Серија А 1997-1998

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Серија А 1997-1998
ПрвациЈувентус Јувентус
25. титула
Испаднале
Лига на шампиони
Куп на победниците на куповите
1. клуб
Куп на УЕФА
Интертото куп
Одиграни натпрвари306
Најдобар стелецГерманија Оливер Бирхоф
(27 гола)
Најголема победа дома6-0
Удинезе - Лече
(8 февруари 1998)
Најголема победа во гости0-5
Бари - Јувентус
(19 октомври 1997)
Натпревар со најмногу голови6–3
Сампдорија - Наполи
(21 декември 1997)
Најголема серија на победи6 натпревари
Интер Интер
Најголема серија без пораз16 натпревари
Лацио Лацио
Најголема серија без победа17 натпревари
Наполи Наполи
Најголема серија на порази7 натпревари
Лече Лече
Вкупна посетеност9,535,113[1]
Просечна посетеност31,161[1]

Серија А 1997-1998 била 96-тата сезона на првата фудбалска лига на Италија, односно 66-та сезона позната под името Серија А. Сезоната започнала на 31 август 1997, а завршила на 16 мај 1998 година.

Екипата на Јувентус влегла како бранител на титулата од сезоната 1996-1997. Бреша, Емполи, Лече и Бари биле новите четири членови откако избориле промоција во Серија Б претходната сезона.

На 10 мај 1998, Јувентус ја одбранил титулата на едно коло пред крајот после победата на домашен терен над Болоња со 3-2, освојувајќи го своето 25-то скудето во клупската историја. Второто место со 5 бодови помалку од шампионот го освоила екипата на Интер и со тоа изборила место во квалификациите за Лигата на шампионите 1998-1999.

Третопласираниот Удинезе, четвртопласираната Рома, петтопласираната Парма и шесттопласираната Фјорентина избориле учество во Купот на УЕФА 1998-1999, додека седмопласираниот Лацио како освојувач на Купот на Италија се пласирал во Купот на победниците на куповите 1998-1999. Учество во европските купови уште избориле и екипите на Болоња и Сампдорија, кои следната сезона се натпреварувале во Интертото купот.

Четирите клуба кои испаднале од лигата во оваа сезона биле Бреша, Аталанта, Лече и Наполи.

Најдобар стрелец во лигата во оваа сезона бил Оливер Бирхоф од Удинезе со 27 постигнати гола.

Општо[уреди | уреди извор]

Во оваа сезона на Серија А, лигата имала 18 клубови, вклучувајќи ги 14-те клуба од претходната сезона и 4 новопромовирани екипи од Серија Б 1996-1997.

Четирите нови екипи кои избориле промоција во Серија А за оваа сезона биле Бреша, Емполи, Лече и Бари, заменувајќи ги Каљари, Перуџа, Верона и Реџана кои испаднале во претходната сезона. Бреша - како шампион на Серија Б - се вратила во Серија А по две сезони отсуство, Емполи се вратил по девет сезони отсуство, Лече по три, додека Бари само по една сезона пауза.

Сезоната започнала на 31 август 1997, со натпреварите од првото коло, кое било одиграно со сите натпревари 9 натпревари во истиот ден. Последното коло се одиграло на 16 мај 1998 година.

Калчомеркато[уреди | уреди извор]

Летна сесија[уреди | уреди извор]

Филипо Инѕаги, дошол од Аталанта и формирал одлично партнерство во нападот на Јувентус со Алесандро Дел Пјеро. Со својте 18 гола во првенството му помогнал на клубот да го одбрани скудетото освоено во претходната сезона.

Бранителот на титулата од претходната сезона, Јувентус, се засилил на трансфер-пазарот со потпишувањето на бекот Алесандро Бириндели и играчот од средниот ред Фабио Пекија,[2] додека во предни позиции клубот довел двајца нови напаѓачи со цел да ги надополни заминувањата на Ален Бокшиќ во Лацио[2][3] и Кристијан Виери во Атлетико Мадрид[2][4]: најдобриот стрелец во Серија А во претходната сезона, Филипо Инѕаги,[2] дошол од Аталанта и формирал одлично партнерство во нападот со Алесандро Дел Пјеро носејќи голем број голови со што го демантирал звукот на летната критика упатена кон него за „прекумерната физичка слабост“,[5] додека уругваецот Даниел Фонсека дошол од Рома[4] и имал статус на златна резерва, постигнувајќи важни голови по влегувањето од клупата за резерви.

Роналдо, новото засилување на Интер, била една од најисплатливите аквизиции во овој преоден рок откако бразилецот одиграл одлична дебитантска сезона во Серија А постигнувајќи 25 голови.

