Дани Алвес

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Бразил Дани Алвес
2015 UEFA Super Cup 107.jpg
Лични податоци
Полно име Даниел Алвес да Силва[1]
Роден на 6 мај 1983 (1983-05-06) (воз. 34 г.)[2]
Роден во Жуазеиро, Бразил
Висина &100000000000001720000001,72 м[2]
Позиција десен бек
Клупски податоци
Сегашен клуб Париз Сен Жермен Париз Сен Жермен
Број 32
Младинска кариера
Баија Баија
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2001-2002 Баија Баија 25 (2)
2002-2008 Севилја Севилја 175 (11)
2008-2016 Барселона Барселона 247 (14)
2016-2017 Јувентус Јувентус 19 (2)
2017- Париз Сен Жермен Париз Сен Жермен 5 (0)
Репрезентација
2003 Бразил Бразил 20 7 (0)
2006- Бразил Бразил 100 (7)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 6 јануари 2011.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 17 ноември 2010

Даниел Алвес да Силва, попознат само како Дани Алвес (роден на 6 мај 1983 година, во Жуaзeиро) е бразилски фудбалер, играч од одбраната на Париз Сен Жермен и на бразилската репрезентација.

Биографија[уреди | уреди извор]

Алвес е роден во Жуазеиро, град во бразилската држава Баија. Неговиот татко Домингос Алвес да Силва е фармер и исто така голем љубител на фудбалот, па дури успеал во градот да организира и фудбалски клуб во кој Дани ја започнал својата кариера на возраст од десет години. Во почетокот Алвес играл како крило, но поради недостатокот на постигнати голови, неговиот татко го ре-позиционирал како десен бек, позиција на која се уште игра и денес.

Алвес не е женет, а во моментов е во врска со шпанскиот модел Хоана Санс.

Технички карактеристики[уреди | уреди извор]

Покрај тоа што нема некоја импозантна фигура поседува значителна сила а меѓу неговите карактеристики се издвојуваат отпорноста, брзината, и, исто така, значителните технички квалитети за неговата позиција. Опремен е со добар центаршут, удар од далечина и способноста за пробивање на противничката одбрана. Алвес многу често учествува во акциите во нападот на својте екипи.[3]

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Баија[уреди | уреди извор]

Алвес израснал играјќи фудбал во екипата на Баија, а своето деби за првиот тим го направил во Кампеонато Бразилеиро Серија А 2001 против Парана. Во овој натпревар, Баија победила со 3-0, а тој направил две асистенција и бил фаулиран за пенал кај последниот гол. По ова, тренерот Еваристо де Маседо го утврдил во почетниот состав на тимот. Во средината на 2002 година, тој се преселил во Севилја на позајмица.[4]

Севилја[уреди | уреди извор]

Во летото 2002 Алвес заминал на заем од една сезона во шпанската Севилја со право на постојан откуп. Своето деби во шпанското првенство го направил на 23 февруари 2003, влегувајќи во 77-мата минута во победата со 1-0 над Еспањол на домашен терен. Сезоната 2002-2003 ја завршил со 10 настапи за првиот тим во Примера Дивисион.

После сезоната 2002-2003 на заем во Севилја, Алвес отпатувал на Светското првенство за млади играчи (под 20 години) каде одиграл одлично и неговата репрезентација го освоила тој турнир. Набрзо после тоа Севилја целосно го откупила договорот на играчот за 550.000 евра. Во сезоната 2003-2004 се утврдил како стартер на позицијата десен бек и од тој момент играл редовно во стартната постава на Андалузијците. Својот прв погодок во дресот на Севилја го постигнал на 11 септември 2003, во изненадувачката победа со 4-1 над Реал Мадрид на домашен терен.

По неколку одлични сезони во Севилја, во јуни 2006 Алвес добил понуда од Ливерпул и Севилја се согласила да го продаде играчот меѓутоа клубовите неуспеале да се договорат околу сумата бидејќи шпаниците барале обесштетување од 8 милиони евра. Откако останал во клубот за сезоната 2006-2007, во декември истата година го продолжил договорот до 2012 година.

Вкупно за Севилја Алвес одиграл 249 натпревари и постигнал 16 гола; со клубот освоил два Купа на УЕФА, еден Суперкуп на Европа, еден Куп на Шпанија и еден Суперкуп на Шпанија.

Барселона[уреди | уреди извор]

Дани Алвес во дуел со Витали Калешин во натпревар од Лигата на шампионите помеѓу Барселона и Рубин Казањ

На 2 јули 2008, Барселона го купила бразилскиот дефанзивец за сума од 32 милиона евра плус разни бонуси врз основа на резултати кој би можеле да доведат до пораст на трансфер сумата до 40 милиони евра.[5] На 1 јули 2008 ја имал неговата проштална прес-конференција во Севилја, во која со солзи во очите се заблагодарил на сите во клубот кој му го овозможиле овој трансфер и рекол дека би сакал повторно да игра за Севилја.[6] Дебитирал во дресот на Барселона на 13 август 2008, против Висла Краков во третото коло од квалификациите за Лигата на шампионите.[7] Своето деби во шпанската лигата за Блауграна го имал во првото коло од сезоната 2008-2009 против Нумансија на 31 август 2008, во поразот со 1-0 на гости.[8] Својот прв погодок за новиот клуб го постигнал на 25 октомври истата година, во победата со 5-0 над Алмерија на домашен терен. На 13 мај, тој го освоил својот втор трофеј во Кралскиот куп на Шпанија, а три дена подоцна математички ја освоил својата прва титула во лигашките натпреварувања, благодарение на поразот на Реал Мадрид на гости кај Вилјареал.[9] На крајот на неговата прва сезона во клубот, на 27 мај, Барселона станала европски шампион благодарение на победата над Манчестер Јунајтед во финалето на Лигата на шампионите на Стадионот Олимпико во Рим; Дани Алвес не играл во финалето поради жолти картони.

