Ришарлисон

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ришарлисон
07 07 2019 Final da Copa América 2019 (48226557731) (cropped).jpg
Лични податоци
Полно име Ришарлисон де Андраде
Роден на 10 мај 1997 (1997-05-10) (25 г.)
Роден во Нова Венесија, Бразил
Држава Бразил Бразил
Висина &100000000000001840000001,84 м
Позиција напаѓач
Клупски податоци
Сегашен клуб Тотенхем Тотенхем
Број 9
Младинска кариера
Реал Нороесте Реал Нороесте
Америка Минеиро Америка Минеиро
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2015-2016 Америка Минеиро Америка Минеиро 24 (9)
2016-2017 Флуминенсе Флуминенсе 54 (11)
2017-2018 Вотфорд Вотфорд 38 (5)
2018-2022 Евертон Евертон 135 (43)
2022- Тотенхем Тотенхем 4 (0)
Репрезентација
2017 Бразил Бразил 20 8 (2)
2021 Бразил Бразил 23 6 (5)
2018- Бразил Бразил 36 (14)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 26 јули 2012.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 17 јануари 2012

Ришарлисон де Андраде (роден на 10 мај 1997, во Нова Венесија), познат и само како Ришарлисон е бразилски фудбалер, напаѓач на Тотенхем и на бразилската репрезентација.

Својата професионална кариера ја започнал во екипата на Америка Минеиро во 2015 година, освојувајќи промоција од бразилската Серија Б во Серија А во неговата единствена сезона пред да се пресели во Флуминенсе. Тој одиграл 67 натпревари и постигнал 19 голови во неговите две години таму, и бил избран во тимот на сезоната кога клубот завршил како вицешампион во Кампеонато Кариока. Во 2017 година ја започнал својата авантура во европскиот фудбал потпишувајќи најпрво за Вотфорд, а една година подоцна се преселил во Евертон.

Кога е во прашање неговата репрезентативна кариера, Ришарлисон дебитирал за сениорската репрезентација на Бразил во 2018 година. Тој бил во составот на репрезентацијата победник на Копа Америка 2019, и вицешампион на Копа Америка 2021. Тој, исто така, играл и за олимписката репрезентација во 2021 година со која освоил златен медал на Олимпискиот турнир 2020 во Токио.

Технички карактеристики[уреди | уреди извор]

Како напаѓачко крило со посилна десна нога, Ришарлисон е надарен со технички и атлетски квалитети, а особено со одличниот дриблинг кој му е најсилната страна во играта. Главно се користи како лево крило, но може да ги покрие сите улоги на офанзивниот дел на екипата.[1]

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Почетоци и Америка Минеиро[уреди | уреди извор]

Ришарлисон де Андраде[2] е роден на 10 мај 1997[3] во Нова Венесија.[4] Својата кариера ја започнал во екипата на Реал Нороесте, од каде дошол во младинскиот сектор на Америка Минеиро во декември 2014.[5] Во еден момент тој бил блиску до откажување од фудбалската кариера, откако бил одбиен од неколку екипи и ги потрошил сите пари за билет од 600 километри во еден правец до Бело Хоризонте за да дојде на проба во еден од клубовите.[6]

Во јуни 2015 година, тој бил промовиран во првиот тим на Америка Минеиро од страна на тренерот Џиванилдо Оливеира.[7] Ришарлисон го направил своето професионално деби на 4 јули 2015 година во победата со 3-1 на домашен терен против Моџи Мирим. Откако влегол како доцна замена на местото на Кристијано, тој го постигнал последниот гол на натпреварот.[8] Седумнаесет дена подоцна, тој го продолжил договорот со клубот до 2018 година.[9]

На 21 ноември 2015 година, кога Америка заработила промоција во Кампеонато Бразилеиро Серија А со реми 1-1 на домашен терен против Сеара, Ришарлисон бил исклучен на крајот од натпреварот поради прекршок над Шарлс.[10] Вкупно за Америка Минеиро одиграл 24 натпревари и постигнал 9 голови.

