Даглас Коста

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Даглас Коста
20180610 FIFA Friendly Match Austria vs. Brazil Douglas Costa (BRA) 850 1486.jpg
Лични податоци
Роден на 14 септември 1990 (1990-09-14) (28 г.)
Роден во Сапукаја до Сол, Бразил
Држава Бразил Бразил
Висина &100000000000001720000001,72 м
Позиција среден ред
Клупски податоци
Сегашен клуб Јувентус Јувентус
Број 11
Младинска кариера
600px Azzurro e Bianco (Strisce).svg Ново Амбурго
Гремио Гремио
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2008-2010 Гремио Гремио 29 (2)
2010-2015 Шахтар Донецк Шахтар Донецк 141 (29)
2015- Бајерн Минхен Бајерн Минхен 50 (8)
2017- Јувентус Јувентус 48 (5)
Репрезентација
2009 Бразил Бразил 20 12 (4)
2014- Бразил Бразил 31 (3)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 6 јануари 2011.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 17 ноември 2010

Даглас Коста де Соуза (роден на 14 септември 1990 во Сапукаја до Сол) е бразилски фудбалер, крило на Јувентус и на бразилската репрезентација.

Технички карактеристики[уреди | уреди извор]

Кариерата ја започнал како напаѓач, улога која ја играл и за време на неговиот престој во Шахтар Донецк, но со текот на времето се адаптирал на позицијата крило. Технички поткован и брз, преферира да игра на десната страна бидејќи му овозможува да навлегува внатре на својата природна нога, левата. Сепак, тој е исто така ефикасен и по левата страна, затоа што има одличен центаршут.

Во 2010 година бил вклучен на листата на најдобрите играчи родени по 1989 година, изготвен од страна на Дон Балон.[1]

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Гремио[уреди | уреди извор]

Својте први фудбалски чекори ги направил во екипата на Ново Амбурго, од каде преминал во Гремио во 2002 година на возраст од 11.[2] Своето деби за првиот тим Коста го направил на 4 октомври 2008 на возраст од 18 години во победата со 2-1 над Ботафого.[2] [3] Во истиот натпревар тој го постигнал и својот прв гол во кариерата, стрелајќи во 33-тата минута за да го отвори резултатот и да му донесе водство на Гремио од 1-0.[2] Во следниот натпревар четири дена подоцна тој асистирал за двата гола на Гремио во победата со 2-0 на домашен терен над Сантос.[4] Сезоната 2008 ја завршил со 6 настапи и 1 гол.[5]

На 26 февруари 2009 дебитирал во Копа Либертадорес, играјќи 11 минути во домашниот натпревар против Универсидад де Чиле (0-0). На 14 јуни 2009 година, Коста го добил првиот црвен картон во кариерата во ремито без голови 0-0 против Флуминенсе.[6] На 29 ноември 2009, по пауза од повеќе од една година го постигнал својот втор гол зa Гремио во кариерата во победата со 4–2 над Гремио Баруери. Вкупно за Гремио одиграл 37 натпревари и постигнал 2 гола.

Шахтар Донецк[уреди | уреди извор]

Даглас Коста во дресот на Шахтар Донецк

На 10 јануари 2010, Даглас Коста потпишал петгодишен договор со украинскиот Шахтар Донецк кој му платил на Гремио 6 милиони евра за ангажман на играчот.[7] Неговото деби за Шахтар дошло на 18 февруари во шеснаестина финалето на Лигата на Европа против англискиот Фулам, натпревар во кој неговиот клуб загубил со 2-1. Тој влегол како замена во тој натпревар во 75-тата минута, заменувајќи го Жадсон.[8] Неговото деби на Донбас Арената било во реваншот игран на 25 февруари, во кој тој го заменил Вилијан во 53-тата минута, и асистирал за изедначувачкиот погодок на Шахтар кој го постигнал Жадсон,[9] но откако натпреварот завршил 1-1 тоа не било доволно за украинскиот клуб да мине понатаму и тие биле елиминирани со 3-2 вкупен резултат. Својот прв гол во дресот на Шахтар, Даглас Коста го постигнал на 14 март 2010 во победата со 2-1 над Металист Харкив.[10] Својата прва сезона во Украина ја завршил со 13 настапи и 5 гола, а Шахтар успеал да ја освои титулата во Премиер лигата на Украина, првиот клупски трофеј за Коста во кариерата.[11]

