Вестон Мекени

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Вестон Мекени
USMNT vs. Trinidad and Tobago (48125032298) (cropped).jpg
Лични податоци
Полно име Вестон Џејмс Ерл Мекени[1]
Роден на 28 август 1998 (1998-08-28) (23 г.)
Роден во Литл Елм, САД[2]
Држава САД САД
Висина &100000000000001850000001,85 м
Позиција среден ред
Клупски податоци
Сегашен клуб Јувентус Јувентус
Број 14
Младинска кариера
Flag of None.svg Феникс Отербах
Далас Далас
Шалке 04 Шалке 04
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2017-2020 Шалке 04 Шалке 04 75 (4)
2020- Јувентус Јувентус 34 (5)
Репрезентација
2013-2014 САД САД 17 6 (0)
2016 САД САД 19 9 (2)
2016 САД САД 20 2 (0)
2017- САД САД 21 (6)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 6 јануари 2012.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 6 јануари 2012

Вестон Мекени (роден на 28 август 1998 година, во Литл Елм) — американски фудбалер, играч од средниот ред на Јувентус и на американската репрезентација.

Животопис[уреди | уреди извор]

Вестон Мекени е роден и израснал во Тексас, САД, но како дете поминал три години во Кајзерслаутерн, Германија, додека неговиот татко служел во блиската воздушна база Рамштајн.[3]

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Почетоци[уреди | уреди извор]

Мекени започнал да игра фудбал во локалниот германски клуб Феникс Отербах во 2004 година, пред да се врати со семејството назад во САД.[4] Потоа, играл во младинските категории на ФК Далас - клуб од МЛС лигата - седум години од 2009 до 2016 година, пред да се пресели во Шалке во 2016 година.[5]

Шалке 04[уреди | уреди извор]

Во јули 2016 година, Мекени ја отфрлил можноста да потпише договор за домашен играч со ФК Далас. Наместо тоа, тој се одлучил за трансфер во Бундеслигата, каде му се приклучил на Шалке 04.[6]

Во неговата прва сезона во Шалке, тој играл за екипата под 19 години во Јуниорската Бундеслига Запад, за која одиграл 21 натпревар (во некој од нив и како капитен) и постигнал 4 гола.[7] По завршувањето на сезоната со екипата под 19 години, Мекени бил промовиран во првиот тим во мај 2017 и бил повикан во составот за последниот натпревар од сезоната во Бундеслигата против Инголштат;[8] во 77-мата минута од овој натпревар што завршил 1-1, тој го направил своето деби за Шалке влегувајќи од клупата за резерви на местото на Донис Авдијај.[9] Тоа бил неговиот единствен настап за првиот тим на сините во сезоната 2016-2017.[10] Набргу потоа тој потпишал нов петгодишен договор со клубот од Гелзенкирхен.[11]

Следната сезона, Мекени ја започнал играјќи како стартер во победата со 2-0 над Динамо Берлин во Купот на Германија. Пет дена подоцна, во првото коло од Бундеслигата, тој влегол од клупата во последните десеттина минути од победата со 2-0 над РБ Лајпциг. На 29 септември 2017, против Бајер Леверкузен го имал својот прв старт за Шалке во еден натпревар од првенството, играјќи ги сите 90 минути во ремито 1-1 на Фелтинс Арена. Од тој момент Мекени станал стандарден првотимец на Шалке и ја завршил сезоната со 22 настапи во првенството и 3 во Купот на Германија.

Мекени со Шалке 04 во 2018

Својот прв гол во дресот на Шалке, Мекени го постигнал на 3 октомври 2018 против Локомотив Москва во Лигата на шампионите, носејќи му минимална победа на својот тим со 1-0 на гостувањето во Русија. Само три дена подоцна, тој го постигнал и својот прв гол во Бундеслигата во победата со 2-0 на гостувањето кај Фортуна Диселдорф. Во текот на сезоната 2018-2019, тој одиграл вкупно 33 натпревари и бил користен на многу различни позиции; покрај неговата омилена како дефанзивен играч од средниот ред, играл и како централен дефанзивец, десен бек, десно крило, офанзивен играч од средниот ред, па дури и како напаѓач.

Во сезоната 2019-2020, Мекени постигнал 3 гола на 28 натпревари во Бундеслигата. Вкупно за Шалке одиграл 91 натпревар и постигнал 5 гола.

