10 јуни
Изглед
Предлошка:Јуни 2026 10 јуни — 161-виот ден во годината според грегоријанскиот календар (162-ри во престапна година). Остануваат 204 дена до крајот на годината.
Настани:
| 1786 | Во покраината Сечуан во Кина, попуштила природната брана на реката Даду создадена од земјотрес десет дена порано, по што во поплавите настрадале околу 100.000 луѓе. |
| 1793 | Паркот на растенијата (Jardin des Plantes) е отворен во Париз, а по една година станал и првата јавна зоолошка градина во светот. |
| 1940 | Втора светска војна: Италија им објавила војна на Франција и Обединетото Кралство, а Франклин Рузвелт го осудил овој чин како „нож во грбот“ од Италија. |
| 1940 | Втора светска војна: Канада ѝ објавила војна на Италија, поради претходната објава на војна на Обединетото Кралство од страна на Италија. |
| 1940 | Втора светска војна: германските сили под команда на Ервин Ромел стигнале до каналот Ламанш. |
| 1941 | Втора светска војна: Авионот на заменикот на Хитлер, Рудолф Хес се урнал во Шкотска во мисија за преговори за окончување на војната со Британија. Бил уапсен, осуден во Нирнбершките процеси, и останал во затвор до 1987 г. кога наводно се самоубил на 93-годишна возраст. |
| 1942 | НОВ: Почнала Битката на Козара, дел од повоената митологија на СФРЈ, помеѓу краишките партизани и германските војски помогнати од Усташите. Во битката, која траела до 18 јули 1942 година, загинале околу 2200 краишки партизани, а во логори биле однесени голем број цивили. |
| 1943 | Дирекцијата на бугарската полиција во Софија им наредила на обласните началници на полицијата строго сроведување на наредбата на Владата за конфискација на целиот имот на партизаните и нивните семејства, како и на поддржувачите на партизаните во Македонија. |
| 1967 | Шестдневната војна завршила со прекинот на огнот помеѓу Израел и Сирија. |
Родени:
| 1819 | Гистав Курбе — француски сликар. |
| 1887 | Владимир Смирнов — руски математичар. |
| 1912 | Ванчо Николески — македонски писател. |
| 1915 | Сол Белоу — канадско-американски писател, нобеловец и пулицеровец. |
| 1921 | Принц Филип — војвода од Единбург и сопруг на кралицата Елизабета II. |
| 1921 | Иван Кожариќ — хрватски вајар. |
| 1922 | Џуди Гарланд — американска глумица и пејачка. |
| 1926 | Џо Негри — американски џез-гитарист. |
| 1927 | Ладислав Кубала — унгарски фудбалер. |
| 1928 | Морис Сендак — американски писател за деца и илустратор. |
| 1932 | Љупка Апостолова — македонски изведувач. |
| 1950 | Драган Б. Костиќ — македонски музички новинар и радио-водител. |
| 1952 | Пенг Бо — кинески кану-спринтер. |
| 1956 | Зоран Шапуриќ — македонски политичар и публицист. |
| 1959 | Карло Анчелоти — италијански фудбалер и тренер. |
| 1961 | Ким Дил — американска рок-музичарка, членка на групата „Пиксис“. |
| 1965 | Елизабет Харли — британска глумица, модел и кинематографски продуцент. |
| 1966 | Дејвид Плат — англиски фудбалер. |
| 1972 | Радмила Шекеринска Јанковска — македонски политичар. |
| 1979 | Светлана Захарова — руска балерина. |
| 1980 | Александра Пилева — македонска пејачка. |
| 1981 | Александар Липатов — руски слалом-кајакар. |
| 1985 | Василис Торосидис — грчки фудбалер. |
| 1999 | Рафаел Леао — португалски фудбалер. |
Починале:
| 323 п.н.е. | Александар III Македонски — крал на Македонија, еден од најголемите војсководци и освојувачи на сите времиња. |
| 1836 | Андре Мари Ампер — француски физичар и математичар. |
| 1912 | Антон Ашкерц — словенечки поет, претставник на реализмот во словенечката литература. |
| 1926 | Антони Гауди — каталонски архитект. |
| 1940 | Маркус Гарви — јамајски политички активист. |
| 1967 | Спенсер Трејси — американски филмски глумец. |
| 1982 | Рајнер Вернер Фасбиндер — германски режисер. |
| 1985 | Стефан Русјаков — еден од основоположниците на македонската опера и учесник во првата опера изведена на македонски јазик - „Кавалерија рустикана“ од Пјетро Маскањи. |
| 1988 | Неџати Зекерија — македонски детски писател од турска националност. |
| 1991 | Веркор — француски писател. |
| 2004 | Реј Чарлс — американски музичар. |
| 2008 | Чингиз Ајтматов — киргиски и советски писател. |