Мишел Платини
|
| |||
| Лични податоци | |||
| Роден на | 21 јуни 1955 | ||
| Роден во | Жоф, Франција | ||
| Висина | 1,78 м | ||
| Играчки податоци | |||
| Позиција | полушпиц | ||
| Повлекување | 1988 (како играч) | ||
| Младинска кариера | |||
| ФК Жоф | |||
| Кариера* | |||
| Години | Клуб | Наст.† | (Гол.)† |
| 1972–1979 |
| 181 | (98) |
| 1979–1982 |
| 104 | (58) |
| 1982–1987 |
| 147 | (68) |
| Репрезентација ‡ | |||
| 1976-1987 |
| 72 | (41) |
| 1988 |
| 1 | (0) |
| Раководител на екипите | |||
| 1988–1992 |
| ||
† Учества (Голови). | |||
Мишел Франсоа Платини (франц. Michel François Platini; роден на 21 јуни 1955) е поранешен француски фудбалер и тренер и моментален претседател на УЕФА. Тој бил прв играч во историјата кој успеал да ја освои наградата за Најдобар фудбалер на Европа три години по ред, а во 1999 бил избран за седми најдобар фудбалер на 20. век во изборот на IFFHS.
Во текот на својата професионална фудбалска кариера, Платини играл за три клубови Нанси, Сент Етјен и Јувентус и бил член на репрезентацијата на Франција која триумфирала на Европското првенство во фудбал 1984-тата, турнир на кој тој бил најдобар стрелец и прогласен за најдобар играч. Тој, исто така учествувал на три Светски првенства во 1978, 1982 и 1986, и стигнал до полуфиналето на последните две. Платини, Алан Жирес, Луј Фернандез и Жан Тигана заедно го сочинувале познатиот таканаречен "Магичен квадрат" (на француски:"carré magique") во средината на теренот и играчи кои го формирале срцето на францускиот национален тим во текот на 1980-тите.
Платини се смета за еден од најдобрите додавачи во историјата на фудбалот, како и за еден од најдобрите изведувачи на слободни удари и играч со феномален завршен удар. Тој го држи рекордот за најмногу постигнати голови (9) на завршницата на Европските првенства иако учествувал само на еден ваков турнир во 1984 година. И покрај тоа што важеше за играч од средниот ред, тој истотака го држел и рекордот за ннајмногу постигнати голови во националниот тим се додека напаѓачот Тјери Анри не ја надминал бројката од 41 постигнат погодок во 2007 година.
Тој бил и тренер на францускиот национален тим четири години, како и ко-организатор на Светското првенство 1998 во Франција.
Содржина
Титули[уреди | уреди извор]
Клупски[уреди | уреди извор]
Нанси[уреди | уреди извор]
- 1 Лига 2: 1974-75
- 1 Куп на Франција: 1978
Сент Етјен[уреди | уреди извор]
- 1 Лига 1: 1980-81
- 2 Куп на Франција: вицешампион - 1981, 1982
Јувентус[уреди | уреди извор]
- 2 Серија А: 1983–84, 1985–86
- 1 Coppa Italia: 1982–83
- 1 Европски куп: 1984–85
- 1 Суперкуп на Европа: 1984
- 1 Интерконтинентален Куп: 1985
Репрезентативни[уреди | уреди извор]
Со Репрезентацијата на Франција[уреди | уреди извор]
- 1 Европско првенство: 1984
- 1 ФИФА Светско Првенство: 1986-трето место (бронза)
Административни функции[уреди | уреди извор]
Платини бил избран за претседател на УЕФА, но по избивањето на големиот корупциски скандал во ФИФА, тој добил казна од етичкиот комитет во траење од тримесечна суспензија од извршувањето на фудбалските функции, а потоа бил казнет со забрана за извршување секакви фудбалски работи во траење од осум години. Казната ја добил поради тоа што во 2011 година на неговата сметка ФИФА му префрлила два милиони швајцарски франци, иако немал слкучено договор за консултантски услуги.[1]
Статистика на кариерата[уреди | уреди извор]
| Клубски перформанси | Лига | Куп | Континентални | Вкупно | ||||||
|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
| Сезона | Клуб | Лига | Настапи | Голови | Настапи | Голови | Настапи | Голови | Настапи | Голови |
| Франција | Лига | Куп на Франција | Европа | Вкупно | ||||||
| 1972–73 | Нанси | Division 1 | 4 | 2 | - | - | 4 | 2 | ||
| 1973–74 | 21 | 2 | 3 | 0 | - | 24 | 2 | |||
| 1974–75 | Division 2 | 32 | 17 | 6 | 13 | - | 38 | 30 | ||
| 1975–76 | Лига 1 | 31 | 22 | 7 | 6 | - | 38 | 28 | ||
| 1976–77 | 38 | 25 | 1 | 0 | - | 39 | 25 | |||
| 1977–78 | 36 | 18 | 10 | 7 | - | 46 | 25 | |||
| 1978–79 | 19 | 12 | 5 | 3 | - | 24 | 15 | |||
| 1979–80 | Сент Етјен | Лига 1 | 33 | 16 | 7 | 5 | 7 | 5 | 47 | 26 |
| 1980–81 | 35 | 20 | 10 | 5 | 7 | 4 | 52 | 29 | ||
| 1981–82 | 36 | 22 | 8 | 5 | 2 | 0 | 46 | 27 | ||
| Италија | Лига | Coppa Italia | Европа | Вкупно | ||||||
| 1982–83 | Јувентус | Серија А | 30 | 16 | 9 | 7 | 9 | 5 | 48 | 28 |
| 1983–84 | 28 | 20 | 7 | 3 | 8 | 2 | 43 | 25 | ||
| 1984–85 | 30 | 18 | 9 | 4 | 9 | 7 | 48 | 29 | ||
| 1985–86 | 30 | 12 | 6 | 1 | 6 | 3 | 42 | 16 | ||
| 1986–87 | 29 | 2 | 8 | 1 | 4 | 2 | 41 | 5 | ||
| Вкупно | Франција | 285 | 156 | 57 | 44 | 16 | 9 | 358 | 209 | |
| Италија | 147 | 68 | 39 | 16 | 36 | 19 | 222 | 103 | ||
| Вкупно во кариерата | 432 | 224 | 96 | 60 | 52 | 28 | 580 | 312 | ||
Надворешни линкови[уреди | уреди извор]
| „Мишел Платини“ на Ризницата ? |
- FIFA "Classic Players" biography – fifaworldcup.yahoo.com, FIFA – Retrieved November 2006.
- Sports-Reference.com profile.
- Michel Platini – Goals in International Matches – www.rsssf.com – by José Luis Pierrend, RSSSF.
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Инфантино ги обезбеди гласовите од регионов во трката за претседател на ФИФА“, Дневник, година XX, број 5989, понеделник, 15 февруари 2016, стр. 24.
|