Лукас Пакета

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Лукас Пакета
Lucas Paquetá.jpg
Пакета во дресот на Брзил во 2017 година
Лични податоци
Полно име Лукас Толентино де Лима
Роден на 27 август 1997 (1997-08-27) (22 г.)
Роден во Рио де Жанеиро, Бразил
Висина &100000000000001800000001,80 м
Позиција среден ред
Клупски податоци
Сегашен клуб Милан
Број 39
Младинска кариера
2007–2016 ФК Фламенго
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2016–2019 ФК Фламенго 49 (11)
2019– ФК Милан 13 (1)
Репрезентација
2016–2017 Бразил U20 8 (1)
2018– Бразил 5 (1)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 07
20, 7 мај 2019 (UTC).

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 5 јуни 2019

Лукас Пакета (роден на 27 август 1997 во Рио де Жанеиро, Бразил) — бразилски фудбалер кој натстапува во ФК Милан.

Клубска кариера[уреди | уреди извор]

Рана кариера[уреди | уреди извор]

Лукас Пакета пристигнал во Фламенго во 2007 година на возраст од 10 години. На 15-годишна возраст, тој бил многу технички обучен, но немал физичка способност како другите играчи на неговата возраст. Со младинскиот тим на Фламенго тој ја освоил титулата Копа Сао Паоло де Жуниор во 2016, најважниот младински турнир во Бразил. Покрај останатите играчи како Леонардо Дуарте, Фелипе Визеу и Роналдо, Лукас бил промовиран во професионалниот тим на клубот веднаш по натпреварот[1].

Фламенго[уреди | уреди извор]

Во март 2016 година Пакета бил промовиран во првиот тим на Фламенго и потпишал договор до 2020 година[2]. На 5 март 2016, Лукас дебитирал како стартер во победата од 3:1 над Бангу во натпреварот за државна лига во Рио де Жанеиро во 2016 година[3]. Пакека го постигнал својот прв професионален гол на 19 февруари 2017 година со победа од 4-0 против Мадурера.

Пакета постигнал гол и во финалето на Купот на Бразил во 2017 година против Крузеиро на стадионот Маракана и во финалето Копа Судамерикана во 2017 година против Индепендиенте. Во двата натпревари, Фламенго бил поразен и останал второпласиран. Во финалето на Копа Судамерикана, тој бил прогласен за најдобар играч на Фламенго во натпреварот.

Милан[уреди | уреди извор]

На 10 октомври 2018 година, новинските агенции низ Бразил и Италија објавиле дека бил договорен трансфер за сума од 35 милиони евра во ФК Милан[4] .

На 4 јануари 2019 година трансферот бил официјален, а Милан објавил дека играчот потпишал петгодишен договор[5][6][7]. Тој го избрал бројот 39 на својот дрес. Поради португалското потекло на неговата мајка, тој има право да се регистрира како европски играч[8].

Пакета го направил своето деби на 12 јануари 2019, играјќи 85 минути пред да го замени Фабио Борини, додека Милан ја победил ФК Сампдорија со 2:0 во дополнителното време во Купот на Италија[9][10]. Четири дена подоцна, Пакета настапил и во Суперкупот на Италија, што се одржал во Саудиска Арабија, каде што ФК Јувентус го победил Милан со резултат од 1-0[11]. На 21 јануари 2019 година, Пакета дебитирал во Серија А во победата од 2-0 над ФК Џенова во стадионот Лујџи Ферарис. Пакека го постигнал својот прв гол за Милан во победата од 3-0 против ФК Каљари, постигнувајќи го вториот гол во натпреварот[12].

Меѓународна кариера[уреди | уреди извор]

Под-20[уреди | уреди извор]

Пакета во 2017

На 1 април 2016 година Пакета бил повикан за прв пат да го претставува Бразил У20 на две пријателски натпревари во Европа[13]. Тој го постигнал својот прв гол во своето деби во победата од 2:1 против Англија У20 на 4 септември.

Во октомври 2016 година, тој бил повикан на турнирот Quadrangular de Seleções, каде настапил против Еквадор, Уругвај и Чиле.

Под-23[уреди | уреди извор]

Кога имал 18 години, Пакета бил повикан да тренира со екипата на Бразил U23 во подготовките за Летните олимписки игри 2016 година. Тренерот Рогерио Микале повикал некои помлади играчи, родени во 1997 и 1998 година, вклучувајќи го и Лукас, да учествуваат на групна обука во надеж дека ќе се натпреваруваат на Летните олимписки игри во Токио[14].

Прв тим[уреди | уреди извор]

Во 2018 година, тој бил избран да биде еден од дванаесетте алтернативи за бразилската репрезентација од тренерот Тите за Светското првенство во 2018 година во Русија. Од 35-те играчи на списокот, Лукас бил најмладиот[15].

