Сержо Консеисао

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Сержо Консеисао
Sérgio Conceição.jpg
Лични податоци
Роден на 15 ноември 1974 (1974-11-15) (46 г.)
Роден во Коимбра, Португалија
Држава Португалија Португалија
Висина &100000000000001770000001,77 м
Играчки податоци
Позиција среден ред
Сегашен клуб Порто Порто (тренер)
Повлекување 14 ноември 2009 (34 г.)
Младинска кариера
Акадеимика Академика
Порто Порто
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1993-1994 Пенафиел Пенафиел 30 (1)
1994-1995 Леса Леса 24 (3)
1995-1996 Фелгуеираш Фелгуеираш 30 (4)
1996-1998 Порто Порто 56 (9)
1998-2000 Лацио Лацио 63 (7)
2000-2001 Парма Парма 25 (5)
2001-2003 Интер Интер 42 (1)
2003-2004 Лацио Лацио 7 (0)
2004 Порто Порто 11 (0)
2004-2007 Стандард Стандард 74 (21)
2007 Ал-Кадисија Ал-Кадисија 7 (5)
2007 ПАОК ПАОК 41 (5)
Репрезентација
1995-1996 Португалија Португалија 21 7 (1)
1996-2003 Португалија Португалија 56 (12)
Раководител на екипите
2010-2011 Стандард Стандард (асистент)
2012-2013 Олјаненсе Олјаненсе
2013-2014 Акадеимика Академика
2014-2015 Брага Брага
2015-2016 Гимараеш Виторија Гимараеш
2016-2017 Нант Нант
2017- Порто Порто
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 6 јануари 2011.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 17 ноември 2010

Сержо Пауло Марсенеиро да Консеисао (роден на 15 ноември 1974 година, во Коимбра) — португалски фудбалски тренер и поранешен играч од средниот ред.

Моментално ја води екипата на Порто.

Животопис[уреди | уреди извор]

Во неговиот роден град Коимбра му бил посветен стадион со неговото име: наречен Естидио Мунисипал Сержо Консеисао.

Консеисао има пет синови, од кои четири биле фудбалери, вклучувајќи го и Родриго кој денес игра за Бенфика Б.[1][2]

Технички карактеристики[уреди | уреди извор]

Консеисао бил десно крило препознатливо по неговата брзина, издржливост и можност за покривање на својата страна подеднакво добро и во одбрана и напад.[3][4][5][6] Тој исто така поседувал добар дриблинг, одличен центаршут и прилично прецизен удар.

Кариера[уреди | уреди извор]

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Роден во Коимбра, Консеисао ја започнал својата кариера во младинскиот тим на клубот од родниот град, Академика де Коимбра. Својата професионална кариера тој ја започнал во втората португалска лига, играјќи најпрво за Пенафиел, а потоа и за Леса и Фелгуеираш, пред да се пресели во Порто во 1996 година; таму имал две многу успешни години, помагајќи со неговите пробиви по десната страна во комбинација со високиот број на постигнати голови, клубот да освои две титули едноподруго во португалското првенство (1996-1997, 1997-1998) и Купот на Португалија во 1998 година.

На 17 јуни 1998 година, тој се преселил во италијанското првенство во дресот на Лацио, кој му платил на Порто 15 милијарди лири. Искуството со бјанкочелестите му донело едно скудето, титула во последното издание на Купот на победниците на куповите, во Суперкупот на УЕФА, две титули во Купот на Италија и еден наслов во Суперкупот на Италија. На своето деби за клубот од Рим, Суперкупот на Италија 1998 против Јувентус, Консеисао го постигнал победничкиот гол за Лацио во четвртата минута од судиското продолжение. Во сезоната 1999-2000, во која Лацио го освоил скудетото тој постигнал два гола во гостинските победи над Перуџа (0-2) и Болоња (2-3).

На 11 јули 2000 година, тој се преселил во Парма заедно со Матијас Алмеида во договорот со кој во спротивен правец од Парма во Лацио се преселил Ернан Креспо. Тој постигнал 5 гола за Парма во 25 натпревари во Серија А, помагајќи им на млекарите да завршат четврти во лигата и да изборат место во квалификациите за Лигата на шампионите. Сепак, во летото 2001 година, тој се преселил во Интер, откако уште еднаш бил искористен во размена на играчи, овојпат како дел од трансферот на францускиот голман Себастијан Фреј во Парма. Со дресот на Интер тој се борел да најде простор за игра поради проблеми со повреди.[7] По две години со нероаѕурите во кој не успеал да освои ништо, на 7 август 2003 Консеисао се вратил во Лацио, меѓутоа неговиот втор престој во престолнината на Италија траел многу кратко; го напуштил клубот на 13 јануари 2004. Три дена подоцна, на 16 јануари тој се вратил во Порто каде со 11 настапи во вториот дел од сезоната му помогнал на клубот да освои уште една титула во португалското првенство.

