Филип Еландер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Филип Еландер
Filip Helander in July 2015.jpg
Лични податоци
Роден на 22 април 1993 (1993-04-22) (27 г.)
Роден во Малме, Шведска
Држава Шведска Шведска
Висина &100000000000001920000001,92 м
Позиција одбрана
Клупски податоци
Сегашен клуб Ренџерс Ренџерс
Број 5
Младинска кариера
Малме Малме
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2011-2015 Малме Малме 72 (1)
2015-2016 Верона Верона 24 (2)
2016-2019 Болоња Болоња 60 (1)
2019- Ренџерс Ренџерс 5 (1)
Репрезентација
2010 Шведска Шведска 17 2 (0)
2011-2012 Шведска Шведска 19 2 (0)
2012-2015 Шведска Шведска 21 19 (0)
2015- Шведска Шведска 2 (0)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 6 јануари 2011.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 17 ноември 2010

Филип Виктор Еландер (роден на 22 април 1993 во Малме) — шведски фудбалер, играч од одбраната на Ренџерс и на шведската репрезентација.

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Малме[уреди | уреди извор]

Еландер во Малме во 2013

Еландер го направил своето деби со Малме во Алсвенскан во натпреварот против Сиријанска на 17 октомври 2011 година.[1] Следната сезона Еландер бил стартер на почетокот играјќи во пар со Понтус Јансон во центарот на одбраната, но потоа бил заменет со Даниел Андерсон. На 17 јули 2012 година, Еландер го потпишал првиот професионален договор со Малме до крајот на сезоната 2015.[2] По летната пауза, Еландер го истиснал Андерсон од стартната постава завршувајќи ја сезоната како редовен стартер во одбраната. Еландер одиграл вкупно 12 лигашки натпревари за Малме за време на сезоната 2012.

Освојувањето на титулата во Алсвенскан 2013 се покажала како сезона на пробивот за Еландер во која тој одиграл 18 натпревари за клубот. Тој исто така бил повреден во раната фаза од сезоната и бил заменет на стартот од Ерик Јохансон, но подоцна го вратил своето место во тимот во вториот дел од сезоната. Следната сезона 2014 Еландер играл редовно во текот на целата кампања, во која клубот ја одбранил титулата во лигата и се квалификувал за групната фаза од Лигата на шампионите 2014-2015. Тој, исто така, го постигна својот прв првенствен гол за Малме на 23 август 2014 во победата со 3-0 против Норчепинг.[3] Со својте одлични игри во лигата Еландер бил номиниран за наградата Алсвенскан дефанзивец на годината.[4] Тој исто така бил номиниран за шведски дефанзивец на годината во Fotbollsgalan.[5]

Хелас Верона[уреди | уреди извор]

На 22 јули 2015, Еландер потпишал за Хелас Верона, екипа од италијанската Серија А. На 23 септември, дебитирал во лигата против Интер во поразот со 1-0 на Сан Сиро. Во следниот натпревар против Лацио на домашен терен, тој повторно бил стартер и го постигнал својот прв гол во Серија А во 33-тата минута од натпреварот, во кој сепак Лацио победил со 2-1. На 7 февруари тој постигнал уште еден гол во ремито 3-3 со Интер. Својата прва и единствена сезона во Верона ја завршил со 24 настапи во Серија А и два постигнати гола. По завршувањето на сезоната Верона испаднала од највисоката лига во Италија и Еландер го напуштил клубот.

Болоња[уреди | уреди извор]

На 31 август 2016 година, Еландер и се приклучил на Болоња на заем до крајот на сезоната, со обврска да потпише перманентен договор на крајот на сезоната. Како дел од договорот, Николо Керубин се преселил во Верона.[6] Во првата сезона во дресот на Болоња одиграл само 11 натпревари и постигнал еден гол во ремито 1-1 против Лацио на Олимпико.[7][8]

На 12 јуни 2017 година, Елендер потпишал договор со Болоња на конечна основа.[9] За време на сезоната 2017-2018, Еландер нашол повеќе простор за игра под водството на тренерот Роберто Донадони, играјќи 29 натпревари без постигнат гол. Сепак, тој морал да ја заврши истата сезона предвреме, уште на почетокот на април 2018 година поради повреда.[10] Вкупно за рособлу одиграл 63 натпревари и постигнал 1 гол.

Ренџерс[уреди | уреди извор]

На 13 јули 2019, Еландер бил објавен како ново засилување на шкотскиот Ренџерс во трансфер вреден 3.5 милиони фунти.[11][12] Своето деби го направил во натпревар од Шкотскиот Лига куп против Ист Фајф, постигнувајќи и гол во победата на Ренџерс со 3-0.

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

Својот прв повик во сениорската репрезентација Еландер го добил за натпреварите од квалификациите за Европското првенство 2016.

Титули[уреди | уреди извор]

Клупски[уреди | уреди извор]

Шведска Малме[уреди | уреди извор]

Репрезентација[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „En debut att minnas för Helander“. Sydsvenskan.se (шведски). 17 October 2011. Архивирано од изворникот на 21 October 2011. Посетено на 18 October 2011.
  2. „Filip Helander tecknar A-lagskontrakt“. mff.se (шведски). 17 July 2012. Архивирано од изворникот на 29 September 2013. Посетено на 17 July 2012.
  3. „Malmö FF 3–0 IFK Norrköping“. svenskfotboll.se (шведски). The Swedish Football Association. 23 August 2014. Посетено на 19 January 2015.
  4. „Här är vinnarna i Allsvenskans stora pris“. allsvenskan.se (шведски). Allsvenskan. 6 November 2014. Посетено на 19 January 2015.
  5. „Nomineringarna till Fotbollsgalan 2014“. fogis.se (шведски). The Swedish Football Association. 20 October 2014. Посетено на 19 January 2015.
  6. „Helander signs for Bologna, Cherubin moves to Verona“. Bologna F.C. 1909. 31 August 2016. Посетено на 2 September 2016.
  7. „Lazio-Bologna 1-1 | Helander segna, Da Costa para ma Immobile pareggia al 96'. BolognaToday. Посетено на 2018-09-09.
  8. „Lazio, Helander colpisce ancora: già in gol ai tempi dell'Hellas Verona“ (италијански). lazialita.it. 2016-10-16. Посетено на 2018-09-09.
  9. Hellas Verona F.C. (12 јуни 2017). "Ufficiale: Cherubin è gialloblù, Helander al Bologna" (на it). Соопштение за печат.
  10. „Bologna, stagione finita per Helander: ma il Mondiale non è a rischio - ITA Sport Press“ (италијански). ITA Sport Press. 2018-04-21. Посетено на 2018-09-09.
  11. „Rangers sign Filip Helander“. Rangers FC. 13 July 2019. Посетено на 13 July 2019.
  12. „Helander uppges läkarundersökas idag - hyllas av Gattuso: "Gillar spelaren" [Helander is given medical examination today - hailed by Gattuso: "Likes the player"] (шведски). Fotbollskanalen. 12 July 2019. Посетено на 13 July 2019.Предлошка:Failed verification

Надворешни врски[уреди | уреди извор]