Маурицио Сари

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Маурицио Сари
Maurizio Sarri at Baku before 2019 UEFA Europe League Final.jpg
Лични податоци
Полно име Маурицио Сари
Роден на 10 јануари 1959 (1959-01-10) (62 г.)
Роден во Неапол, Италија
Држава Италија Италија
Клупски податоци
Сегашен клуб Лацио Лацио (тренер)
Раководител на екипите
Години Екипа
1990-1991 600px Viola.svg Стиа
1991-1993 Azzurro e Bianco.svg Фаељезе
1993-1996 Rosso e blu (strisce) 2.svg Кавриља
1996-1998 600px Bianco e Celeste (Strisce).svg Антела
1998-1999 600px Rosso e Verde.svg Валдема
1999-2000 Bisection vertical White HEX-FF0000.svg Теголето
2000-2003 Arancione e Blu.svg Сансовино
2003-2005 Санџованезе Санџованезе
2005-2006 Пескара Пескара
2006-2007 Арецо Арецо
2007 Авелино Авелино
2008 Верона Верона
2008-2009 Перуџа Перуџа
2010 Гросето Гросето
2010-2011 Алесандрија Алесандрија
2011-2012 Соренто Соренто
2012-2015 Емполи Емполи
2015-2018 Наполи Наполи
2018-2019 Челси Челси
2019-2020 Јувентус Јувентус
2021- Лацио Лацио

Маурицио Сари (роден на 10 јануари 1959 во Неапол) — италијански фудбалски тренер, кој во моментов ја води екипата на Лацио.

Сари никогаш не играл фудбал професионално, играл само на аматерско ниво на позицијата централен одбранбен играч додека во исто време работел како банкар. Во 2005 година, ја добил својата прва работа во Серија Б потпишувајќи договор со екипата на Пескара. Во 2014 година, изборил промоција во Серија А како тренер на Емполи, а откако во својата прва сезона како тренер во најсилната италијанска лига изборил опстанок освојувајќи го 15-тото место на табелата, бил назначен за тренер на екипата на Наполи. Како тренер на партенопеите освоил две втори места во Серија А и добил неколку поединечни награди. Во летото 2018 година, преминал во англискиот Челси, со кој го освоил третото место во Премиер лигата и ја освоил УЕФА Лигата на Европа.

Животопис[уреди | уреди извор]

Сари е роден во населбата Бањоли во Неапол.[1] Неговиот татко Америго е поранешен велосипедист роден и пораснал во Тоскана, а потоа се вратил во овој регион со своето семејство по завршувањето на неговиот мандат како градежен работник за Италсајдер, челичната компанија. Сари израснал во соседството Фиљине Валдарно, а своето време во младоста го поделил играјќи како аматерски фудбалер и банкар во Банка Монте деи Паски Сиена во Тоскана. Неговата работа како банкар му овозможила да патува по земјите низ Европа, работејќи во Лондон, Цирих и Луксембург.[2]

Играјќи како централен одбранбен играч,[3] во својата играчка фудбалска кариера Сари играл само на аматерско ниво, за екипата на Филиње, и имал неуспешни проби во далеку попознати екипи како Торино и Фјорентина.[4] Набргу потоа тој ја завршил својата кариера во Филиње како резултат на повреди.

Додека бил фудбалер, Сари во утринските часови работел во банката, а попладне и навечер тренирал и играл натпревари. Во 1990 година, на возраст од 30 години, тој се преоренитал на тренерска кариера, следејќи го истиот распоред што го почитувал за целиот негов работен век. Откако во 1999 година бил назначен за тренер на нисколигашот Теголето, тој се одлучил да се откаже од својата работа за да се посвети исклучиво на својата тренерска кариера.[5]

Тренерска кариера[уреди | уреди извор]

Рана кариера[уреди | уреди извор]

Првиот клуб во кој Сари работел како тренер бил УСД Стиа 1925, кого започнал да го тренира во 1990 година во деветтата лига во Италија позната како Секонда Категорија. Следната година тој бил назначен за тренер на клубот од истата лига, Фаељезе, кој го одвел до Промоционе (седмата лига по ранг).[6]

Потоа Сари работел во УСД Карвиља и УС Антела, две екипи во кој забележал нови позитивни резултати водејќи ги двете екипи до промоција во Екеленца, тогаш шесттото ниво на италијанскиот фудбал.[7] Во 1998 година ја преземал тренерската функција во Валдема, клуб од истата лига, но добил отказ следниот јануари. Потоа тој го презел УС Теголето, исто така во истата лига во септември 1999 година, но го напуштил клубот на крајот на сезоната откако успеал да обезбеди опстанок и завршил на 11. место.

Сансовино и Санџованезе[уреди | уреди извор]

Во 2000 година, Сари потпишал договор со Сансовино кој исто така во тоа време играл во Екеленца, и успеал да оствари промоција во Серија Д (петта лига) веќе во неговата прва сезона во клубот; тој останал уште две сезони на чело на клубот, достигнувајќи до плејофот за промоција во Серија Ц2 (четврта лига) во неговата последна сезона.[8] Тој, исто така, го освоил Купот на Италија Серија Д со клубот за сезоната 2002-2003.

