Рикардо Кака

Од Википедија — слободната енциклопедија
Kaká
Кака после натпревар во Хјустон во 2015 година
Лични податоци
Полно име Рикардо Изексон дос
Сантос Лејте
Роден на 22 април 1982(1982-04-22)(41 г.)
Роден во Бразилија, Бразил
Висина 1,86 м[1]
Позиција среден ред/напад
Клупски податоци
Сегашен клуб ФК Милан
Број 22
Младинска кариера
1994–2000 ФК Сао Пауло
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2001–2003 ФК Сао Пауло 59 (23)
2003–2009 ФК Милан 193 (70)
2009–2013 ФК Реал Мадрид 85 (23)
2013-2014 Милан 30 (7)
2014- ФК Орландо Сити 52 (18)
2014- ФК Сао Пауло (п) 19 (2)
Репрезентација
2002– Бразил 92 (29)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 23 October 2016
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 18:07, 30 May 2016 (UTC)

Рикардо Изексон дос Сантос Лејте (португалски: Ricardo Izecson dos Santos Leite) (се чита: Рикарду Изексон душ Сантуш Лејчи) (роден на 22 април 1982 во Бразилија), подобро познат како Кака, — бразилски фудбалер кој игра во американската МЛС за Орландо Сити, и е поранешен член на бразилската фудбалска репрезентација. Кака ja започна својата фудбалска кариера на возраст од осум години, кога тој почна да игра за еден локален клуб. Како дете, тој, исто така, играл тенис,[2] и тоа не беше сè додека тој се пресели во Сао Паоло и го потпиша својот прв професионален договор со клубот, на возраст од 15 години, со што целосно се фокусира на фудбалот. Во 2003 година, тој се приклучи на италијанскиот клуб Милан за сума од 8,5 милиони евра. Во Милан, Кака го доживеа свите најблескави моменти во кариерата освојувајќи ја Серија А и Лигата на Шампионите, а во 2007 година тој беше прогласен за играч на годината и ја доби Ballon d'Or наградата. По неговиот успех со Милан, Кака се приклучи на Реал Мадрид за обесштетување од 65 милиони евра.[3] Во тоа време, тоа е втор најскап фудбалски трансфер во надомест во евра зад 75 милионскиот трансфер за Зинедин Зидан. По четири сезони во Шпанија, тој се врати во Милано на само една сезона во 2013 година, постигнувајќи го својот 100-ти гол за клубот. На крајот на сезоната 2013-14, тој се пресели во МЛС лигата во тимот на Орландо, но првично се врати во својот поранешен бразилски клуб Сао Паоло на позајмица. Во 2015 година, тој постигна гол на своето деби на МЛС за Орландо; кој подоцна беше вклучен во списокот за МЛС Ол-стар натпреварот во 2015 година, каде што тој беше прогласен за најкорисен играч.

На репрезентативно ниво, Кака го направи своето деби за репрезентацијата на Бразил во 2002 година, и беше избран во победничкиот состав за Светското првенство во истата година, како и за Светското Првенство во 2006 и 2010 година. Тој исто така беше член на победничката бразилската репрезентација на Купот на Конфедерации во 2005 година и 2009 година каде што ја освои и наградата златна топка на турнирот во 2009 година, како најдобар играч на првенството.

Во прилог на неговиот придонес на теренот, Кака е познат за неговата хуманитарна работа. Во 2004 година, тој стана најмладиот назначен амбасадор на ОН за Светската програма за храна.[4] За неговиот придонес во и надвор од теренот, Кака беше именуван во Време 100 списокот на највлијателни луѓе во светот во 2008 и 2009 година.[5] Кака беше првиот спортист да собере 10 милиони следбеници на Twitter.[6]

Кака во моментов е најплатен играч во МЛС лигата, со вкупна заработка од 7.167.500 долари бруто, односно 6,6 милиони основна плата.[7]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Official Real Madrid profile
  2. „Kaká:in Profile“. FIFA. 26 June 2009. Архивирано од изворникот на 2010-05-27. Посетено на 2017-05-19.
  3. „Kaka completes Real Madrid switch“. BBC. 9 June 2009.
  4. World Food Programme (30 ноември 2004). "Soccer star Kaká puts the floodlights on global hunger". Соопштение за печат.  посет. 15 јуни 2010 г
  5. "Kaka profile" Архивирано на 5 декември 2018 г.. Goal.com. Retrieved 28 June 2014
  6. „Kaka tops 10M Twitter followers“. ESPN. 26 April 2012.
  7. „Kaka's massive MLS salary revealed“. The World Game. Special Broadcasting Service. Посетено на 26 April 2017.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]