Меѓу најголемите протагонисти на летниот пазар била екипата на Интер на Масимо Морати, која по исцрпувачките преговори коишто траеле со месеци,[6] успеала за сума од 50 милијарди италијански лири - во тоа време рекорд за еден трансфер - да го доведе бразилскиот напаѓач Роналдо од Барселона, сметан за еден од најголемите фудбалери на својата генерација.[7] Покрај Роналдо, нероаѕурите влегле во сезоната со нов тренер, Лујџи Симони,[8] а го засиле својот тим и со доаѓањето на нигерискиот дефанзивец Тарибо Вест,[4] играчите од средниот ред Франческо Мориеро,[4] Беноа Кое[4] и Диего Симеоне[4] како и младиот уругвајски офанзивец Алваро Рекоба.[4] Меѓу играчите кои си заминале од Интер пред почетокот на оваа сезона биле Пол Инс, Чириако Сфорца и Жоселин Англома.

Милан, го вратил од Мадрид тренерот Фабио Капело по една сезона во Реал со цел да ги отстрани разочарувањата од претходната и проблематична година,[9] и донеле неколку засилувања како што биле голманот Масимо Таиби и бекот Кристијан Циге[4] потоа играчите од средината на теренот Ибрахим Ба и Леонардо[4] додека во нападот, го замениле Кристоф Дугари - кој само по една неуспешна сезона бил продаден во Барселона - со холанѓанецот Патрик Клајверт; исто така по една сезона во странство во Милано се вратил и легендарниот играч на клубот Роберто Донадони.[10] Парма се засилила со Стефано Фјоре и Јеспер Бломквист, додека Фјорентина со новиот тренер Алберто Малезани[11], дебитант како тренер во Серија А, му пружила шанса на младиот офанзивен играч за врска Доменико Морфео.[4]

Рома била уште една од екипите која влегла со нов тренер во сезоната, назначувајќи го доскорашниот тренер на нивниот градски ривал, Зденик Земан, додека од засилувањата се издвојуваат дефанзивците Кафу[4][12] и Венсан Кандела, играчот од средниот ред Еузебио Ди Франческо[13] и напаѓачот Пауло Сержо.[12] Во светлосиниот дел на Рим, Лацио пак се доверил на поранешниот тренер на Рома, Свен-Јоран Ериксон,[14] и ги довел Матијас Алмеида и Владимир Југовиќ, додека во нападот, покрај гореспоменатиот Бокшиќ, дошол и Роберто Манчини, по петнаесет години поминати во Сампдорија.[14]

Меѓу екипите со секундарни амбиции, Сампдорија се засилила со играчот од средина на теренот Ален Богосијан и го надомести заминувањето на гореспоменатиот Манчини со добро познато лице во италијанскиот фудбал, германецот Јирген Клинсман. Наполи сега се повеќе оддалечени од славното време на Марадона, се засилил со напаѓачите Клаудио Белучи[15] и Игор Проти, додека Болоња се прославила со ангажманот на славниот Роберто Баџо, кој дошол во Емилија-Ромања со цел да се врати меѓу аѕурите по две сезони слаби сезони во дресот на Милан.[16]

Удинезе се засилил со фудбалерите од средниот ред Џонатан Бакини, Мартин Јоргенсен и Јохан Валем.[17] Откритието на претходната сезона Виченца, му го довери на предниот дел од тимот на тандемот Артуро Ди Наполи - Пасквале Луизо, и го редизајнирале средниот ред со Марко Шенарди и Ламберто Заули, како и со ветувачкиот млад италијански репрезентативец, Масимо Амброзини. Пјаченца се потпрела на ветераните како што биле Џовани Стропа и Пјетро Вјерховод,[18] а Аталанта го заменила Инѕаги со Кристијано Лукарели.

Меѓу новопромовираните екипи, Бари се засилил со офанзивниот млад играч Џанлука Ѕамброта и напаѓачот Фил Масинга. Бреша инвестирала во својата ѕвезда во подем Андреја Пирло и одлучила да му верува на напаѓачот Дарио Хубнер, плоден стрелец во пониските лиги, кој во оваа сезона дебитирал во Серија А. Емполи, ги довел во својте редови Пјерпаоло Бизоли и Макс Тонето, а во Лече дошле Алесандро Контикио, Франческо Коца и Ненад Сакиќ.

Есенска сесија[уреди | уреди извор]

Играчот од средниот ред Едгар Давидс, се преселил од Милан во Јувентус во декември, и донел голема динамичност на средината од теренот, нешто што се покажало и одлучувачко во трката за скудетото.

Меѓу врвните екипи, пазарот за поправки најдобро го искористил Јувентус, кој со цел да го ребалансира средниот ред каде незадоволен од перформансите на двајцата играчи кои дошле во летото Рафаеле Аметрано (вратен од заем) и Фабио Пекија,[2] го потпишале холанѓанецот Едгар Давидс.[19] играч кој се наоѓал на маргините во неговиот тогашен клуб Милан,[20] за оддеднаш да ја „оживее“ својата кариера играјќи со голем успех во средниот ред на бјанконерите.[2] Покрај Давидс во клубот дошол и младиот уругвајски напаѓач Марсело Залајета.

