Прејди на содржината

Жан Тигана

Од Википедија — слободната енциклопедија
Жан Тигана
Лични податоци
Роден на 23 јуни 1955(1955-06-23)(70 г.)
Роден во Бамако, Мали
Држава Франција Франција
Висина &100000000000001680000001,68 м
Играчки податоци
Позиција среден ред
Повлекување 1991 (35 г.)
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1975-1978 Тулон Тулон 76 (10)
1978-1981 Олимпик Лион Олимпик Лион 104 (15)
1981-1989 Бордо Бордо 251 (11)
1989-1991 Марсеј Олимпик Марсеј 56 (0)
Репрезентација
1980-1988 Франција Франција 52 (1)
Раководител на екипите
1993-1995 Олимпик Лион Олимпик Лион
1995-1999 Монако Монако
2000-2003 Фулам Фулам
2005-2007 Бешикташ Бешикташ
2010-2011 Бордо Бордо
2011-2012 Шангај Шенхуа Шангај Шенхуа

Жан Тигана (роден во Бамако, на 23 јуни 1955) — француски фудбалски тренер, и поранешен играч од средниот ред.

Клупска кариера

[уреди | уреди извор]

Својата професионална кариера, Тигана ја започнал во Тулон, клуб за кој одиграл 83 натпревари во периодот од 1975 до 1978 година.

Потоа играл три сезони во дресот на Олимпик Лион (1978-1981), пред да се пресели во Бордо во 1981 година. Со жирондиците, тој освоил три првенствени титули (1983-1984, 1984-1985, 1986-1987), два купа (1985-1986, 1986-1987) и еден Суперкуп на Франција (во 1986 година). Играјќи за Бордо, тој бил избран за Фудбалер на годината во Франција во 1984 година. Последните години од кариерата ги поминал во екипата на Олимпик Марсеј со која освоил уште две првенствени титули (1989-1990, 1990-1991).

Репрезентативна кариера

[уреди | уреди извор]

Тигана дебитирал за сениорската репрезентација на Франција во 1980 година и, до неговиот последен настап во 1988 година, одиграл вкупно 52 натпревари за триколорите постигнувајќи 1 гол.

Со репрезентацијата учествувал на Светското првенство 1982 во Шпанија и Светското првенството 1986 во Мексико (каде го постигнал единствениот репрезентативен гол во успехот со 3-0 против Унгарија),[1] стигајќи до полуфиналето во двата случаи. Исто така учествувал и на завршницата на Европското првенство 1984, кое Франција го освоила на домашен терен.

За време на својата репрезентативна кариера Тигана бил дел од таканаречениот "Магичен квадрат" (на француски:"carré magique"), четиричлениот среден ред на французите заедно со Мишел Платини, Луис Фернандес и Ален Жирес, една од најдобрите средни линии со четири играчи во историјата на фудбалот.

