Давиде Бајоко

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Давиде Бајоко
Davide Baiocco
Лични податоци
Роден на 8 мај 1975 (1975-05-08) (44 г.)
Роден во Перуџа, Италија
Висина &100000000000001720000001,72 м
Позиција дефанзивен играч за врска
Клупски податоци
Сегашен клуб Кремонезе
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1992–1994 Губио 34 (0)
1994-2002 Перуџа 58 (2)
1996–2000 →Фано (позајмен) 28 (2)
1997-1998Сиена (позајмен) 29 (0)
1998-2000Витербесе (позајмен) 52 (3)
2002-2005 Јувентус 7 (0)
2003Пијачнца (позајмен) 16 (0)
2003-2004 Реџина 27 (0)
2004-2005Перуџа (позајмен) 33 (2)
2005-2009 Катанија 122 (1)
2009-2011 Бреша 59 (1)
2011-2012 Сиракуза 29 (2)
2012- Кремонезе 0 (0)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 6 јануари 2011.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 17 ноември 2010

Давиде Бајоко (роден на 8 мај 1975 во Перуџа) е италијански фудбалер играч од средниот ред, кој моментно игра за Кремонезе.

Кариера[уреди | уреди извор]

Растејќи во младоста во тимот на Губио, дебитирал во првиот тим во сезоната 1993-1994. Тој поминал во редовите на Перуџа, за која дебитирал во Серија Б во сезоната 1995-1996, сезона која завршила со промоција во Серија А.

По две позајмици во помали клубови тој се вратил во Перуџа, и го направил своето деби во Серија А на 4 октомври 1998 во натпревар против Интер, пред да биде позајмен повторно овојпат во Витербесе во Серија Ц1. Тој се вратил и одиграл две сезони во Перуџа како партнер на Фабио Ливерани на централните позиции во средниот ред.

Во 2002 година Бајоко пристигнува во Јувентус за пет милијарди лири плус Фабијан О'Нил кој заминал во спротивен правец.[1] Тој го освоил Суперкупот на Италија со тимот од Торино, но откако не успеал да се наметне во јануарскиот преоден рок бил позајмен на Пјаченца со која не успеал да избегне испаѓање во Серија Б. Во следната сезона бил пратен на позајмица во Реџина, која обезбедила опстанок во Серија А во сезоната пред тоа, пред да се врати во Перуџа на уште една сезона заем.

Пред почетокот на сезоната 2005-06 Јувентус се обидел да направи спектакуларен трансфер со кој би го довел шведски напаѓач на Ајакс, Златан Ибрахимовиќ во Торино. Со цел за да се соберат средства за овој трансфер (кој на крајот и се реализира), Јувентус продаде 10 фудбалери во летото меѓу кој беше и Бајоко. Бајоко потпиша за новакот во Серија А Катанија за која одиграл цели 4 сезони во најквалитетното италијанско фудбалско друштво и постигнал 4 гола.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]