Пауло Дибала

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

[1]

Аргентина Пауло Дибала
Dybala 2017 (edited).jpg
Лични податоци
Роден на 15 ноември 1993 (1993-11-15) (воз. 24 г.)
Роден во Лагуна Ларга, Аргентина
Висина &100000000000001770000001,77 м[2]
Позиција напаѓач
Клупски податоци
Сегашен клуб Јувентус Јувентус
Број 10
Агент Аргентина Густаво Маскарди[3]
Младинска кариера
Институто Институто
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2011–2012 Институто Институто 38 (17)
2012-2015 Палермо Палермо 90 (21)
2015– Јувентус Јувентус 77 (41)
Репрезентација
2011 Аргентина Аргентина 17 0 (0)
2012 Аргентина Аргентина 20 0 (0)
2015- Аргентина Аргентина 11 (0)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 6 јануари 2011.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 17 ноември 2010

Пауло Бруно Ексекиел Дибала (роден на 15 ноември 1993 во Лагуна Ларга) е аргентински фудбалер, напаѓач на Јувентус и на аргентинската репрезентација.

Биографија[уреди | уреди извор]

Во Аргентина, тој бил наречен La Joya (превод на мак. скапоцен камен).[4][5][6][7]

Неговиот дедо Болеслав Дибала е по потекло од Полска;[8] додека неговото семејство, исто така, има италијанско потекло.[9] Благодарение на мајката на неговата баба, му било дозволено да добие италијанско државјанство на 13 август, 2012 година.[10]

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Почетоците во Институто[уреди | уреди извор]

Растејќи како дете започнал да игра фудбал во екипата на Институто од Кордоба. На возраст од десет години бил поканет на проби во Њуелс Олд Бојс, но неговиот татко претпочитал тој да остане во Институто заради блискоста до дома. Кога имал петнаесет години, тој го загубил својот татко, па одлучил да се пресели во Кордоба каде ќе живее и ќе и се посвети на својата професионална кариера.

Сезоната 2011-2012 во која Институто се натпреварувале во Примера Б Насионал била неговата прва сезона како професионалец, со договор вреден 900 годишно, (или 4.000 пезоси годишно) односно минималната плата во клубот. Тој дебитирал за првиот тим на Институто на 13 август 2011, во натпреварот Институто-Уракан 2-0, во првото коло од сезоната, играјќи како стартер до 71-вата минута кога бил заменет со Марсело Бергезе.

Својот прв гол Дибала го постигнал во следното коло, на 20 август, во натпреварот Алдосиви-Институто 2-2; неговиот гол бил за моментален резултат 1-1. Во натпреварот против Атланта, кој се одиграл на 8 октомври во рамките на десеттото коло од првенството, Дибала за прв пат бил повеќекратен стрелец, постигнувајќи хет-трик во убедливата победа со 4-0 во гости.

Регуларниот дел од сезоната го затворил со 38 настапи и 17 гола, вклучувајќи уште еден хет-трик во победата со 4-1 на гостувањето кај Спортиво Десампарадос на 26 март 2012 (26-то коло); иако за него ова била дебитантска сезона, бил еден од најдобрите играчи во лигата. Исто така, тој поставил четири рекорди: станал најмладиот играч кој постигнал гол кршејќи го рекордот на легендарниот Марио Кемпес, бил првиот кој одиграл 38 последователни натпревари во професионалната лига на земјата повторно надминувајќи го Кемпес, бил првиот кој успеал да постигне два хет-трика во една сезона и да постигне гол во шест натпревари по ред (од 22-рото до 27-мото коло), надминувајќи го претходниот рекорд за постигнување гол во четири последователни натпревари кој бил поставен од неколку различни играчи.

Палермо[уреди | уреди извор]

Пауло Дибала изведува корнер за Палермо.