Флуминенсе[уреди | уреди извор]

На 29 декември 2015, Ришарлисон потпишал петгодишен договор со Серија А клубот Флуминенсе.[11] Своето деби го имал на 13 мај 2016 година во реваншот од второто коло на Купот на Бразил, придонесувајќи за сите голови на неговиот тим во ремито 3–3 на домашен терен (вкупно 6–3) против Феровиарија.[12]

Тој го направил своето деби во лигата два дена подоцна, започнувајќи во победата од 1-0 на гости против поранешниот свој клуб Америка. Неговиот прв гол во дивизијата бил постигнат на 26 јуни, победнички во успехот од 2–1 против Фламенго, натпревар во кој влегол како доцна замена, но и самиот тој подоцна бил заменет поради повреда.[13]

Во Кампеонато Кариока 2017, Ришарлисон постигнал 8 гола на 12 натпревари и бил избран во тимот на сезоната бидејќи неговиот клуб заврши како вицешампион зад Фламенго.[14] Во оваа статистика е вклучен и голот кој тој го постигнал на 22 април во полуфиналната победа со 3–0 над Васко да Гама на Стадионот Маракана.[15]

Истата година, Ришарлисон учествувал и во неговото прво континентално натпреварување, Копа Судамерикана 2017. Тој одиграл четири натпревари на патот на клубот од Рио де Жанеиро до четвртфиналето и постигнал гол во победите над Ливерпул Монтевидео и Универсидад Католика (Еквадор) во првите две фази.[16][17]

Вотфорд[уреди | уреди извор]

Ришарлисон играјќи за Вотфорд во 2017 година.

На 8 август 2017 година, Ришарлисон се преселил во англиската Премиер лига потпишувајќи петгодишен договор со екипата на Вотфорд, во трансфер вреден околу 12 милиони евра.[18][19] Своето деби за клубот го направил влегувајќи како замена во ремито 3–3 против Ливерпул во првото коло од сезоната 2017-2018. Во неговиот следен натпревар, на 19 август против Борнмут, тој го постигнал својот прв гол за стршлените во победата со 2–0.[20]

Сезоната ја завршил со 41 настап и 5 гола во сите натпреварувања. Тој, исто така, бил единствениот играч на Вотфорд кој ги одиграл сите 38 натпревари во лигата и со 5 постигнати гола бил вториот најдобар стрелец на клубот (изедначен со Роберто Переира, Трој Дини и Андре Греј) со два гола помалку од Абдулаје Дукуре.[21]

Евертон[уреди | уреди извор]

На 24 јули 2018 година, Евертон го купил Ришарлисон за почетна сума од 35 милиони фунти која потенцијално се зголемила до 50 милиони фунти.[22] Така, тој му се приклучил на својот менаџер од Вотфорд Марко Силва, кој неколку месеци пред тоа се преселил на Гудисон Парк. Ришарлисон постигнал два гола на своето деби на 11 август, во ремито 2–2 против Вулверхемптон Вондерерс.[23] Две недели подоцна, тој бил исклучен во првото полувреме од натпреварот кои завршил со истиот резултат на гостувањето кај Борнмут поради судир со главите со Адам Смит.[24]

Поради лошата форма на колегите од нападот на Евертон, Ришарлисон бил поставен во улогата на центарфор на натпреварот на Евертон против Лестер Сити на 6 октомври, постигнувајќи гол во 7-тата минута во победата од 2–1 на гостински терен.[25] Четири недели подоцна, тој постигнал два гола во победата од 3–1 над Брајтон и Хоув Албион.[26] Ричарлисон ја завршил сезоната како најдобар стрелец на Евертон израмнет со Гилфи Сигурдсон откако двајцата постигнале по 13 голови во Премиер лигата, додека и двајцата имале 14 гола во сите натпреварувања.[27]

Во пресрет на сезоната 2019-2020, Ришарлисон го зел дресот со број 7. Тој ја завршил таа сезона како изедначен најдобар стрелец на клубот, овој пат делејќи ја честа со Доминик Калверт-Луин со 13 голови во Премиер лигата, додека и двајцата имале по 15 гола во сите натпреварувања. На 3 декември 2019 година, Ришарлисон потпишал нов петгодишен договор со Евертон.