Неговите успеси со Сансовино довеле до тоа клубот од Серија Ц2, Санџованезе, да го назначи за свој тренер во 2003 година. Во својата деби сезона во професионалниот фудбал тој остварил промоцијата во Серија Ц1 (трета лига) во сезоната 2003-2004 и го одвел клубот до осмото место во оваа лига следната сезона. По две сезони во клубот, на 18 јуни 2005 година поднел оставка.[9]

Пескара, Арецо и Авелино[уреди | уреди извор]

На 9 јули 2005 година, Сари потпишал договор со екипата на Пескара,[10] со која дебитирал во Серија Б во сезоната 2005-2006, обезбедувајќи опстанок на три кола пред крајот. На 30 јуни 2006 година тој поднел оставка.

На 1 ноември 2006, Сари ја преземал функцијата во Арецо, заменувајќи го на клупата Антонио Конте. Таа сезона Арецо остварил незаборавен успех во Купот на Италија каде стигнале до четвртфиналето елиминирајќи го Ливорно кој тогаш играл во Серија А, пред да бидат елиминирани од Милан со вкупни 2-1 (0-2 во Милано, 1-0 во реваншот). На 13 март 2007, тој бил отпуштен, оставајќи зад себе резултати што ќе останат во историјата на тосканскиот клуб: како ремито 2-2 дома со Јувентус на Дидје Дешан и ремито 2-2 против Наполи на Сан Паоло.[11]

На 18 јули 2007, започнал многу кратко искуство со Авелино:[12] тој поднел оставка на 23 август, по поразот од Асколи со 0-2 во Купот на Италија, уште пред да започне првенството во Серија Б, верувајќи дека не може да работи во она што го опишува како "ситуација без планирање и организација".[13][14]

Верона и Перуџа[уреди | уреди извор]

После тренирањето на три клуба од Серија Б, Сари се вратил во Серија Ц1 на 31 декември 2007 каде ја преземал екипата на Верона заменувајќи го на клупата Давиде Пелегрини.[15] На 28 февруари 2008 година, тој бил отпуштен откако освоил само еден единствен бод во 6 кола забележувајќи 5 последователни порази, а Верона се нашла на последното место во моменталниот поредок.[16]

На 23 септември, тој ја преземал функцијата во Перуџа во истата лига (сега преименувана во Лега Про Прима Дивизионе) заменувајќи го Џовани Паљари на клупата,[17] но бил отпуштен на 15 февруари 2009, после поразот од Галиполе.[18]

Гросето[уреди | уреди извор]

На 24 март 2010 година, тој го заменил отпуштениот Елио Густинети на клупата на Гросето, за последните 11 лигашки натпревари.[19][20] Сепак, откако неуспеал да обезбеди место во плејофот за Серија А, забележувајќи само 2 победи, 7 нерешени и 2 порази, договорот не му бил продолжен и Сари повторно станал слободен.

Алесандрија[уреди | уреди извор]

Во летото 2010 година, Сари, кој претходно изразил намера дека не сака повеќе да тренира во третата лига по искуството во Перуџа, бил убеден од новиот претседател и спортски директор на Алесандрија (Џорџо Велтрони и Нарио Кардини, со кој позитивно работел во Сансовино) да потпише за екипата од Пиемонт, која тогаш се натпреварувала во Лега Про Прима Дивизионе.[21]; договорот бил потпишан на 6 јули.[22] Алесандрија под водството на Сари брзо избила на врвот на табелата уште по првите кола во првенството 2010-2011; Сари ја консолидирал употребата на формацијата 4-2-3-1 (откако тој претходно пробувал со 4-3-3), истовремено тој промовирал добар број на играчи кој ја прераснале оваа лига и биле спремни за чекор нагоре во нивните кариери (Пучино, Чанчо, Кроче, Скапини) и демонстрирал одлични вештини за раководење со групата, особено за време на вториот дел од сезоната, кога клубот се нашол во борба со сериозни економски тешкотии, по ненадејното напуштање на претседателот и со вклучување во скандалот со наместени натпревари Скомесополи.[21]

Алесандија го завршила првенството на третото место, постигнувајќи го најдобриот спортски резултат за повеќе од 35 години и избориле место во плејофот за промоција во Серија Б; во плејофот тие биле елиминирани од страна на Салернитана во полуфиналето, искуство на кое Алесандрија се сеќава со жалење тврдејќи дека многуте судиски грешки го одлучиле победникот.

По завршувањето на сезоната, Алесандрија западнала во уште поголема криза и била административно исфрлена во Секонда Дивизионе (4. лига) поради горенаведената истрага за наместени натпревари; Сари бил ослободен.[23]

Соренто[уреди | уреди извор]

На 7 јули 2011, тој потпишал договор со Соренто, уште еден член на Лега Про Прима Дивизија.[24] На 14 декември тој бил отпуштен, во моментот кога екипата се наоѓала на шесттото место на табелата, и бил заменет од Џенаро Руотоло.[25]

Емполи[уреди | уреди извор]

На 25 јуни 2012 година, потпишал договор со Емполи.[26] На почетокот на сезоната клубот бил во резултатска криза и по 9 кола се нашол на последната позиција на табелата со вкупно 4 бода, но по неколку недели екипата започнала да се враќа на победничките патеки и го завршила првенството на четвртото место: откако се квалификувале за плејофот, тие го загубиле финалето од Ливорно а со тоа и шансата да изборат промоција во Серија А, откако претходно ја елиминирале Новара со вкупен резултат 5-2 во полуфиналето.

Следната сезона 2013-2014, Емполи завршил на второ место во лигата, и изборил директна промоција во Серија А, после шестгодишно отсуство. Екипата на Сари освоила 72 бода со учинок од 20 победи, 12 нерешени и 10 порази.