Интер се простил со легендата на клубот Никола Берти, кој по една деценија во Милано заминал во Тотенхем, а клубот го напуштиле и напаѓачите Марко Бранка[21] и Маурицио Ганц, вториот се приклучил на градскиот ривал Милан;[22] наспроти тоа, црно-синиот дрес во овој преоден рок го облекле дефанзивците Франческо Колонезе и Мауро Миланезе, и играчот од средниот ред португалецот Пауло Соуса кој бил земен од европскиот шампион Борусија Дортмунд.[4]

Лацио изненадувачки ја завршил соработката со својот „водач“ од претходните сезони, Џузепе Сињори, кој го загубил местото во стартната постава со доаѓањето на Манчини;[23] Сињори се преселил во Сампдорија,[23] а клубот од Џенова исто така се разделил со Клинсман кој се приклучил на Спарс и со францускиот играч од средниот ред Кристијан Карембе кој завршил во Реал Мадрид. Рома во овој период имала само една операција, која во Рим го довела бразилскиот играч од одбраната Заго.[4] Милан кој веќе бил во криза се обидел да го засили предниот дел од тимот, купувајќи ги, споменатиот Ганц и поранешниот играч на Парма Филипо Маниеро;[4] меѓу заминатите, покрај Давидс, си отишол уште еден холанѓанец, дефанзивецот Винстон Богард, кој одиграл разочарувачки неколку месеци во Милан по доаѓањето во летото и веднаш бил продаден во Барселона.[20]

Кај екипите од долниот дел на табелата, Пјаченца се засилила со Ренато Бузо, додека Лече го довел играчот од средниот ред Џузепе Џанини од веќе катастрофалниот Наполи кон крајот на неговата кариера.

Екипи[уреди | уреди извор]

Екипи по региони[уреди | уреди извор]

Број на екипи Регион Екипи
4  Ломбардија Аталанта, Бреша, Интер и Милан
3  Емилија-Ромања Болоња, Парма и Пјаченца
2  Апулија Бари и Лече
 Лацио Лацио и Рома
 Тоскана Емполи и Фјорентина
1  Венето Виченца
 Кампанија Наполи
 Лигурија Сампдорија
 Пиемонт Јувентус
 Фурланија-Јулиска Краина Удинезе

Стадионите на екипите и нивните локации[уреди | уреди извор]

Екипа Град Стадион Капацитет сезона 1996–1997
Аталанта Аталанта Бергамо Атлети Аѕури д'Италија &1000000000000002654200026,542 10. место во Серија А
Бари Бари Бари Сан Никола &1000000000000005827000058,270 Промоција во Серија А 4. место во Серија Б
Болоња Болоња Болоња Ренато Дал'Ара &1000000000000003827900038,279 7. место во Серија А
Бреша Бреша Бреша Марио Ригамонти &1000000000000001630799916,308 Промоција во Серија А 1. место во Серија Б
Виченца Виченца Виченца Ромео Менти &1000000000000001716300017,163 8. место во Серија А
Емполи Емполи Емполи Карло Кастелани &1000000000000001979500019,795 Промоција во Серија А 2. место во Серија Б
Интер Интер Милано Сан Сиро &1000000000000008007399980,074 3. место во Серија А
Јувентус Јувентус Торино Деле Алпи &1000000000000006929500069,295 Скудето Серија А шампион
Лацио Лацио Рим Олимпико &1000000000000007269799972,698 4. место во Серија А
Лече Лече Лече Виа дел Маре &1000000000000003387599933,876 Промоција во Серија А 3. место во Серија Б
Милан Милан Милано Сан Сиро &1000000000000008001800080,018 11. место во Серија А
Наполи Наполи Неапол Сан Паоло &1000000000000006024000060,240 13. место во Серија А
Парма Парма Парма Енио Тардини &1000000000000002790599927,906 2. место во Серија А
Пјаченца Пјаченца Пјаченца Леонардо Гарили &1000000000000002790599927,906 14. место во Серија А
Рома Рома Рим Олимпико &1000000000000007269799972,698 12. место во Серија А
Сампдорија Сампдорија Џенова Лујџи Ферарис &1000000000000003668500036,685 6. место во Серија А
Удинезе Удинезе Удине Фриули &1000000000000003064199930,642 5. место во Серија А
Фјорентина Фјорентина Фиренца Артемио Франки &1000000000000004728199947,282 9. место во Серија А

Личности и спонзори[уреди | уреди извор]

