Михаел Балак

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Михаел Балак
10. Tag der Legenden 2014 69.jpg
Балак во 2014
Лични податоци
Полно име Михаел Балак[1]
Роден на 26 септември 1976 (1976-09-26) (воз. 41 г.)
Роден во Герлиц, Источна Германија
Висина 1.88 m (6 ft 2 in)[2]
Позиција играч од средината на теренот
Младинска кариера
1983–1995 ФК Чемницер
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1995–1997 ФК Чемницер II 18 (5)
1995–1997 ФК Чемницер 49 (10)
1997–1998 1. ФК КајзерслаутернII 17 (8)
1997–1999 1. ФК Кајзерслаутерн 46 (4)
1999–2002 Бајер Леверкузен 79 (27)
2002–2006 Баерн Минхен 107 (44)
2006–2010 Челси 105 (17)
2010–2012 Бајер Леверкузен 35 (2)
Total 456 (117)
Репрезентација
1996–1998 Германија под 21 19 (7)
1999–2010 Германија 98 (42)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари.
† Учества (Голови).

Михаел Балак е роден е на 26 септември 1976 во градот Герлиц, на крајниот исток на Германија (покраина Саксонија). Висок е 1,89, а тежок 80. Оженет е со Симоне Ламбе, со која има три сина: Луис (2001), Емилио (2002) и Јорди (2005). Тој е еден од најплатените и најпопуларни германски фудбалери.

Тој е еден од најдобрите играчи во историјата на германската фудбалска репрезентација. Бројот на дресот на Балак е бројот 13, и за сите тимови за кои тој играл освен за Кајзерлаутерн. Тој е одбран од страна на Пеле како еден од „125 Најголеми легенди на ФИФА“ и како најдбриот дефанзивен среден играч на 2002 година.Тој ја освоил и наградата за најдобриот германски фудбалер на година три пати – 2002, 2003 и 2005. Балак е познат по неговите прецизни додавања, давање на голови, како и елегантниот стил на игра. Балак ја започнал кариерата во Чемницер. На 25 март 1996 Балак дебитирал за Германија под 21 година. Неговата инзворедна изведба во регионалната лига го довела до преселба во Кајзерлаутерн во 1997 година. Тој ја освоил титулата во Бундеслигата во првата сезона во тимот. Балак бил во стартната позиција во сезоната 1998-99, и дебитирал за германскиот национален тим.Се преселил во Бајерн Леверкузен за 4.1 милион евра во 1999. Сезоната 2001-02 освоил низа втори места, Леверкузен завршил втор на табелата во Бундеслигата, во Купот на Германија, УЕФА Лигата на Шампионите и Германија изгубил од Бразил во финалето на Светското првенство 2002. Потоа за 12.9 милиони евра бил купен од фудбалскиот клуб Бајерн Минхен кој продонесувал за неговите понатамошни успеси. Со Бајерн ја освојува титулата во Бундеслигата, и два пати го подигна трофејот во купот на Германија во 2003, 2005 и 2006 година. Балак бил среден играч кој што дал дури 58 гола за Бајерн помеѓу 2002 и 2006. Во 2006 се преселил во Премиер лигата во фудбалскиот тим Челси.

Во првата сезона поради повреда речиси целата 2007 година ја поминал надвор од теренот, но затоа следната сезона му помогна на Челзи да стигне до своето прво финале во Лигата на Шампионите каде што Челси бил поразен од страна на Манчестер Јунајтед на пенали.

На репрезентативно ниво, Балак бил дел од фуддбалскиот шампионат на УЕФА Евро 2004 и 2008, а на ФИФА Светското Првенство во 2002 и 2006. Јирген Клинсман му ја дал капитенската лента на националниот тим во 2004 година. Балак ги постигнал решавачките голови во четвртфиналето и полуфиналето и со тоа и помогнал на својата земја да стигне во финалето на Светското Првенство 2002, полуфиналето на Светското Првенство 2006 и финалето на Европското првенство 2008. Балак е роден во Герлиц, Горна Лужица и Шлезија која денеска се наоѓа во Саксонија.Тој е единственото дете на Стефан и Карин Балак, инжињер и секретарка.Фамилијата се преселила во Чемниц кога Балак бил многу млад.