Во сезоната 2014-2015 дебитирал со аѕурите во највисоката италијанска фудбалска лига, обезбедувајќи опстанок на 4 кола до крајот на првенството: Емполи завршил на 15-тото место на табелата со 42 бода (8 победи, 18 нерешени, 12 порази) и се смета за откровение на првенството.[27][28] Веднаш по завршувањето на сезоната, на 4 јуни 2015 тој поднел оставка, и покрај тоа што имал уште две години договор со тосканскиот клуб.

Наполи[уреди | уреди извор]

На 11 јуни 2015 година, Сари потпишал договор со клубот од неговиот роден град, Наполи, заменувајќи го на клупата Рафаел Бенитес, кој заминал откако неуспеал да обезбеди пласман на некое од местата кои воделе во Лига на шампионите.[29][30] Тој потпишал едногодишен договор - со опција до 31 мај 2016 да се продолжи соработката за уште 4 години - според кој би требало да заработи 900.000 евра годишно плус бонуси.[31][32]

Во неговата првата сезона, Сари ги донел Елсеид Хисај, Пепе Реина и Алан. Своето деби во Серија А го имал на 23 август 2015 година, во натпреварот против Сасуоло на Стадионот Мапеи во Реџо Емилија во кој е поразен од екипата на Еузебио Ди Франческо со 2-1.[33] На 17 септември го имал дебито во својата кариера како тренер во европските натпреварувања, предводејќи го Наполи до победа над Клуб Бриж со 5-0 во Лигата на Европа, што била и првата победа на Сари на клупата на наполитанците.[34] Три дена подоцна, на 20 септември, ја забележал својата прва победа во првенството, победувајќи го Лацио на Сан Паоло со 5-0.[35] На 30 ноември, благодарение на победата од 2-1 над Интер, Наполи избил на првото место во најсилната италијанска фудбалска лига, за првпат по повеќе од 25 години (сезоната 1989-1990, кога Наполи го освоил своето второ скудето).[36] На 10 декември 2015 година, Сари со Наполи ја забележал својата шестта победа во шест натпревари од Лигата на Европа, освојувајќи максимален број на бодови (18 од 18) во групната фаза, со постигнати 22 гола во 6 натпревари и примени голови 3 исто така во 6 натпревари.[37] На 10 јануари 2016 година, победувајќи го Фрозиноне со 1-5 на гости, Наполи станал зимски шампион (Campione d'Inverno) во Серија А, со 41 освоен бод во 19 натпревари, нешто што клубот претходно за последен пат го имал сторено во сезоната 1989-1990, годината во која го освоиле своето второто скудето.[38] На 7 февруари, со победата од 1-0 на домашен терен против Карпи, Наполи ја забележал својата осма последователна победа во лигата, што претставува рекорд во клупската историја на екипата од Неапол во Серија А.[39]

Сари како тренер на Наполи во сезоната 2016-2017.

Наполи ја завршил сезоната на второто место со 82 бода (25 победи, 7 нерешени и 6 изгубени), 9 помалку од шампионот Јувентус, и избориле директна квалификација во групите на Лигата на шампионите.[40] Од напаѓачкиот фудбал на Сари најмногу профитирал аргентинскиот напаѓач Гонсало Игуаин, кој постигнал 36 гола на 35 натпревари во Серија А, со што го израмнил рекордот на Џино Росети од сезоната 1928-1929 за најмногу постигнати голови од еден играч во некоја сезона на првата италијанска лига.[41]

По позитивната сезона, на Сари му бил продолжен договорот до 2020 година.[42] Пред почетокот на неговата втора сезона во Наполи, тој се соочил со голема загуба откако во летото најдобриот стрелец во лигата во претходната сезона Игуаин го напуштил клубот и потпишал за шампионот Јувентус за 90 милиони евра. Сепак, Сари ставил вето на опцијата за трошење на парите добиени од продажбата на Игуаин за доведување на слична замена, барајќи наместо тоа парите да бидат потрошени за засилување на послабите позиции на тимот и да се подобри широчината на ростерот. На крајот клубот го довел полскиот напаѓач Аркадиуш Милик за да го замени Игуаин, но по добриот почеток тој немал среќа и потешко се повредил поради што морал да пропушти поголем дел од сезоната. Откако останал без класичен напаѓач, Сари бил приморан некого принудно да користи на позицијата централен напаѓач, ставајќи го таму Дрис Мертенс, кој дотогаш играл на позицијата крило;[43] тоа се покажало како генијален потег на Сари затоа што белгиецот постигнал 28 гола во Серија А, завршувајќи како втор стрелец во лигата со само еден гол помалку од Един Џеко од Рома. Втората сезона на клупата на Наполи Сари ја завршил на третото место во лигата, квалификувајќи се за плејоф рундата од квалификациите за Лигата на шампионите (која подоцна ја минале) против француската Ница.

