Еузебио Ди Франческо

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Италија Еузебио Ди Франческо
Eusebio Di Francesco (cropped).jpg
Лични податоци
Роден на 8 септември 1969 (1969-09-08) (49 г.)
Роден во Пескара, Италија
Висина &100000000000001780000001,78 м
Играчки податоци
Позиција среден ред
Сегашен клуб Рома Рома (тренер)
Повлекување 2005 (36 години) - како играч
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1987-1991 Емполи Емполи 102 (3)
1991-1995 Лукезе Лукезе 139 (12)
1995-1997 Пјаченца Пјаченца 67 (5)
1997-2001 Рома Рома 168 (14)
2001-2003 Пјаченца Пјаченца 61 (12)
2003-2004 Анкона Анкона 10 (0)
2004-2005 Перуџа Перуџа 30 (1)
Репрезентација
1998-2000 Италија Италија 12 (1)
Раководител на екипите
2008–2009 Виртус Ланчано Виртус Ланчано
2010–2011 Пескара Пескара
2011 Лече Лече
2012-2014 Сасуоло Сасуоло
2014- 2017 Сасуоло Сасуоло
2017– Рома Рома
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 6 јануари 2011.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 17 ноември 2010

Еузебио Ди Франческо (роден на 8 септември 1969 година во Пескара) е италијански фудбалски тренер и поранешен играч, моментален тренер на Рома.

Биографија[уреди | уреди извор]

Еузебио Ди Франческо е роден на 8 септември 1969 година во Пескара. Името го добил по познатиот португалски фудбалер.

Тој е татко на Федерико Ди Франческо, моментален фудбалер на Болоња.

Кариера[уреди | уреди извор]

Играч[уреди | уреди извор]

Ди Франческо го направил своето деби во Серија А на само 18 години носејќи го дресот на Емполи во сезоната 1987-1988, но истата сезона одиграл само еден натпревар. Сезоната завршила со испаѓање на тоскански тим и следната година Ди Франческо имал повеќе шанси да игра и забележал 34 настапи. Емполи ја завршил сезоната со уште едно испѓање во понизок ранг овојпат во Серија Ц1, каде одиграл 33 натпревари во првата сезона и постигнал 2 гола, а во втората сезона во истотолку натпревар успеал да се запише во листата на стрелци само еднаш. Следната сезона тој преминал во редовите на Лукезе во Серија Б за кој одиграл четири сезони како незаменлив стартер и постигнал 12 гола, од кои 7 само во сезоната 1994-1995.

По добрите партии во последните сезони во Лукезе тој бил купен од страна на Пјаченца, клуб кој по тоа време се натпреварувал во Серија А: тој поминал две сезони во клубот постигнувајќи 5 гола во 67 натпревари. Пред почетокот на сезоната 1997-1998 во Серија А, Ди Франческо се преселил во редовите на Рома, тим со кој го достигнал врвот во својата кариера со освојувањето на титулата во Серија А во сезоната 2000-2001 и вкупно собирал на 168 настапи во кој постигнал и 14 гола. За време на престојот во Рим, Ди Франческо исто така, играл во натпревари од Купот на УЕФА и добил повик во националниот фудбалски тим на Италија.

Кон крајот на својата кариера, тој се вратил назад во Пјаченца во летото 2001 година и поминал во клубот уште 2 сезони до 2003 година играќи 61 натпревар во кој реализирал 12 гола. Следната сезона тој преминува во новиот прволигаш Анкона, а во јануари 2004 направил трансфер во Перуџа тимот во кој ја завршил својата играчка кариера во мај 2005 за да стане тимски менаџер на Рома.

Тренер[уреди | уреди извор]

Во летото 2008 година тој станал тренер на Ланчиано. На 27 јануари 2009 е ослободен од обврската и на негово место бил назначен Дино Паљари.

На 18 септември 2009 година тој бил назначен за нов технички директор во младинскиот тим на Пескара. На 12 јануари 2010, тој го наследил тренерот на првиот тим Антонело Кукуреду и станува нов тренер на првиот тим на Пескара. Тој го одвел тимот до промоција во Серија Б по плеј-оф натпревари. Набргу потоа, тој го продолжил неговиот договор со Пескара за уште две години.

Сепак, на 22 јуни 2011, од тимот на Пескара било објавено дека е постигнат договор за следната сезона со чешкиот тренер Зденек Земан, по што ДИ Франческо ја напуштил функцијата.

На 24 јуни 2011 тој станал тренер на Лече, потпишувајќи двегодишен договор. На 4 декември по поразот со 4-2 од Наполи, тимот бил на последното место во лигата со 8 бода и собрал девет порази во 13 натпревари, Ди Франческо добил отказ од раководството на Лече и бил заменет со Серсе Козми.

На 19 јуни 2012 тој бил назначен за тренер на Сасуоло со кој ја освоил титулата во Серија Б во сезоната 2012-2013 и изборил промоција во Серија А. Во јануари 2014 бил отпуштен поради лошите резултати, но во март истата година се вартил на функцијата откако ниту неговиот заменик Алберто Малезани не ги оправдал очекувањата. И покрај тешката ситуација во која се наоѓал Сасуоло кон дното на табелата, Ди Франческо успеал да ги спаси неровердите од испаѓање со една невероватна серија на резултати во финишот на сезоната.

Титули[уреди | уреди извор]

Играч[уреди | уреди извор]

Италија Рома[уреди | уреди извор]

Тренер[уреди | уреди извор]

Италија Сасуоло[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]