На 17 август 2018 година, Пакета првпат бил повикан за бразилската репрезентација од менаџерот Тите да игра на пријателски натпревари против САД и Ел Салвадор во септември[16]. На 7 септември, дебитирал со репрезентацијата, заменувајќи го Филип Кутињо во 71-вата минута за време на пријателскиот натпревар против САД[17]. На 23 март 2019 година, тој го постигнал својот прв гол во пријателскиот натпревар Панама кој завршил со резултат од 1:1[18]. Во мај 2019 година, тој бил вклучен во 23-члениот тим на Бразил за Копа Америка 2014 година[19].

Статистика[уреди | уреди извор]

Клубска[уреди | уреди извор]

Обновено на 6 мај 2019.
Клуб Сезона Лига Куп Континентално Останато Вкупно
Лига Натпревари Голови Натпревари Голови Натпревари Голови Натпревари Голови Натпревари Голови
ФК Фламенго 2016 Серија А 0 0 0 0 2[lower-alpha 1][lower-alpha 2] 0 2 0
2017 17 1 3 1 9[lower-alpha 3] 2 8[lower-alpha 1][lower-alpha 2] 2 37 6
2018 32 10 6 0 7[lower-alpha 4] 0 11[lower-alpha 1] 2 56 12
Вкупно 49 11 9 1 16 2 21 4 95 18
ФК Милан 2018–19 Серија А 13 1 3 0 1[lower-alpha 5] 0 17 1
Вкупно 62 12 12 1 16 2 22 4 112 19
  1. 1,0 1,1 1,2 Appearance(s) in Campeonato Carioca.
  2. 2,0 2,1 Appearance(s) in Primeira Liga of Brazil.
  3. Appearance(s) in Copa Sudamericana.
  4. Appearance(s) in Copa Libertadores.
  5. Appearance in Supercoppa Italiana

Меѓународна[уреди | уреди извор]

Обновено на 26 март 2019.[20]
Бразил
Година Натпревари Голови
2018 2 0
2019 2 1
Вкупно 4 1


Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Flamengo é tricampeão da Copa São Paulo de Futebol Jr“. flamengo.com.br. 25 January 2016. конс. 5 January 2017. 
  2. „Destaque no título da Copinha, Lucas Paquetá renova com o Flamengo“. Gazeta Esportiva. 4 March 2016. конс. 5 January 2017. 
  3. „Base decide, Muralha pega pênalti, e Fla vence Bangu de virada por 3 a 1“. globoesporte.com. 5 March 2016. конс. 5 January 2017. 
  4. „Football: Flamengo's Lucas Paqueta to join AC Milan | The Star Online“. www.thestar.com.my. конс. 2019-02-04. 
  5. Milan, A. C. „OFFICIAL STATEMENT: LUCAS PAQUETÁ“. AC Milan. конс. 2019-02-04. 
  6. „AC Milan sign Paqueta for €35m in January“. ESPN.com. 2019-01-04. конс. 2019-02-04. 
  7. Lucas Paquetá realiza exames médicos para assinar com o Milan“, „Globoesporte“ (посет. 10 октомври 2018 г). (на pt-BR)
  8. https://www.calciomercato.com/en/news/revealed-why-paqueta-s-arrival-at-ac-milan-is-even-more-worthwhi-75175
  9. „Coppa Italia“. Legaseriea. 12 January 2019. конс. 12 January 2019. 
  10. „Sampdoria 0 AC Milan 2 (after extra time): Super-sub Cutrone spares Rossoneri“. Goal. 12 January 2019. конс. 12 January 2019. 
  11. „Italian Supercup to be played in Saudi Arabia“. Juventus. конс. 18 July 2018. 
  12. „Lucas Paquetá Scores His First Goal For AC Milan And Dedicates The Moment To Flamengo“. www.sportbible.com. 2019-02-11. конс. 2019-02-18. 
  13. „Felipe Vizeu e Lucas Paquetá são convocados para Seleção sub-20“. flamengo.com.br. 1 April 2016. конс. 5 January 2017. 
  14. „Lucas Paquetá é um dos sparrings da Seleção Olímpica“. flamengo.com.br. 21 July 2016. конс. 5 January 2017. 
  15. „Lista de 35 de Tite para a Copa tem três novatos: Dedé, Maicon e Paquetá“. globoesporte.com. 25 May 2018. конс. 8 June 2018. 
  16. „Tite convoca Seleção com Paquetá, Pedro, Dedé e Everton para amistosos“. globoesporte.com. 17 August 2018. конс. 17 August 2018. 
  17. „Usa v Brazil – match report“. theguardian.com. 8 September 2019. конс. 15 April 2019. 
  18. „Lucas Paqueta scores first Brazil goal in friendly draw with Panama“. ESPN.com. 23 March 2019. конс. 15 April 2019. 
  19. „Brazil name Copa America squad“. Football Italia. 17 May 2019. конс. 21 May 2019. 
  20. „Lucas Paquetá“. National Football Teams. конс. 23 March 2019. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]