Третата сезона на Наполи под водство на Сари започнала одлично за клубот од Кампанија, откако бил поставен клупски рекорд за најдобар старт на некоја сезона во Серија А со 8 победи во низа, што пак претставува изедначување на клупскиот рекорд за најмногу победи во низа на Наполи во Серија А.[44] Првиот пораз во лигата играчите на Сари го забележале дури во декември од Јувентус со 1-0 на Сан Паоло. Тие исто така, како и пред две години ја освоиле и титулата Campione d'Inverno. Сепак, на 3 март 2018, после вториот пораз во лигата, овојпат на домашен терен од Рома со 2-4, Наполи ја загубил водечката позиција од Јувентус. Предноста на Јувентус потоа и се зголемила, но после победата на Наполи во Торино со 1-0 (со голот на Кулибали во судиското продолжение) во директното соочување, трката за титулата останала отворена со само еден бод предност за бјанконерите пред тимот на Сари. Сепак, веќе во следното коло Јувентус тешко го победил Интер со 3-2, со пресврт во завршницата од натпреварот, што ги погодило фудбалерите на Наполи кој следниот ден биле катастрофално поразени со 3-0 во Фиренца од Фјорентина.[45] Две кола подоцна, откако титулата и дефинитивно била загубена, Сари изјавил: "Ние требаше да одиме да спиеме порано. Мислам дека екипата претрпе психолошки удар поради начинот на кој тој натпревар заврши. Разочаран сум што го загубивме првенството во хотел, а не на терен".[46] Наполи ја завршил сезоната 2017-2018 во Серија А на второто место, со четири бода зад Јувентус, но и покрај разочарувањето поради загубеното скудето оваа сезона била една од најдобрите во историјата на клубот; бил поставен клупски рекорд за најмногу освоени бодови (91) во една сезона во Серија А, за најмногу победи (28) во една сезона во Серија А и за најмалку примени голови (29) исто така во една сезона во Серија А, откако во првенството се натпреваруваат 20 екипи.

На 23 мај 2018 година, по три сезони на клупата на Наполи, претседателот на клубот Аурелио Де Лаурентис најавил дека Сари нема да остане во Наполи.[47] Набргу потоа бил заменет од Карло Анчелоти.[48][49]

Челси[уреди | уреди извор]

Сари (лево) како менаџер на Челси во 2018, заедно со Марк Хјуз од Саутхемптон.

На 14 јули 2018, Сари бил назначен за менаџер на Челси, заменувајќи го Антонио Конте кој ден претходно добил отказ.[50] Дебитирал на клупата на Челси во официјален натпревар на 5 август, во поразот со 2–0 од Манчестер Сити во Комјунити Шилд натпреварот на Вембли.[51] Следната недела, тој ја забележал првата победа како менаџер на сините во успехот со 3–0 против Хадерсфилд Таун во лигата.[52] Сари станал првиот тренер или менаџер кој успеал да остане непоразен во текот на неговите први 12 натпревари во Премиер лигата,[53] до 24 ноември, кога неговиот тим загубил со 3-1 од Тотенхем.[54][55]

За време на финалето на Лига купот 2019 против Манчестер Сити, во натпреварот кој завршил 0-0 и биле неизбежни пенали, Сари повикал голманот Кепа Арисабалага да биде заменет од Вили Кабалјеро; поранешен голман на Сити, чии одбранети пенали му помогнале на клубот да победи во финалето на Лига купот 2016. Сепак, Арисабалага одбил да биде заменет. Гневен на тоа Сари се упатил кон тунелот на стадионот, а подоцна бил задржан од страна на дефанзивецот на Челси Антонио Рудигер пред да се соочи со голманот. Челси го загубил финалето со 3-4 на пенали.[56][57] По натпреварот, и Арисабалага и Сари рекле дека ситуацијата била недоразбирање, при што Сари верувал дека Арисабалага бил повреден и дека грчевите не му дозволувале да продолжи, но Арисабалага се чувствувал добро да продолжи.[58] Својата прва сезона како менаџер во Премиер лигата, Сари ја завршил на третото место и изборил со Челси пласман во Лигата на шампионите за следната сезона. На 29 мај, Сари го освоил својот прв голем трофеј како тренер откако Челси го победил Арсенал со 4-1 во финалето на УЕФА Лигата на Европа во Баку.[59] Челси успеал да ја освои титулата непоразен во текот на целата сезона во Лига Европа.[60]

Јувентус[уреди | уреди извор]

Сари за време на својот период како тренер на Јувентус.

На 16 јуни 2019, од Јувентус преку својата официјална вебстрана објавиле дека потпишале тригодишен договор со Сари, и дека тој ќе го замени Масимилијано Алегри на клупата на италијанскиот шампион.[61][62] Непосредно пред почетокот на сезоната се лекувал од пневмонија, што не му дозволила да го води тимот на почетокот на првенството,[63] па привремено бил заменет од неговиот помошник, Џовани Мартушиело,[64] за првите две кола од Серија А.

Дебитирал на клупата на Јувентус на 14 септември,[65] на гостувањето против Фјорентина (0-0); четири дена подоцна тој дебитирал во Лигата на шампионите со торинскиот тим, во ремито во Мадрид против Атлетико Мадрид (2-2).[66] Во текот на испрекинатата спортска сезона, обележана со присилното запирање предизвикано од пандемијата на COVID-19, непсредно пред Божиќната пауза Сари не успеал да го освои првиот тројеф со Јувентус губејќи го предизвикот во Суперкупот на Италија против Лацио;[67] во јуни 2020, кога продолжила фудбалската активноста, тој ги одвел бјанконерите до финалето на Купот на Италија, но во тоа финале тој повторно загубил, овојпат по изведување пенали, против Наполи.[68]

На 26 јули 2020 година, на две кола до крајот на првенството во Серија А, тој го предводел Јувентус до нивното деветто последователно скудето, што било исто така прво во кариерата за Сари: на возраст од 61 година тој станал најстариот тренер кој успеал да ја освои титулата во италијанското фудбалско првенство во ерата на една група, надминувајќи го претходниот рекорд поставен од тренерот на Рома Нилс Лидхолм во сезоната 1982-1983, како и најстариот тренер што го освоил своето прво скудето, одземајќи му го приматот во оваа категорија на некогашниот тренер на Сампдорија Вујадин Бошков поставен во сезоната 1990-1991.[69] И покрај успехот во лигата, разочарувачките резултати во другите сезонски натпреварувања, пред сè раната елиминација во нокаут-фазата од Лигата на шампионите од помалку фаворизираниот Олимпик Лион,[70] довела до негово отпуштање на 8 август 2020 година.[71]

Лацио[уреди | уреди извор]

На 9 јуни 2021, по една година без работа, Сари бил назначен за тренер на Лацио.[72]

Тренерска статистика[уреди | уреди извор]

Статистиката е ажурирана на 29 мај 2019. Во болд се освоените натпреварувања.

