Дејан Кулушевски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Дејан Кулушевски
Dejan Kulusevski 2019.jpg
Кулушевски во 2019 г.
Лични податоци
Роден на 25 април 2000 (2000-04-25) (19 г.)
Роден во Стокхолм, Шведска
Држава Шведска Шведска
Македонија Македонија (2016)
Висина &100000000000001860000001,86 м
Позиција среден ред
Клупски податоци
Сегашен клуб Парма Парма
Број 44
Младинска кариера
Бромапојкарна Бромапојкарна
Аталанта Аталанта
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2018- Аталанта Аталанта 3 (0)
2019- Парма Парма 16 (4)
Репрезентација
2015 Шведска Шведска 15 2 (0)
2015 Македонија Македонија 16 2 (3)
2016 Шведска Шведска 16 9 (3)
2016-2017 Шведска Шведска 17 11 (3)
2018 Шведска Шведска 19 7 (1)
2019- Шведска Шведска 21 5 (3)
2019- Шведска Шведска 1 (0)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 6 јануари 2012.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 6 јануари 2012

Дејан Кулушевски (р. 25 април 2000 во Стокхолм) — шведски фудбалер со македонско потекло, играч од средниот ред на Парма на заем од Аталанта и на шведската репрезентација.[1]

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Роден во Стокхолм од македонски родители, Кулушевски ја започнал својата фудбалска кариера во екипата на Бромапојкарна, во која успешно настапувал во најдобрата младинска лига на Шведска.[2]

Во август 2015, Кулушевски потпишал договор со италијанската Аталанта.[2] Во првата сезона играл за тимот на Аталанта под 17 години,[2] а веќе во втората на возраст од само 16 години дебитирал за Примавера тимот во поразот со 2-1 на гостувањето кај Фрозиноне на 21 јануари 2017.[3] Во сезоната 2017-2018 тој бил стандарден во Примавера тимот на Аталанта забележувајќи 26 настапи на кој постигнал 5 гола и имал уште 10 асистенции. Како резултат на добрите игри за Примавера тимот, во април 2018 тренерот на првиот тим на Ла Деа Џан Пјеро Гасперини го повикал Кулушевски во првиот тим за натпреварот против Беневенто во Серија А, но сепак не добил можност да дебитира и останал неискористена замена. До крајот на сезоната тој уште три пати бил повикан во првиот тим и сите три натпревари ги започнал и ги завршил на клупата за резерви без да забележи ниту еден настап.

Во ноември 2018 година, Кулушевски го продолжил договорот со Аталанта до 2023 година.[4] Своето деби во Серија А, Кулушевски го направил на 20 јануари 2019, влегувајќи од клупата за резерви на местото на Мартен Де Рон во 71-вата минута при победата со 5-0 на гостувањето кај Фрозиноне.[5][6] Натпреварот го завршил со 100% точни додавања 14 од 14.[5]

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

Поради потеклото на неговите родители Кулушевски има право да настапува за две репрезентации, Шведска и Македонија, и тој играл за двете во младинските категории.

Откако во 2016 година дебитирал за репрезентацијата на Македонија по 16 години, во летото 2017 година, Македонија направила обид да го придобие играчот да ја избере репрезентацијата на потекло на неговите родители нудејќи му на Кулушевски место во сениорскиот национален тим. Сепак, тој одлучил да каже "не", поради тоа што сакал да ја претставува Шведска во иднина.

Кон крајот на 2018 година, непосредно пред дебито на Кулушевски во Серија А, Македонија направила уште еден обид да го привлече тинејџерот. Се вели дека иницијативата дошла од капитенот на националниот тим Горан Пандев кој испратил потпишан дрес за Кулушевски со покана да ја претставува Македонија.

Клупска статистика[уреди | уреди извор]

Статистиката е ажурирана на 22 јануари 2019.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
2017-2018 Италија Аталанта А 0 0 КИ - - ЛЕ - - - - 0 0
2018-2019 А 3 0 КИ 0 0 ЛЕ - - - - - 3 0
Вкупно Аталанта 3 0 0 0 - - - - 3 0
Вкупно во кариерата 2 0 0 0 - - - - 3 0

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Профил на Дејан Кулушевски на трансфермаркт
  2. 2,0 2,1 2,2 „Дејан Кулушевски: „Семејството беше најсреќно по мојот настап за Македонија““. ffm. 19 ноември 2015. конс. 22 јануари 2019. 
  3. „Frosinone Primavera - Atalanta Primavera 2-1“. 21 јануари 2017. конс. 22 јануари 2019. 
  4. Kulusevski ha rinnovato fino al 2023 atalantini.online
  5. 5,0 5,1 Деби на Кулушевски во Серија А“, sportmedia.mk, 20 јануари 2019 (посет. 22 јануари 2019 г).
  6. Уште еден Македонец дебитираше во Серија А, но со шведски пасош (Видео)“, sportmanija, 20 јануари 2019 (посет. 22 јануари 2019 г).

Надворешни врски[уреди | уреди извор]