Јувентус[уреди | уреди извор]

На 29 август 2020, Мекени му се приклучил на италијанскиот Јувентус како позајмен фудбалер за 4.5 милиони евра, со опција за откуп на играчот за 18.5 милиони евра на крајот од сезоната.[12][13] Тој станал првиот американец кој потпишал за Јувентус во историјата на клубот,[14] а своето деби со бјанконерите го направил на 20 септември, во победата со 3-0 на домашен терен над Сампдорија во Серија А.[15] На 5 декември 2020, Мекени го постигнал својот прв гол во дресот на Јувентус против градскиот соперник Торино во Дерби дела Моле; тој со својот гол го израмнил резултатот во 77-мата минута, кога по центаршутот на Хуан Квадрадо со глава ја сместил топката во мрежата изедначувајќи на 1-1, а до крајот од натпреварот Јувентус успеале да направат целосен пресврт и да победат со 2-1.[16] Само три дена подоцна, тој се запишал во списокот на стрелците и во Лигата на шампионите со прекрасен гол од волеј повторно на додавање на Квадрадо во победата со 3-0 на гостувањето кај Барселона на Камп Ноу:[17] оваа победа им овозможила на бјанконерите да завршат на првото место во групата пред шпанскиот тим.[18]

На 6 јануари 2021, Мекени го постигнал својот трет гол за Јувентус погодувајќи од блиско растојание за победата со 3-1 во дербито против Милан по одличниот пробив од десната страна на Дејан Кулушевски.[19][20] Тој станал првиот американец во историјата кој постигнал гол на Сан Сиро како противнички играч.[21] На 20 јануари 2021, го освоил својот прв трофеј во кариерата, откако Јувентус го победил Наполи со 2-0 во Суперкупот на Италија;[22] тој го одиграл целиот натпревар и направил пенал во завршницата фаулирајќи го Дрис Мертенс, но за негова среќа ударот од белата точка Наполи не го претвориле во гол. На 19 мај, го освоил вториот трофеј со Јувентус, со победата од 2-1 над Аталанта во финалето на Купот на Италија; Мекени го одиграл целиот натпревар и забележил асистенција за првиот гол на Јувентус кој го постигнал Кулушевски. Својата прва сезона во Италија ја завршил со вкупно 46 настапи и 6 гола во сите натпреварувања.

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

Мекени ја претставувал својата земја во неколку младински селекции вклучувајќи ги репрезентациите под 17, под 19 и под 20 години.

Мекени со репрезентацијата на САД на КОНКАКАФ Голд куп 2019

Својот прв повик во сениорската репрезентација го добил за пријателскиот натпревар против Португалија на 14 ноември 2017, постигнувајќи гол на своето деби за јеникте во ремито 1-1.[23][24]

Мекени бил повикан во американската репрезентација за КОНКАКАФ Голд купот 2019, кој се одржал во три земји САД, Костарика и Јамајка. Во првиот натпревар на американците на турнирот, тој забележал асистенција во победата со 4-0 над Гвајана. Првиот свој гол на Голд купот го постигнал во четвртфиналето во победата со 1-0 над Курасао. Потоа, тој постигнал гол и во полуфиналето во победата со 3-1 над Јамајка и како капитен го одиграл целиот натпревар во финалето, во кое јенките биле поразени од Мексико со 1-0.

на 12 октомври 2019, Мекени го постигнал најбрзиот хет-трик во историјата на американската репрезентација, постигнувајќи три гола за 13 минути во победата со 7-0 над Куба во КОНКАКАФ Лигата на нации.[25]

Хронологија на репрезентативните настапи[уреди | уреди извор]

Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― САД
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
14-11-2017 Леирија Португалија Португалија 1 – 1 САД САД Пријателска 1 заменет 84'
29-5-2018 Филаделфија САД САД 3 – 0 Боливија Боливија Пријателска - добил жолт картон во 65-тата минута 65'
2-6-2018 Даблин Ирска Ирска 2 – 1 САД САД Пријателска - заменет 81'
9-6-2018 Лион Франција Франција 1 – 1 САД САД Пријателска - добил жолт картон во 79-тата минута 79'
7-9-2018 Ист Ратерофрд САД САД 0 – 2 Бразил Бразил Пријателска - заменет 83'
12-9-2018 Нешвил САД САД 1 – 0 Мексико Мексико Пријателска - заменет 40'
15-11-2018 Лондон Англија Англија 3 – 0 САД САД Пријателска - заменет 76'
22-3-2019 Орландо САД САД 1 – 0 Еквадор Еквадор Пријателска - заменет 68'
9-6-2019 Синсинати САД САД 0 – 3 Венецуела Венецуела Пријателска - заменет 62'
19-6-2019 Сент Пол САД САД 4 – 0 Гвајана Гвајана Голд куп 2019 - Прва фаза - заменет 74'
23-6-2019 Кливленд САД САД 6 – 0 Тринидад и Тобаго Тринидад и Тобаго Голд куп 2019 - Прва фаза - добил жолт картон во 58-мата минута 58'
30-6-2019 Филаделфија САД САД 1 – 0 Курасао Курасао Голд куп 2019 - Четвртфинале 1
3-7-2019 Нешвил Јамајка Јамајка 1 – 3 САД САД Голд куп 2019 - Полуфинале 1 добил жолт картон во 31-вата минута 31'
7-7-2019 Чикаго Мексико Мексико 1 – 0 САД САД Голд куп 2019 - Финале - Captain sports.svg
6-9-2019 Ист Ратерфорд САД САД 0 – 3 Мексико Мексико Пријателска -
12-10-2019 Вашингтон САД САД 7 – 0 Куба Куба КОНКАКАФ Лига на нации 2019-2020 - Втора фаза 3 заменет 46'
16-10-2019 Торонто Канада Канада 2 – 0 САД САД КОНКАКАФ Лига на нации 2019-2020 - Втора фаза - добил жолт картон во 33-тата минута 33'
15-11-2019 Орландо САД САД 4 – 1 Канада Канада КОНКАКАФ Лига на нации 2019-2020 - Втора фаза -
19-11-2019 Џорџ Таун Куба Куба 0 – 4 САД САД КОНКАКАФ Лига на нации 2019-2020 - Втора фаза - заменет 69'
Вкупно Настапи 19 Голови 6