Сезона Екипа Првенство Национален куп Континентални купови Останати купови Вкупно Победи % Пласман
Натп ОН П Н И Натп ОН П Н И Натп ОН П Н И Натп ОН П Н И ОН П Н И %
1996-1997 Италија Антела Пром. 30 18 8 4 - - - - - - - - - - - - - - - &1000000000000003000000030 &1000000000000001800000018 &100000000000000080000008 &100000000000000040000004 &1000000000000600000000060,00 2. место (промоција)
1997-1998 Екел. 30 8 10 12 - - - - - - - - - - - - - - - &1000000000000003000000030 &100000000000000080000008 &1000000000000001000000010 &1000000000000001200000012 &1000000000000266700000026,67 12. место
Вкупно Антела 60 26 18 16 - - - - - - - - - - - - &1000000000000006000000060 &1000000000000002600000026 &1000000000000001800000018 &1000000000000001600000016 &1000000000000433300000043,33
1998-1999 Италија Валдема Екел. 17 5 6 6 - - - - - - - - - - - - - - - &1000000000000001700000017 &100000000000000050000005 &100000000000000060000006 &100000000000000060000006 &1000000000000294100000029,41 отпуштен
1999-2000 Италија Теголето Екел. 26 8 9 9 - - - - - - - - - - - - - - - &1000000000000002600000026 &100000000000000080000008 &100000000000000090000009 &100000000000000090000009 &1000000000000307700000030,77 назначен, крај 11. место
2000-2001 Италија Сансовино Екел. 30 18 4 8 - - - - - - - - - - - - - - - &1000000000000003000000030 &1000000000000001800000018 &100000000000000040000004 &100000000000000080000008 &1000000000000600000000060,00 1. место (промоција)
2001-2002 Д 34 13 11 10 КИ-Д 6 4 1 1 - - - - - - - - - - &1000000000000004000000040 &1000000000000001700000017 &1000000000000001200000012 &1000000000000001100000011 &1000000000000425000000042,50 6. место
2002-2003 Д 34+2[73] 17+2 13 4 КИ-Д 14 8 4 2 - - - - - - - - - - &1000000000000005000000050 &1000000000000002700000027 &1000000000000001700000017 &100000000000000060000006 &1000000000000540000000054,00 2. место (промоција)
Вкупно Сансовино 100 50 28 22 20 12 5 3 - - - - - - - - &10000000000000120000000120 &1000000000000006200000062 &1000000000000003300000033 &1000000000000002500000025 &1000000000000516700000051,67
2003-2004 Италија Санџованезе Ц2 34 16 14 4 КИ-Ц 8 4 2 2 - - - - - - - - - - &1000000000000004200000042 &1000000000000002000000020 &1000000000000001600000016 &100000000000000060000006 &1000000000000476200000047,62 2. место група Б (промоција)
2004-2005 Ц1 36 13 11 12 КИ-Ц 4 1 2 1 - - - - - - - - - - &1000000000000004000000040 &1000000000000001400000014 &1000000000000001300000013 &1000000000000001300000013 &1000000000000350000000035,00 8. место група A
Вкупно Санџованезе 70 29 25 16 12 5 4 3 - - - - - - - - &1000000000000008200000082 &1000000000000003400000034 &1000000000000002900000029 &1000000000000001900000019 &1000000000000414600000041,46
2005-2006 Италија Пескара Б 42 14 12 16 КИ 1 0 0 1 - - - - - - - - - - &1000000000000004300000043 &1000000000000001400000014 &1000000000000001200000012 &1000000000000001700000017 &1000000000000325600000032,56 11. место
2006-2007 Италија Арецо Б 18 4 7 7 КИ 4 2 1 1 - - - - - - - - - - &1000000000000002200000022 &100000000000000060000006 &100000000000000080000008 &100000000000000080000008 &1000000000000272700000027,27 наз. 21. место, отп. 22. место
јул.-авг. 2007 Италија Авелино Б 0 0 0 0 КИ 1 0 0 1 - - - - - - - - - - &100000000000000010000001 &100000000000000000000000 &100000000000000000000000 &100000000000000010000001 &0&100000000000000000000000,00 оставка
јан.-фев. 2008 Италија Верона Ц1 6 0 1 5 КИ-Ц 0 0 0 0 - - - - - - - - - - &100000000000000060000006 &100000000000000000000000 &100000000000000010000001 &100000000000000050000005 &0&100000000000000000000000,00 наз. 18. место, отп. 18. место
