Рој Кин

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Ирска Рој Кин
Roy keane 2014.jpg
Кин во 2014
Лични податоци
Роден на 10 август 1971
Роден во Корк, Ирска
Висина &100000000000001780000001,78 м
Клупски податоци
Сегашен клуб пензиониран
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1989–1990 Коб Рамблерс 12 (1)
1990-1993 Нотингем Форест 114 (22)
1993-2005 Манчестер Јунајтед 326 (33)
2005–2006 Селтик 10 (1)
Репрезентација
1991-2005 Ирска 67 (9)
Раководител на екипите
2006–2008 Сандерленд
2009–2011 Ипсвич Таун
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 2 јануари 2012.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 2 јануари 2012

Рој Морис Кин (роден на 10 август, 1971) е ирски поранешен фудбалер и менаџер. Во својата 18-годишна играчка кариера, тој играше за Коб Рамблерс, Нотингем Форест, и Манчестер Јунајтед, пред да ја прекине својата кариера во тимот на Селтик. Кин беше доминантен централен играч во халфовата линија, познат по својот агресивен и високо конкурентен стил на игра, однос, кој му помогна да стане капитен на Манчестер Јунајтед од 1997 година па се до неговото заминување во 2005 година, откако се приклучи на клубот во 1993-тата година. Кин помогна во Јунајтед да се постигне период на постојан успех во повеќе од 12 години во клубот.

Тој играше на меѓународно ниво во поголемиот дел од својата кариера, претставувајќи ја Фудбалската репрезентација на Република Ирска во текот на еден период од 14 години, од кои повеќето ги поминал како капитен. Тој играше во секој натпревар на Република Ирска на Светското првенство 1994-тата во С.А.Д., но тој истотака беше испратен дома пред почетокот на мундијалот во 2002 година по инцидентот со селекторот на репрезентацијата Мик Мекарти.

За време на неговата прва сезона како менаџер на Сандерленд, тој го преземал клубот од 23-то место во првенството за да ја освои лигата и да избори промоција во Премиер лигата. Пристигнувањето на Кин беше цитирано како катализатор за обновување на Сандерленд. Тој успеа да го спаси Сандерленд од испаѓање во сезоната 2007-08, но во неговата втора сезона како менаџер тој ја напушта својата функција во Сандерленд кога тимот се наоѓаше во зоната за испаѓање. Во април 2009 година, тој беше назначен како менаџер на Ипсвич Таун, но беше отпуштен од страна на клубот во јануари 2011 година поради слабите резултати со нив, поради кои тимот беше 19-ти во шампионатот.

Титули[уреди | уреди извор]

Како играч[уреди | уреди извор]

Манчестер Јунајтед[уреди | уреди извор]

Селтик[уреди | уреди извор]

Како менаџер[уреди | уреди извор]

Сандерленд[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]