Исак Кисе Телин
Исак Кисе Телин | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Роден на | 24 јуни 1992 | ||
Роден во | Еребро, Шведска[2] | ||
Држава | Шведска | ||
Висина | м | 1,89||
Позиција | напаѓач | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Бајер Леверкузен | ||
Број | 11 | ||
Агент | Миралем Јагањац | ||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2009-2011 | Карлслунд | 44 | (18) |
2011-2014 | Норчепинг | 48 | (6) |
2014 | Малме | 14 | (5) |
2015-2017 | Бордо | 29 | (3) |
2017– | Андерлехт | 18 | (1) |
2017-2018 | → Васланд-Беверен | 33 | (19) |
2018- | → Бајер Леверкузен | 6 | (0) |
Репрезентација ‡ | |||
2009 | Шведска 17 | 3 | (1) |
2014- | Шведска 21 | 6 | (6) |
2014- | Шведска | 28 | (3) |
* Ажурирано на: 6 јануари 2011 ** Ажурирано на: 17 ноември 2010 |
Исак Кисе Телин (роден на 24 јуни 1992 во Еребро) — шведски фудбалер, напаѓач на Бајер Леверкузен и на шведската репрезентација.
Клупска кариера
[уреди | уреди извор]Рани години
[уреди | уреди извор]Кисе Телин ја започнал својата кариера во екипата на Карлслунд од градот Еребро, во која започнал да игра фудбал уште на возраст од пет години.[3] Тој одиграл три сезони за клубот, настапувајќи во шведската Дивизион 1, Дивизион 2 и Дивизион 3. Во 2011 година се преселил во неодамна промовираниот прволигаш, Норчепинг. Кисе Телин го направил својот пробив во сезоната 2012, кога тој се појавил во единаесет натпревари за клубот и постигна два гола. За следната сезона го зголеми својот број на настапи на 25 и постигна уште четири погодоци. Во текот на сезоната 2014 по 12 настапи за Норчепинг, Кисе Телин потпишал четиригодишен договор со актуелниот шведски шампион Малме.[4]
Малме
[уреди | уреди извор]На 4 јуни 2014 година бил официјално потвреден трансферот на Кисе Телин во Малме, а неговото доаѓање во клубот било најавено за 15 јули. Тој го направил своето деби за клубот во првиот натпревар од второто квалификациско коло за Лигата на шампионите во натпреварот против Вентспилс на 16 јули 2014 година.[5] Кисе Телин ќе се покаже клучен дел од тимот на патот на Малме кон одбраната на титулата во шведското првенство и квалификувањето на клубот во групната фаза на Лигата на шампионите 2014-15. Тој одиграл 14 првенствени натпревари за клубот во кој постигнал пет гола, првиот на гостувањето против Калмар во ремито 1-1 на 19 јули 2014 година.[6] Тој, исто така, постигнал два важни гола за клубот во кваификациската кампања за Лигата на шампионите, првиот на гостувањето против Вентспилс на 23 јули 2014 година, а вториот на гостувањето против Спарта Прага на 29 јули 2014 година.[7][8] Тој ги започнал како стартер сите натпревари на Малме во групната фаза, играјќи во нападот заедно со ветеранот Маркус Розенберг, но неговиот клуб останал на последното место во групата зад Атлетико Мадрид, Јувентус и Олимпијакос. По завршувањето на сезоната тој бил номиниран за откритие на годината во шведскиот фудбал.[9]
Бордо
[уреди | уреди извор]На 22 јануари 2015 година, Кисе Телин потпишал договор со францускиот Бордо кој треба да го држи во клубот до 2019 година.[10] Тој го направил своето деби во Лига 1 два дена подоцна во ремито без голови против Бастија, играјќи го целиот натпревар. Својот прв гол за Бордо го постигнал на 28 февруари 2015, против екипата на Ремс (1-1).
Андерлехт и Васланд-Беверен
[уреди | уреди извор]На 5 јануари 2017, Кисе Телин бил позајмен на Андерлехт до крајот на сезоната. Своето деби за Андерлехт го направил на 22 јануари 2017, во победата со 3-1 на домашен терен над Сент Труден, заменувајќи го Лукаш Теодорчик во 90-тата минута од натпреварот. Својот прв погодок за Андерлехт го постигнал на 7 мај 2017, во победата дома со 2-0 над Зулте Варегем во втората минута од судиското надополнување. По завршувањето на оваа полусезона во Андерлехт во која вкупно на 22 натпревари постигнал два гола, Андерлехт и Бордо се договориле за нова позајмица на Кисе Телин до крајот на следната сезона 2017-2018.[11]
На 31 август 2017, Андерлехт одлучиле да го откупат играчот од Бордо и веднаш потоа да го позајмат на белгискиот прволигаш Васланд-Беверен. Своето деби за Васланд-Беверен го направил на 9 септември 2017, во победата со високи 5-1 над Ојпен, постигнувајќи го четвртиот гол за својот тим од пенал и асистирал за уште три други гола. На 22 октомври 2017, Кисе Телин постигнал 4 гола во победата со 5-2 на гостувањето кај Зулте Варегем.[12][13] Сезоната на заем во Васланд-Беверен Кисе Телин ја завршил со 33 првенствени настапи и 19 постигнати гола.