2008-2009 Италија Перуџа ЛП-1Д 18 5 8 5 КИ-ЛП 4 1 3 0 - - - - - - - - - - &1000000000000002200000022 &100000000000000060000006 &1000000000000001100000011 &100000000000000050000005 &1000000000000272700000027,27 наз. 15. место, отп декември место
мар.-мај 2010 Италија Гросето Б 11 2 7 2 КИ 0 0 0 0 - - - - - - - - - - &1000000000000001100000011 &100000000000000020000002 &100000000000000070000007 &100000000000000020000002 &1000000000000181800000018,18 наз април место, крај 7. место
2010-2011 Италија Алесандрија ЛП-1Д 34+2[73] 15 12+1 7+1 КИ+КИ-ЛП 2+1 1+0 0 1+1 - - - - - - - - - - &1000000000000003900000039 &1000000000000001600000016 &1000000000000001300000013 &1000000000000001000000010 &1000000000000410300000041,03 3. место (плејоф)
авг.-дек. 2011 Италија Соренто ЛП-1Д 16 7 6 3 КИ+КИ-ЛП 2+1 1+0 0 1+1 - - - - - - - - - - &1000000000000001900000019 &100000000000000080000008 &100000000000000060000006 &100000000000000050000005 &1000000000000421100000042,11 отпуштен 6. место
2012-2013 Италија Емполи Б 42+4[73] 20+1 13+2 9+1 КИ 1 0 0 1 - - - - - - - - - - &1000000000000004700000047 &1000000000000002100000021 &1000000000000001500000015 &1000000000000001100000011 &1000000000000446800000044,68 4. место (плејоф)
2013-2014 Б 42 20 12 10 КИ 2 1 0 1 - - - - - - - - - - &1000000000000004400000044 &1000000000000002100000021 &1000000000000001200000012 &1000000000000001100000011 &1000000000000477300000047,73 2. место (промоција)
2014-2015 А 38 8 18 12 КИ 3 2 1 0 - - - - - - - - - - &1000000000000004100000041 &1000000000000001000000010 &1000000000000001900000019 &1000000000000001200000012 &1000000000000243900000024,39 15. место
Вкупно Емполи 126 49 45 32 6 3 1 2 - - - - - - - - &10000000000000132000000132 &1000000000000005200000052 &1000000000000004600000046 &1000000000000003400000034 &1000000000000393900000039,39
2015-2016 Италија Наполи А 38 25 7 6 КИ 2 1 0 1 ЛЕ 8 6 1 1 - - - - - &1000000000000004800000048 &1000000000000003200000032 &100000000000000080000008 &100000000000000080000008 &1000000000000666700000066,67 2. место
2016-2017 А 38 26 8 4 КИ 4 3 0 1 ЛШ 8 3 2 3 - - - - - &1000000000000005000000050 &1000000000000003200000032 &1000000000000001000000010 &100000000000000080000008 &1000000000000640000000064,00 3. место
2017-2018 А 38 28 7 3 КИ 2 1 0 1 ЛШ+ЛЕ 8[74]+2 4[74]+1 0 4+1 - - - - - &1000000000000005000000050 &1000000000000003400000034 &100000000000000070000007 &100000000000000090000009 &1000000000000680000000068,00 2. место
Вкупно Наполи 114 79 22 13 8 5 0 3 26 14 3 9 - - - - &10000000000000148000000148 &1000000000000009800000098 &1000000000000002500000025 &1000000000000002500000025 &1000000000000662200000066,22
2018-2019 Англија Челси ПЛ 38 21 9 8 ФАКуп+ЛК 3+6 2+4 0+1 1+1 ЛЕ 15 12 3 0 КШ 1 0 0 1 &1000000000000006300000063 &1000000000000003900000039 &1000000000000001300000013 &1000000000000001100000011 &1000000000000619000000061,90 3. место
2019-2020 Италија Јувентус А 38 26 5 7 КИ 5 2 3 0 ЛШ 7 5 1 1 СИ 1 0 0 1 &1000000000000005100000051 &1000000000000003300000033 &100000000000000090000009 &100000000000000090000009 &1000000000000647100000064,71 1. место
2021-2022 Италија Лацио А 4 2 1 1 КИ 0 0 0 0 ЛЕ 1 0 0 1 - - - - - &100000000000000050000005 &100000000000000020000002 &100000000000000010000001 &100000000000000020000002 &1000000000000400000000040,00 во тек
Вкупно во кариерата 736 340 221 175 76 38 18 20 48 31 7 10 2 0 0 2 &10000000000000862000000862 &10000000000000409000000409 &10000000000000246000000246 &10000000000000207000000207 &1000000000000474500000047,45

