Жан-Пјер Папен
| Жан-Пјер Папен Jean-Pierre Papin | |||
|---|---|---|---|
|
Папен во 2016 | |||
| Лични податоци | |||
| Полно име | Жан-Пјер Папен | ||
| Роден на | 5 ноември 1963 | ||
| Роден во | Булоњ-сир-Мер, Франција | ||
| Висина | 1,76 m | ||
| Играчки податоци | |||
| Позиција | напаѓач | ||
| Младинска кариера | |||
| 1983–1984 | Виши | ||
| Кариера* | |||
| Години | Клуб | Наст.† | (Гол.)† |
| 1984–1985 | Валенсјен | 33 | (15) |
| 1985–1986 | Бриж | 31 | (20) |
| 1986–1992 | Олимпик Марсеј | 215 | (134) |
| 1992–1994 | Милан | 40 | (18) |
| 1994–1996 | Бајерн | 27 | (3) |
| 1996–1998 | Бордо | 55 | (22) |
| 1998–1999 | Генган | 10 | (3) |
| 1999–2001 | Сен Пјероаз | 27 | (13) |
| Total | 438 | (228) | |
| Репрезентација | |||
| 1986–1995 | Франција | 54 | (30) |
| Раководител на екипите | |||
| 2004–2006 | Басен д’Аркашон | ||
| 2006–2007 | Стразбур | ||
| 2007–2008 | Ленс | ||
| 2009–2010 | Шатору | ||
Жан-Пјер Папен (француски: Jean-Pierre Papin), (Булоњ-сир-Мер, 5 декември 1963 ) – поранешен француски фудбалер и тренер.
Клупска кариера
[уреди | уреди извор]Најголемите успеси ги постигнал играјќи за францускиот клуб Олимпик Марсеј од 1986 до 1992 година, со кој освоил едноподруго 4 француски првенства од 1989 до 1992 година, стигнал и до финалето на Купот на шампионите во 1991 година кое го изгубил од Црвена ѕвезда. Бил најдобар стрелец на француската лига 5 пати едноподруго од 1988 до 1992 година, што никој друг не го постигнал. Прогласен е за најдобар француски фудбалер во 1989 и 1991 година. Три години по ред бил најдобар стрелец на Купот на шампионите (во 1990, 1991 и 1992 година).
Подоцна играл за италијанскиот Милан и германскиот Бајерн и француските клубови Бордо и Генган, како и неколку нискорангирани клубови. Неговиот трансфер во Милан бил најголемиот дотогаш, изнесувал 10 милиони фунти. Со Милан ги освоил Лигата на шампиони во 1994 година, италијанското првенство во 1993 и 1994 година и италијанскиот Супер куп во 1992 година. Со Бајерн го освоил Купот на УЕФА во 1996 година.
Кратко време бил тренер на неколку француски клубови, а со 45 години повторно заиграл за нискорангиран француски клуб.
Репрезентативна кариера
[уреди | уреди извор]За француската репрезентација настапил 54 пати и постигнал 30 гола. Бил капитен на репрезентацијата во 1992 и 1993 година.
Награди и признанија
[уреди | уреди извор]Во 2004 година при одбележувањето на стогодишнината на ФИФА, бил на пописот на 100 најдобри фудбалери во историјата на фудбалот што направил Пеле.
|