Феличе Борел
Феличе Борел | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Полно име | Феличе Пласидо Борел | ||
Роден на | 5 април 1914 | ||
Роден во | Ница, Франција | ||
Починал на | 21 јануари 1993 | (возр. 78)||
Држава | Италија | ||
Висина | м | 1,75||
Играчки податоци | |||
Позиција | напаѓач | ||
Повлекување | 1949 (35 г.) | ||
Младинска кариера | |||
Торино | |||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст.† | (Гол.)† |
1932-1941 | Јувентус | 205 | (119) |
1941-1942 | Торино | 25 | (7) |
1942-1946 | Јувентус | 75 | (24) |
1946-1948 | Алесандрија | 1 | (0) |
1948-1949 | Наполи | 1 | (0) |
Репрезентација ‡ | |||
1933-1941 | Италија | 3 | (1) |
Раководител на екипите | |||
1942-1946 | Јувентус | ||
1946-1948 | Алесандрија | ||
1948-1949 | Наполи | ||
1954-1955 | Фосанезе | ||
1966-1967 | Тернана | ||
* Ажурирано на: 6 јануари 2011 ** Ажурирано на: 17 ноември 2010 |
Феличе Пласидо Борел (роден на 5 април 1914 година во Ница) — поранешен италијански фудбалер и фудбалски тренер, кој играл на позицијата напаѓач.
Тој бил светски шампион со италијанската репрезентација на Светското првенство 1934.
Животопис
[уреди | уреди извор]Борел бил познат по прекарот Farfallino (малата пеперутка).[1] Тој е син на Ернесто и помлад брат на Алдо, кои исто така биле фудбалери; за да се разликува од својот брат, во фудбалските алманаси Феличе се појавувал и како Борел II. Феличе учел во класично средно училиште.[2]
Технички одлики
[уреди | уреди извор]Борел обично играл како централен напаѓач, и се смета за еден од најдобрите напаѓачи на Италија и на Јувентус на сите времиња. Тој бил познат по неговата брзина, движење, шут, реализација, дриблинг, тимската игра и техничките квалитети. Во подоцнежните години од кариерата тој обично играл како внатрешен напаѓач, мецала, па дури и како централен играч од средниот ред. И покрај неговите големи фудбалски квалитети, тој бил доста склон кон повреди.[3][4][5]
Кариера
[уреди | уреди извор]Клупска кариера
[уреди | уреди извор]Феличе Борел го имал своето деби во Серија А со екипата на Јувентус со само осумнаесет години, на 2 октомври 1932 година, по натпревар во кој неговиот тим бил поразен од Наполи.[5] Од 1932 до 1935 година, тој придонел за освојување на 3 последователни скудета, и бил најдобар стрелец во сезоните 1932-33 (со 29 гола на 28 настапи) и 1933-34 (со 31 гол на 34 настапи):[5] во првата, бројот на голови бил поголем од бројот на одиграните натпревари, поставувајќи рекорд кој бил изедначен од Кристијан Виери седумдесет години подоцна со 24 гола на 23 настапи.[6] Тој, исто така, бил и најмладиот играч кој станал најдобар стрелец во италијанската лига.[7] Во сезоната 1937-1938, тој го освоил и својот прв трофеј во Купот на Италија со Јувентус.
Сепак, и покрај тоа што бил голем протагонист на Јувентус во периодот познат како Quinquennio d'oro (пет освоени скудета по ред), неговиот придонес во повеќето сезони бил ограничен со бројни повреди.[5] По само една сезона во Торино, тој повторно се вратил во „Старата дама“, останувајќи таму до 1946 година.[5] Тој потоа ја завршил кариерата бранејќи ги боите на Алесандрија и Наполи, во последниот клуб дури играјќи во Серија Б (неговата единствена сезона во понизок ранг), пред да замине во пензија во 1949 година.