Откако бил откриен од страна на скаутот од Јужна Америка, Густаво Маскарди (кој во моментов е негов агент), тој му го препорачал на својот добар пријател Шон Солјано, тогашниот спортски директор на италијанската екипа Палермо, па клубот од Сицилија го купува Дибала од Институто уште во текот на сезоната. На 28 април 2012 година претседателот на Палермо неофицијално најавил купување на играчот за сума од 12 милиони (вклучувајќи ги сите такси и бонуси, што претставува рекорден трансфер на клубот), плус аванс од 3.5 милиони евра кој веќе биле платени претходно. Два дена подоцна завршила исплатата на последната од петте рати од страна на британската компанија Пенсилхил Лимитед, која ги добила сите права на играчот; веднаш потоа аргентинската екипа најавила дека договорот за премин на Дибала во Палермо веќе не е во нивна надлежност.

Институто ја завршил сезоната на третото место после поразот во последното коло од сезоната поради што не успеале да изборат промоција во Првата лига на Аргентина; Дибала учествувал потоа и во двата натпревари од плејофот против Сан Лоренцо завршувајќи со вкупен резултат 3-1.

Откако ги поминал медицински тестови во месец мај, на 20 јули 2012 официјално потпишал договор со Палермо на четири години, за плата од 500.000 € која би можела да се зголеми во зависност според постигнатите цели, и лични и на тимот. По потпишувањето на договорот го избрал дресот со број 9., кој ќе го носи за време на целата своја кариера во Палермо.

Дибала во акција против Фјорентина во 2015.

Своето деби во италијанскиот шампионат во дресот на Палермо го направил во второто коло од сезоната 2012-2013 во натпреварот Лацио-Палермо (3-0), влегувајќи во игра од клупата за резерви во 58-мата минута на местото на Фабрицио Миколи. Во осмата рунда на шампионатот, ремито 0-0 против Торино, за прв пат играл како стартер до 55-тата минута кога бил заменет од Миколи. На 11 ноември, во дванаесеттото коло од сезоната, тој постигнал двата гола (негови први во Серија А) во својот втор натпревар како стартер, помагајќи им на росанеро да ја победат Сампдрорија со 2-0. Сезоната завршила со испаѓање на Палермо во Серија Б, откако на 12 мај 2013 биле поразени со 1-0 на гостувањето кај Фјорентина во 37-мото коло. Дибала ја завршил сезоната со 27 настапи и 3 гола (последниот бил против Лацио во 21-вото коло) во Серија А и еден настап во Купот на Италија. По завршувањето на италијанското првенство Дибала се вратил дома на одмор, каде што, како гостин на неговиот стар тим, бил прикажан во "Las Glorias del Futbol", галеријата, во која се претставени најистакнатите играчи во историјата на црвено-белите.[11]

Својот прв гол во сезоната 2013-2014 во Серија Б го постигнал на 1 март 2014 година, во победата со 2-1 над Бари и тој се покажал како одлучувачки. На 3 мај 2014 година, со победата над Новара на гости со 1-0, Палермо изборил промоција во Серија А - враќање во елитата по само една сезона отсуство. Сезоната ја завршил со 28 првенствени настапи (на кој постигнал 5 гола) и два во италијанскиот куп.

Сезоната 2014-2015 ја започнал со гол уште во првото коло од Серија А, ремито 1-1 на домашен терен со Сампдорија на 31 август 2014 година. На 2 ноември го изедначенил својот број на постигнати голови во една сезона во Серија А, 3, постигнувајќи гол во победата со 2-0 над Милан на Сан Сиро. На 24 ноември го постигнал својот петти гол за сезоната, во натпреварот Џенова-Палермо 1-1. Шест дена подоцна во победата над Парма со 2-1 го постигнал својот шести гол со што го надминал својот личен рекорд за постигнати голови во една сезона од неговото доаѓање во Италија. На 6 декември 2014 година, во натпреварот од 14-тото коло против Торино (што завршил 2-2), го постигна својот седми гол во сезоната; точно еден месец подоцна постигнал два гола во победата со 5-0 над Каљари. На 2 мај, 2015 година, на гостувањето кај Сасуоло (0-0) во 34-тото коло од сезоната, за прв пат бил капитен на тимот, поради отсуството на Едгар Барето, Стефано Сорентино и Синиша Анѓелковиќ. Сезоната ја завршил со 34 настапи во Серија А на кој постигнал 13 гола и 10 асистенции.

