Руска премиер лига
| Земја | |
|---|---|
| Конфедерација | УЕФА |
| Основана | 2001 |
| Број на клубови | 16 |
| Нивоа на пирамида | 1 |
| Испаѓање во | Руска национална лига |
| Домашен куп | Куп на Русија |
| Тековен првак | ФК Зенит (6-та титула) |
| Најмногу титули | ФК Спартак Москва (10-та титула) |
| Мрежно место | premierliga.ru |
Руската Премиер лига (РПЛ; руски: Российская премьер-лига; РПЛ) — најсилна професионална фудбалска лига во Русија.[1] Основана е на крајот на 2001 година како Руска фудбалска премиер лига (РФПЛ; руски: Российская футбольная премьер-лига; РФПЛ) и била ребрендирана со сегашното име во 2018 година.[2] Од 1992 до 2001 година, највисоко ниво на системот на руската фудбалска лига бил Руското фудбалско првенство (руски: Чемпионат России по футболу, Шампион Росии по Футболу ).[3] Во конкуренција има 16 екипи. Лигата има три места кои водат кон квалификациите во Лигата на шампионите, дадени на трите најдобри екипи на крајот од сезоната, а две места во Лигата на Европа се распределуваат на четврто и петтопласираните екипи. Последните две екипи испаѓаат во Руската национална фудбалска лига на крајот од сезоната.
Руската Премиер лига ја наследила Топ дивизија вклучувајќи историја и рекорди. Создавањето на Премиер лигата се направило за да им даде на клубовите поголем степен на независност. Лигата во моментов се нарекува Руска Премиер Лига Тинкоф ( руски: Тинькофф Российская Премьер-Лига ) од спонзорски причини.[4]
Од воведувањето на руската Премиер лига во 2002 година, ЦСКА Москва (6 пати), Зенит Санкт Петербург (6 пати), Локомотив Москва (3 пати), Рубин Казан (2 пати) и Спартак Москва (1 пат) ја освоиле титулата . Зенит Санкт Петербург е актуелен шампион на руската Премиер лига.
Шампиони
[уреди | уреди извор]Статистика
[уреди | уреди извор]| Клуб | Шампион | Второ место | Трето место | Година на освојување |
|---|---|---|---|---|
| Спартак Москва | 1992, 1993, 1994, 1996, 1997, 1998, 1999, 2000, 2001, 2016–17 | |||
| ЦСКА Москва | 2003, 2005, 2006, 2012–13, 2013–14, 2015–16 | |||
| Зенит Санкт Петербург | 2007, 2010, 2011–12, 2014–15, 2018–19, 2019–20 | |||
| Локомотив Москва | 2002, 2004, 2017–18 | |||
| Рубин Казањ | 2008, 2009 | |||
| Спартак Владикавказ | 1995 | |||
| Ротор Волгоград | ||||
| Динамо Москва | ||||
| Ростов | ||||
| Краснодар | ||||
| Торпедо Москва | ||||
| Крилија Советов | ||||
| Анжи Махачкала | ||||
| Вкупно | 28 | 28 | 28 |
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Russian Premier League“. uefa.com. Архивирано од изворникот на 11 December 2014.
- ↑ „RFPL“. rfpl.org. Архивирано од изворникот на 29 November 2014.
- ↑ „ABOUT RUSSIAN FOOTBALL CHAMPIONSHIP“. rfpl.org. Архивирано од изворникот на 7 June 2017.
- ↑ „Tinkoff named title partner of the Russian Premier Liga“. Russian Premier Liga. Посетено на 2020-09-17.