Карло Анчелоти

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Карло Анчелоти
Carlo Ancelotti 2016.jpg
Анчелоти со Баерн Минхен во 2016 година
Лични податоци
Роден на 10 јуни 1959 (1959-06-10) (воз. 57 г.)
Роден во Реџиоло, Италија
Висина &100000000000001800000001,80 м
Позиција играч од средината на теренот
Клупски податоци
Сегашен клуб Баерн Минхен (менаџер)
Младинска кариера
1973–1975 Реџиоло
1975–1976 Парма
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1976–1979 Парма 55 (13)
1979–1987 Рома 171 (12)
1987–1992 Милан 112 (10)
Total 338 (35)
Репрезентација
1981–1991 Италија 26 (1)
Раководител на екипите
1995–1996 Реџина
1996–1998 Парма
1999–2001 Јувентус
2001–2009 Милан
2009–2011 Челзи
2011–2013 Парис Сен Жермен
2013–2015 Реал Мадрид
2016– Баерн МИнхен
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари.
† Учества (Голови).


Карло Анчелоти (на италијански Carlo Ancelotti) е поранешен италијански фудбалер и моментален тренер на Баерн Минхен. Роден е на (роден на 10 јуни 1959) година во Реџиоло, Италија. Како фудбалер настапувал за Парма, Рома и Милан а како тренер за Парма, Јувентус, Милан, Челси, ПСЖ, Реал Мадрид и Баерн Минхен. Со Милан како фудбалер има освоено два купа во Лигата на шампионите во 1989 и 1990, а како тренер на Милан во 2003 и 2007 година. Исто така со Милан има освоено и прво место во Серија А во 2004 година. Како тренер на Челси ја освои Премиер лигата во сезоната, ФА Купот и Комјунити Шилд во сезоната 2009/2010. Во 2011 година тој го напушти кормилото на Челси и тренерската кариера ја продолжи во францускиот ПСЖ. Во сезоната 2012/2013 тој ја освои француската Лига 1. Во 2013 година тој потпишува договор со Реал Мадрид, каде што ќе го предводи кралскиот тим во наредните две сезони. Во неговата прва сезона 2013/2014 тој ја освои Лигата на шампионите и шпанскиот куп, додека во втората сеозна 2014/2015, го освои клупското светско првенство и Уефа Супер Купот. На 25 мај 2015 година, претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез објави дека бордот на клубот донесе "многу тешка одлука" со која го ослободуваат Анчелоти од неговите должности со непосреден ефект. Перез изјави дека Анчелоти ги освои срцата и на одборот и навивачите, и секогаш ќе има место во историјата на клубот, бидејќи тој беше тренер кој ги доведе до десетата европска титула Decima. "Сепак во овој клуб барањата се огромни и ќе ни треба нов импулс со цел да се освојува трофеи и да се биде повторно најдобар", додаде тој.

По напуштањето на Мадрид, Карло Анчелоти имаше разговори за враќање во Милан, кој тој ги отфрли, велејќи: "Тешко беше да се каже не на толку сакан клуб за мене, но ми треба малку одмор. Јас им посакувамсе најдобро." Тој изјави дека сака да биде една година надвор од фудбалот, дека му е потребен одмор и дека се спрема за операција за 'рбетниот стеноза. Тој подоцна се пресели во Ванкувер, Британска Колумбија, Канада. Во 2016 година, тој беше именуван за тренер на Баерн Минхен.

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]