Екипа Тренер Капитен Опрема Спонзор на дресот
Аталанта Италија Емилијано Мондонико Италија Масимо Карера Есикс Somet
Бари Италија Еуџенио Фашети Шведска Клас Ингесон Лото Transport Gio Bi
Болоња Италија Ренцо Уливиери Италија Роберто Баџо Диадора Granarolo
Бреша Италија Едигио Салви Италија Лучано Де Паола Ереа Ristora
Виченца Италија Франческо Гвидолин Италија Доменико Ди Карло Лото Pal Zileri
Емполи Италија Лучано Спалети Италија Даниеле Балдини Ереа Sammontana
Интер Италија Лујџи Симони Италија Џузепе Бергоми Умбро Pirelli
Јувентус Италија Марчело Липи Италија Антонио Конте Капа Sony Minidisc
Лацио Шведска Свен-Јоран Ериксон Италија Џузепе Фавили Умбро Cirio
Лече Италија Недо Сонети Италија Франческо Палмиери Есикс Banca 121
Милан Италија Фабио Капело Италија Паоло Малдини Лото Opel
Наполи Италија Винченцо Монтефуско Аргентина Роберто Ајала Најк Polenghi
Парма Италија Карло Анчелоти Италија Лујџи Аполони Пума Parmalat
Пјаченца Италија Винченцо Гуерини Италија Џанпјеро Пјовани Лото Без спонзор
Рома Чешка Зденек Земан Аргентина Абел Балбо Диадора INA Assitalia
Сампдорија СР Југославија Вујадин Бошков Италија Морено Манини Есикс Daewoo
Удинезе Италија Алберто Ѕакерони Италија Алесандро Калори Хумел Atreyu
Фјорентина Италија Алберто Малезани Аргентина Габриел Батистута Фила Nintendo

Завршна табела[уреди | уреди извор]

Поз. Екипа Бод ОН П Н И ДГ ПГ ГР
Scudetto.svg 1. Јувентус Јувентус 74 34 21 11 2 67 28 +39
2. Интер Интер 69 34 21 6 7 62 27 +35
3. Удинезе Удинезе 64 34 19 7 8 62 40 +22
4. Рома Рома 59 34 16 11 7 67 42 +25
5. Фјорентина Фјорентина 57 34 15 12 7 65 36 +29
6. Парма Парма 57 34 15 12 7 55 39 +16
[24] 7. Лацио Лацио 56 34 16 8 10 53 30 +23
8. Болоња Болоња 48 34 12 12 10 55 46 +9
9. Сампдорија Сампдорија 48 34 13 9 12 52 55 -3
10. Милан Милан 44 34 11 11 12 37 43 -6
11. Бари Бари 38 34 10 8 16 30 45 -15
12. Пјаченца Пјаченца 37 34 7 16 11 29 38 -9
13. Емполи Емполи 37 34 10 7 17 50 58 -8
14. Виченца Виченца 36 34 9 9 16 36 61 -25
1downarrow red.svg 15. Бреша Бреша 35 34 9 8 17 45 63 -18
1downarrow red.svg 16. Аталанта Аталанта 32 34 7 11 16 25 48 -23
1downarrow red.svg 17. Лече Лече 26 34 6 8 20 32 72 -40
1downarrow red.svg 18. Наполи Наполи 14 34 2 8 24 25 76 -51

Легенда:

      Шампион на Италија и се квалификува за групната фаза на УЕФА Лигата на шампионите 1998-1999.
      Се квалификува за второто квалификациско коло на УЕФА Лигата на шампионите 1998-1999.
      Се квалификува за првото коло на Куп на УЕФА 1998-1999.
      Се квалификува за првото коло на УЕФА Куп на победниците на куповите 1998-1999.
      Се квалификува за УЕФА Интертото куп 1998.
      Испаднале во Серија Б 1998-1999.

Нотес:

Три бода за победа, еден за нерешено, нула за пораз.

Шампионскиот тим[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „ФК Јувентус сезона 1997-1998.
Стартна постава
4-3-1-2 формација
01 Италија Анџело Перуци (31 настап)
15 Италија Алесандро Бириндели (29)
13 Италија Марк Јулијано (25)
04 Уругвај Паоло Монтеро (26)
03 Италија Морено Торичели (20)
07 Италија Анџело Ди Ливио (30)
14 Франција Дидје Дешан (25)
08 Италија Антонио Конте (28)
21 Франција Зинедин Зидан (32)
09 Италија Филипо Инѕаги (31)
10 Италија Алесандро Дел Пјеро (32)

Останати играчи: Алесио Такинарди (23), Димаш (21), Фабио Пекија (21), Џанлука Песото (21), Едгар Давидс (20), Чиро Ферара (17), Даниел Фонсека (15), Никола Аморузо (10), Микеланџело Рамуља (5), Марсело Залајета (5), Салваторе Ароника (1), Микеле Падовано (1), Марко Ѕамбони (1).

