати, и било укинато дотогашното натпреварување во повеќе групи и играње на плејоф за титулата меѓу победниците на тие групи.
Клубови во сезоната 2020-2021
[уреди | уреди извор]- Ајакс
- АЗ Алкмар
- АДО Ден Хаг
- Емен
- Фејенорд
- Фортуна Ситард
- Гронинген
- Херенфен
- Хераклес Алмело
- ПСВ
- Спарта Ротердам
- Твенте
- Утрехт
- Витесе
- ВВВ Венло
- РКЦ Валвајк
- Вилем II
- ПЕК Зволе
Шампиони
[уреди | уреди извор]Титули по клубови
[уреди | уреди извор]Екипа | Титули | Втори места | Сезони |
---|---|---|---|
Ајакс | 34
|
24
|
1918, 1919, 1931, 1932, 1934, 1937, 1939, 1947, 1957, 1960, 1966, 1967, 1968, 1970, 1972, 1973, 1977, 1979, 1980, 1982, 1983, 1985, 1990, 1994, 1995, 1996, 1998, 2002, 2004, 2011, 2012, 2013, 2014, 2019 |
ПСВ | 24
|
15
|
1929, 1935, 1951, 1963, 1975, 1976, 1978, 1986, 1987, 1988, 1989, 1991, 1992, 1997, 2000, 2001, 2003, 2005, 2006, 2007, 2008, 2015, 2016, 2018 |
Фејенорд | 15
|
21
|
1924, 1928, 1936, 1938, 1940, 1961, 1962, 1965, 1969, 1971, 1974, 1984, 1993, 1999, 2017 |
ХВВ | 10
|
1
|
1891, 1896, 1900, 1901, 1902, 1903, 1905, 1907, 1910, 1914 |
Спарта Ротердам | 6
|
1
|
1909, 1911, 1912, 1913, 1915, 1959 |
РАП | 5
|
3
|
1892, 1894, 1897, 1898, 1899 |
Го Ахед Иглс | 4
|
5
|
1917, 1922, 1930, 1933 |
Конинклејке ХФК | 3
|
3
|
1890, 1893, 1895 |
Вилем II | 3
|
1
|
1916, 1952, 1955 |
ХБС | 3
|
-
|
1904, 1906, 1925 |
АЗ Алкмар | 2
|
2
|
1981, 2009 |
Хераклес Алмело | 2
|
1
|
1927, 1941 |
АДО Ден Хаг | 2
|
-
|
1942, 1943 |
РЦХ Хемстеде | 2
|
-
|
1923, 1953 |
НАК Бреда | 1
|
4
|
1921 |
ДВС | 1
|
3
|
1964 |
Твенте | 1
|
3
|
2010 |
Бе Квик 1887 | 1
|
2
|
1920 |
Ајндховен | 1
|
2
|
1954 |
Рода | 1
|
2
|
1956 |
ДОС | 1
|
1
|
1958 |
Ден Бош | 1
|
1
|
1948 |
Енсхеде | 1
|
1
|
1926 |
Конкордија | 1
|
1
|
1889 |
Де Волевејкерс | 1
|
-
|
1944 |
Харлем | 1
|
-
|
1946 |
Лимбургија | 1
|
-
|
1950 |
Квик Ден Хаг | 1
|
-
|
1908 |
СВВ | 1
|
-
|
1949 |
Витесе | -
|
6
|
----- |
Вагенинген | -
|
3
|
----- |
Блаув Вит | -
|
3
|
----- |
Херенфен | -
|
3
|
----- |
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Eredivisie.nl – Матична страна (холандски)
|