Суперкуп на Италија 2002
![]() | |||||||
| |||||||
Датум | 25 август 2002 | ||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
Стадион | Стадион 11 Јуни, Триполи, Либија | ||||||
Играч на натпреварот | Алесандро Дел Пиеро (Јувентус) | ||||||
Судија | Стефано Фарина | ||||||
Суперкупот на Италија 2002 бил натпревар во кој се сретнале Јувентус шампионот во Серија за сезоната 2001-02, и Парма победник во Купот на Италија 2001-02. Тоа беше петти настап за Јувентус (2 победи во 1995 и 1997), и четврти за Парма (победа во 1999). Тимовите веќе се соочиле едни против други во Суперкупот 1995. Натпреварот се одиграл во Триполи, Либија.
Првиот гол во натпреварот го постигнал капитенот на Јувентус, Алесандро Дел Пиеро во 38-мата минута по прекрасната асистенција на неговиот партнер во нападот Марсело Салас. Во 64-тата минута од натпреварот Парма израмнила на 1-1, прекрасен погодок на Марко Ди Вајо со удар од 18-тина метри во спротивниот агол. Во 73-тата минута замената кај Јувентус, Залајета успеа да се ослободи од одбраната на Парма и да ја сврти топката во петерецот каде Дел Пиеро го постигнал својот втор гол во натпреварот со кој му ја донел победата на Јувентус и третиот Суперкуп во историјата на клубот.
Детали од натпреварот[уреди | уреди извор]
25 август 2002 21:00 ЦЕВ |
Јувентус ![]() |
2 – 1 | ![]() |
Стадион 11 јуни, Триполи Гледачи: 40000 Судија: Стефано Фарина |
---|---|---|---|---|
Дел Пиеро ![]() |
Извештај | Ди Вајо ![]() |
|
|
Судии на натпреварот
|
Правила на натпреварот
|