Резултати[уреди | уреди извор]

Табеларен приказ[уреди | уреди извор]

АТА БАР БОЛ БРЕ ЕМП ФЈО ИНТ ЈУВ ЛАЦ ЛЕЧ МИЛ НАП ПАР ПЈА РОМ САМ УДИ ВИЧ
Аталанта –––– 2-0 4-2 0-1 1-0 1-0 1-2 1-1 0-0 0-0 1-2 1-0 0-0 2-2 0-1 0-2 1-1 1-3
Бари 0-0 –––– 0-0 2-1 2-0 0-1 2-1 0-5 0-2 2-2 1-0 2-0 0-2 0-0 1-3 0-1 0-0 0-0
Болоња 0-0 4-3 –––– 2-1 2-2 2-2 2-4 1-3 2-1 2-0 3-0 5-1 1-2 3-0 0-0 2-2 2-0 3-1
Бреша 2-2 1-1 1-3 –––– 3-1 1-3 0-1 1-1 1-1 3-2 2-2 2-1 2-1 2-0 1-1 3-3 0-4 4-0
Емполи 1-0 2-3 0-0 3-1 –––– 1-1 1-1 0-1 1-0 5-1 0-1 5-0 2-0 2-3 1-3 4-1 1-0 3-2
Фјорентина 5-0 3-1 1-1 5-1 1-2 –––– 1-1 3-0 1-3 5-0 2-0 4-0 1-1 1-1 0-0 1-1 1-0 1-1
Интер 4-0 0-1 0-1 2-1 4-1 3-2 –––– 1-0 1-1 5-0 2-2 2-0 1-0 0-0 3-0 3-0 2-0 2-1
Јувентус 3-1 1-0 3-2 4-0 5-2 2-1 1-0 –––– 2-1 2-0 4-1 2-2 2-2 2-0 3-1 3-0 4-1 2-0
Лацио 0-2 3-2 1-0 1-0 3-1 1-4 3-0 0-1 –––– 4-0 2-1 2-0 1-2 0-0 2-0 3-0 2-3 4-0
Лече 1-1 0-1 1-1 2-0 2-2 1-1 1-5 0-2 1-0 –––– 0-0 2-0 0-2 1-3 1-3 1-3 1-2 0-1
Милан 3-0 2-0 0-0 2-1 3-1 0-2 0-3 1-1 1-1 1-2 –––– 0-0 1-1 1-0 0-0 1-0 0-0 0-1
Наполи 0-1 2-2 0-0 0-3 2-1 1-1 0-2 1-2 0-0 2-4 1-2 –––– 0-4 1-2 0-2 0-2 1-3 2-0
Парма 2-2 1-0 2-0 1-3 2-0 1-2 1-0 2-2 1-1 2-1 3-1 3-1 –––– 1-1 0-2 2-2 4-0 2-1
Пјаченца 3-0 0-1 0-0 0-0 0-0 0-0 0-1 1-1 0-0 1-0 1-1 1-0 1-3 –––– 3-3 1-0 0-2 1-1
Рома 3-0 2-1 2-1 5-0 4-3 4-1 1-2 0-0 1-3 3-1 5-0 6-2 2-2 1-1 –––– 2-0 1-2 2-2
Сампдорија 2-0 1-0 2-3 2-1 3-0 2-0 1-1 1-1 0-4 1-1 0-3 6-3 5-2 3-1 1-1 –––– 0-3 2-1
Удинезе 1-0 2-0 4-3 3-1 2-2 2-3 1-0 1-1 0-2 6-0 2-1 1-1 1-1 2-0 4-2 3-2 –––– 3-0
Виченца 1-0 1-2 3-2 2-1 1-0 1-5 1-3 0-0 2-1 1-3 1-4 1-1 0-0 3-2 1-1 1-1 1-3 ––––

Календар[уреди | уреди извор]

Календарот бил извлечен на 31 јули 1997 година.[25] Репрезентативните паузи биле закажани за 7 септември и 12 октомври.[25] Божиќната пауза била одбележана на 28 декември.[25]

Андата (1. коло) 1. коло Риторно (18. коло)
31 авг. 4-2 Аталанта-Болоња 0-0 1 фев.
0-2 Бари-Парма 0-1
1-3 Емполи-Рома 3-4
2-1 Интер-Бреша 1-0
2-0 Јувентус-Лече 2-0
2-0 Лацио-Наполи 0-0
1-1 Пјаченца-Милан 0-1
2-1 Сампдорија-Виченца 1-1
2-3 Удинезе-Фјорентина 0-1
Андата (2. коло) 2. коло Риторно (19. коло)
14 сеп. 2-4 Болоња-Интер 1-0 8 фев.
13 сеп. 3-3 Бреша-Сампдорија 1-2
14 сеп. 3-1 Фјорентина-Бари 1-0
13 сеп. 1-2 Лече-Удинезе 0-6
1-1 Милан-Лацио 1-2
14 сеп. 2-1 Наполи-Емполи 0-5
2-2 Парма-Аталанта 0-0
0-0 Рома-Јувентус 1-3
3-2 Виченца-Пјаченца 1-1