За време на сезоната 2020-2021, под водството на менаџерот Карло Анчелоти, Ришарлисон играл најчесто како лево крило. На 20 февруари 2021 година, тој го постигнал првиот гол во победата со 2–0 над Ливерпул на Анфилд, што била прва победа на Евертон на гости над нивниот градски ривал од септември 1999 година.[28] Сезоната ја завршил со 40 настапи и 13 голови во сите натпреварувања.

Тотенхем[уреди | уреди извор]

На 1 јули 2022 година, Ришарлисон бил промовиран во нов фудбалер на Тотенхем по трансферот од Евертон вреден 50 милиони фунти плус 10 милиони фунти во бонуси.[29]

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

Ришарлисон бил избран во репрезентација на Бразил под 20 години за Јужноамериканското првенство до 20 години. На турнирот забележал осум настапи и постигнал два гола.[30]

На 27 август 2018 година, тој го добил својот прв повик во сениорскиот тим од тренерот Тите, за пријателските натпревари против САД и Ел Салвадор, откако Педро се повлекол поради повреда.[31] Тој го имал своето деби против американците на 7 септември на МетЛајф Стедиум во Њу Џерзи, влегувајќи како замена во 75-тата минута за Роберто Фирмино во победата од 2–0,[32] и ги постигнал своите први голови (два) во вториот натпревар четири дена подоцна, во победата од 5-0.[33]

Во мај 2019 година, тој бил вклучен во 23-члениот состав на Бразил за Копа Америка 2019 на домашен терен.[34] Во финалето против Перу на 7 јули, на Маракана, Ришарлисон влегол од клупата за резерви на местото на Фирмино во второто полувреме и го поставил конечниот резултат 3-1 за Бразил со гол од пенал.[35]

Две години подоцна, Ришарлисон настапил на Копа Америка 2021 која повторно се играла во Бразил.[36] Тој ги одиграл сите седум натпревари на кариоките на турнирот, постигнувајќи еден гол повторно против Перу овојпат во групната фаза, но бразилците не успеале да ја одбранат титулата претрпувајќи пораз во финалето од Аргентина.[37]

Истата година, тој добил повик и за Летните олимписки игри 2020.[38] Тој постигнал хет-трик на неговото деби на Олимпијадата на 22 јули, водејќи го Бразил до победа од 4–2 над Германија.[39] Тој ги завршил Олимписките игри како најдобар стрелец со пет гола, и покрај тоа што промашил пенал при победата со 2-1 над Шпанија во финалето.[40]

Хронологија на репрезентативните настапи[уреди | уреди извор]

Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Бразил
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
7-9-2018 Ист Ратерфорд САД САД 0 – 2 Бразил Бразил Пријателска - влегол во игра 75'
12-9-2018 Ландовер Бразил Бразил 5 – 0 Ел Салвадор Ел Салвадор Пријателска 2 заменет 54'
12-10-2018 Ријад Саудиска Арабија Саудиска Арабија 0 – 2 Бразил Бразил Пријателска - влегол во игра 72'
16-10-2018 Џеда Бразил Бразил 1 – 0 Аргентина Аргентина Пријателска - влегол во игра 66'
16-11-2018 Лондон Бразил Бразил 1 – 0 Уругвај Уругвај Пријателска - влегол во игра 67'
20-11-2018 Милтон Кинс Бразил Бразил 1 – 0 Камерун Камерун Пријателска 1 влегол во игра 8'
23-3-2019 Порто Бразил Бразил 1 – 1 Панама Панама Пријателска - добил жолт картон во 35-тата минута 35'
26-3-2019 Прага Чешка Чешка 1 – 3 Бразил Бразил Пријателска - добил жолт картон во 36-тата минута 36' заменет 63'
6-6-2019 Бразил Бразил Бразил 2 – 0 Катар Катар Пријателска 1 заменет 63'
9-6-2019 Порто Алегре Бразил Бразил 7 – 0 Хондурас Хондурас Пријателска 1
14-6-2019 Сао Паоло Бразил Бразил 3 – 0 Боливија Боливија Копа Америка 2019 - Прво коло - заменет 84'
18-6-2019 Салвадор Бразил Бразил 0 – 0 Венецуела Венецуела Копа Америка 2019 - Прво коло - заменет 46'
7-7-2019 Рио де Жанеиро Бразил Бразил 3 – 1 Перу Перу Копа Америка 2019 - Финале 1 заменет 75' добил жолт картон во 90+1-тата минута 90+1'
7-9-2019 Мајами Гарденс Бразил Бразил 2 – 2 Колумбија Колумбија Пријателска - заменет 84'
10-9-2019 Лос Анџелес Бразил Бразил 0 – 1 Перу Перу Пријателска - заменет 74'
10-10-2019 Сингапур Бразил Бразил 1 – 1 Сенегал Сенегал Пријателска - влегол во игра 72'
13-10-2019 Сингапур Бразил Бразил 1 – 1 Нигерија Нигерија Пријателска - влегол во игра 46'
15-11-2019 Ријад Бразил Бразил 0 – 1 Аргентина Аргентина Пријателска - влегол во игра 71'
19-11-2019 Абу Даби Бразил Бразил 3 – 0 Јужна Кореја Јужна Кореја Пријателска -
9-10-2020 Сао Паоло Бразил Бразил 5 – 0 Боливија Боливија Квал. за СП 2022 - влегол во игра 71'
13-10-2020 Лима Перу Перу 2 – 4 Бразил Бразил Квал. за СП 2022 1
13-11-2020 Сао Паоло Бразил Бразил 1 – 0 Венецуела Венецуела Квал. за СП 2022 - заменет 76'
17-11-2020 Монтевидео Уругвај Уругвај 0 – 2 Бразил Бразил Квал. за СП 2022 1 добил жолт картон во 59-тата минута 59' заменет 70'
5-6-2021 Порто Алегре Бразил Бразил 2 – 0 Еквадор Еквадор Квал. за СП 2022 1 заменет 90+1'
8-6-2021 Асунсион Парагвај Парагвај 0 – 2 Бразил Бразил Квал. за СП 2022 - заменет 82'
13-6-2021 Бразилија Бразил Бразил 3 – 0 Венецуела Венецуела Копа Америка 2021 - Прва фаза - заменет 65'
17-6-2021 Рио де Жанеиро Бразил Бразил 4 – 0 Перу Перу Копа Америка 2021 - Прва фаза 1 влегол во игра 46'
23-6-2021 Рио де Жанеиро Бразил Бразил 2 – 1 Колумбија Колумбија Копа Америка 2021 - Прва фаза - заменет 77'
27-6-2021 Гојанија Бразил Бразил 1 – 1 Еквадор Еквадор Копа Америка 2021 - Прва фаза - влегол во игра 79'
2-7-2021 Рио де Жанеиро Бразил Бразил 1 – 0 Чиле Чиле Копа Америка 2021 - Четвртфинале - заменет 90+1'
5-7-2021 Рио де Жанеиро Бразил Бразил 1 – 0 Перу Перу Копа Америка 2021 - Полуфинале - заменет 85'
10-7-2021 Рио де Жанеиро Аргентина Аргентина 1 – 0 Бразил Бразил Копа Америка 2021 - Финале -
Вкупно Настапи 32 Голови 10

Статистика[уреди | уреди извор]

Клупска статистика[уреди | уреди извор]

