Прејди на содржината

Суперкуп на Италија 2015

Од Википедија — слободната енциклопедија
Суперкуп на Италија 2015
Стадионот Шангај било местото каде се одржал натпреварот
ПрвенствоСуперкуп на Италија
Датум8 август 2015
СтадионСтадион Шангај, Шангај, Кина
СудијаЛука Банти
2014
2016

Суперкупот на Италија за 2015 година било 28-мото издание на Суперкупот на Италија, традиционален фудбалски натпревар во кој се среќаваат победниците од претходната сезона во Серија А и Купот на Италија. Бидејќи Јувентус ги освоил двете натпреварувања Серија А 2014-2015 и Купот на Италија 2014-2015, противник во натпреварот му бил вицешампионот на Купот на Италија, екипата на Лацио.

Натпреварот се одиграл на 8 август 2015 година на Стадионот Шангај во Шангај, Кина.

Преглед на натпреварот

[уреди | уреди извор]

По пристигнувањето во Кина двата клуба имале поплаки во однос на квалитетот на стадионот, кој бил многу нерамен и со дупки на неколку места. Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, дури изјавил дека Стадионот во Шангај му наликува на поле со комипири, а со тоа се сложил и неговиот колега од спротивната страна Стефано Пиоли.

Лошиот терен, силниот ветар кој дувал и тоа што за двата клуба ова бил прв официјален натпревар во новата сезоната биле само некој фактори поради кој во првото полувреме од натпреварот имало малку "вистински" фудбал и било поприлично здодевно и за заборав. Речиси ништо поконкретно не се случувало на теренот, само два удари кон голот, кој ги испратиле играчите на Јувентус Лихтштајнер и Погба, но и тие не биле непрецизни.

Второто полувреме донело подобар фудбал, а веќе на стартот Јувентус имал голема шанса преку Манџукиќ кој излегол сам пред голот на Лацио, но голманот Маркети го одбранил неговиот удар. Само неколку секунди подоцна одличен удар од далечина на Погба, Маркети бил совладан, но топката завршила само неколку сантиметри покрај голот.

И конечно во 69-тата минута паднал првиот гол, кога Јувентус дошол до водство од 1-0 преку Марио Манџукиќ кој ја искористил својата втора шанса во натпреварот стрлајќи прецизно со глава по одличниот центаршут на Стураро од десната страна. Само пет минути подоцна натпреварот бил решен кога замената Пауло Дибала, на асистенција на Погба, го направил резултатот 2-0 за Јувентус.

До крајот на натпреварот Лацио имал повеќе од играта и успеале да создадат неколку шанси за гол, но резултатот останал не променет. Ова била 7-мата титула за Јувентус во Суперкупот на Италија, со што поставиле нов рекорд во ова натпреварување со една титула повеќе од Милан кој има 6.

Детали од натпреварот

[уреди | уреди извор]
8 август 2015
Јувентус Јувентус 2–0 Лацио Лацио Стадион Шангај, Шангај, Кина
Судија: Лука Банти
Манџукиќ гол 69'
Дибала гол 73'
Извештај
Јувентус
Лацио
Јувентус Јувентус (3-5-2)
GK1Италија Џанлујџи Буфон (к)
RB15Италија Андреја Барцаљи
CB19Италија Леонардо Бонучи
LB4Уругвај Мартин Касерес
RWB26Швајцарија Стефан Лихтштајнер
LWB33Франција Патрис Евра
RM27Италија Стефано Стурарозаменет 90'
CM8Италија Клаудио Маркизио
LM10Франција Пол Погба
CF11Франција Кингсли Команзаменет 61'
CF17Хрватска Марио Манџукиќзаменет 80'
Замени:
GK25Бразил Нето
GK34Бразил Рубињо
DF2Чиле Маурисио Исла
DF24Италија Даниеле Ругани
DF42Италија Џулио Пароди
MF20Италија Симоне Падоин
MF37Аргентина Роберто Переиравлегол во игра 90'
MF40Италија Матија Витале
MF43Колумбија Андрес Тељо
FW7Италија Симоне Ѕаѕа
FW14Шпанија Фернандо Љорентевлегол во игра 80'
FW21Аргентина Пауло Дибалавлегол во игра 61'
Тренер:
Италија Масимилијано Алегри
Лацио Лацио (4-3-2-1)
GK22Италија Федерико Маркети
RB26Романија Штефан Раду
CB6Аргентина Сантјаго Џентилети
CB3Холандија Стефан Де Врај
LB8Србија Душан Баста
RM32Италија Данило Каталдизаменет 75'
CM20Аргентина Лукас Биља (к)
LM23Нигерија Огени Онази
AM10Бразил Фелипе Андерсонзаменет 87'
AM87Италија Антонио Кандрева
CF11Германија Мирослав Клозезаменет 61'
Замени:
GK55Италија Гвидо Гериери
GK99Албанија Етрит Бериша
DF2Холандија Весли Хедт
DF4Шпанија Патрик
DF29Франција Абдулај Конко
DF33Бразил Маурисио
MF7Англија Равел Морисонвлегол во игра 87'
MF21Србија Сергеј Милинковиќ-Савиќ
MF70Австралија Крис Икономидис
FW9Србија Филип Џорџевиќвлегол во игра 61'
FW14Сенегал Кеита Балде Диао
FW88Холандија Рикардо Кишнавлегол во игра 75'
Тренер:
Италија Стефано Пиоли

Екипа победник

[уреди | уреди извор]

Јувентус
Победник на Суперкупот на Италија 2015
7. титула

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]