Збигњев Боњек

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Збигњев Боњек
Zbigniew Boniek 2015.jpg
Лични податоци
Роден на 9 јули 1964 (1964-07-09) (55 г.)
Роден во Бидгошч, Полска
Држава  Полска
Висина &100000000000001810000001,81 м
Позиција зад напаѓач
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1975–1982 Шаблон:Fb team Widzew Lоdz 172 (50)
1982-1985 Јувентус Јувентус 81 (14)
1985–1988 Рома Рома 76 (17)
Репрезентација
1976-1988  Полска 80 (24)
Раководител на екипите
1990-1991 Лече Лече
1991–1992 Бари Бари
1992–1993 Рома Рома
1994-1996 Самбенедетесе Самбенедетесе
2002  Полска
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 6 јануари 2011.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 17 ноември 2010

Збигњев „Зиби“ Казимјеж Боњек (полски: Zbigniew "Zibi" Kazimierz Boniek; роден на 3 март 1956 година во Бидгошч) е поранешен полски фудбалер и тренер.

Играчка кариера[уреди | уреди извор]

Боњек најпрво играл за Завиша Бидгошч, а подоцна и во Виѓев Лоѓ. Тој се преселил во италијанскиот фудбалски гигант Јувентус во 1982 година. Со Јувентус тој го освоил Купот на победниците на куповите, Европскиот Супер куп во 1984 година (каде ги постигнал двата погодоци) и Европскиот куп во 1985 година. По завршувањето на својата професионална кариера со екипата на Рома во 1988 година тој имал успешна бизнис кариера.

Боњек ја претставувал Полска во 80 репрезентативни натпревари и постигнал 24 голови. Тој освоил бронзен медал (трето место), како дел од полскиот тим на Светското првенство 1982 година.

Како играч, Боњек бил познат по неговото експлозивно темпо и забрзување. Тој бил еден од најдобрите дриблери од своето време и истотака прикажувал врвна техника. Претседателот на Јувентус Џани Ањели му го дал прекарот Bello di notte ("Убавината во текот на ноќта"), алудирајќи на неговите настапи на натпреварите кој се играле во вечерните часови. Боњек бил именуван од страна на Пеле како еден од 125-те најголеми живи фудбалери и од страна на ФИФА како еден од 100-те најдобри играчи досега. На 12 октомври 2009 година, тој ја добил наградата Златна копачка на кариера.[1]

Тренерска кариера[уреди | уреди извор]

Боњек, исто така, работел и како тренер во Италија, водејќи ги екипите на Лече во 1990-1991 Бари во 1991-1992 Самбенедетесе во 1992-1993 и Авелино во 1994-1996.

Подоцна, Боњек бил заменик-претседател на Полската фудбалска асоцијација, а во јули 2002 година тој ја прифатил номинацијата за функцијата главен тренер на полскиот национален тим. Тој поднел оставка во декември 2002 година, по само пет натпревари (2 победи, 1 нерешена, 2 порази, вклучувајќи го и дебаклот дома со 0-1 против Латвија во квалификациите за Европското првенство).

Администратор[уреди | уреди извор]

Според извештаите во Полска, Боњек бил фаворит да стане нов министер за спорт во неговата земја, но тој ги негирал овие тврдења и изјави велејќи дека тој немал намера за преземање на оваа функција.

На 26 октомври 2012 година тој станал претседател на Полската фудбалска асоцијација.[2]

Титули[уреди | уреди извор]

Клупски[уреди | уреди извор]

Полска Виџев[уреди | уреди извор]

Италија Јувентус[уреди | уреди извор]

Италија Рома[уреди | уреди извор]

Слики[уреди | уреди извор]

"Ѕвездата на Боњек"
Боњек во 2011

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Збигњев Боњек доби Златен копачка на кариерата“. конс. 14 октомври 2009.  Unknown parameter |датум= ignored (помош); Unknown parameter |работа= ignored (помош);
  2. [хttp://www.tvn24.pl/boniek-prezesem-pzpn, 285.086, s.html ]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]