Коста одиграл 39 натпревари и постигнал 7 гола за Шахтар во сите натпреварувања следната сезона, во која Шахтар успеал да оствари требл освојувајќи ги титулите во Премиер лигата, Купот на Украина и Суперкупот на Украина.[12] На 28 септември го постигнал својот прв погодок во Лигата на шампионите во победата со 3-0 над португалската Брага.[13]

Заклучно со сезоната 2014-2015 тој одиграл уште четири успешни сезони во Шахтар во кој уште три пати го освоил украинското првенство (освен последната сезона) и уште по два пати купот и суперкупот. Вкупно за Шахтар одиграл 202 официјални натпревари и постигнал 38 гола.

Бајерн Минхен[уреди | уреди извор]

Даглас Коста на тренинг со Бајерн Минхен

На 1 јули 2015 година, Бајерн Минхен го објавиле доведувањето на Даглас Коста,[14] за сума од 30 милиони евра потпишувајќи петогодишен договор со бразилецот.[15][16] Неговиот трансфер бил четврт најскап во историјата на баварскиот клуб.[15] Му бил доделен дресот со број 11 кои претходно бил носен од Џердан Шаќири. Тој го направил своето деби како стартер на 1 август во Суперкупот на Германија против Волфсбург, асистирајќи му на Арјен Робен за да го отвори резултатот во натпреварот што завршил нерешено 1-1; тој бил прецизен во својот обид од белата точка, но неговиот тим сепак загубил на пенали со 5-4.[17] Тринаесет дена подоцна, тој го постигнал својот прв гол за Бајерн, поставувајќи ги конечните 5-0 во домашната победа над Хамбургер во првото коло од Бундеслигата за сезоната 2015-2016. На 21 мај 2016, Коста го постигнал победничкиот погодок во пенал-серијата против Борусија Дортмунд за победа во Купот на Германија 2015-2016, со што Коста ги освоил лигата и купот во неговата прва сезона, откако Бајерн остварил домашен дабл.[18] Сезоната 2015-2016 Коста ја затворил со 7 гола во 43 натпревари во сите натпреварувања.[17][19]

Јувентус[уреди | уреди извор]

На 12 јули 2017, Коста му се приклучил на италијанскиот шампион Јувентус, со формула на заем до крајот на сезоната 2017–2018, за сума од 6 милиони евра. Јувентус има можност да потпише перманентен договор со Коста до 1 јули 2018, за додатни 40 милиони евра (плус €1M во бонуси).[20][21][22] Дебитирал за Јувентус на 13 август во поразот со 3-2 од Лацио во Суперкупот на Италија,[23] а своето деби во Серија А го направил во првото коло од сезоната во победата со 3-0 на домашен терен над Калјари, влегувајќи од клупата за резерви на местото на Хуан Квадрадо во 74-тата минута. На 14 октомври Коста го постигнал својот прв гол во дресот на Јувентус во поразот со 2-1 на домашен терен од Лацио.[24] Својот втор гол го постигнал во победата со 2-0 над градските ривали Торино во осминафиналето на Купот на Италија. Дваесеттина дена подоцна, тој го постигнал одлучувачкиот погодок во победата со 1-0 над Џенова во првенството.[25] На 9 мај 2018, Даглас Коста го започнал како стартер финалето на Купот на Италија против Милан и го постигнал вториот гол за Јувентус во убедливата победа со 4-0, освојувајќи го својот прв трофеј со бјанконерите.[26][27] Неколку дена подоцна со клубот го освоил и своето прво скудето. По завршувањето на сезоната бил откупен од Јувентус за 40 милиона евра.

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

Даглас Коста играјќи за Бразил против Русија во пријателски натпревар во 2018.

