Алекс Сандро

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Алекс Сандро
Valais Cup 2013 - OM-FC Porto 13-07-2013 - Alex Sandro.jpg
Лични податоци
Роден на 26 јануари 1991 (1991-01-26) (28 г.)
Роден во Катандува, Бразил
Држава Бразил Бразил
Висина &100000000000001800000001,80 м
Позиција лев бек
Клупски податоци
Сегашен клуб Јувентус Јувентус
Број 12
Младинска кариера
Атл. Паранаенсе Атл. Паранаенсе
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2007-2010 Атл. Паранаенсе Атл. Паранаенсе 17 (0)
2010-2011 Деpортиво Малдонадо Депортиво Малдонадо 0 (0)
2010-2011Сантос Сантос 30 (1)
2011-2015 Порто Порто 87 (3)
2015- Јувентус Јувентус 103 (10)
Репрезентација
2011 Бразил Бразил 20 11 (0)
2012 Бразил Бразил 23 3 (0)
2011- Бразил Бразил 13 (1)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 6 јануари 2011.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 17 ноември 2010

Алекс Сандро Лобо Силва (роден на 26 јануари, 1991, во Катандува) e бразилски фудбалер, играч од одбраната на Јувентус.

Технички карактеристики[уреди | уреди извор]

Во татковината неговиот напредок бил споредуван со оној на познатиот сонародник Роберто Карлос[1]; за многу кратко време тој станал еден од најдобрите бекови во моментов.[2][3][4][5]

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Атлетико Паранаенсе[уреди | уреди извор]

Алекс Сандро ја започнал својата фудбалска кариера во 2006 година, кога бил купен од страна на Атлетико Паранаенсе, каде што, во две сезони, наизменично тренирал со првиот тим и со младинската екипа. Официјалното деби, како професионален фудбалер, го имал на 18 октомври 2008 во натпреварот против Интернасионал од 30-тото коло на бразилското првенство, влегувајќи како замена на местото на Нетињо во 80-тата минута во поразот со 2-1.[6] Тоа бил неговиот единствен настап за првиот тим на Атлетико Паранаенсе во неговата прва сезона како професионалец. Следната сезона одиграл уште 16 натпревари; на 10 октомври, 2009, повторно против Интернасионал за прв пат во својата професионална кариера одиграл цел натпревар (90 минути),[7] а на 25 истиот месец го добил првиот црвен картон во својата кариера во поразот со 3-2 од Куритиба.[8]

Депортиво Малдонадо и Сантос[уреди | уреди извор]

По три години поминати во клубот од Куритиба, завршила неговата авантура таму, откако Атлетико Паранаенсе го продале на инвеститорите, со користење на уругвајскиот клуб Депортиво Малдонадо како посредник за одржување на правата за регистрација. На 1 март 2010, Алекс Сандро потпишал за Сантос на две-годишна позајмица.[9] Своето деби за Сантос го направил на 8 мај 2010, во натпреварот против Ботафого што завршил 3-3, но дебито за него не завршило успешно бидејќи бил исклучен во финишот на натпреварот откако заработил втор жолт картон.[10] На 25 септември истата година го постигнал својот прв гол во професионалната кариера, во победата на домашен терен над Крузеиро со 4-1.[11] Во двете сезони во Сантос, одиграл вкупно 38 натпревари и постигнал два гола.

Порто[уреди | уреди извор]

Алекс Сандро во дресот на Порто.

На 23 јули, 2011, четири дена подоцна откако во Порто дошол Данило (неговиот соиграч од репрезентацијата под 20 години), португалскиот клуб го купил и Алекс Сандро за сума од 9,6 милиони евра, потпишувајќи петгодишен договор со клаузула за откуп од 50 милиони евра.[12] Своето деби за "змејовите" го направил на 19 февруари 2012, во победата со 3-1 на гостувањето против Виторија Сетубал.[13] На 16 март, го пoстигнал својот прв гол во дресот на Порто, во победата со 2-0 на гостувањето против Насионал.[14].

На 18 септември 2012, го направил своето деби во Лигата на шампионите во победа со 2-0 на гостувањето во Загреб против Динамо.

Вкупно во четири сезони со Порто, одиграл 137 натпревари и постигнал 3 гола.

