Прејди на содржината

Робин Кваизон

Од Википедија — слободната енциклопедија
Робин Кваизон
Лични податоци
Полно име Робин Квамина Кваизон
Роден на 9 октомври 1993(1993-10-09)(32 г.)
Роден во Стокхолм, Шведска
Држава Шведска Шведска
Висина &100000000000001860000001,86 м
Позиција напаѓач
Клупски податоци
Сегашен клуб Мајнц Мајнц 05
Број 7
Младинска кариера
АИК АИК
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2011Васби Јунајтед Васби Јунајтед 17 (8)
2012–2014 АИК АИК 51 (7)
2014–2017 Палермо Палермо 66 (7)
2017– Мајнц Мајнц 05 123 (31)
Репрезентација
2012 Шведска Шведска 19 2 (0)
2012-2015 Шведска Шведска 21 16 (1)
2016 Шведска Шведска (ол.) 4 (0)
2013- Шведска Шведска 30 (9)

Робин Кваизон (роден на 9 октомври 1993) — шведски фудбалер со ганско потекло, напаѓач на Мајнц 05 и на шведската репрезентација.

Клупска кариера

[уреди | уреди извор]

Роден во Стокхолм од татко од Гана и мајка швеѓанка,[1] Кваизон е производ на академијата на АИК.

Во 2011 година тој бил позајмен на Васби Јунајтед, екипа од третата лига, со цел да собере искуство. На 16 натпревари за Васби постигнал 8 гола во регуларниот дел од сезоната, и имал еден настап во плејофот.

Тој се вратил во клубот од каде потекнува, и бил вклучен во првиот тим за кого дебитирал на 24 март 2012 во натпревар од Суперкупот на Шведска каде неговиот тим загубил со 2-0 од Хелсингборг; Кваизон влегол во игра 80-тата минута на местото на Роберт Оман Персон. Тој дебитирал во Алсвенскан (шведското првенство) на 1 април 2012 година во ремито 0-0 против Мјелби, влегувајќи во игра ви 76-тата минута. На 15 април 2012 за првпат бил стартер во победата со 1-0 на гостувањето против Сиријанска, а на 20 мај го постигнал својот прв гол во шведската прва лига против Норчепинг.[2] Исто така, во 2012 година го имал своето деби во Лигата на Европа; на 19 јули во натпревар што завршил 1-1 против Хабнафјердир, играл како стартер до 60-тата минута кога бил заменет со Алхасан Камара; вкупно за таа сезона одиграл 7 натпревари во Лига Европа вклучувајќи еден настап во плејоф рунндата и другите шест во фазата по групи, каде АИК бил елиминиран. Сезоната 2012 ја завршил со 18 натпревари во лигата, а три во шведскиот куп.

Кваизон во дресот на АИК во 2014.

Во сезоната 2013 тој одиграл 23 натпревари во лигата на кој постигнал 4 гола и имал еден настап без погодок во националниот куп. Во почетниот дел на сезоната 2014 одиграл 10 натпревари во лигата, постигнувајќи еден гол. На последниот натпревар во дресот на АИК на 2 јуни 2014 во победата со 4-2 над Бромапојкарна, излегол од игра во 67-мата минута, за да може да биде испратен со аплаузи од навивачите за сè што направил за клубот и да му отстапи место на Антон Салетрос.

На 18 јули 2014 година, тој се пресели во Италија потпишувајќи тригодишен договор со новопромовираниот клуб во Серија А, Палермо.[3] По комплетирањето на трансферот го преземал дресот со број 21. Тој го направил своето деби со розовиот дрес во првиот официјален натпревар на Палермо за сезоната, двобојот од третиот круг на италијанскиот куп против Модена на 24 август во кој неговиот клуб загубил катастрофално со 3-0 на домашен терен.[4] На 21 септември, го направил своето деби во италијанското првенство во натпреварот Палермо-Интер (1-1) во третото коло, заменувајќи го стрелецот на голот за Палермо Франко Васкес во 83-тата минута. На 11 јануари 2015 година, Кваизон се појавил во игра од клупата за резерви на местото на ветеранот Енцо Мареска во 52-рата минута од натпреварот против Фјорентина и во следните 9 минути постигнал два гола за да направи израмнување од 2-0 до 2-2; натпреварот завршил 4-3 за виолa.[5] Тоа биле воедно неговите први голови во Серија А. На 14 февруари, тој за првпат бил стартер за Палермо во победата со 3-1 против Наполи.

На 31 јануари 2017 потпишал 4 и пол годишен договор со Бунеслигашот Мајнц 05.[6] Своето деби за Мајнц го направил на 25 февруари 2017 во победата со 2-0 на гости над Баер Леверкузен. Својот прв гол за петките го постигнал на 11 март во поразот со 2-1 од Дармштат.

