Прејди на содржината

Виктор Класон

Од Википедија — слободната енциклопедија
Виктор Класон
Лични податоци
Полно име Виктор Јохан Антон Класон[1]
Роден на 2 јануари 1992(1992-01-02)(34 г.)
Роден во Вернамо, Шведска
Држава Шведска Шведска
Висина &100000000000001830000001,83 м
Позиција среден ред
Клупски податоци
Сегашен клуб Копенхаген Копенхаген
Број 7
Младинска кариера
ИФК Вернамо ИФК Вернамо
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2008–2011 ИФК Вернамо ИФК Вернамо 70 (29)
2012–2017 Елфсборг Елфсборг 134 (32)
2017–2022 Краснодар Краснодар 114 (32)
2022– Копенхаген Копенхаген 20 (7)
Репрезентација
2008 Шведска Шведска 17 2 (0)
2009-2010 Шведска Шведска 19 9 (3)
2011-2015 Шведска Шведска 21 20 (1)
2012- Шведска Шведска 69 (13)

Виктор Јохан Антон Класон (роден на 9 октомври 1993) — шведски фудбалер, играч од средниот ред на Краснодар и на шведската репрезентација.

Клупска кариера

[уреди | уреди извор]

Роден и израснат во Вернамо, својата кариера ја започнал во екипата на ИФК Вернамо, за која дебитирал како професионалец во третата шведска лига во 2009 година. Под водството на тренерот Јонас Терн, клубот изборил промоција во Суперетан - втората лига на земјата - благодарение на својте млади и талентирани играчи како Симон Терн, Лалавеле Атакора и Класон. Следната година Класон постигнал 13 гола на 29 натпревари во втората лига, и покрај тоа, што тимот бил принуден да победува во баражот за да остане во лигата.

Класон во дресот на Елфсборг.

По одличната сезона во Суперетан со ИФК Вернамо, Класон потпишал четиригодишен договор со многу попознатиот шведски прволигашки клуб Елфсборг.[2] Дебитирал во Алсвенскан на 31 март 2012, во победата на домашен терен со 2-1 над Јургорден, а својот прв погодок во дресот на Елфсборг го забележал на 12 април 2012 во победата со 2-0 над Норчепинг. Веќе во првата сезона со клубот, тој го освоил шведското првенство придонесувајќи за титулата со 27 настапи и 5 голови. Во мај 2014, тој играл од почетокот на натпреварот во победата со 1-0 над Хелсингборг во финалето на Купот на Шведска, освојувајќи ја својата втора титула со Елфсборг.

На 25 јануари 2017 година, Класон потпишал три ипол годишен договор со руската екипа Краснодар.[3] Дебитирал на 16 февруара 2017 година против турскиот Фенербахче во Лига Европа; во четвртата минута од истиот натпревар го постигнал првиот гол за новиот клуб уште при првиот допир со топката, а УЕФА потоа го избрала за најдобар играч на натпреварот.[4]

На 5 март 2022 година, тој го раскинал договорот со Краснодар по конфликтот меѓу Русија и Украина.[5] На 31 март, тој потпишал за данскиот ФК Копенхаген.[6]

Репрезентативна кариера

[уреди | уреди извор]

Класон ја претставувал Шведска во неколку младински репрезентации: под 17 години, под 19 години и под 21 година.

Дебитирал за сениорската репрезентација на Шведска на 18 јануари 2012, во пријателски натпревар против Бахреин,[7] а својот прв гол го постигнал само пет дена подоцна во победата со 5-0 против Катар во својот втор натпревар за шведската репрезентација.

Во мај 2018 годинa, бил избран во составот на Шведска за Светското првенство 2018 во Русија,[8] каде ги одиграл сите натпревари за својата земја, а Шведска дошла до четвртфиналето каде била елиминирана од Англија. Три години подоцна, тој бил повикан за Европското првенство 2020, каде исто така ги одиграл сите натпревари, заклучно со поразот од Украина во осминафиналето по продолженија со кои швеѓаните биле елиминирани. Класон постигнал еден гол на турнирот, во последниот натпревар од групната фаза против Полска погодувајќи ја мрежата на полјаците во четвртата минута од судиското продолжение со што и донел победа на својата репрезентација и воедно прво место во групата Е.