Статистика е ажурирана на 23 мај 2021.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
2015 Бразил Америка Минеиро Б 24 9 КБ 0 0 - - - - - - 24 9
2016 Бразил Флуминенсе А 28 4 КБ 3 0 - - - ПЛ 0 0 31 4
јан.-авг. 2017 А+А1/РЖ 14+12 5+8 КБ 6 0 КС 4 2 ПЛ 0 0 36 15
Вкупно Флуминенсе 54 17 9 0 4 2 0 0 67 19
2017-2018 Англија Вотфорд ПЛ 38 5 ФАКуп+ЛК 2+1 0 - - - - - - 41 5
2018-2019 Англија Евертон ПЛ 35 13 ФАКуп+ЛК 2+1 1+0 - - - - - - 38 14
2019-2020 ПЛ 36 13 ФАКуп+ЛК 1+4 0+2 - - - - - - 41 15
2020-2021 ПЛ 34 7 ФАКуп+ЛК 3+3 3+3 - - - - - - 40 13
2021-2022 ПЛ 5 2 ФАКуп+ЛК 0 0 - - - - - - 5 2
Вкупно Евертон 110 35 14 9 - - - - 124 44
Вкупно во кариерата 226 66 26 9 4 2 0 0 256 77

Титули[уреди | уреди извор]

Репрезентативни[уреди | уреди извор]

Бразил Бразил[уреди | уреди извор]

