Суперкуп на Италија 2020
Суперкуп на Италија 2020 | |||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
Првенство | Суперкуп на Италија | ||||||
| |||||||
Датум | 20 јануари 2021 | ||||||
Стадион | Мапеи, Реџо Емилија, Италија | ||||||
Играч на натпреварот | Кристијано Роналдо (Јувентус) | ||||||
Судија | Паоло Валери | ||||||
Гледачи | 0[1] | ||||||
Суперкупот на Италија за 2020 година (именуван како PS5 Суперкуп поради спонзорски причини[2]) било 33-тото издание на Суперкупот на Италија, традиционален фудбалски натпревар во кој се среќаваат победниците од претходната сезона во Серија А и Купот на Италија. Натпреварот се одиграл на 20 јануари 2021 година на стадионот Мапеи во Реџо Емилија, пред празни трибини поради пандемијата на коронавирусот,[1] што било прв ваков случаи во историјата на ова натпреварување. Во ова издание играле победникот на Серија А 2019-2020 - Јувентус и победникот на Купот на Италија 2019-2020 - Наполи.
Јувентус победил со 2-0 со головите на Кристијано Роналдо и на Алваро Мората и ја освоил својата деветта титула во Суперкупот на Италија.[3][4]
Натпреварот
[уреди | уреди извор]Преглед на натпреварот
[уреди | уреди извор]Ова бил четвртиот натпревар помеѓу Јувентус и Наполи во Суперкупот на Италија, а куриозитет е тоа што за Наполи ова било четвртото учество во ова натпреварување и во сите досегашни настапи како и во ова противник им бил Јувентус.[5] Во првиот натпревар одигран во 1990 година, Наполи славел убедлива победа со 5-1 на Сан Паоло. На вториот натпревар во Суперкупот помеѓу двете екипи се чекало цели 22 години, кога во 2012 во Пекинг Јувентус победил со 4-2 по продолженија, откако по 90 минути натпреварот завршил нерешено 2-2. Третиот натпревар се случил две години подоцна, во Суперкупот 2014 одигран во Доха, кога после уште еден нерешен резултат (2-2) Наполи го победил Јувентус со 6-5 по изведување на пенали и стигнал до својата втора титула во Суперкупот на Италија.
Натпреварот започнал мирно без поголеми возбудувања речиси во целото прво полувреме. Најдобрата шанса за гол во првото полувреме ја имале фудбалерите на Наполи во 29-мата минута кога на еден центаршут од левата страна со глава одлично шутирал Лосано, но неговиот удар со фантастичен рефлекс го запрел Шченсни.[6] Од другата страна, најдобрата можност за Јувентус во првото полувреме ја имал Кристијано Роналдо, но неговиот удар од далечина завршил малку над пречката.[6] Така, на пауза се отишло со почетниот резултат 0-0.[6]
Во второто полувреме Јувентус влегол многу поангажирано барајќи гол кој би им донел водство, а првата голема можност ја имале уште на самиот старт на вториот дел кога обидот на резервата Бернардески (кој влегол на полувремето на местото на Кјеза) бил сопрен на гол-линијата од голманот Оспина. Иницијативата на бјанконерите вродила со плод во 64-тата минута кога по еден корнер се створила голема мешаница во шеснаесеттникот на Наполи каде најдобро се снашол Роналдо кој искористил една лошо избиена топка и ја сместил во мрежата на Оспина за водство на Јувентус од 1-0.[6] Тој резултат се одржувал долго, а најдобрата шанса за израмнување Наполи ја имал во 80-тата минута: влезениот од клупата за резерви Мертенс во шеснаесеттникот успеал од зад грб да му ја украде топката на Мекени кој земал замав да ја избие топката, но наместо неа го погодил белгискиот напаѓач и по проверката со VAR, главниот судија Валери досудил пенал за Наполи. Пеналот го извел Инсиње, но неговиот удар завршил покрај голот на Јувентус и резултатот останал непроменет.[6] Во четвртата минута од судиското продолжение Наполи имал уште една можност за израмнување, но ударот на Лосано пак како и во првото полувреме бил одбранет од Шченсни.[6] Во последните секунди од натпреварот, Јувентус искористил една контра и по додавањето на Квадрадо, резервата Мората го постигнал вториот гол за торинезите со кој била запечатена победата.[6]
Детали од натпреварот
[уреди | уреди извор]20 јануари 2021 21:00 СРЕ |
Јувентус | 2–0 | Наполи | Мапеи, Реџо Емилија Гледачи: 0[1] Судија: Паоло Валери[7] |
---|---|---|---|---|
Роналдо 64' Мората 90+5' |
Извештај |
Играч на натпреварот:
Помошни судии:[7]
|
Правила на натпреварот
|
Екипа победник
[уреди | уреди извор]Јувентус
Победник на Суперкупот на Италија 2020
9. титула
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 1,2 Натпреварот се одиграл зад затворени врати поради пандемијата на коронавирус.
- ↑ „PlayStation 5 title sponsor of the 2020 Italian Supercup“. legaseriea.it. Lega Nazionale Professionisti Serie A. Архивирано од изворникот на 2021-01-10. Посетено на 2021-01-21.
- ↑ „Alla Juventus la PS5 Supercup“. legaseriea.it (италијански). 20 January 2021. Архивирано од изворникот на 2021-01-28. Посетено на 20 January 2021.
- ↑ „Juventus 2-0 Napoli: Ronaldo inspires ninth Super Cup win“. BBC Sport. 20 January 2021. Посетено на 20 January 2021.
- ↑ Supercoppa Italiana 2020, chi affronterà il Napoli? Possibile avversaria, data e luogo. OA Sport. објавено на 18 јуни 2020.
- ↑ 6,0 6,1 6,2 6,3 6,4 6,5 6,6 „JUVENTUSU SUPERKUP: Napoli ima za čime da žali!“. novosti.rs. 20 јануари 2021. Посетено на 21 јануари 2021.
- ↑ 7,0 7,1 7,2 7,3 7,4 „PS5 Supercup: Arbitra Valeri“. legaseriea.it (италијански). 18 January 2021. Архивирано од изворникот на 2021-01-28. Посетено на 18 January 2021.
- ↑ „MVP | PS5 Supercup – Il vincitore è Cristiano Ronaldo“. legaseriea.it (италијански). 20 January 2021. Архивирано од изворникот на 2021-01-25. Посетено на 20 January 2021.
- ↑ На секоја екипа им било дадено само три можности да направат замени, со исклучок на замените направени на полувремето, пред почетокот на продолжението и на полувремето во продолжението.