Андата (3. коло) 3. коло Риторно (20. коло)
21 сеп. 0-2 Аталанта-Сампдорија 0-2 11 фев.
0-0 Бари-Болоња 3-4
1-0 Емполи-Лацио 1-3
3-2 Интер-Фјорентина 1-1
4-0 Јувентус-Бреша 1-1
1-3 Пјаченца-Парма 1-1
3-1 Рома-Лече 3-1
2-1 Удинезе-Милан 0-0
1-1 Виченца-Наполи 0-2
Андата (4. коло) 4. коло Риторно (21. коло)
28 сеп. 0-0 Болоња-Рома 1-2 15 фев.
2-0 Бреша-Пјаченца 0-0
1-2 Фјорентина-Емполи 1-1
27 сеп. 3-2 Лацио-Бари 2-0
1-5 Лече-Интер 0-5
28 сеп. 0-1 Милан-Виченца 4-1
0-1 Наполи-Аталанта 0-1
27 сеп. 4-0 Парма-Удинезе 1-1
1-1 Сампдорија-Јувентус 0-3


Андата (5. коло) 5. коло Риторно (22. коло)
5 окт. 0-1 Аталанта-Бреша 2-2 22 фев.
0-1 Емполи-Милан 1-3
1-1 Интер-Лацио 0-3
2-1 Јувентус-Фјорентина 0-3
0-1 Лече-Бари 2-2
0-0 Пјаченца-Болоња 0-3
6-2 Рома-Наполи 2-0
3-2 Удинезе-Сампдорија 3-0
0-0 Виченца-Парма 1-2
Андата (6. коло) 6. коло Риторно (23. коло)
19 окт. 0-5 Бари-Јувентус 0-1 28 фев.
4-0 Бреша-Виченца 1-2 1 мар.
0-0 Фјорентина-Рома 1-4
18 окт. 0-2 Лацио-Аталанта 0-0 28 фев.
19 окт. 1-2 Милан-Лече 0-0 1 мар.
18 окт. 0-2 Наполи-Интер 0-2 28 фев.
19 окт. 2-0 Парма-Болоња 2-1 1 мар.
3-1 Сампдорија-Пјаченца 0-1
18 окт. 2-2 Удинезе-Емполи 0-1


Андата (7. коло) 7. коло Риторно (24. коло)
2 ное. 1-3 Аталанта-Виченца 0-1 8 мар.
5-1 Болоња-Наполи 0-0
2-3 Емполи-Бари 0-2
1 ное. 1-0 Интер-Парма 0-1
4-1 Јувентус-Удинезе 1-1
2 ное. 2-0 Лече-Бреша 2-3
0-0 Пјаченца-Фјорентина 1-1
1 ное. 1-3 Рома-Лацио 0-2
2 ное. 0-3 Сампдорија-Милан 0-1
Андата (8. коло) 8. коло Риторно (25. коло)
9 ное. 1-2 Аталанта-Интер 0-4 14 мар.
1-3 Бари-Рома 1-2 15 мар.
5-0 Фјорентина-Лече 1-1
3-0 Лацио-Сампдорија 4-0 14 мар.
2-1 Милан-Бреша 2-2 15 мар.
1-2 Наполи-Јувентус 2-2 14 мар.
2-0 Парма-Емполи 0-2 15 мар.
2-0 Удинезе-Пјаченца 2-0
3-2 Виченца-Болоња 1-3 14 мар.


Андата (9. коло) 9. коло Риторно (26. коло)
23 ное. 2-2 Болоња-Фјорентина 1-1 22 мар.
0-4 Бреша-Удинезе 1-3
1-0 Емполи-Аталанта 0-1
22 ное. 2-2 Интер-Милан 3-0
23 ное. 2-2 Јувентус-Парма 2-2
2-0 Лече-Наполи 4-2
22 ное. 0-0 Пјаченца-Лацио 0-0
23 ное. 2-2 Рома-Виченца 1-1
1-0 Сампдорија-Бари 1-0
Андата (10. коло) 10. коло Риторно (27. коло)
30 ное. 0-0 Аталанта-Лече 1-1 29 мар.
2-1 Бари-Бреша 1-1
2-2 Болоња-Сампдорија 3-2
2-3 Емполи-Пјаченца 0-0
2-3 Лацио-Удинезе 2-0 28 мар.
1-1 Милан-Јувентус 1-4
1-1 Наполи-Фјорентина 0-4 29 мар.
0-2 Парма-Рома 2-2
1-3 Виченца-Интер 1-2 28 mar.


Андата (11. коло) 11. коло Риторно (28. коло)
7 дек. 3-1 Бреша-Емполи 1-3 5 апр.
1-1 Фјорентина-Парма 2-1
6 дек. 2-1 Јувентус-Лацио 1-0
7 дек. 0-1 Лече-Виченца 3-1
2-0 Милан-Бари 0-1
1-0 Пјаченца-Наполи 2-1
3-0 Рома-Аталанта 1-0
6 дек. 1-1 Сампдорија-Интер 0-3
7 дек. 4-3 Удинезе-Болоња 0-2
Андата (12. коло) 12. коло Риторно (29. коло)
14 дек. 1-2 Аталанта-Милан 0-3 11 апр.
0-0 Бари-Удинезе 0-2
2-0 Болоња-Лече 1-1
4-1 Емполи-Сампдорија 0-3
3-0 Интер-Рома 2-1
1-0 Лацио-Бреша 1-1
0-4 Наполи-Парма 1-3
1-1 Пјаченца-Јувентус 0-2
1-5 Виченца-Фјорентина 1-1


