Прејди на содржината

Лудвиг Аугустинсон

Од Википедија — слободната енциклопедија
Лудвиг Аугустинсон
Лични податоци
Полно име Ханс Карл Лудвиг Аугустинсон
Роден на 21 април 1994(1994-04-21)(32 г.)
Роден во Стокхолм, Шведска
Држава Шведска Шведска
Висина &100000000000001810000001,81 м
Позиција одбрана
Клупски податоци
Сегашен клуб Андерлехт Андерлехт
Број 6
Младинска кариера
Бромапојкарна Бромапојкарна
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2011-2012 Бромапојкарна Бромапојкарна 30 (2)
2013-2014 Гетеборг Гетеборг 29 (1)
2015-2017 Копенхаген Копенхаген 78 (3)
2017-2021 Вердер Бремен Вердер Бремен 98 (3)
2021-2024 Севиља Севиља 19 (0)
2022-2023Астон Вила Астон Вила 3 (0)
2023Мајорка Мајорка 4 (0)
2023- Андерлехт Андерлехт 33 (1)
Репрезентација
2009-2011 Шведска Шведска 17 12 (0)
2011-2013 Шведска Шведска 19 9 (0)
2012-2015 Шведска Шведска 21 19 (0)
2015- Шведска Шведска 56 (2)

Лудвиг Аугустинсон (роден на 21 април 1994) — шведски фудбалер, играч од одбраната на Андерлехт и на шведската репрезентација.

Биографија

[уреди | уреди извор]

Лудвиг е роден и израснал во централните делови на Стокхолм, како прво-родено дете во спортски-ориентирано семејство. Неговиот татко Ханс бил поранешен фудбалер во третата фудбалска лига на Шведска, а неговата мајка Елизабет играла одбојка на репрезентативно ниво. Неговиот помлад брат Јонатан Аугустинсон, е исто така, фудбалер и како и Лудвиг игра на позицијата лев бек.[1][2]

Неговото семејство било дел од национална дебата во летото 2015 година, како и повеќето шведски репрезентативци кои доаѓаат од добро образовани семејства во побогатите населби. Критичарите изјавиле дека играчи како Аугустинсон денес се успешни заради износот на пари што семејствата ги вложуваат во нивните приватни тренинзи.[3]

Иако играл фудбал целиот свој живот, тој се пробал и во хокеј на мраз во својата младост.[4] Навивач е на Манчестер Јунајтед.

Во декември 2015 година, Аугустинсон се претставил како машки модел во божиќната кампања на NLY наречена The Next Generation.[5]

Технички одлики

[уреди | уреди извор]

Модерен лев бек,[6] добар во двете фази на играта, а меѓу најголемите негови квалитети се изведувањето на прекини, движењето без топка, темпото и тактичката дисциплина.[7][8] Кариерата ја започнал како централен играч за врска, но ја сменил позицијата во лев бек на возраст од единаесет години поради големата конкуренција во средниот ред. Покрај тоа, тој бил користен и како лево крило, поради што има голема тенденција за напаѓање и често се одликува како асистент на головите за своите соиграчи.

Клупска кариера

[уреди | уреди извор]

Бромапојкарна

[уреди | уреди извор]

Аугустинсон ја започнал својата фудбалска кариера на шестгодишна возраст во екипата на Бромапојкарна во неговиот роден град Стокхолм.[4] Тој бил забележителен талент во текот на неговите рани години, па кога бил капитен на тимот до 17 години имал проби во познати европски клубови како Борусија Менхенгладбах и Сампдорија.[9] Откако напредувал низ младинските категории, тој заработил место во првиот тим на Бромапојкарна уште како 16-годишник во 2011 година[10] и го направил своето деби во Суперетан (втората лига на Шведска) подоцна истата година.[11] Со четири настапи во неговата дебитантска сезона, вклучувајќи го и дебито во домашниот куп,[12] тој дошол дотаму да игра речиси во секој натпревар следната година, завршувајќи ја сезоната со два гола и четири асистенции.[13] По две сезони во кои вкупно забележал 31 настап за Бромапојкарна, Аугустинсон се преселил во Гетеборг во јануари 2013 година.[14][15]

Гетеборг

[уреди | уреди извор]
Аугустинсон играјќи за Гетеборг.