Хронологија на репрезентативни настапи

[уреди | уреди извор]
Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Шведска
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
18-1-2012ДохаБахреин Бахреин0 – 2Шведска ШведскаПријателска-влегол во игра 73'
23-1-2012ДохаКатар Катар0 – 5Шведска ШведскаПријателска1заменет 63'
23-1-2013Чијанг МајШведска Шведска1 – 1
(4 – 1 пен.)
Северна Кореја Северна КорејаПријателска-
26-1-2013Чијанг МајШведска Шведска3 – 0Финска ФинскаПријателска-
6-1-2016Абу ДабиШведска Шведска1 – 1Естонија ЕстонијаПријателска-заменет 46'
10-1-2016Абу ДабиШведска Шведска3 – 0Финска ФинскаПријателска-
15-11-2016БудимпештаУнгарија Унгарија0 – 2Шведска ШведскаПријателска-влегол во игра 65'
8-1-2017Абу ДабиШведска Шведска1 – 2Брег на Слоновата Коска Брег на Слоновата КоскаПријателска-
12-1-2017Абу ДабиШведска Шведска6 – 0Словачка СловачкаПријателска-
25-3-2017СолнаШведска Шведска4 – 0Белорусија БелорусијаКвал. за СП 2018-влегол во игра 85'
28-3-2017ФуншалПортугалија Португалија2 – 3Шведска ШведскаПријателска2
9-6-2017СолнаШведска Шведска2 – 1Франција ФранцијаКвал. за СП 2018-влегол во игра 77'
13-6-2017ОслоНорвешка Норвешка1 – 1Шведска ШведскаПријателска-
31-8-2017СофијаБугарија Бугарија3 – 2Шведска ШведскаКвал. за СП 2018-влегол во игра 82'
3-9-2017БорисовБелорусија Белорусија0 – 4Шведска ШведскаКвал. за СП 2018-влегол во игра 67'
7-10-2017СолнаШведска Шведска8 – 0Луксембург ЛуксембургКвал. за СП 2018-
10-10-2017АмстердамХоландија Холандија2 – 0Шведска ШведскаКвал. за СП 2018-заменет 68'
10-11-2017СолнаШведска Шведска1 – 0Италија ИталијаКвал. за СП 2018-
13-11-2017МиланоИталија Италија0 – 0Шведска ШведскаКвал. за СП 2018-заменет 71'
24-3-2018СолнаШведска Шведска1 – 2Чиле ЧилеПријателска-
27-3-2018КрајоваРоманија Романија1 – 0Шведска ШведскаПријателска-влегол во игра 83'
9-6-2018ГетеборгШведска Шведска0 – 0Перу ПеруПријателска-
18-6-2018Нижни НовгородШведска Шведска1 – 0Јужна Кореја Јужна КорејаСП 2018 - Прва фаза-добил жолт картон во 61-вата минута 61'
23-6-2018СочиГерманија Германија2 – 1Шведска ШведскаСП 2018 - Прва фаза-заменет 74'
27-6-2018ЕкатеринбургМексико Мексико0 – 3Шведска ШведскаСП 2018 - Прва фаза-
3-7-2018Санкт ПетербургШведска Шведска1 – 0Швајцарија ШвајцаријаСП 2018 - Осминафинале-
7-7-2018СамараШведска Шведска0 – 2Англија АнглијаСП 2018 - Четвртфинале-
6-9-2018ПрагаАвстрија Австрија2 – 0Шведска ШведскаПријателска-влегол во игра 67'
10-9-2018СолнаШведска Шведска2 – 3Турција ТурцијаУЕФА Лига на нации 2018-2019 - Прва фаза1
11-10-2018КалининградРусија Русија0 – 0Шведска ШведскаУЕФА Лига на нации 2018-2019 - Прва фаза-
16-10-2018СолнаШведска Шведска1 – 1Словачка СловачкаПријателска-влегол во игра 66'
17-11-2018ЕскишехирТурција Турција0 – 1Шведска ШведскаУЕФА Лига на нации 2018-2019 - Прва фаза-заменет 90'
20-11-2018СолнаШведска Шведска2 – 0Русија РусијаУЕФА Лига на нации 2018-2019 - Прва фаза-заменет 80'
23-3-2019СолнаШведска Шведска2 – 1Романија РоманијаКвал. за ЕП 20201
26-3-2019ОслоНорвешка Норвешка3 – 3Шведска ШведскаКвал. за ЕП 20201
7-6-2019СолнаШведска Шведска3 – 0Малта МалтаКвал. за ЕП 20201
10-6-2019МадридШпанија Шпанија3 – 0Шведска ШведскаКвал. за ЕП 2020-заменет 27'
8-10-2020МоскваРусија Русија1 – 2Шведска ШведскаПријателска-влегол во игра 77'
11-10-2020ЗагребХрватска Хрватска2 – 1Шведска ШведскаУЕФА Лига на нации 2020-2021 - Прва фаза-влегол во игра 65'
14-10-2020ЛисабонПортугалија Португалија3 – 0Шведска ШведскаУЕФА Лига на нации 2020-2021 - Прва фаза-
14-11-2020СолнаШведска Шведска2 – 1Хрватска ХрватскаУЕФА Лига на нации 2020-2021 - Прва фаза-влегол во игра 74'
17-11-2020Сен ДениФранција Франција4 – 2Шведска ШведскаУЕФА Лига на нации 2020-2021 - Прва фаза1заменет 66'
25-3-2021СолнаШведска Шведска1 – 0Грузија ГрузијаКвал. за СП 20221заменет 74'
28-3-2021ПриштинаКосово Косово0 – 3Шведска ШведскаКвал. за СП 2022-заменет 83'
29-5-2021СолнаШведска Шведска2 – 0Финска ФинскаПријателска-заменет 77'
5-6-2021СолнаШведска Шведска3 – 1Ерменија ЕрменијаПријателска-влегол во игра 46' добил жолт картон во 79-тата минута 79'
14-6-2021СевиљаШпанија Шпанија0 – 0Шведска ШведскаЕвро 2020 - Прва фаза-влегол во игра 69'
18-6-2021Санкт ПетербургШведска Шведска1 – 0Словачка СловачкаЕвро 2020 - Прва фаза-влегол во игра 64'
23-6-2021Санкт ПетербургШведска Шведска3 – 2Полска ПолскаЕвро 2020 - Прва фаза1влегол во игра 78'
29-6-2021ГлазговШведска Шведска1 – 2 прод.Украина УкраинаЕвро 2020 - Осминафинале-влегол во игра 97'
Вкупно Настапи 50 Голови 10