Јувентус[уреди | уреди извор]

На 4 јуни, 2015 официјално Дибала потпишал петгодишен договор со Јувентус за сума од 32 милиони евра. Играчот бил претставен на 14 јули, со дресот со број 21, претходно носен од легендарниот Андреа Пирло. На 8 август, го направил своето деби за Јувентус во официјален натпревар, влегувајќи од клупата за резерви на местото на Кингсли Коман во 61-вата минута од Суперкупот на Италија против Лацио во Шангај. Во 73-тата минута тој го постигнал вториот гол за Јуве во победата со 2-0, на асистенција на Пол Погба.[12] Својот прв првенствен погодок го постигнал на 30 август против Рома во поразот на гости со 2-1.[13]

На 15 септември 2015 го направил своето деби во европските натпреварувања, на гостувањето во Англија кај Манчестер Сити во победата со 2-1 во првото коло од групната фаза на Лигата на шампионите, влегувајќи во игра од клупата за резерви во 77-мата минута на местото на Марио Манџукиќ.[14] Својот прв погодок за сезоната во Купот на Италија го постигнал на 16 декември 2015 против Торино за моментален резултат 3-0, во победата со 4-0, во натпревар од осминафиналето на турнирот.[15] На 23 февруари 2016 тој го постигнал својот прв погодок во својата кариера во европските натпреварувања во натпреварот Јувентус-Бајерн Минхен 2-2, стрелајќи прецизно за моментален резултат 1-2 и враќање на Јувентус во натпреварот.[16] Со двата гола против Сампдорија во победата на домашен терен со 5-0 во последното коло од Серија А 2015-2016, Дибала завршил на второто место на листата на стрелците со 19 постигнати гола (зад Гонсало Игуаин кој имал 36), но она што е поважно го освоил своето прво скудето во кариерата. Дибала играл и во Финалето на Купот на Италија, каде неговиот Јувентус го победил Милан со 1-0 по продолженија. Својата прва сезона во црно-белиот дрес ја завршил со 46 настапи во сите натпреварувања и 23 постигнати гола.

Следната сезона на Дибала му бил понуден дресот со број 10, по заминувањето на Пол Погба во Манчестер Јунајтед во летото 2016 година, меѓутоа аргентинецот го одбил претпочитајќи да го задржи дресот со број 21 што го носел за време на неговата прва сезона во клубот.[17] По тешкиот почетокот на сезоната без постигнат гол, својот прв погодок за сезоната 2016-2017 го постигнал на 27 септември, во победата со 4-0 на гости над Динамо Загреб во групната фаза на Лигата на шампионите.[18] Тој го постигнал својот прв гол во Серија А за време на викендот од истата недела, на 2 октомври, во победата со 3-0 над Емполи.[19] На 22 октомври во поразот со 1-0 од Милан Дибала се здобил со повреда поради која пропуштил повеќе натпревари во првиот дел од сезоната.[20] Тој се вратил во акција на 7 декември во последното коло од групната фаза на Лигата на шампионите против Динамо Загреб во Торино, играјќи ги последните 10-тина минути од натпреварот во победата со 2-0. На 23 декември, во Суперкупот на Италија игран во Доха (натпреварот завршил 1-1 по продолженијата), Дибала го промашил одлучувачкиот пенал во пенал-серијата со кој Јувентус бил поразен.[21] На 28 февруари 2017, Дибала постигнал два гола во првиот натпревар од полуфиналето на италијанскиот куп на домашен терен против Наполи (3-1 за Јувентус), реализирајќи два удари од белата точка. На 11 април, го одбележува својот прв натпревар во кој постигнал два гола во Лигата на шампионите против Барселона во победата со 3-0 во првиот натпревар од четвртфиналето.[22] На 13 април Дибала потпишал нов договор со Јувентус во трајност до 2022 година.[23][24] На 17 мај Јувентус го освоил првиот трофеј за сезоната триумфирајќи во Купот на Италија со победа од 2-0 над Лацио во финалето, втора титула по ред во ова натпреварување за Дибала;[25] четири дена подоцна тој постигнал еден од трите гола на Јувентус во победата со 3-0 над Кротоне, победа со која клубот го освоил своето шесто скудето по ред (второ за Дибала).[26] На 3 јуни во Кардиф, Дибала бил стартер за Јувентус во неговото прво финале во Лигата на шампионите, во кое сепак бјанконерите биле поразени со 1-4 од Реал Мадрид.[27]

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

Во 2011 година тој бил повикан од страна на аргентинската репрезентација под 17 години за 16-тите Панамерикански игри,[28] но потоа не учествувал.