Јувентус[уреди | уреди извор]

На 20 август, 2015, Алекс Сандро потпишал петгодишен договор со Јувентус за сума од 26 милиони евра, која на Порто ќе му биде исплатена во три години.[15]

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

Во 2011 година, бил повикан во репрезентацијата под 20 години за да земе учество на Светското првенство за играчи под 20 години и на Младинското првенство на Јужна Америка за играчи под 20 години; Бразил го освоил златото и на двата турнири.[16]

Нa 10 ноември, 2011 го направил своето деби за сениорската репрезентација, во пријателски натпревар против Габон, кој завршил со резултат од 2-0 за кариоките.[17]

На 6 јули, 2012 бил повикан во составот на Олимписката репрезентација на Бразил за Летните олимписки игри 2012 кој се одржале во Лондон и други градови од Велика Британија.[18][19] Дебитирал за Олимписката репрезентација на 1 август, во натпреварот против Нов Зеланд, одигран на Сент Џејмсис Парк во Њукасл во групната фаза од турнирот.[20] Бразилската репрезентација стигнала до финалето на турнир, каде биле поразени од Мексико на 11 август на Вембли со 2-1[21][22]; Алекс Сандро го започнал натпреварот како стартер, но бил заменет во 32-рата минута од страна на напаѓачот Хулк. Вкупно на целиот турнир одиграл 198 минути.

Хронологија на репрезентативните настапи[уреди | уреди извор]

Титули[уреди | уреди извор]

Клупски[уреди | уреди извор]

Бразил Сантос[уреди | уреди извор]

Португалија Порто[уреди | уреди извор]

Италија Јувентус[уреди | уреди извор]

Репрезентативни[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Pasquale Cacciola (5 agosto 2012). calcionapoli24.it, уред. "CN24 - Londra 2012, piccole stelle crescono: Alex Sandro, l'esterno verdeoro sulle orme di Roberto Carlos!" ((италијански)). конс. 8 agosto 2012. 
  2. http://www.corrieredellosport.it/calcio/2015/04/08-403792/Ecco+chi+sono+i+23+italiani++fra+i+500+pi%C3%B9+forti+al+mondo
  3. http://www.tuttosport.com/news/calcio/serie-a/juventus/calciomercato/2015/08/14-3195213/siqueira_contratto_pronto_ma_la_juve_insiste_per_alex_sandro/
  4. http://www.tuttojuve.com/calciomercato/gazzetta-alex-sandro-quasi-fatta-con-il-porto-244870
  5. http://www.90min.com/it/posts/2468107-juventus-che-colpo-accordo-con-il-porto-per-alex-sandro
  6. transfermarkt.co.uk (уред.). "Internacional vs. Atlético Pr 2 - 1(2008)". конс. 20 август 2015. 
  7. transfermarkt.co.uk (уред.). "Internacional vs. Atlético Pr 1 - 1 (2009)". конс. 20 август 2015. 
  8. soccerway.com (уред.). "Coritiba vs. Atlético Pr 3 - 2". конс. 8 agosto 2012. 
  9. santosfc.com, уред. (10 marzo 2010). "Mais novo Menino da Vila, Alex Sandro é convocado para a Seleção Sub-19" ((португалски)). конс. 8 agosto 2012. 
  10. soccerway.com (уред.). "Botafogo vs. Santos 3 - 3". конс. 8 agosto 2012. 
  11. soccerway.com (уред.). "Santos vs. Cruzeiro 4 - 1". конс. 8 agosto 2012. 
  12. Alessio Calfapietra (23 luglio 2011). tuttomercatoweb.com, уред. "UFFICIALE: il Porto acquista Alex Sandro" ((италијански)). конс. 8 agosto 2012. 
  13. soccerway.com (уред.). "Vitória Setúbal vs. Porto 1 - 3". конс. 8 agosto 2012. 
  14. soccerway.com (уред.). "Nacional vs. Porto 0 - 2". конс. 8 agosto 2012. 
  15. juventus.com (уред.). "Alex Sandro è bianconero".  Unknown parameter |datе= ignored (помош)
  16. FIFA.com (уред.). "FIFA U-20 World Cup Colombia 2011". конс. 13 agosto 2012.  Unknown parameter |lingua= ignored (помош);
  17. soccerway.com (уред.). "Gabon vs. Brazil 0 - 2". конс. 13 agosto 2012. 
  18. super-calcio.it (уред.). "Olimpiadi di calcio 2012: le convocazioni della nazionale brasiliana". конс. 12 luglio 2012.  Unknown parameter |data= ignored (помош);
  19. golmania.it, уред. (06-07-12). "Olimpiadi, Brasile: i convocati di Menezes". конс. 12-07-12. 
  20. soccerway.com (уред.). "Brazil U23 vs. New Zealand U23 3 - 0". конс. 13 agosto 2012. 
  21. london2012.com (уред.). "Peralta nets match-winning brace for Mexico". конс. 13 agosto 2012.  Unknown parameter |lаnguage= ignored (помош);
  22. tuttosport.com (уред.). "Messico oro, battuto 2-1 il Brasile in finale". конс. 13-08-12.  Unknown parameter |data= ignored (помош);

Надворешни врски[уреди | уреди извор]