Во ноември 2014, Коста бил повикан во бразилската репрезентација за прв пат од тренерот Дунга, по што го направил своето репрезентативно деби против Турција во Истанбул.[28]

Во мај 2015 година, Коста бил вклучен во 23 члениот состав на Бразил за Копа Америка 2015.[29] Во првиот натпревар на репрезентацијата против Перу, тој влегол како замена за Диего Тардели и го постигнал победничкиот гол во судиското продолжение, негов прв за "Селекао". Во четвртфиналето против Парагвај во Консепсион, тој го заменил поранешниот тимски колега од Шахтар Вилијан во последните 30 минути од ремито 1-1, а потоа бил еден од двајцата фудбалери на Бразил кој промашиле од удар од белата точка во пенал-рулетот по кој кариоките биле елиминирани со 3-4.[30] На 17 ноември, Коста го постигнал својот втор гол за Бразил во победата со 3-0 против Перу во квалификациите за Светското првенство 2018.[31]

Коста првично бил вклучен во тимот на Бразил за Копа Америка Сентенарио, но бил принуден да се повлече од тимот кон крајот на мај 2016 година, откако претрпел повреда на левото бедро; неговото место го заземал Кака.[32]

Во мај 2018, Даглас Коста бил повикан од селекторот Тите на списокот од 23 играчи за Светското првенство 2018 во Русија.[33] Своето деби на турнирот го имал на 22 јуни во Санкт Петерсбург, кога во вториот натпревар од групата Бразил ја победил Костарика со 2-0; Коста асистирал за вториот гол на кароките што го постигнал Нејмар. Подоцна, до крајот на турнирот тој бил вклучен само во уште еден натпревар, поразот со 1-2 од Белгија во четвртфиналето што значел елиминација за бразилците.

Хронологија на репрезентативните настапи[уреди | уреди извор]

Клупска статистика[уреди | уреди извор]

Статистиката е ажурирана на 7 март 2017.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол


2008 Бразил Гремио PD/RS+А 0+6 1 КБ 0 0 - - - - - - 6 1
2009 PD/RS+А 7+22 0+1 КБ 0 0 КЛ 2 0 - - - 31 1
Вкупно Гремио 7+28 0+2 0 0 2 0 - - 37 2
јан.-јун. 2010 Украина Шахтар УПЛ 13 5 КУ 0 0 ЛЕ 2 0 СУ - - 15 5
2010-2011 УПЛ 27 5 KU 4 0 ЛШ 10 2 СУ 1 0 42 7
2011-2012 УПЛ 27 6 КУ 4 1 ЛШ 5 0 СУ 1 0 37 7
2012-2013 УПЛ 27 5 КУ 3 0 ЛШ 5 1 СУ 1 1 36 7
2013-2014 УПЛ 27 4 КУ 3 1 ЛШ+ЛЕ 6+2 2+0 СУ 1 0 39 7
2014-2015 УПЛ 20 4 КУ 5 0 ЛШ 8 1 СУ 0 0 33 5
Вкупно Шахтар Донецк 141 29 19 2 38 6 4 1 202 38
2015-2016 Германија Бајерн Минхен БЛ 27 4 КГ 4 1 ЛШ 11 2 СГ 1 0 43 7
2016-2017 БЛ 23 4 КГ 2 1 ЛШ 9 2 СГ 0 0 34 7
Вкупно Бајерн Минхен 50 8 6 2 20 4 1 0 77 14
2017-2018 Италија Јувентус А 31 4 КИ 5 2 ЛШ 10 0 СИ 1 0 47 6
2018-2019 А 17 1 КИ 2 0 ЛШ 5 0 СИ 1 0 25 1
2019-2020 А 0 0 КИ 0 0 ЛШ 0 0 СИ 0 0 0 0
Вкупно Јувентус 48 5 7 2 15 0 2 0 72 7
Вкупно во кариерата 274 44 32 6 75 10 7 1 388 61

Титули[уреди | уреди извор]

Клупски[уреди | уреди извор]

Украина Шахтар Донецк[уреди | уреди извор]

Германија Бајерн Минхен[уреди | уреди извор]

Италија Јувентус[уреди | уреди извор]

Репрезентативни[уреди | уреди извор]