На 19 јули 2012 година го добил првиот повик од репрезентацијата под 20 години, но во сите натпревари во кој бил повикан останал неискоритена замена.[29]

На 22 септември 2015, Дибала го добил својот прв повик во сениорската репрезентација на Аргентина од Херардо Мартино.[30] Заради неговото полско и италијанско потекло, исто така, Дибала бил во можност да настапува и за полската и за италијанската репрезентација, но играчот изјавил отворено дека се чувствува како аргентинец и дека тој отсекогаш сонувал да игра за гаучосите.[31] Дебитирал за сениорската репрезентација на 13 октомври 2015, во натпреварот Парагвај - Аргентина (0-0), во квалификациите за Светското првенство во Русија, влегувајќи во игра во 74-тата минута на местото на Карлос Тевес.[32]

Хронологија на репрезентативните настапи[уреди | уреди извор]

Клупска статистика[уреди | уреди извор]

Статистиката е ажурирана на 6 јуни 2015.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
2011-2012 Аргентина Институто БН 38+2[33] 17+0 КА 0 0 - - - - - - 40 17
2012-2013 Италија Палермо А 27 3 КИ 1 0 - - - - 28 3
2013-2014 Б 28 5 КИ 2 0 - - - - - - 30 5
2014-2015 А 34 13 КИ 1 0 - - - - - - 35 13
Вкупно Палермо 89 21 4 0 - - - - 93 21
2015-2016 Италија Јувентус А 34 19 КИ 4 2 ЛШ 7 1 СИ 1 1 46 23
2016-2017 А 31 11 КИ 5 4 ЛШ 11 4 СИ 1 0 48 19
2017-2018 А 2 4 КИ 0 0 ЛШ 0 0 СИ 1 2 3 6
Вкупно Јувентус 67 34 9 6 18 5 3 3 97 48
Вкупно во кариерата 194 72 13 6 18 5 3 3 228 86

Хет-трикови[уреди | уреди извор]

Титули[уреди | уреди извор]

Италија Палермо[уреди | уреди извор]