Бајер Леверкузен
[уреди | уреди извор]На 7 август 2018, од германскиот Бајер Леверкузен објавиле дека Кисе Телин ќе му се приклучи на клубот на едногодишна позајмица од Андерлехт, до 30 јуни 2019.[14] Дебитирал во Бундеслигата кон крајот на истиот месец во поразот со 2-0 од Борусија Менхенгладбах, влегувајќи како замена на местото на Бенџамин Хенрихс во 64-тата минута.
Репрезентативна кариера
[уреди | уреди извор]Кисе Телин има 3 настапи и еден гол за шведската репрезентација под 17 години.
Во 2014 и 2015 година тој ја претставувал репрезентацијата под 21 година постигнувајќи шест гола во исто толку настапи во квалификациите за Европското првенство за играчи под 21 година, вклучувајќи ги и двата против Франција во баражот кои му донеле пласман на овој турнир на неговиот репрезентација. Кисе Телин бил избран во составот на шведската репрезентација под 21 година за Европското првенство 2015. Во првиот натпревар во групната фаза, тој го постигнал победничкиот гол за Шведска од пенал во 88-мата минута во победата со 2-1 над Италија. Во финалето на турнирот против Португалија, во кое Шведска победила на пенали и ја освоила титулата, Кисе Телин бил еден од прецизните изведувачи за победничката репрезентација.
Тој го направил своето сениорско деби на 15 ноември 2014 година против Црна Гора во квалификациите за Евро 2016. Својот прв погодок за сениорската репрезентација го постигнал во пријателски натпревар против Унгарија.
Во мај 2018, бил повикан помеѓу 23-цата играчи на Шведска за Светското првенство 2018.
Хронологија на репрезентативните настапи
[уреди | уреди извор]Личен живот
[уреди | уреди извор]Tаткото на Кисе Телин е со конгоанско потекло роден во Киншаса, додека неговата мајка е швеѓанка. Во текот на адолесценцијата негов идол бил Хенрик Ларсон.[15]
Титули
[уреди | уреди извор]Малме
[уреди | уреди извор]- Прва шведска фудбалска лига (1) : 2014
- Суперкуп на Шведска (1) : 2014
Андерлехт
[уреди | уреди извор]- Белгиска Про лига (1) : 2016-2017[16]
- Суперкуп на Белгија (1): 2017
Шведска репрезентација под 21 година
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ https://twitter.com/ikiesethelin/ twitter profile
- ↑ Balkander, Mattias (11 November 2014). „Debutanten Kiese Thelin är inte nervös“. Göteborgs-Posten (шведски). Посетено на 17 November 2014.
- ↑ „Isaac Kiese Thelin på plats i Malmö FF“. mff.se (шведски). Malmö FF. 7 July 2014. Архивирано од изворникот на 2014-07-14. Посетено на 7 July 2014.
- ↑ „Isaac Kiese Thelin“. Svenskfotboll. Архивирано од изворникот на 2017-08-27. Посетено на 14 April 2012.
- ↑ „Malmö and Ventspils play out goalless draw“. uefa.com. UEFA. 16 July 2014. Посетено на 16 July 2014.
- ↑ „Kalmar FF 1–1 Malmö FF“. svenskfotboll.se (шведски). The Swedish Football Association. 19 July 2014. Архивирано од изворникот на 2014-11-06. Посетено на 19 January 2015.
- ↑ „Ventspils' dream dashed by Malmö“. uefa.com. UEFA. 23 July 2014. Посетено на 19 January 2015.
- ↑ „Lafata treble puts Sparta in charge against Malmö“. uefa.com. UEFA. 29 July 2014. Посетено на 19 January 2015.
- ↑ „Här är de nominerade till Idrottsgalan“. sverigesradio.se (шведски). Sveriges Radio. 12 November 2014. Посетено на 20 January 2015.
- ↑ „Transfert - Isaac Kiese Thelin est bordelais !“. girondins.com (француски). FC Girondins de Bordeaux. 22 January 2015. Архивирано од изворникот на 2015-01-22. Посетено на 22 January 2015.
- ↑ „Isaac Kiese Thelin retournera à Anderlecht“ (француски). L'Équipe. 24 May 2017. Посетено на 21 July 2017.
- ↑ „Un quadruplé de Thelin permet à Waasland-Beveren de battre Zulte 5-2“ (француски). www.rtbf.be. 22 октомври 2017. Посетено на 22 јануари 2019.
- ↑ Zulte Waregem-Waasland-Beveren 2-5
- ↑ „WM-Joker Thelin: Leih-Deal perfekt“ (германски). kicker. 7 August 2018. Посетено на 8 August 2018.
- ↑ „Aftonbladet“. 2014-11-09.
- ↑ Исак Кисе Телин на soccerway
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Исак Кисе Телин на soccerway
- Исак Кисе Телин на transfermarkt
- Исак Кисе Телин на espn
- Исак Кисе Телин на whosocered
|