Титули[уреди | уреди извор]

Италија Сансовино[уреди | уреди извор]

2000-2001 (група Б)
2002-2003

Англија Челси[уреди | уреди извор]

2018-2019

Италија Јувентус[уреди | уреди извор]

2019-2020

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Una targa nella strada dov'è nato Maurizio Sarri a Bagnoli“ [A plaque in the street where Maurizio Sarri was born in Bagnoli]. NapoliToday (италијански). Citynews. 29 May 2019. Посетено на 7 June 2019.
  2. „Sarri: "Lavoravo in banca ma non alleno per caso" [Sarri: "I worked in a bank but I do not train per chance"]. la Repubblica (италијански). 8 October 2014. Посетено на 17 January 2016.
  3. „Sarri e il passato da difensore: "Era forte e intelligente. Aveva due soprannomi" [Sarri and his past as a defender: "He was strong and smart. He had two nicknames"]. Tutto Napoli (шпански). 8 January 2016. Посетено на 23 July 2018.
  4. „Maurizio Sarri. Brera, Sacchi e Fante, l'uomo che in tuta ignora lo stress“ [Maurizio Sarri. Brera, Sacchi and Fante, the man who ignores stress in his overalls]. la Reppublica (италијански). 4 May 2015. Посетено на 23 July 2018.
  5. Nicola Binda (17 November 2005). „Il mio Pescara nato in banca“ [My Pescara was born in the bank] (италијански). La Gazzetta dello Sport. стр. 18. Посетено на 17 January 2016.
  6. „Dalla 2a Categoria alla B, l'incredibile storia di Maurizio Sarri“ [From Seconda Categoria to B, the incredible story of Maurizio Sarri]. Reggio Nel Palone (италијански). 22 May 2010. Архивирано од изворникот на 22 July 2011. Посетено на 23 July 2018.
  7. „Maurizio Sarri dai dilettanti alla serie A. L'avventura da allenatore con lo Stia nel 1990 alla favola della serie a con l'Empoli“. 31 мај 2014.
  8. „Patto per la Serie B“ [Pact for Serie B] (PDF). Amaranto Magazine (италијански). Архивирано од изворникот (PDF) на 2011-07-22. Посетено на 7 July 2010.
  9. „Patto per la Serie B“ [Pact for Serie B] (PDF). Amaranto Magazine (италијански). Архивирано од изворникот (PDF) на 2011-07-22. Посетено на 7 July 2010.
  10. „Pescara: Sarri nuovo allenatore“. 9 јули 2005.
  11. „Ufficiale: l'Arezzo esonera Sarri e richiama Conte“. 13 март 2007.
  12. „Ora è ufficiale: Maurizio Sarri nuovo tecnico dei lupi“. 18 јули 2007.
  13. „Calcio, Avellino: Sarri lascia a due giorni dal via“. 23 август 2007.
  14. „Avellino: lascia anche Sarri“. la Repubblica. 24 август 2007. Посетено на 11 ноември 2013.
  15. „Calcio – Maurizio Sarri è il nuovo allenatore dell'Hellas Verona“ [Football – Maurizio Sarri is the new manager of Hellas Verona]. Irpinianews (италијански). 31 December 2007. Посетено на 23 July 2018.
  16. „Calcio – Il Verona esonera l'ex tecnico dei lupi Maurizio Sarri“ [Football – Verona sack former wolves manager Maurizio Sarri]. Irpinianews (италијански). 28 February 2008. Посетено на 23 July 2018.
  17. „Perugia, Sarri nuovo allenatore“. 23 септември 2013. Архивирано од изворникот на 11 ноември 2013. Посетено на 11 ноември 2013.
  18. „Il Perugia esonera tecnico Sarri“. 15 февруари 2009. Архивирано од изворникот на 5 октомври 2015. Посетено на 11 ноември 2013.
  19. „Grosseto, nuovo tecnico Sarri“. 24 март 2010. Архивирано од изворникот|archive-url= requires |url= (help) на 24 септември 2015. Text "http://www.corrieredellosport.it/calcio/serie_b/grosseto/2010/03/24-103775/Grosseto,+nuovo+tecnico+%C3%A8+Sarri.+Sostituisce+Gustinetti" ignored (help); Отсутно или празно |url= (help); |access-date= бара |url= (help)
  20. „UFFICIALE: Grosseto, Sarri nuovo allenatore“. 24 март 2010.
  21. 21,0 21,1 Mimma Caligaris, Sarri, una rivoluzione per consolidare, «Il Piccolo» di Alessandria, 9 јули 2010, p. 39
  22. „Maurizio Sarri sarà il nuovo allenatore dell'Alessandria calcio. Cammaroto ha raggiunto l'accordo“. 7 јули 2010. Архивирано од изворникот на 12 јуни 2015.
  23. SCOMMESSE: IL PESCARA PARTE DA -2 sportmediaset.mediaset.it
  24. „Calcio - Sorrento, Maurizio Sarri è il nuovo allenatore“. 7 јули 2011. Архивирано од изворникот на 2015-10-06. Посетено на 2019-06-11.
  25. „Il Sorrento ha scelto Ruotolo“. Il Tirreno. 15 декември 2011. Посетено на 11 ноември 2013.
  26. „ESCLUSIVA TMW - Empoli, ha firmato Sarri: contratto di un anno“. 25 јуни 2012.
  27. „Guida al calcio di Sarri, il guru che ha stregato la Serie A“.
  28. „Chi è Maurizio Sarri?“.
  29. „Maurizio Sarri nuovo allenatore del Napoli“.
  30. „UFFICIALE: Napoli, Sarri è il nuovo allenatore azzurro“. 11 јуни 2015.
  31. „Sarri ha firmato il contratto con De Laurentiis: è il nuovo allenatore del Napoli“.
  32. „Per Sarri contratto di un anno, stipendio da 900mila euro più vari bonus“.
  33. „Sassuolo-Napoli 2-1. Hamsik illude, poi segnano Floro Flores e Sansone“. 23 август 2015. Посетено на 11 јануари 2016.
  34. „Napoli, esordio con cinquina: Callejon, Mertens e Hamsik schiantano il Bruges“. 17 септември 2015. Посетено на 11 јануари 2016.
