Прејди на содржината

Науел Гусман

Од Википедија — слободната енциклопедија
Науел Гусман
Лични податоци
Полно име Науел Игнасио Гусман Паломеке[1]
Роден на 10 февруари 1986(1986-02-10)(40 г.)[2]
Роден во Росарио, Аргентина
Држава Аргентина Аргентина
Висина &100000000000001920000001,92 м[2]
Позиција голман
Клупски податоци
Сегашен клуб Тигрес Тигрес
Број 1
Младинска кариера
Њуелс Олд Бојс Њуелс Олд Бојс
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2005-2014 Њуелс Олд Бојс Њуелс Олд Бојс 81 (0)
2008-2009Инд. Ривадавија Инд. Ривадавија 30 (0)
2015– Тигрес Тигрес 372 (1)
Репрезентација
2003 Аргентина Аргентина 17 8 (0)
2004 Аргентина Аргентина 20 4 (0)
2014-2017 Аргентина Аргентина 6 (0)

Науел Игнасио Гусман (Росарио, 10 февруари 1986) — аргентински фудбалер, голман на Тигрес и поранешен репрезентативен голман на Аргентина.

Клупска кариера

[уреди | уреди извор]

Гусман дебитирал како професионален фудбалер со екипата на Њуелс Олд Бојс во август 2006 година, на натпреварот против Белграно. Во периодот 2008-2009, тој играл на позајмица во Индепендиенте Ривадавија. По враќањето во Њуелс Олд Бојс, тој се мачел да дојде до минути, вршејќи ја улогата на резервен голман уште три сезони пред конечно да дојде неговото време да стане "единицата" на клубот. Тој бил клучен играч на Њуелс Олд Бојс во сезоната 2012-2013, помагајќи му на клубот да го освои Торнео Финал.

Во јули 2014 година, Гусман потпишал за мексиканскиот клуб Тигрес УАНЛ.

Репрезентативна кариера

[уреди | уреди извор]

Бил член на тимот на аргентинската репрезентација под 17 години, која ја претставувал на Светското првенство 2003.

Своето деби за сениорската репрезентација го направил во пријателскиот натпревар против Хонгконг, бранејќи 45 минути во победата со 7-0.[3]

Во мај 2018 година, тој се нашол на прелиминарниот список од 35 играчи на Аргентина за Светското првенство 2018 во Русија.[4] Конечно, тој се нашол меѓу патниците на првенството, меѓудругото и поради тоа што првиот голман Серхио Ромеро се здобил со повреда.[5]

Хронологија на репрезентативните настапи

[уреди | уреди извор]
Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Аргентина
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
14-10-2014ХонгконгХонгконг Хонгконг0 – 7Аргентина АргентинаПријателска-заменет 46'
18-11-2014МанчестерАргентина Аргентина0 – 1Португалија ПортугалијаПријателска-1
28-3-2015ЛандоверЕл Салвадор Ел Салвадор0 – 2Аргентина АргентинаПријателска-
7-6-2015Сан ХуанАргентина Аргентина5 – 0Боливија БоливијаПријателска-
8-9-2015АрлингтонАргентина Аргентина2 – 2Мексико МексикоПријателска-2
13-6-2017СингапурСингапур Сингапур0 – 6Аргентина АргентинаПријателска-
Вкупно Настапи 6 Голови -3

Њуелс олд бојс

[уреди | уреди извор]

Аргентина

[уреди | уреди извор]
  1. „Player profile: Official“.
  2. 1 2 „FIFA World Cup Russia 2018: List of Players: Argentina“ (PDF). FIFA. 15 July 2018. стр. 1. Архивирано од изворникот (PDF) на 11 June 2019.
  3. „Argentina thrashing of Hong Kong“. reuters.com. Архивирано од изворникот на 6 March 2016. Посетено на 21 November 2014.
  4. „Revealed: Every World Cup 2018 squad - Final 23-man lists - Goal.com“. www.goal.com.
  5. „Argentina and Man United goalkeeper Sergio Romero to miss World Cup with injury“. ESPN.com. 22 May 2018.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]