Матео Ферари
Матео Ферари | |||
---|---|---|---|
![]() | |||
Лични податоци | |||
Роден на | 5 декември 1979 | ||
Роден во | Афлу, Алжир | ||
Висина | м | 1,84||
Позиција | централен одбранбен играч | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Монтреал Импакт | ||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
1997–2001 | Интер | 19 | (0) |
1997-1998 | →Џенова (позајмен) | 3 | (0) |
1998–1999 | →Лече (позајмен) | 13 | (0) |
1999-2000 | →Бари (позајмен) | 26 | (0) |
2001-2004 | Парма | 81 | (3) |
2004-2008 | Рома | 78 | (2) |
2005-2006 | →Евертон (позајмен) | 8 | (0) |
2008-2009 | Џенова | 33 | (0) |
2009-2011 | Бешикташ | 46 | (0) |
2012- | Монтреал Импакт | 30 | (1) |
Репрезентација ‡ | |||
2002-2004 | Италија | 11 | (0) |
* Ажурирано на: 6 јануари 2011 ** Ажурирано на: 17 ноември 2010 |
Матео Ферари (роден на 5 декември 1979 година) — италијански фудбалер, кој во моментов игра за Монтреал Импакт во МЛС.
Ран живот
[уреди | уреди извор]Матео Ферари е син на италијански нафтен инженер и мајка која потекнува од Гвинеја. Неговиот татко работел во разни земји низ Африка поради неговата вокација. Неговиот татко умрел во 1993 година, кога Матео имал 14 години.
Кариера
[уреди | уреди извор]Ферари ја започнал својата кариера во екипата на СПАЛ во 1995, но една година подоцна се преселил во младинскиот тим на Интер. Во периодот од 1997 до 2000 година тој бил позајмуван на три различни клубови:Џенова, Лече и Бари. Токму за време на својата позајмица во Бари, тој го направил своето деби во Серија А, играјќи го целиот натпревар против Фјорентина во кој неговиот тим загубил со 1-0. Тој се вратил во Интер во летото 2000 година,[1] каде одиграл една сезона, по што бил продаден на Парма во една голема размена на играчи помеѓу двата клуба. Матео бил редовен во почетниот тим на млекарите во сите три сезони кој ги одиграл во клубот, запишувајќи 81 првенствен натпревар во кој постигнал и три гола. Во сезоната 2000-01 Ферари освоил победнички медал за триумфот во Купот на Италија. Добрите игри му носат и повик во националниот дрес, а во јули 2004 Ферари и се приклучил на Рома за сума од 7.25 милиони евра. Играјќи во дресот на Рома, Ферари освоил уште два наслови воиталијанскиот куп како и титула во суперкупот, но неуспеал да дојде до скудетото. Во сезоната 2005-06 Ферари бил позајмен на една сезона во англискиот Премиер лигаш Евертон.[2] Откако неговиот договор со Рома истекол, тој се вратил во екипата на Џенова за која веќе настапувал претходно, а по една сезона со нив Ферари вторпат ја напушта Италија и се преселил во турскиот Бешикташ.[3] Во сезоната 2010-11 кога заработил тешка повреда, Бешикташ решил да го отпушти Ферари и тој станал слободен играч во август 2011.[4]
На 1 март 2012, канадскиот клуб Монтреал Импакт објавиле дека го комплетирале трансферот на Ферари.[5]
Титули
[уреди | уреди извор]
Парма
[уреди | уреди извор]- Coppa Italia (1) : 2001-02
Рома
[уреди | уреди извор]- Coppa Italia (2) : 2006-07, 2007-08
- Суперкуп на Италија (1) : 2007
Бешикташ
[уреди | уреди извор]- Турски куп (1) : 2010-11
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Профил на TFF
- Профил на La Gazzetta dello Sport (италијански)
- ESPN Soccernet Profile[мртва врска]
- Профил на Soccerway Архивирано на 29 септември 2007 г.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „La squadra a sarre per il ritiro“. inter.it (италијански). 10 July 2000. Архивирано од изворникот на 2012-10-09. Посетено на 3 May 2010.
- ↑ „Фудбалери на Евертон во сезоната 2005-06“. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2013-05-09.
- ↑ Матео Ферари му се приклучува на Бешикташ од Џенова
- ↑ „Бешикташ го отпушти Ферари“. SuperLigNews.com. 21 август 2011. Посетено на 21 август 2011.
- ↑ „Италијанскиот дефанзивец Матео Ферари официјално му се приклучи на Импакт“. impactmontreal.com/en (Official Site of the Montreal Impact). 1 March 2012. Посетено на 2012-03-01.
- Луѓе од Афлу
- Италијански фудбалери
- Фудбалери на ФК Интер
- Фудбалери на ФК Џенова
- Фудбалери на ФК Лече
- Фудбалери на ФК Бари
- Фудбалери на ФК Парма
- Фудбалери на ФК Рома
- Фудбалери на ФК Евертон
- Фудбалери на ФК Бешикташ
- Фудбалери на ФК Монтреал Импакт
- Фудбалери во Серија А
- Фудбалери од Премиер Лига
- Фудбалери во МЛС
- Родени во 1979 година