Статистика

[уреди | уреди извор]

Клупска статистика

[уреди | уреди извор]

Репрезентативна статистика

[уреди | уреди извор]
РепрезентацијаГод.НастапиГолови
Шведска
201221
201320
201630
2017122
2018141
201943
202051
202182
Вкупно5010

Шведска Елфсборг

[уреди | уреди извор]
2012
2013-2014
  1. „2018 FIFA World Cup Russia – List of Players“ (PDF). FIFA.com. Fédération Internationale de Football Association. 4 June 2018. Архивирано од изворникот (PDF) на 2019-12-02. Посетено на 4 June 2018.
  2. „Viktor Claesson är klar för Elfsborg“. bt.se. 29 јули 2011. Архивирано од изворникот на 15 август 2011. Посетено на 15 август 2011.
  3. „Краснодар укрепил рядыВиктором Клаэссоном“. fckrasnodar.ru. FC Krasnodar. 25. 1. 2017. Посетено на 25. 1. 2017. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  4. „Krasnodar-Fenerbahce game report“. UEFA. 16. 2. 2017. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  5. „«Краснодар» расторг контракт с Виктором Классоном“ (руски). Посетено на 2022-03-05.
  6. „Viktor Claesson bliver FCK-spiller resten af sæsonen“ (дански). Посетено на 2022-06-03.
  7. „Бахреин VS. Шведска 0:2“ (англиски). soccerway.com. 18. 1. 2012. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  8. „Revealed: Every World Cup 2018 squad - Final 23-man lists - Goal.com“.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]