На 17 декември 2019, Кваизон го постигнл својот прв хет-трик во кариерата во победата со 5–0 на гостувањето кај Вердер Бремен во Бундеслигата.[7]

На 16 мај 2021 година, Кваизон го постигнал единствениот гол за Мајнц, во поразот со 3-1 од Борусија Дортмунд во Бундеслигата, со што стигнал до својот триесетти погодок за клубот; притоа тој, исто така, станал најдобриот стрелец на Мајнц на сите времиња во Бундеслигата, надминувајќи ги Јунус Мали и Мохамед Зидан со кои претходно бил изедначен.[8]

Репрезентативна кариера

[уреди | уреди извор]
Робин Кваизон во акција во дресот на шведската репрезентација под 21 година.

По неколку појавувања во младата репрезентација, Кваизон добил повик во сениорската репрезентација од страна на селекторот Ерик Хамен за да игра на Кинг'с купот кој се одржал во Тајланд во јануари 2013 година.[9] На оваа манифестација собрал два настапи и еден постигнат гол, кој го дал во финалето против Финска со шут надвор од шеснаесетникот.

Во јуни 2015, Кваизон бил дел од репрезентацијата на Шведска која го освоила Европското првенство за играчи под 21 година во Чешка. Тој постигнал еден гол на турнирот, во победата со 4-1 над Данска во полуфиналето, а исто така се појавил како замена и во финалето во кое швеѓаните ја совладале Португалија по изведување на пенали.

Следната година, тој учествувал со шведската олимписка репрезентација на Летните олимписки игри 2016, но таму неговата земја била елиминирана уште во првата фаза.[10]

По неколку години пауза, благодарение на одличната форма во дресот на Мајнц, Кваизон се вратил во сениорската репрезентација и во текот на 2019 година учествувал во квалификациите за Европското првенство 2020: тој одиграл 9 натпревари и постигнал 6 голови - со кои бил најдобар стрелец на својата земја - помагајќи им на швеѓаните да се пласираат на завршниот турнир.

Во летото 2021, Кваизон за првпат во кариерата бил повикан да настапи на некое големо натпреварување со сениорската репрезентација на Шведска, откако се нашол во составот од 26 играчи избран од селекторот Јане Андерсон за Европското првенство 2020. Тој играл во сите четири натпревари на својата земја, а патот за него и неговите соиграчи завршил во осминафиналето каде биле елиминирани по продолженија од Украина со 1-2.

Хронологија на репрезентативните настапи

[уреди | уреди извор]
Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Шведска
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
23-1-2013Чијанг МајСеверна Кореја Северна Кореја1 – 1Шведска ШведскаПријателска-
26-1-2013Чијанг МајФинска Финска0 – 3Шведска ШведскаПријателска1
17-1-2014Абу ДабиМолдавија Молдавија1 – 2Шведска ШведскаПријателска-
21-1-2014Абу ДабиИсланд Исланд0 – 2Шведска ШведскаПријателска1
31-3-2015СолнаШведска Шведска3 – 1Иран ИранПријателска-влегол во игра 66'
6-9-2018ПрагаАвстрија Австрија2 – 0Шведска ШведскаПријателска-
23-3-2019СолнаШведска Шведска2 – 1Романија РоманијаКвал. за ЕП 20201заменет 89'
26-3-2019ОслоНорвешка Норвешка3 – 3Шведска ШведскаКвал. за ЕП 20202
7-6-2019СолнаШведска Шведска3 – 0Малта МалтаКвал. за ЕП 20201заменет 85'
10-6-2019МадридШпанија Шпанија3 – 0Шведска ШведскаКвал. за ЕП 2020-
5-9-2019ТоршавнФарски Острови Фарски Острови0 – 4Шведска ШведскаКвал. за ЕП 20201
8-9-2019СолнаШведска Шведска1 – 1Норвешка НорвешкаКвал. за ЕП 2020-заменет 77'
12-10-2019Та КалиМалта Малта0 – 4Шведска ШведскаКвал. за ЕП 2020-добил жолт картон во 62-рата минута 62' заменет 71'
15-10-2019СтокхолмШведска Шведска1 – 1Шпанија ШпанијаКвал. за ЕП 2020-заменет 77'
15-11-2019БукурештРоманија Романија0 – 2Шведска ШведскаКвал. за ЕП 20201
5-9-2020СолнаШведска Шведска0 – 1Франција ФранцијаУЕФА Лига на нации 2020-2021 - Прва фаза-заменет 77'
8-9-2020СолнаШведска Шведска0 – 2Португалија ПортугалијаУЕФА Лига на нации 2020-2021 - Прва фаза-влегол во игра 71'
8-10-2020МоскваРусија Русија1 – 2Шведска ШведскаПријателска-влегол во игра 64'
14-10-2020ЛисабонПортугалија Португалија3 – 0Шведска ШведскаУЕФА Лига на нации 2020-2021 - Прва фаза-заменет 62'
11-11-2020БрондбиДанска Данска2 – 0Шведска ШведскаПријателска-заменет 64'
17-11-2020Сен ДениФранција Франција4 – 2Шведска ШведскаУЕФА Лига на нации 2020-2021 - Прва фаза1влегол во игра 66'
25-3-2021СолнаШведска Шведска1 – 0Грузија ГрузијаКвал. за СП 2022-влегол во игра 84'
28-3-2021ПриштинаКосово Косово0 – 3Шведска ШведскаКвал. за СП 2022-влегол во игра 68'
31-3-2021СолнаШведска Шведска1 – 0Естонија ЕстонијаПријателска-
29-5-2021СолнаШведска Шведска2 – 0Финска ФинскаПријателска1заменет 84'
5-6-2021СолнаШведска Шведска3 – 1Ерменија ЕрменијаПријателска-влегол во игра 70'
14-6-2021СевиљаШпанија Шпанија0 – 0Шведска ШведскаЕвро 2020 - Прва фаза-влегол во игра 69'
18-6-2021Санкт ПетербургШведска Шведска1 – 0Словачка СловачкаЕвро 2020 - Прва фаза-влегол во игра 64'
23-6-2021Санкт ПетербургШведска Шведска3 – 2Полска ПолскаЕвро 2020 - Прва фаза-заменет 55'
29-6-2021ГлазговШведска Шведска1 – 2 прод.Украина УкраинаЕвро 2020 - Осминафинале-влегол во игра 97'
Вкупно Настапи 30 Голови 10

