Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 522: Unable to find the specified location map definition: "Module:Location map/data/Saudi Arabia" does not existМестоположба на Ријад
Ријад (арапски: الرياض / Ar Riyāẓ) е главниот град на Саудиска Арабија. Воедно, Ријад е најголем град во државата, како и главен град на покраината Ријад. Ријад е дел од историските региони Наџд и Јамама. Градот се наоѓа во центарот на Арапскиот Полуостров и тој е дом на околу 5,254,560 жители. Метрополитенската област Ријад има население од околу 7 милиони жители. Градот е поделен на 15 општински окрузи кои се под капата на општина Ријад и градоначалникот и гувернерот.
Градот лежи во „централниот коридор“ на Саудиска Арабија за развој, заедно со Бураида и Харџ во ријадската административна единица. Другите две области со концентрирано поголемо население се две крајбрежни области - околу Џида и Мека на Црвеното Море, и околу Џубаил и Дахран на Персискиот Залив.
Иако е многу сува областа во која е сместен градот, сепак паѓаат и дождови во мала количина. Пет брани ја собираат дождовницата. Има околу 96 бунари и 467 км цевкаст систем кој ја пренесува водата од центрите за отсолување на Персискиот Залив до градот.