Андата (13. коло) 13. коло Риторно (30. коло)
21 дек. 0-0 Бари-Пјаченца 1-0 19 апр.
1-1 Бреша-Рома 0-5
5-0 Фјорентина-Аталанта 0-1
5-2 Јувентус-Емполи 1-0
4-0 Лацио-Виченца 1-2
0-0 Милан-Болоња 0-3
2-1 Парма-Лече 2-0
6-3 Сампдорија-Наполи 2-0
1-0 Удинезе-Интер 0-2
Андата (14. коло) 14. коло Риторно (31. коло)
4 јан. 2-2 Аталанта-Пјаченца 0-3 26 апр.
2-1 Болоња-Бреша 3-1
1-1 Фјорентина-Сампдорија 0-2
1-0 Интер-Јувентус 0-1
2-2 Лече-Емполи 1-5
1-2 Наполи-Милан 0-0
1-1 Парма-Лацио 2-1
1-2 Рома-Удинезе 2-4
1-2 Виченца-Бари 0-0


Андата (15. коло) 15. коло Риторно (32. коло)
11 јан. 0-0 Бари-Аталанта 0-2 3 мај
1-3 Бреша-Фјорентина 1-5
0-0 Емполи-Болоња 2-2
2-0 Јувентус-Виченца 0-0
4-0 Лацио-Лече 0-1 2 мај
0-0 Милан-Рома 0-5 3 мај
0-1 Пјаченца-Интер 0-0
5-2 Сампдорија-Парма 2-2
1-1 Удинезе-Наполи 3-1
Андата (16. коло) 16. коло Риторно (33. коло)
18 јан. 1-1 Аталанта-Удинезе 0-1 10 мај
1-3 Болоња-Јувентус 2-3
1-3 Фјорентина-Лацио 4-1
0-1 Интер-Бари 1-2
1-3 Лече-Сампдорија 1-1
0-3 Наполи-Бреша 1-2
3-1 Парма-Милан 1-1
1-1 Рома-Пјаченца 3-3
1-0 Виченца-Емполи 2-3


Андата (17. коло) 17. коло Риторно (34. коло)
25 јан. 2-0 Бари-Наполи 2-2 16 мај
2-1 Бреша-Парма 3-1
1-1 Емполи-Интер 1-4
3-1 Јувентус-Аталанта 1-1
1-0 Лацио-Болоња 1-2
0-2 Милан-Фјорентина 0-2
1-0 Пјаченца-Лече 3-1
1-1 Сампдорија-Рома 0-2
3-0 Удинезе-Виченаца 3-1

Статистика[уреди | уреди извор]

Екипна[уреди | уреди извор]

Лидери на табелата[уреди | уреди извор]

————————————————————————————————————————————————————————————————————
ИнтерЈувентус
10ª11ª12ª13ª14ª15ª16ª17ª18ª19ª20ª21ª22ª23ª24ª25ª26ª27ª28ª29ª30ª31ª32ª33ª34ª

Индивидуална[уреди | уреди извор]

Листа на стрелци[уреди | уреди извор]

Гол Пенали Играч Клуб
27 2 Германија Оливер Бирхоф Удинезе Удинезе
25 7 Бразил Роналдо Интер Интер
22 11 Италија Роберто Баџо Болоња Болоња
21 Аргентина Габриел Батистута Фјорентина Фјорентина
21 4 Италија Алесандро Дел Пјеро Јувентус Јувентус
20 4 Италија Винченцо Монтела Сампдорија Сампдорија
18 Италија Филипо Инѕаги Јувентус Јувентус
16 5 Италија Дарио Хубнер Бреша Бреша
15 1 Белгија Луис Оливеира Фјорентина Фјорентина
14 3 Аргентина Абел Балбо Рома Рома
14 3 Италија Кармине Еспозито Емполи Емполи
13 1 Италија Франческо Тоти Рома Рома
12 Шведска Кенет Андерсон Болоња Болоња
12 1 Аргентина Ернан Креспо Парма Парма
12 Бразил Пауло Сержо Рома Рома
11 Чешка Павел Недвед Лацио Лацио
10 Хрватска Ален Бокшиќ Лацио Лацио
10 Либерија Жорж Веа Милан Милан
10 1 Италија Клаудио Белучи Наполи Наполи
10 1 Аргентина Паоло Поџи Удинезе Удинезе
10 2 Италија Енрико Кјеза Парма Парма
10 2 Италија Франческо Палмиери Лече Лече

Оливер Бирхоф од Удинезе бил најдобар стрелец во сезоната со 27 постигнати гола

Најдобри асистенти[уреди | уреди извор]