Статистика и рекорди

[уреди | уреди извор]

Клупска статистика

[уреди | уреди извор]

Статистиката е ажурирана на 10 март 2015.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
мар.-јун. 2011Шведска АИКА00---------00\
јун.-ное. 2011Шведска Васби ЈунајтедД116+1[11]8+0---------178
2012Шведска АИКА182КШ31ЛЕ7[12]0СШ10293
2013А234КШ10------244
мар.-јун. 2014А101---------101
Вкупно АИК517417010628
2014-2015Италија ПалермоА192КИ10------202
2015-2016А301КИ21------322
2016-јан. 2017А174КИ10------184
Вкупно Палермо66741----708
јан.-јун. 2017Германија Мајнц111КГ--------111
2017-2018244КГ20------264
2018-2019287КГ22------309
2019-20203213КГ10------3313
2020-2021286КГ21------307
Вкупно Мајнц1233173----13034
Вкупно во кариерата25753155701027958

Хет-трикови

[уреди | уреди извор]

Репрезентативни

[уреди | уреди извор]

Шведска Шведска под 21 година

[уреди | уреди извор]
2015
  1. goal.com, уред. (5-11-2012). „Ghanaian born Robin Quaison gets another Swedish Under-21 call-up“ (англиски). Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  2. Svenskfotboll.se, уред. (20-05-2013). „AIK-Norrköping (tabellino)“ (шведски). Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  3. Quaison è rosanero Архивирано на 25 јули 2014 г. Palermocalcio.it
  4. Palermo-Modena 0-3 Архивирано на 26 август 2014 г. Palermocalcio.it
  5. Fiorentina-Palermo 4-3, gol di Pasqual, Basanta, Quaison (2), Cuadrado, Joaquin e Belotti (rigore) Gazzetta.it
  6. mainz05.de, уред. (31 јануари 2017). „Robin Quaison signs“ (англиски).[мртва врска]
  7. „Robin Quaison hits hat-trick as Mainz put five without reply past Werder Bremen“. Bundesliga. 17 December 2019. Посетено на 18 December 2019.
  8. „Raphael Guerreiro, Marco Reus and Julian Brandt earn Borussia Dortmund Champions League qualification with win in Mainz“. Bundesliga. 16 May 2021. Посетено на 16 May 2021.
  9. svenskfotboll.se, уред. (5-12-2012). „Truppen till King's Cup“ (шведски). Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  10. TT (2016-08-28). „Quaison kallades in – och skadade sig“. Svenska Dagbladet (шведски). ISSN 1101-2412. Посетено на 2020-09-07.
  11. Во плејофот.
  12. Еден натпревар е квалификациски.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]