Бразил Бразил[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. thespoiler.co.uk (уред.). „Don Balon's list of the 100 best young players in the world“. конс. 22 novembre 2011.  Unknown parameter |data= ignored (помош);
  2. 2,0 2,1 2,2 „South American Under-20 Profile: Douglas Costa (Brazil)“. Goal.com. конс. 23 July 2014. 
  3. Campeonato Brasileiro Série A - Gremio-Botafogo 2-1 (4.10.2008) www.transfermarkt.com
  4. Campeonato Brasileiro Série A - Gremio-Santos 2-0 (8.10.2008) www.transfermarkt.com
  5. „Douglas Costa » Club matches“. World Football. конс. 23 July 2015. 
  6. „Fluminense vs Gremio 0–0“. конс. 18 September 2012. 
  7. „Douglas increases the height“. конс. 18 September 2012. 
  8. „Fulham vs Shakhtar 2–1“. конс. 18 September 2012. 
  9. „Shakhtar vs Fulham 1–1“. конс. 18 September 2012. 
  10. „Shakhtar vs Metalist 2–1“. конс. 18 September 2012. 
  11. „Ukraine 2009/10“. конс. 18 September 2012. 
  12. „Ukraine 2010/11“. конс. 13 September 2012. 
  13. „Braga vs Shakhtar 0–3“. конс. 18 September 2012. 
  14. Douglas Costa joins Bayern Munich from Shakhtar Donetsk“, BBC Sport, 1 јули 2015 (посет. 1 јули 2015 г).
  15. 15,0 15,1 FC Bayern holt Costa für 30 Millionen Euro“, Süddeutsche Zeitung, 1 јули 2015 (посет. 1 јули 2015 г). (на German)
  16. Shakhtar Donetsk (1 јули 2015). "Douglas Costa moves to Bayern". Соопштение за печат.
  17. 17,0 17,1 Nicklas Bendtner emerges as Wolfsburg's unlikely hero in DFL-Supercup“, Yahoo, 1 август 2015 (посет. 2 август 2015 г).
  18. Bayern Munich 0-0 Dortmund“, „BBC“, 21 мај 2016.
  19. „Douglas Costa“. kicker.de (German). kicker. конс. 21 May 2016. 
  20. „Douglas Costa moves to Juventus“. FC Bayern Munich. 12 July 2017. конс. 12 July 2017. 
  21. Juvenutus (12 јули 2017). "Douglas Costa signs for Juventus!". Соопштение за печат.
  22. Douglas Costa: Brazil winger joins Juventus from Bayern Munich on loan“, „BBC Sport“, The British Broadcasting Corporation, 12 јули 2017.
  23. „SC: Lazio win dramatic Super Cup“. Football Italia. 13 August 2017. конс. 13 August 2017. 
  24. „Dramatic Lazio end Juve record“. Football Italia. 14 October 2017. 
  25. Marco Frattino. „Juve-Genoa 1-0, all'Allianz Stadium decide Douglas Costa“, tuttomercatoweb, 22 јануари 2018 (посет. 19 август 2018 г).
  26. Massimo Mazzitelli (9 maggio 2018). „Juventus-Milan 4-0, i bianconeri conquistano la quarta Coppa Italia consecutiva: notte da incubo per Donnarumma“. 
  27. Александар Гочков. „Јуве го „смачка“ Милан за осум минути (видео)“, makfax.com, 9 мај 2018 (посет. 21 август 2018 г).
  28. Douglas Costa, in from the cold“, „Goal.com“, 5 јуни 2015.
  29. 2015 Copa America squad lists“, „ESPN“, 28 мај 2015.
  30. Brazil 1-1 Paraguay“, „BBC Sport“, 28 јуни 2015 (посет. 28 јуни 2015 г).
  31. Brazil 3-0 Peru: Costa shines as Dunga's men seal vital win“, Goal.com, 18 ноември 2015.
  32. „Copa America: Kaka replaces injured Douglas Costa in Brazil squad“. BBC Sport. 27 May 2016. конс. 27 May 2016. 
  33. „World Cup: Neymar named in Brazil's 23-man squad“. BBC Sport. 15 May 2018. конс. 15 May 2018. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]