2019
Gold medal.svg Златен медал 2020

Индивидуални[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Calciomercato: chi è Richarlison, il colpo dell'Everton da 56 milioni foxsports.it
  2. „Updated squads for 2017/18 Premier League confirmed“. Premier League. 2 February 2018. Посетено на 17 February 2018.
  3. „Richarlison: Overview“. ESPN. Посетено на 20 February 2021.
  4. „Richarlison: Profile“. worldfootball.net. HEIM:SPIEL. Посетено на 20 February 2021.
  5. „Cria do Real Noroeste brilha na Série B e desperta interesse de gigantes“ [Real Noroeste's youth graduate shines in Série B and raises interest from the biggest ones] (португалски). Gazeta Esportiva. 10 November 2015. Посетено на 25 December 2015.
  6. 'I nearly quit football' – Everton star Richarlison reveals incredible journey to Brazil first team“. Goal.com. 12 September 2018. Посетено на 13 September 2018.
  7. „Mais uma revelação vindo do forno“ [Another youngster coming up] (португалски). América Futebol Clube. 18 June 2015. Архивирано од изворникот на 1 August 2018. Посетено на 18 November 2015.
  8. „América-MG engrena no fim, supera o lanterna Mogi e volta ao G-4 da Série B“ [América-MG engages in the end, overcomes last-placed Mogi and returns to Série B's G-4]. Globo Esporte (португалски). 4 July 2015. Посетено на 19 November 2015.
  9. „América prorroga contrato de Richarlison“ [América extends contract of Richarlison] (португалски). SuperEsportes. 21 July 2015. Посетено на 19 November 2015.
  10. „América-MG empata, garante retorno à Série A e complica o Ceará“ [América-MG draw, guarantee return to Série A and make it complicated for Ceará] (португалски). ESPN. 21 November 2015. Посетено на 22 July 2018.
  11. „Terceiro reforço: Fluminense confirma a contratação do atacante Richarlison“ [Third addition: Fluminense confirm the signing of forward Richarlison]. Globo Esporte (португалски). 29 December 2015. Посетено на 22 October 2016.
  12. „Scarpa brilha e Richarlison faz estreia de gala“ [Scarpa shines and Richarlison puts on a show on debut]. Lance! (португалски). 13 May 2016. Посетено на 22 July 2018.
  13. „Vaz erra, Richarlison desencanta, e Flu bate o Fla por 2 a 1 em Natal“ [Vaz makes a mistake, Richarlison disenchants and Flu beat Fla 2–1 in Natal]. Globo Esporte (португалски). 26 June 2016. Посетено на 22 July 2018.
  14. 14,0 14,1 „Com nove jogadores de Fla e Flu, Ferj divulga seleção do Campeonato Carioca“ [With nine players from Fla and Flu, FERJ names team of the Campeonato Carioca]. Globo Esporte (португалски). 7 May 2017. Посетено на 8 May 2017.
  15. „Fluminense 'esquece' vantagem, atropela Vasco no Maracanã e está na final do Carioca“ [Fluminense 'forget' lead, trample Vasco in the Maracanã and are in the final of the Carioca] (португалски). ESPN. 22 April 2017. Посетено на 22 July 2018.
  16. „Em dia de Maracanã cheio, Fluminense bate o Liverpool pela Sul-Americana“ [On day of full Maracanã, Fluminense beat Liverpool in the Sudamericana]. O Dia (португалски). 6 April 2017. Посетено на 22 July 2018.
  17. „Fluminense 4 × 0 Universidad Católica-EQU“ (португалски). Estadão. 29 June 2017. Посетено на 22 July 2018.
  18. „Abad confirma venda de Richarlison ao Watford por 12,5 milhões de euros“ [Abad confirms the selling of Richarlison to Watford for 12,5 million euros]. Globo Esporte (португалски). 31 July 2017. Посетено на 31 July 2017.
  19. „Official: Richarlison signs“. Watford F.C. 8 August 2017. Архивирано од изворникот на 2017-08-13. Посетено на 26 December 2018.
  20. MacInnes, Paul (19 August 2017). „Richarlison and Capoue strikes reward battling Watford at AFC Bournemouth“. The Guardian. Посетено на 20 August 2017.
  21. „Season in stats: 2017/18“. Watford F.C. Архивирано од изворникот на 2018-07-24. Посетено на 24 July 2018.
  22. „Richarlison: Everton sign Brazilian from Watford for £50m“. BBC Sport. 24 July 2018. Посетено на 24 July 2018.
  23. Tyers, Alan (11 August 2018). „Richarlison the star as he scores twice on debut for ten-man Everton but game Wolves dig in for a point“. The Daily Telegraph. Посетено на 11 August 2018.
  24. Morgan, Richard (26 August 2018). „Bournemouth 2–2 Everton: Nathan Ake scores late equaliser as two see red at the Vitality“. Sky Sports. Посетено на 26 August 2018.
  25. „Leicester City 1–2 Everton“. BBC Sport. 6 October 2018. Посетено на 6 October 2018.
  26. „Everton boss Marco Silva said Richarlison is a "fantastic football player" after the Brazilian put in a match-winning display against Brighton“. BBC Sport. 3 November 2018. Посетено на 3 November 2018.
  27. „Everton Top Scorers“. BBC Sport. 27 May 2019. Посетено на 27 May 2019.
  28. „Liverpool 0–2 Everton“. BBC Sport. 20 February 2021.
  29. „Tottenham confirm Richarlison signing in £60m deal with Everton“. The Guardian. 1 July 2022. Посетено на 18 July 2022.
  30. „Richarlison: Summary“. Soccerway. Perform Group. Посетено на 12 September 2018.
  31. „Richarlison called up by Brazil for the first time for friendly matches“. BBC Sport. 27 August 2018. Посетено на 12 September 2018.
  32. „USA 0–2 Brazil“. BBC Sport. 8 September 2018. Посетено на 13 September 2018.
  33. „Brazil 5 El Salvador 0: Two-goal Richarlison leads rout as Neto ends eight-year wait“. FourFourTwo. 12 September 2018. Архивирано од изворникот на 12 September 2018. Посетено на 12 September 2018.
  34. „Brazil name Copa America squad“. Football Italia. 17 May 2019. Посетено на 21 May 2019.
  35. Smyth, Rob (7 July 2019). „Brazil 3-1 Peru“. The Guardian. Посетено на 8 July 2019.
  36. „Tite define convocados da Seleção Brasileira para a Copa América 2021“. CBF. 2 July 2021. Посетено на 9 June 2021.
  37. „Brazil has it easy against Peru“. The Hindu. 18 June 2021. Посетено на 7 August 2021.
  38. „Com mudanças, Jardine anuncia os 22 convocados para defender o Brasil nas Olimpíadas de Tóquio“. Globo Esporte. 2 July 2021. Посетено на 2 July 2021.
  39. „Football - Brazil vs Germany - Group D Results“. olympics.com. 22 July 2021. Архивирано од изворникот на 2021-10-16. Посетено на 22 July 2021.
  40. „Malcom hits extra-time winner as Brazil retain Olympic crown“. beIN Sports. 7 August 2021. Посетено на 7 August 2021.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]