Даеву

Од Википедија — слободната енциклопедија

Даеву или Групата Даеву — поранешен јужнокорејски конгломерат (чебол), составен од голем број претпријатија во различни сектори. Групата била основана на 22 март 1967 година, под името Даеву индастријал, од Ким Ву-јунг, а во 1999 година била расформирана поради банкрот. Пред Азиската финансиска криза, Даеву бил вториот најголем јужнокорејски конгломерат (по Хјундаи), а бил активен во повеќе сектори, како што се: производство на автомобили и пловни објекти, телекомуникации, градежништво, хотелиерство, производство на оружје, електроника итн. Притоа, групата имала околу 20 подружници, а по нејзиното распуштање, некои од подружниците продолжиле да работат како самостојни претпријатија.[1]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Daewoo Group“. referenceforbusiness.com. Посетено на 5. 3. 2017. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)