Хронологија на репрезентативните настапи

[уреди | уреди извор]
Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Франција
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
23-5-1980МоскваСоветскиот Сојуз Советскиот Сојуз1 – 0Франција ФранцијаПријателска-
11-10-1980ЛимасолКипар Кипар0 – 7Франција ФранцијаКвал. за СП 1982-заменет 51'
28-10-1980ПаризФранција Франција2 – 0Ирска ИрскаКвал. за СП 1982-
19-11-1980ХановерЗападна Германија Западна Германија4 – 1Франција ФранцијаПријателска-
18-2-1981МадридШпанија Шпанија1 – 0Франција ФранцијаПријателска-заменет 70'
29-4-1981ПаризФранција Франција3 – 2Белгија БелгијаКвал. за СП 1982-
15-5-1981ПаризФранција Франција1 – 3Бразил БразилПријателска-
18-11-1981ПаризФранција Франција2 – 0Холандија ХоландијаКвал. за СП 1982-влегол во игра 75'
5-12-1981ПаризФранција Франција4 – 0Кипар КипарКвал. за СП 1982-
23-2-1982ПаризФранција Франција2 – 0Италија ИталијаПријателска-
28-4-1982ПаризФранција Франција0 – 1Перу ПеруПријателска-влегол во игра 46'
14-5-1982ЛионФранција Франција0 – 0Бугарија БугаријаПријателска-
2-6-1982ТулузФранција Франција0 – 1Велс ВелсПријателска-влегол во игра 64'
16-6-1982БилбаоАнглија Англија3 – 1Франција ФранцијаСП 1982 - Прва фаза-влегол во игра 74'
28-6-1982MadridФранција Франција1 – 0Австрија АвстријаСП 1982 - Втора фаза-
4-7-1982МадридФранција Франција4 – 1Северна Ирска Северна ИрскаСП 1982 - Втора фаза-добил жолт картон во 57-мата минута 57'
8-7-1982СевиљаЗападна Германија Западна Германија3 – 3 прод.
(5 – 4 пен.)
Франција ФранцијаСП 1982 - Полуфинале-
10-7-1982АликантеПолска Полска3 – 2Франција ФранцијаСП 1982 - за 3-то место-заменет 82'
31-8-1982ПаризФранција Франција0 – 4Полска ПолскаПријателска-
6-10-1982ПаризФранција Франција1 – 0Унгарија УнгаријаПријателска-заменет 79'
10-11-1982РотердамХоландија Холандија1 – 2Франција ФранцијаПријателска-
16-2-1983ГимараешПортугалија Португалија0 – 3Франција ФранцијаПријателска-влегол во игра 63'
23-3-1983ПаризФранција Франција1 – 1Советскиот Сојуз Советскиот СојузПријателска-влегол во игра 46'
23-4-1983ПаризФранција Франција4 – 0Југославија ЈугославијаПријателска-
12-11-1983ЗагребЈугославија Југославија1 – 2Франција ФранцијаПријателска-
29-2-1984ПаризФранција Франција2 – 0Англија АнглијаПријателска-
28-3-1984БордоФранција Франција1 – 0Австрија АвстријаПријателска-
1-6-1984МарсејФранција Франција2 – 0Шкотска ШкотскаПријателска-
12-6-1984ПаризФранција Франција1 – 0Данска ДанскаЕвро 1984 - Прва фаза-
16-6-1984НантФранција Франција5 – 0Белгија БелгијаЕвро 1984 - Прва фаза-добил жолт картон
19-6-1984Сент-ЕтјенФранција Франција3 – 2Југославија ЈугославијаЕвро 1984 - Прва фаза-
23-6-1984МарсејФранција Франција3 – 2 прод.Португалија ПортугалијаЕвро 1984 - Полуфинале-
27-6-1984ПаризФранција Франција2 – 0Шпанија ШпанијаЕвро 1984 - Финале-
21-11-1984ПаризФранција Франција1 – 0Бугарија БугаријаКвал. за СП 1986-
8-12-1984ПаризФранција Франција2 – 0Источна Германија Источна ГерманијаКвал. за СП 1986-
3-4-1985СараевоЈугославија Југославија0 – 0Франција ФранцијаКвал. за СП 1986-
2-5-1985СофијаБугарија Бугарија2 – 0Франција ФранцијаКвал. за СП 1986-
30-10-1985ПаризФранција Франција6 – 0Луксембург ЛуксембургКвал. за СП 1986-
16-11-1985ПаризФранција Франција2 – 0Југославија ЈугославијаКвал. за СП 1986-
26-3-1986ПаризФранција Франција2 – 0Аргентина АргентинаПријателска-
1-6-1986ЛеонКанада Канада0 – 1Франција ФранцијаСП 1986 - Прва фаза-
5-6-1986ЛеонФранција Франција1 – 1Советскиот Сојуз Советскиот СојузСП 1986 - Прва фаза-
9-6-1986ЛеонУнгарија Унгарија0 – 3Франција ФранцијаСП 1986 - Прва фаза1
17-6-1986Мексико СитиИталија Италија0 – 2Франција ФранцијаСП 1986 - Осминафинале-
21-6-1986ГвадалахараБразил Бразил1 – 1 прод.
(3 – 4 пен.)
Франција ФранцијаСП 1986 - Четвртфинале-
25-6-1986ГвадалахараФранција Франција0 – 2Западна Германија Западна ГерманијаСП 1986 - Полуфинале-
28-6-1986ПуеблаБелгија Белгија2 – 4Франција ФранцијаСП 1986 - за 3-то место-заменет 84'
10-9-1986РејкјавикИсланд Исланд0 – 0Франција ФранцијаКвал. за Евро 1988-
11-10-1986ПаризФранција Франција0 – 2Советскиот Сојуз Советскиот СојузКвал. за Евро 1988-
19-11-1986ЛајпцигИсточна Германија Источна Германија0 – 0Франција ФранцијаКвал. за Евро 1988-
16-6-1987ОслоНорвешка Норвешка2 – 0Франција ФранцијаКвал. за Евро 1988-
19-11-1988БелградЈугославија Југославија3 – 2Франција ФранцијаКвал. за СП 1990-
Вкупно Настапи 52 Голови 1

Тренерска кариера

[уреди | уреди извор]
Тигана водејќи го Монако во 1998 година.