  35. „Serie A, Napoli-Lazio 5-0: a segno Higuain, Allan, Insigne e Gabbiadini“. 20 септември 2015. Посетено на 11 јануари 2016.
  36. „Napoli, Higuain come Maradona: "La città merita di sognare". 30 ноември 2015. Посетено на 11 јануари 2016.
  37. „Napoli-Legia Varsavia 5-2: Mertens show, 6 vittorie su 6 in Europa League“. 10 декември 2015. Посетено на 11 јануари 2016.
  38. „Napoli campione d'inverno, 5-1 a Frosinone. Higuain doppietta: è a 18 gol“. 10 јануари 2016. Посетено на 11 јануари 2016.
  39. „Napoli: otto vittorie di fila, è record - Calcio“. Посетено на 12 февруари 2016.
  40. „Napoli, record di punti e di vittorie in campionato nella storia azzurra. Stabilito anche il primato di gol in stagione“. 14 мај 2016. Посетено на 14 мај 2016.
  41. Mark Doyle (14 мај 2016). „From lazy to lethal: How Sarri turned Higuain into Serie A's most prolific striker ever“. goal.com (англиски).
  42. „Sarri rinnova: "A Napoli mi sento uno di famiglia" [Sarri renews: "At Napoli I feel like one of the family"]. Sportal.it (италијански). 27 May 2016. Посетено на 23 July 2018.
  43. „Mertens: Sarri's tactics are like a 12th man for Napoli“. Goal.com. 18 November 2017. Архивирано од изворникот на 2018-07-23. Посетено на 23 July 2018. Укажано повеќе од еден |accessdate= и |access-date= (help)
  44. „E' già Juve Napoli. Sarri: "Non firmo per il pari". Record vittorie Azzurri“. 7 февруари 2016.
  45. „Napoli title dream in tatters after Simeone hat-trick for Fiorentina“. eurosport. 29 април 2018. Посетено на 14 јули 2019.
  46. „Napoli lost the title in a hotel, not on the pitch, says coach“. uk.reuters.com. 14 мај 2018. Посетено на 14 јуни 2019.
  47. „Napoli, De Laurentiis saluta Sarri: "Bravo Maurizio e grazie".
  48. „Official: Napoli appoint Ancelotti“. Football Italia. 23 May 2018.
  49. „Napoli hire Carlo Ancelotti to replace Maurizio Sarri as manager“. ESPN. PA Sport. 23 May 2018. Посетено на 23 May 2018.
  50. „Maurizio Sarri: Chelsea name ex-Napoli boss as Antonio Conte's successor“. BBC Sport. 14 July 2018.
  51. Bevan, Chris (5 August 2018). „Chelsea 0–2 Manchester City“. BBC Sport. Посетено на 5 August 2018.
  52. Michael Emons (11 August 2018). „Huddersfield Town 0–3 Chelsea“. BBC Sport. Посетено на 15 September 2018.
  53. „Sarri proud to achieve unbeaten record“. Premier League. 13 November 2018. Архивирано од изворникот на 24 March 2019. Посетено на 16 June 2019.
  54. Hefez, Shamoon (24 November 2018). „Tottenham 3–1 Chelsea“. BBC Sport. Посетено на 27 February 2019.
  55. Hytner, David (24 November 2018). „Dele Alli unlocks Chelsea defence as Tottenham move up to third place“. The Guardian. Посетено на 27 February 2019.
  56. Burt, Jason; Tyers, Mike (24 February 2019). „Manchester City take the honours after Kepa Arrizabalaga antics overshadow otherwise drab League Cup final“. The Daily Telegraph. Посетено на 25 February 2019.
  57. „WATCH: Kepa Arrizabalaga defies furious Chelsea boss Maurizio Sarri in Carabao Cup final“. Sky News. Посетено на 25 February 2019.
  58. „Maurizio Sarri: Kepa Arrizabalaga incident a 'misunderstanding', says Chelsea boss“. BBC News. Посетено на 25 February 2019.
  59. Nizaar Kinsella (29 May 2019). „Chelsea or Juventus? Sarri has earned the right to choose after silencing critics with Europa League glory“. Goal. Посетено на 29 May 2019.
  60. Bevan, Chris (29 May 2019). „Chelsea 4–1 Arsenal“. BBC Sport. Посетено на 29 May 2019.
  61. „Maurizio Sarri is the new Juventus coach“. Juventus F.C. 16 June 2019. Посетено на 16 June 2019.
  62. Zvanično: Maurizio Sarri je novi trener Juventusa ju1897.net 16 јуни 2019
  63. „Le condizioni di salute di Maurizio Sarri“. Посетено на 2019-09-03.
  64. „Martusciello in panchina, non è la prima volta che...“. Посетено на 2019-09-03.
  65. „Sarri: «Felice di tornare in panchina»“. 13 settembre 2019. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  66. „Juve, Sarri: "Avevamo la partita in mano, il pari ci lascia l'amaro in bocca". Посетено на 2020-08-08.
  67. „Supercoppa, trionfa la Lazio: Juve demolita 3-1“. Посетено на 2020-08-08.
  68. „Coppa Italia, Napoli-Juventus 4-2 ai rigori: gli azzurri regalano il primo titolo a Gattuso“. 2020-06-17. Посетено на 2020-08-08.
  69. Marco Gaetani (26 јули 2020). „I due record di Sarri: a 61 anni e sei mesi scalza Liedholm e Boskov“.
  70. „Sarri esonerato: la Juve ha deciso“. 8 август 2020.
  71. „Maurizio Sarri sollevato dall'incarico“. 8 август 2020.
  72. https://www.sslazio.it/it/news/press-release-2/64474-comunicato-09-06-2021. Посетено на 9 јуни 2021. Занемарен непознатиот параметар |titле= (help); Занемарен непознатиот параметар |datе= (help); Отсутно или празно |title= (help)
  73. 73,0 73,1 73,2 Плејоф.
  74. 74,0 74,1 2 во плејофот.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]