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Чемниц[уреди | уреди извор]

Балак започнал да игра фудбал кога имал само седум години, невообичаено за неговата возраст и тоа што тој можел да ја контролира топката со двете нозе еднакво. Неговиот татко играл во втората лига во Германија . Во 1995 година Балак го потпишал неговиот прв професионален договор, благодарение на неговата позиција како среден играч во која што тој многу добро се снаоѓал. Му бил даден прекар „Литле Каисер“ во споредба со Франц Бекенбауер на кој што прекарот му е ,,Дер Каисер,, . Неговиот прв натпревар се случил на 4 август 1995, во втората сезона на Бундеслигата. Чемницер бил поразен со 2-1 против фудбалскиот тим Лајпциг.[3] На крајот на сезоната Балак имал петнаесет настапи за Чемницер. Следната сезона Балак станал дел од стартната постава на Чемницер .

Тој не пропуштил ниту еден натпревар и даде десет гола за ,,Плавите,,.Тоа не било доволно за Чемницер да бидат вратени во првта лига по доаѓањето на Кајсерлаутерн во првата лига летото 1997 година. Ото Рехагел го донел Балак во Кајзерслаутерн. Првиот натпревар за овој тим го одиграл на 28 март 1998 против Бајерн Леверкузен. За својот нов тим Балак одиграл шеснаесет пати во текот на сезоната, дури и ја освои титулата во Бундеслигата. Во следната сезона тој станал дел од стартната постава на тимот (вкупно 30 одигани натпревари, со четири дадени гола). Кајзерлаутерн стигнал до четврт финалето во Лигата на шампионите, но биле поразени од Бајерн Леверкузен. На 1 јули 1999 година на 22 годишна возраст Балак се преселил во Бајерн Леверкузен за 4.1 милион евра.

Бајер Леверузен[уреди | уреди извор]

Во Бајер Леверкузен тој го искористи својот потенцијал.Тренерите Кристоф Даум и Клаус Топмелер му дозволиле да биде центарен напаѓач. Балак бил клучниот играч во Леверузен со 27 дадени гола во лигата и девет во Европа во три сезони. Во 2000 година на Бајер Леверкузен му била потребна изедначеност во резултатот, но поради грешката направена од страна на Балак натпреварот завршил со пораз за Леверкузен, доодека Бајерн Минхен ја загарантирал својата титула во Бундеслигата со пораз врз Вердер Бремен. Во бундеслигата Леверкузен завршил со пет поени помалце од Борусија Дортмунд и финалето во УЕФА Лигата на Шампионите против Реал Мадрид.

Бајерн Минхен[уреди | уреди извор]

Иако Реал Мадрид покажал интерес за него, Балак одлучил да потпише за Бајерн Минхен во 2002 година за 12.9 милиони евра. Со Бајерн во првата негова сезона ја освоил титулата во Бундеслигата со 75 поени на табелата, исто така Бајерн истата година го освои и Купот на Германија.Во втората сезона со Бајерн, ја изгуби титулата против Вердер Бремен. Во третата сезона со Баварците, Балак имал успешна сезона со повторно освојување на двете титули.Во четирите негови сезони во Бајерн , Балак освоил три Бундес титули и два Купа на Германија, со скор од 44 гола на 107 натпревари. Големи критики биле упатени кон Балак и на негова неспремност на важни натпревари во Лигата на шампионите. Сето ова резултирало со обвинувања од поранешни члеови на Бајерн, тогашниот генерален менаџер Ули Хонес, и Франц Бекенбауер.

Во 2006 година преминал во англискиот клуб Челси и го носел дресот со бројот 13.

Балак е важна медиска личност во Германија, каде е централна фигура на рекламната кампања на Адидас. Односот на Балак кон неговите фанови е специфичен- за нив вели дека му се многу важни бидејќи се потврда на неговиот успех. Нив ги смета за награда за вложениот труд и се радува за секој фан што го има. Иако не се експонира многу во јавноста, секогаш наоѓа време и начин да им се заблагодари. Неговото мото гласи: „Немој се така сериозно да сфатиш!“

Во 2006 германското списание Штерн објави книга за Балак со наслов Неговиот пат.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „FIFA World Cup Germany 2006 – List of Players“ (PDF). Fédération Internationale de Football Association (FIFA). стр. 12. http://www.fifadata.com/document/fwc/2006/PDF/FWC_2006_SquadLists.pdf. конс. 26 јули 2013 г. 
  2. Player Profile: Michael Ballack“, chelseafc.com.
  3. „Chemnitzer FC - VfB Leipzig“ (на de). Fussballdaten.de. архивирано од оригиналот на 28 април 2005. //web.archive.org/web/20100216115834/http://www.fussballdaten.de/zweiteliga/1996/1/chemnitz-leipzig. конс. 4 јули 2011 г. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]