Во 1993 година, Тигана се вратил во Олимпик Лион каде ја започнал својата тренерска кариера. Тој останал во клубот до 1995 година, водејќи го до второто место место во првенството во сезоната 1994-1995. Во 1995 година, тој ја презел тренерската функција во Монако каде останал до 1999 година. Со клубот од Кнежевството освоил една првенствена титула во сезоната 1996-1997 и Суперкупот на Франција 1997. Исто така, следната година тој го водел клубот до полуфиналето на Лигата на шампионите каде биле елиминирани од италијанскиот Јувентус.

Во 2000 година го имал првиот тренерски ангажман во странство кога бил назначен за менаџер на англискиот второлигаш Фулам. Во првата сезона, тој го одвел клубот до промоција од Првата дивизија во Премиер лигата како шампион. Следната сезона, што била прва за Фулам во најсилната фудбалска лига во Англија по повеќе од 30 години, тој го освоил 13. место во Премиер лигата и изборил пласман со клубот во Купот на УЕФА (преку Интертото купот). Во април 2003, тој бил отпуштен иако Фулам не бил во опасност од испаѓање.[2]

Во октомври 2005 година, по повеќе од две години пауза, тој потпишал договор на две и пол години со турскиот клуб Бешикташ, со кои освоил два Купа на Турција (2005-2006 и 2006-2007) и Суперкупот на Турција 2006, пред да го напушти клубот во 2007 година со споразумно раскинат договор.

На 25 мај 2010 година, Тигана се вратил во Франција потпишувајќи за Бордо. Но престојот во клубот за него како тренер не бил пријатен како во времето кога бил играч затоа што постојано бил на граница да добие отказ заради слабите резултати во лигата и заради турбулентниот однос со навивачите кој биле разочарани од неговата работа во тимот кој само две години претходно бил шампион на Франција под водството на Лоран Блан. По поразот на домашен терен од Сошо со 0-4 и вербалните закани кои и биле упатени на неговата шеснаесетгодишна ќерка присутна на трибините, тој ја напуштил клупата на Бордо на 7 мај 2011 година.[3][4]

На 18 декември 2011 година било објавено дека Тигана ќе биде новиот тренер на кинескиот клуб Шангај Шенхуа за сезоната 2012 година. На 15 април 2012 година, Тигана поднел оставка од функцијата поради слабата форма на Шангај Шенхуа, оставајќи го кинескиот клуб во последните пет екипи на табелата во домашната лига.

Играч

Клупски

Франција Бордо
1983-1984, 1984-1985, 1986-1987
1985-1986, 1986-1987
1986
Франција Олимпик Марсеј
1989-1990, 1990-1991

Репрезентација

1984

Поединечни

1984

Тренер

Клупски

Франција Монако
1996-1997
1997
Англија Фулам
2000–2001
2002[5]
Турција Бешикташ
2005-2006, 2006-2007
2006

Поединечни

1997
  1. „Match - France - Hongrie - FFF“. www.fff.fr (француски). Архивирано од изворникот на 2019-03-23. Посетено на 2019-12-25.
  2. „Tigana sacked by Fulham“. The Scotsman. UK. 18 April 2007. Архивирано од изворникот на 14 November 2007. Посетено на 9 November 2007.
  3. „Tigana – " J'arrête ". FC Girondins de Bordeaux. 2011-05-07. Архивирано од изворникот на 11 May 2011. Посетено на 8 May 2011.
  4. „Jean Tigana steps down as Bordeaux coach“. Goal.com. 2011-05-07. Посетено на 8 May 2011.
  5. „Fulham force draw“. BBC Sport. 13 August 2002. Посетено на 16 June 2020.
    „Fulham clinch Euro glory“. BBC Sport. 27 August 2002. Посетено на 16 June 2020.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]