По доаѓањето во Гетеборг тој веднаш бил стартер на позицијата лев бек и играл во март 2013 во два натпревари од групната фаза од Купот на Шведска, кој подоцна му Гетеборг го освоил совладувајќи го Јургорден по изведување на пенали. Сепак, само неколку недели пред почетокот на првенството, тој заработил повреда на коленото додека играл за шведската репезентација под 21 година, што го оддалечила од терените пет месеци.[16] На своето деби во Алсвенскан лигата чекал до 25 август 2013 година, кога во гостинскиот натпревар против Малме претрпел друга повреда, што значело дека ќе отсуствува во остатокот од сезоната.[17]

Аугустинсон се вратил од својата втора повреда на време за првиот официјален натпревар во 2014 година, против Вернамо во купот на почетокот на март.[18] Откако најпосле успеал да го заземе своето место во составот на Гетеборг, тој го постигнал својот прв гол за клубот во натпреварот од Алсвенскан, победата на гостувањето против Еребро со 4-3 на 24 септември 2014.[19] Тој одиграл 28 натпревари во лигата таа сезона, без да биде ниту еднаш заменет, и асистирал за три гола.[13] Подоцна заработил место и во „Тимот на годината 2014“ на Алсвенскан - врз основа на гласањето на навивачите на веб-страницата SvenskaFans.com.

Копенхаген

[уреди | уреди извор]

На 6 јуни 2014 година, Аугустинсон потпишал 4,5 годишен договор со данскиот ФК Копенхаген, на кој му се приклучил на 5 јануари 2015 година.[20] Договорот бил склучен за тој да може да биде замена за сонародникот Пјер Бенгтсон на позицијата лев бек, поради тоа што договорот на Бенгтсон со Копенхаген завршувал на 31 декември 2014 година. Надоместокот за трансфер изнесувал 13 милиони шведски круни (приближно околу 1,4 милиони евра), што го направило Аугустинсон најскапиот бек кој некогаш бил купен од некоја шведска екипа.

Своето деби за данската екипа го направил во натпреварот од Суперлигата на Данска против Вестсјаланд, кога сезоната во данското првенство продолжила во февруари 2015; тој асистирал за првиот гол на Копенхаген во натпреварот, а подоцна и самиот тој постигнал гол, играјќи клучна улога во победата со 2-0. Ekstra Bladet го опишал настапот на Аугустинсон како „деби од соништата“, а тренерот Стале Солбакен рекол дека тоа било најдоброто деби уште од неговото деби за Копенхаген против лутиот соперник Брондби во 2000 година.[21] Тој одиграл 15 првенствени натпревари во текот на пролетниот дел од сезоната, помагајќи му на тимот да стигне до второто место во лигата. Аугустинсон забележал шест асистенции во својата прва полусезона, со кој завршил на третото место на листата по бројот на асистенции и исто така бил дефанзивецот со најмногу асистенции во првенството за сезоната 2014–2015 - и покрај тоа што одиграл помалку од половината натпревари.[22] Аугустинсон, исто така, играл редовно и во Купот на Данска, и постигнал еден гол и тоа од директен слободен удар во победата со 1-0 против Есбјерг во реваншот од полуфиналето.[23] Копенхаген подоцна го освоил купот совладувајќи го Вестсјеланд во финалето играно во мај со 2-3 по продолженија, а Аугустинсон дал асистенција за првиот гол на својата екипа кој го постигнал Пер Нилсон. Освојувањето на купот била негова втора титула во кариерата, прва со Копенхаген.