Статистика[уреди | уреди извор]

Клупска статистика[уреди | уреди извор]

Статистикате е ажурирана на 22 септември 2020.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
2016-2017 Германија Шалке 04 БЛ 1 0 КГ - - ЛЕ - - - - - 1 0
2017-2018 БЛ 22 0 КГ 3 0 - - - - - - 25 0
2018-2019 БЛ 24 1 КГ 3 0 ЛШ 6 1 - - - 33 2
2019-2020 БЛ 28 3 КГ 4 0 - - - - - - 32 3
Вкупно Шалке 04 75 4 10 0 6 1 - - 91 5
2020-2021 Италија Јувентус А 12 2 КИ 0 0 ЛШ 5 1 СИ 0 0 17 3
Вкупно во кариерата 87 6 10 0 11 2 0 0 108 8

Титули[уреди | уреди извор]

Италија Јувентус[уреди | уреди извор]

2020-2021
2020

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „40-Player National Team Roster: 2019 Concacaf Gold Cup: United States“ (PDF). CONCACAF. стр. 16. Посетено на May 21, 2019 – преку Bernews.
  2. „U.S. prospect Weston McKennie is living his dream in Germany“. ESPN FC / Howler Magazine.
  3. „Weston McKennie: 10 things you might not know about Schalke's USA starlet“ (англиски). Посетено на 28 agosto 2020. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  4. Uerfsfeld, Stephan (April 4, 2017). „Schalke's Weston McKennie dreaming of following Christian Pulisic's path“. ESPN FC. Посетено на May 30, 2020.
  5. Sidway, Scott (September 23, 2016). „How FC Dallas became home to the best academy in the United States“. MLS. Посетено на August 19, 2020.
  6. Joseph, Brendan. „Weston McKennie signs with FC Schalke“. Stars and Stripes. Посетено на May 20, 2017.
  7. „Weston McKennie season 2016-2017“. transfermarkt.
  8. „Schalke promote American duo McKennie and Wright to senior squad“ (англиски). 18 мај 2017. Посетено на 28 август 2020.
  9. „Ingolstadt-Schalke 04 1-1“. 20 мај 2017. Посетено на 28 август 2020.
  10. „Weston McKennie“. kicker.de. kicker. Посетено на September 18, 2018.
  11. „Schalke tie U.S. youngster Weston McKennie to new five-year deal“.
  12. „Weston McKennie wechselt zu Juventus Turin“ (германски). 29 август 2020. Посетено на 29 август 2020.
  13. Juventus.com. „Welcome Weston!“. Juventus.com (англиски). Посетено на 2020-08-29.
  14. Domenico Marchese (26 август 2020). „Juventus, arriva McKennie: è il primo americano bianconero“. Посетено на 31 август 2020.
  15. Federico Sala (20 септември 2020). „Juventus-Sampdoria 3-0: Kulusevski, Bonucci e Ronaldo. Pirlo parte bene“.
  16. „USMNT's McKennie leads Juventus comeback in Derby della Mole (video)“. ProSoccerTalk | NBC Sports (англиски). 2020-12-05. Посетено на 2020-12-05.
  17. Randhawa, Jaikuran (8 December 2020). „Video: McKennie scores scissor kick for Juventus vs Barcelona“. CaughtOffside (англиски). Посетено на 8 December 2020.
  18. Timothy Ormezzano (9 декември 2020). „La Juve di Pirlo vola grazie a McKennie e Cuadrado“. Посетено на 9 декември 2020.
  19. „МИЛАН – ЈУВЕНТУС 1:3 Киеза и МекКени му го нанесоа првиот пораз на Милан во одличното дерби“. mk.tv21.tv. 2021-01-06. Посетено на 2021-01-08.
  20. „Pirlo ha già stravinto la scommessa McKennie. E i tifosi lo paragonano a un certo Vidal...“.
  21. „McKennie nella storia: è il primo americano a segnare a San Siro da avversario“. milannews24.com (италијански). 2021-01-07. Посетено на 2021-01-08.
  22. „CELEBRATING LIKE A WES“. Juventus on Instagram. 20 јануари 2021. Посетено на 21 јануари 2021.
  23. „USA's new era starts with draw against European champions Portugal“. theguardian.com. Посетено на November 16, 2017.
  24. „Weston McKennie man of the match as U.S. earn draw in Portugal“. espnfc.com. Посетено на November 16, 2017.
  25. sport, Guardian; agencies (October 12, 2019). „Weston McKennie scores record hat-trick as USA hammer seven past Cuba“. The Guardian (англиски). ISSN 0261-3077. Посетено на October 12, 2019.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]