Репрезентативна кариера
[уреди | уреди извор]Тој одиграл 3 натпревари за италијанската репрезентација, постигнувајќи еден гол; и тоа на своето деби против Унгарија.[8] Учествувал на Светското првенство 1934, главно како резерва за напаѓачот на Болоња Анџело Скијавио,[9] играјќи само во повторениот натпревар од четвртфиналето против Шпанија.[8]
Хронологија на репрезентативните настапи
[уреди | уреди извор]Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Италија | ||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Дата | Град | Домашни | Резултат | Гости | Натпреварување | Голови | Инфо | Детали |
22-11-1933 | Будимпешта | Унгарија | 0 – 1 | Италија | Куп на Централна Европа | 1 | ||
3-12-1933 | Фиренца | Италија | 5 – 2 | Швајцарија | Куп на Централна Европа | - | ||
1-6-1934 | Фиренца | Италија | 1 – 0 | Шпанија | СП 1934 - Четвртфинале | - | ||
Вкупно | Настапи | 3 | Голови | 1 |
Клупска статистика
[уреди | уреди извор]Сезона | Клуб | Првенство | Национален куп | Останати купови | Вкупно | |||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Наст | Гол | ||
1932-1933 | Јувентус | А | 28 | 29 | - | - | - | МК | 4 | 1 | 32 | 30 |
1933-1934 | А | 34 | 31[10] | - | - | - | МК | 6 | 5 | 40 | 36 | |
1934-1935 | А | 29 | 14[10] | - | - | - | МК | 7 | 6 | 36 | 20 | |
1935-1936 | А | 8 | 5[11] | КИ | 0 | 0 | - | - | - | 8 | 5 | |
1936-1937 | А | 26 | 17 | КИ | 2 | 1 | - | - | - | 28 | 18 | |
1937-1938 | А | 14[12] | 7 | КИ | 3 | 4 | МК | 0 | 0 | 17 | 11 | |
1938-1939 | А | 19 | 1 | КИ | 1 | 0 | - | - | - | 20 | 1 | |
1939-1940 | А | 17 | 6 | КИ | 3 | 2 | - | - | - | 20 | 8 | |
1940-1941 | А | 30 | 8 | КИ | 2 | 2 | - | - | - | 32 | 10 | |
1941-1942 | Торино | А | 25 | 7 | КИ | 1 | 0 | - | - | - | 26 | 7 |
1942-1943 | Јувентус | А | 25[13] | 7[14] | КИ | 0 | 0 | - | - | - | 25 | 7 |
1944 | АИ | 22 | 5 | - | - | - | - | - | - | 22 | 5 | |
1945-46 | ДН | 28[15] | 12[16] | - | - | - | - | - | - | 28 | 12 | |
Вкупно Јувентус | 280 | 142 | 11 | 9 | 17 | 12 | 308 | 163 | ||||
1946-1947 | Алесандрија | А | 1 | 0 | - | - | - | - | - | - | 1 | 0 |
1947-1948 | А | 0 | 0 | - | - | - | - | - | - | - | - | |
1948-1949 | Наполи | Б | 1 | 0 | - | - | - | - | - | - | 1 | 0 |
Вкупно во кариерата | 307 | 149 | 12 | 9 | 17 | 12 | 336 | 170 |
Титули
[уреди | уреди извор]Клупски
[уреди | уреди извор]Јувентус
[уреди | уреди извор]- Серија А : 3
- Куп на Италија : 1
Репрезентативни
[уреди | уреди извор]Италија
[уреди | уреди извор]Поединечни
[уреди | уреди извор]- Најдобар стрелец во Серија А : 2
- 1932-1933 (29 гола), 1933–1934 (31 гол)[4]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ vol. 1: Protagonisti Text "Sappino" ignored (help); Text "p. 96" ignored (help).
- ↑ Gianni Romeo (25 април 1990). „Borel: «È tutto da rifare»“ (италијански). La Stampa. стр. 20.
- ↑ Caminiti, Vladimiro. „BOREL Felice Placido: il volo di Farfallino“ (италијански). storiedicalcio. Посетено на 19 May 2020.
- ↑ 4,0 4,1 Bedeschi, Stefano (1 April 2019). „Gli eroi in bianconero: Felice Placido BOREL“ (италијански). Tutto Juve. Посетено на 19 May 2020.
- ↑ 5,0 5,1 5,2 5,3 5,4 Garanzini, Gigi. „BOREL, Felice Placido“ (италијански). Treccani: Enciclopedia del Calcio (2002). Посетено на 19 May 2020.
- ↑ Празен навод (help).
- ↑ Mirko Graziano (30 ноември 2016). „Inter, Icardi ne segna sempre due“.
- ↑ 8,0 8,1 Празен навод (help).
- ↑ Aldo Pacor (7 мај 1986). „Meazza perse a poker il premio del duce“. la Repubblica. стр. 21.
- ↑ 10,0 10,1 Празен навод (help).
- ↑ 4 според Enciclopediadelcalcio.it, cfr. Myjuve.it.
- ↑ 15 според Enciclopediadelcalcio.it, cfr. Myjuve.it.
- ↑ 14 според Enciclopediadelcalcio.it, cfr. Myjuve.it.
- ↑ 3 според Enciclopediadelcalcio.it, cfr. Myjuve.it.
- ↑ 27 според Enciclopediadelcalcio.it, cfr. Myjuve.it.
- ↑ 10 според Enciclopediadelcalcio.it, cfr. Myjuve.it.
Библиографија
[уреди | уреди извор]Marco Sappino, Dizionario biografico enciclopedico di un secolo del calcio italiano, Baldini & Castoldi.
Giorgio Armadori, Tra storia e leggenda - Almanacco illustrato della Ternana dalle origini al 2000, Ternana Calcio.
Gigi Garanzini, BOREL, Felice Placido.
Almanacco illustrato del calcio 2019, Panini Editore.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Феличе Борел“ на Ризницата ? |
- Феличе Борел на soccerway
- Феличе Борел на transfermarkt
- Феличе Борел на espn
- Феличе Борел на enciclopediadelcalcio.it
|