Поз. Играч Клуб Асистенции
1 Италија Алесандро Дел Пјеро Јувентус Јувентус 12
Италија Роберто Манчини Лацио Лацио
3 Италија Франческо Тоти Рома Рома 10
Бразил Кафу Рома Рома
Италија Енрико Кјеза Парма Парма
Италија Франческо Мориеро Интер Интер
7 Франција Ибрахим Ба Милан Милан 9
Франција Зинедин Зидан Јувентус Јувентус
Италија Роберто Баџо Болоња Болоња
Португалија Руи Кошта Фјорентина Фјорентина
Шведска Кенет Андерсон Болоња Болоња

Факти и бројки[уреди | уреди извор]

  • Екипа со најмногу победи: Јувентус, Интер (21)
  • Екипа со најмалку победи: Наполи (2)
  • Екипа со најмногу порази: Наполи (24)
  • Екипа со најмалку порази: Јувентус (2)
  • Екипа со најмногу нерешени: Пјаченца (16)
  • Екипа со најмалку нерешени: Интер (6)
  • Екипа со најсилен напад: Јувентус, Рома (67 постигнати гола)
  • Екипа со најдобра одбрана: Интер (27 примени гола)
  • Екипа со најдобра гол-разлика: Јувентус (+39)
  • Екипа со најслаб напад: Аталанта, Наполи (25 постигнати гола)
  • Екипа со најслаба одбрана: Наполи (76 примени гола)
  • Екипа со најслаба гол-разлика: Наполи (−51)

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Attendance Statistics of Serie A - 1986-87 to 1997-98“ (англиски).
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 Panini, 2005, I campioni, p. 6.
  3. Piero Serantoni (28 декември 1998). „Boksic, una stella a valore zero“. La Stampa. стр. 29.
  4. 4,00 4,01 4,02 4,03 4,04 4,05 4,06 4,07 4,08 4,09 4,10 4,11 4,12 4,13 Panini, 2012, p. 10.
  5. „Inzaghi-Del Piero, la coppia vale 49 gol“. Corriere della Sera. 30 март 1998. стр. 41. Архивирано од изворникот на 15 јули 2014.
  6. Panini, 2005, Il big, p. 7.
  7. Giovanni Scotto (23 септември 2014). „Calciomercato Story - 1997: Ronaldo all'Inter. Il Fenomeno, quello vero“ (италијански). Архивирано од изворникот на 26 октомври 2014.
  8. Nicola Cecere (3 јули 1997). „Simoni, prima lezione all'Inter“ (италијански). La Gazzetta dello Sport.
  9. "Guarda che l'Inter vende Roberto Carlos". E Capello lo portò a Madrid“ (италијански). 23 декември 2016.
  10. „Donadoni è tornato“ (италијански). 13 октомври 1997. Архивирано од изворникот на 12 март 2016. Посетено на 2 јуни 2018.
  11. Alessio Da Ronch (10 јуни 1997). „Malesani guarda in faccia Firenze“. La Gazzetta dello Sport. стр. 9.
  12. 12,0 12,1 Fabio Monti (19 јуни 1997). „Roma alla brasiliana, arrivano Cafu e Paulo Sergio“. Corriere della Sera.
  13. Marco Sicari (19 јуни 1997). „Sensi, tutto in 48 ore“ (италијански). la Repubblica. стр. 7.
  14. 14,0 14,1 „A volte ritornano: Si riparla di Boksic“ (италијански). la Repubblica. 3 јуни 1997.
  15. Benedetto Ferrara (12 јуни 1997). „Barcellona, il dopo Ronaldo sarà Batistuta“. la Repubblica.
  16. „Baggio ha scelto il Bologna“. 19 јули 1997. Архивирано од изворникот на 6 септември 2003. Посетено на 2 јуни 2018.
  17. Panini, 2005, Il boom, p. 7.
  18. „Vierchowod va a Piacenza. Nuovo contratto a 38 anni“. la Repubblica. 6 септември 1997. стр. 45.
  19. „Juve, ecco Davids: "Non deluderò" (италијански). la Repubblica. 13 декември 1997. стр. 52.
  20. 20,0 20,1 Alberto Costa (1 декември 1997). „E Davids diventa bianconero per 10 miliardi“. Corriere della Sera. стр. 39. Архивирано од изворникот на 29 ноември 2014.
  21. Carlo Laudisa (17 февруари 1998). „Branca saluta l'Inter, "Grazie a Moratti". La Gazzetta dello Sport.
  22. Carlo Laudisa (16 декември 1997). „Ganz al Milan fino al 2000“. La Gazzetta dello Sport.
  23. 23,0 23,1 Giulio Cardone (3 декември 1997). „Signori: "Lazio arrivederci, tornerò presto".
  24. Победник на Купот на Италија.
  25. 25,0 25,1 25,2 „Via all'anno Mondiale Ed è subito Roma - Juve“. la Repubblica. 1 август 1997. стр. 40.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]