Италија Јувентус[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. https://twitter.com/paudybala_jr Твитер профил на Пауло Дибала
  2. Профил на Palermocalcio.it
  3. (шпански) „Клиентите на Густаво Маскарди“. grupomascardi.com. http://grupomascardi.com/clientes/jugadores-representados/. 
  4. (шпански) ¡Joya en la mira! El Benfica sigue al joven Dybala Foxsportsla.com
  5. (шпански) La joya que tienta lmcordoba.com.ar
  6. (шпански) Los maestros de la “joya” lmcordoba.com.ar
  7. (шпански) "La Joya está bien" ole.com.ar
  8. (полски) Paulo Dybala - "nowy Messi" z polskimi korzeniami sport.onet.pl
  9. Scatta il raduno rosanero: 25 convocati. Assente giustificato il talento Dybala corrieredelmezzogiorno.corriere.it
  10. „Palermo, Dybala è cittadino italiano“. 14 agosto 2012. http://www.tuttomercatoweb.com/serie-a/esclusiva-tmw-palermo-dybala-e-cittadino-italiano-376629. 
  11. (шпански) Paulo Dybala y Julio Chiarini, glorias del fútbol mundod.lavoz.com.ar
  12. Juventus 2-0 Lazio: Mario Mandzukic and Paulo Dybala hand Juve win as new strikers seal Italian Super Cup for Serie A champions“, „Daily Mail“, 8 август 2015 (конс. 8 август 2015 г).
  13. „Roma 2 - 1 Juventus“. http://www.legaseriea.it/it/serie-a-tim/match-report/2015-16/UNICO/UNI/2/ROMJUV. 
  14. „Manchester City-Juventus 1-2: il tabellino“. http://www.calciomercato.com/news/manchester-city-juventus-1-2-il-tabellino-912253. 
  15. Stefano Cantalupi (16 dicembre 2015). „Coppa Italia, Juve ai quarti: 4-0 al Torino nel derby“. La Gazzetta dello Sport. http://www.gazzetta.it/Calcio/Coppa-Italia/16-12-2015/coppa-italia-juve-quarti-4-0-torino-derby-zaza-pogba-dybala-1301315299265.shtml. конс. 17 dicembre 2015 г. 
  16. „Dybala-Sturaro cuore Juventus: 2-2. E i gol del Bayern erano irregolari“. 23 febbraio 2016. http://www.tuttosport.com/news/calcio/champions-league/2016/02/23-8820117/dybala-sturaro_cuore_juventus_2-2_e_i_gol_del_bayern_erano_irregolari/. конс. 24 febbraio 2016 г. 
  17. Marco Demicheli (5 септември 2016). „Juve, Dybala turns down the number 10 jersey. From Del Piero to Pogba it's the end of an era“. Calciomercato. http://www.calciomercato.com/en/news/juve-dybala-turns-down-the-number-10-jersey-from-del-piero-to-po-729257. конс. 6 септември 2016 г. 
  18. „Watch: Dybala nets absolute screamer as Juventus crushes Dinamo Zagreb“. The Score. 27 декември 2016. http://www.thescore.com/news/1112908. конс. 8 декември 2016 г. 
  19. „Empoli 0 Juventus 3: Dybala, Higuain on target in comfortable victory“. Yahoo.com. 2 октомври 2016. https://sports.yahoo.com/news/empoli-0-juventus-3-dybala-122322896.html. конс. 8 декември 2016 г. 
  20. Dybala accende il motore per mandare Allegri in fuga“, 16 ottobre 2016.
  21. Marco Pasotto (23 dicembre 2016). „Supercoppa, Juventus-Milan 4-5 dopo i rigori: decide l'errore di Dybala“. http://www.gazzetta.it/Calcio/Serie-A/Juventus/23-12-2016/supercoppa-juventus-milan-4-5-rigori-decide-errore-dybala-180155596582.shtml. 
  22. Emanuele Gamba. „Anche la Juve sa fare il circo Dybala domatore del Barça la semifinale è a un passo“, 12 април.
  23. Zvanicno:Dybala potpisao do 2022 godine ju1897.net
  24. Argentina international Dybala extends contract with Juventus transfermarkt.co.uk
  25. Marco Fallisi (17 maggio 2017). „Coppa Italia, Juve-Lazio 2-0: gol di Dani Alves e Bonucci, storico tris bianconero“. http://www.gazzetta.it/Calcio/Serie-A/Juventus/17-05-2017/coppa-italia-juve-lazio-2-0-gol-dani-alves-bonucci-storico-tris-bianconero-200372957935.shtml. 
  26. Jacopo Gerna (21 maggio 2017). „Juventus-Crotone 3-0, bianconeri nella leggenda: gol di Mandzukic, Dybala e Alex Sandro“. http://www.gazzetta.it/Calcio/Serie-A/Juventus/21-05-2017/juventus-crotone-3-0-bianconeri-leggenda-gol-mandzukic-dybala-alex-sandro-200456108092.shtml. 
  27. Fabio Balaudo (3 giugno 2017). „Real, poker e leggenda: la Juve si inchina“. http://it.uefa.com/uefachampionsleague/season=2017/matches/round=2000787/match=2019641/postmatch/report/index.html. 
  28. Dybala se ilusiona con ir a los Panamericanos de Guadalajara“. (на spa)
  29. „Palermo: Dybala declina chiamata in Nazionale“. http://www.mediagol.it/articolo.asp?idNotizia=218172. 
  30. El Tata no está pipón“, 22 settembre 2015 (конс. 30 settembre 2015 г).
  31. Italia, Dybala dice no: «Grazie Conte, ma sogno l'Argentina»“, 29 novembre 2014 (конс. 30 novembre 2014 г).
  32. „Copa Mundial de la FIFA Rusia 2018™ - Partidos - Paraguay-Argentina - FIFA.com“ (на es). http://es.fifa.com/worldcup/matches/round=276453/match=300336833/index.html. конс. 24 ottobre 2015 г. 
  33. Плјеоф за промоција во Примера Дивизион.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]