На 10 август 2004 година, Консеисао се преселил во Белгија, каде потпишал за Стандард Лиеж. Тој одиграл три сезони за белгискиот клуб, а одличната сезона 2004-2005 му ја донела наградата Фудбалер на годината во Белгија и двегодишно продолжување на договорот. Сепак, на 11 април 2006 година, тој добил од Белгиската фудбалска федерација тригодишна забрана за играње натпревари во земјата поради напад врз судија за време на натпревар од Купот на Белгија против Зулте Варегем.[8] Како резултат на ова, на 24 јуни 2007 година тој одлучи да се пресели во Кувајт каде потпишал за екипата на Ал-Кадисија: иако добил прилично профитабилен договор, неговата авантура на блискиот исток траела кратко и веќе во јануари 2008 година се вратил во Европа.

На 2 јануари 2008 година, потпишал за грчкиот ПАОК од Солун. На 14 ноември 2009 година, Консеисао објавил дека се повлекува од фудбалот.[9][10]

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

Консеисао одиграл 56 натпревари за репрезентацијата на Португалија и постигнал 12 гола,[11] а своето деби го имал на 9 ноември 1996 година во победата со 1-0 на домашен терен против Украина во квалификациите за Светското првенство 1998.

Неговиот највпечатлив момент во репрезентативната кариера, бил хет-трикот на Европското првенство 2000 против бранителот на титулата Германија во победата со 3-0.[12] На тој турнир Португалија стигнала до полуфиналето, каде биле елиминирани од подоцнежниот шампион Франција со златен гол во второто продолжение.

Во квалификациите за Светското првенство 2002, Консеисао постигнал 4 гола и бил дел од составот кој играл на завршниот турнир во Јапонија и Јужна Кореја. Својата репрезентативна кариера ја завршил во 2003 година, а последниот натпревар го одиграл на 6 септември 2003, кога Португалија била убедливо поразена од Шпанија со 0-3 во Гимараеш.

Титули[уреди | уреди извор]

Играч[уреди | уреди извор]

Клупски[уреди | уреди извор]

Португалија Леса[уреди | уреди извор]
1994-1995.
Португалија Порто[уреди | уреди извор]
1996–1997, 1997–1998, 2003–2004.
1997-1998.
1996.
Италија Лацио[уреди | уреди извор]
1999-2000
1999-2000, 2003-2004
1998
1998-1999
1999

Индивидуални[уреди | уреди извор]

2005

Тренер[уреди | уреди извор]

Клупски[уреди | уреди извор]

Португалија Порто[уреди | уреди извор]
2017–2018.
2018.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Sérgio Conceição: quatro filhos futebolistas, um deles no Benfica“ [Sérgio Conceição: four footballer sons, one of them in Benfica]. Diário de Notícias (португалски). 14 March 2015. Посетено на 1 June 2015.
  2. Vieira, Miguel Pedro (29 мај 2015). „Uma família de craques“ [A family of stars]. Record (португалски). Архивирано од изворникот на 29 мај 2015. Посетено на 1 јуни 2015.
  3. Sergio Conceicao; at BBC Sport
  4. „Inter Milan – squad profiles“. ESPN FC. 11 February 2003. Посетено на 2 February 2017.
  5. „Sergio Conceicao“. ESPN FC. Посетено на 18 April 2017.
  6. „Sergio Conceicao“. BBC Sport. Посетено на 18 April 2017.
  7. „Calcio, Inter: Conceicao è già pronto“. 4 мај 2006. Архивирано од изворникот на 14 април 2020. Посетено на 11 јуни 2014.
  8. „Hefty suspension for Conçeicão“ (англиски). 11 април 2006. Посетено на 15 април 2020.
  9. „Δήλωση του Sergio Conceicao“ (грчки). Архивирано од изворникот на 12 септември 2012. Посетено на 11 јуни 2014.
  10. „Si ritira Sergio Conceicao“. 14 ноември 2009. Архивирано од изворникот на 5 декември 2014.
  11. „Portugal – Record International Players“. RSSSF. Посетено на 1 June 2015.
  12. Conceição hat-trick ousts holders Germany; UEFA, 6 October 2003

Надворешни врски[уреди | уреди извор]