На почетокот на сезоната 2009-2010 Алвес со Барселона ги освоил Суперкупот на Шпанија против Атлетик Билбао и Европскиот Суперкуп против Шахтар Донецк. На 19 декември 2009 го освоил Светско клупско првенство за Естудијантес; оваа победа му овозможила на каталонскиот клуб да стане првиот и единствен во историјата на фудбалот кој ги освоил сите шест трофеи, односно кој победил во сите шест конкуренции во кој играле во текот на календарската година.[10] Сезоната ја завршил освојувајќи ја својата втора титула едноподруго во шпанската Примера Дивисион.[11]

Својата трета сезона во Барса ја започнал со освојување на Суперкупот на Шпанија со победа над неговиот поранешен клуб Севилја.[12] На 22 март 2011 го продолжил својот договор со Блауграна во трајнсот до 2015.[13] На крајот на оваа сезона, Барселона уште еднаш триумфирала во Лигата на шампионите, а Дани Алвес со своите перформанси обилно придонесол за освојувањето на својата втора титула во најелитното клупско фудаблско натпреварување во Европа; во финалето го совладале Манчестер Јунајтед (како и пред две години).

На 17 август 2011 година, го освоил својот четврти наслов во Суперкупот на Шпанија против Реал Мадрид.[14] На 25 јануари 2012 во натпреварот од Купот на Шпанија против Реал Мадрид постигнал гол за водство од 2-0 за Барселона, погодок, која му овозможил на неговиот тим да се квалификува за полуфиналето.[15]

На 29 септември 2015 го одиграл својот 350-ти натпревар во дресот на Барселона во победата со 2-1 над Баер Леверкузен во групната фаза од Лигата на шампионите.[16]

Јувентус[уреди | уреди извор]

На 27 јуни 2016, Алвес потпишал двегодишен договор со Јувентус, со опција за продолжување на уште една година. Своето официјално деби за Јувентус го направил на 20 август, во победата на домашен терен со 2-1 над Фјорентина во Серија А.[17]

Титули[уреди | уреди извор]

Бразил Баија[уреди | уреди извор]

Шпанија Севилја[уреди | уреди извор]

Шпанија Барселона[уреди | уреди извор]

Италија Јувентус[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. FIFA Club World Cup UAE 2009 presented by Toyota: List of Players“ (PDF), FIFA, 1 декември 2009, стр. 1 (конс. 28 март 2014 г).
  2. 2,0 2,1 „Dani Alves - Daniel Alves da Silva - Profile“ (на en). http://www.fcbarcelona.com/football/first-team/staff/players/alves/profile. конс. 10 luglio 2015 г. 
  3. fcbarcelona.com, уред. „Daniel Alves da Silva“. http://www.fcbarcelona.com/web/castellano/futbol/temporada_10-11/plantilla/jugadors/alves.html. конс. 20 febbraio 2014 г. 
  4. bahianoticias.com.br, уред. „Daniel Alves: da Bahia para o sucesso“ (на pt). http://www.bahianoticias.com.br/esportes/noticias/2009/06/26/5463,daniel-alves-da-bahia-para-o-sucesso.html. конс. 18 febbraio 2014 г. 
  5. Daniel Alves è del Barça“, 1º luglio 2008 (конс. 4 giugno 2010 г). (на es)
  6. Daniel, en su despedida: "Soy lo que soy gracias al Sevilla"“ (конс. 18 febbraio 2014 г). (на es)
  7. „Soccernet match stats“. ESPNsoccernet. 13 август 2008. http://soccernet.espn.go.com/match?id=252050&cc=5901. конс. 11 мај 2009 г. 
  8. „Soccernet match report“. ESPNsoccernet. 2 септември 2008. http://soccernet.espn.go.com/report?id=252793&cc=5901&league=ESP.1. конс. 11 мај 2009 г. 
  9. „Barça campione di Spagna - Il Real cade a Villareal“. 16 maggio 2009. http://www.gazzetta.it/Calcio/Estero/Liga/16-05-2009/barca-campione-spagna-50412565680.shtml. 
  10. „FC Barcelona Records“. http://arxiu.fcbarcelona.cat/web/english/club/historia/records/rec_colectius.html. 
  11. „Messi da urlo, il Barcellona fa sua la Liga“. 16 maggio 2010. http://www.sport.it/calcio/calcio-estero/la-38a-giornata-della-liga-il-barcellona-e-campione-di-spagna/. 
  12. mediaset.it, уред (21 agosto 2010). „Supercoppa di Spagna al Barcellona“. http://www.sportmediaset.mediaset.it/calcio/articoli/articolo40203.shtml. 
  13. it.uefa.com, уред (22 marzo 2011). „Daniel Alves rinnova con il Barcellona“. http://it.uefa.com/news/newsid=1611124.html. 
  14. „Barcellona 3-2 Real Madrid“. 17 agosto 2011. http://it.soccerway.com/matches/2011/08/17/spain/super-cup/futbol-club-barcelona/real-madrid-club-de-futbol/1105924/. конс. 21 febbraio 2014 г. 
  15. „Dani Alves rinnova fino al 2015“. http://www.tuttochampions.it/?action=read&idnotizia=5637. конс. 18 febbraio 2014 г. 
  16. Daniel Alves reveals that he “feels lucky” to play in Barcelona!
  17. „Juventus 2 Fiorentina 1: Super sub Higuain the hero on debut“. FourFourTwo. 20 август 2016. http://www.fourfourtwo.com/news/juventus-2-fiorentina-1-super-sub-higuain-hero-debut. конс. 21 август 2016 г. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]