Следната сезона била најуспешната за Аугустинсон во неговата кариера: тој ја освоил својата прва првенствена титула во некоја земја, а исто така бил одбранет и домашниот куп од претходната сезона, така што Копенхаген ја освоил двојната круна во Данска за сезоната 2015-2016. Во првенството, Августинсон ја одиграл секоја минута во првите 30 натпревари од сезоната, за потоа да биде одморен во последните два гостински натпревари кога трофејот веќе бил обезбеден во средината на мај.[24] Придонел за титулата во лигата со девет асистенции во текот на кампањата, со кои бил најдобар асистент во првенството заедно со Николај Томсен и Расмус Фалк.[25]

Во сезоната 2016-2017, неговата последна во Копенхаген, Аугустинсон одиграл 32 натпревари во првенството забележувајќи 1 гол и 10 асистенции со кои придонел за одбраната на титулата. Тој, исто така, одиграл и два натпревари во купот, вклучително и финалето добиено против Брондби со 3-1, и постигнал еден гол во победата над Орхус со 2-1 на домашен терен во четвртфиналето.

Вкупно за Копенхаген одиграл 107 натпревари и постигнал 5 голови.

Вердер Бремен

[уреди | уреди извор]
Аугустинсон играјќи за Вердер Бремен против Мајнц во мај 2018.

На 30 јануари 2017, било објавено дека Аугустинсон потпишал за германскиот клуб Вердер Бремен, на кој ќе му се приклучи за сезоната 2017-2018 во Бундеслигата.

Дебитирал во дресот на Вердер на 12 август 2017, во победата со 3-0 над Вјурцбургер Кикерс во Купот на Германија. Една недела подоцна, дебитирал во Бундеслигата во поразот со 1-0 на гостувањето кај Хофенхајм. Својот прв гол за Вердер, го постигнал на 11 февруари 2018 во победата со 3-1 над Волфсбург на Везер. Својата прва сезона со зелено-белите ја завршил со 33 настапи (29 во првенството и 4 во купот) и еден гол.

Во сезоната 2018-2019, по одличните настапи на Светското првенство 2018 во Русија, тој бил еден од најважните играчи во тимот на тренерот Флоријан Кофелт, играјќи како стартер во сите 34 натпревари во лигата и бил заменет само двапати, постигнувајќи притоа еден гол и имал пет асистенции. Исто така ги одиграл сите натпревари и во Купот на Германија, каде Вердер стигнале до полуфиналето во кое биле елиминирани од Бајерн Минхен. Пред почетокот на следната сезона тој заработил повреда на коленото во претсезонските подготовки, поради што морал кон крајот на август да оди на операција. Се вратил на терените кон крајот на ноември, играјќи ги сите 90 минути во поразот на домашен терен (1-2) од Шалке 04. Во вториот дел од сезоната имал нови проблеми со повреди, поради што одиграл само 15 натпревари во сезоната 2019-2020. Сепак, тој се опоравил за завршницата од сезоната и постигнал гол во плејофот за испаѓање од Бундеслигата против Хајденхајм со кој му помогнал на Вердер да остане во Бундеслигата.[26] Сепак, испаѓањето не било избегнато следната сезона, кога Вердер со поразот во последното коло на домашен терен од Борусија Менхенгладбах испаднал во 2. Бундеслига.

Во август 2021, Аугустинсон потпишал за шпанската Севиља.[27]

Репрезентативна кариера

[уреди | уреди извор]

Аугустинсон ја претставувал Шведска во селекциите под 17 години и под 19 години 21 пат во периодот од 2009 до 2013 година.

Во 2012 година, дебитирал за репрезентацијата на под 21 година. Со оваа репрезентација настапил на Европското првенство за играчи под 21 година 2015 во Чешка, каде го остварил својот најголем успех на репрезентативно ниво, откако Шведска го освоила првенството совладувајќи ја Португалија во финалето по изведување на пенали. Аугустинсон играл во сите четири претходни натпревари на Шведска на првенството и го започнал финалето од првата минута, во кое откако по 120 минути игра се завршило 0-0 се пристапило кон изведување пенали со цел да се одреди победникот, а Аугустинсон бил еден од сигурните изведувачи за својата земја и подоцнежниот победник на првенството.

Аугустинсон (десно), во двобој со Џердан Шаќири (лево), играјќи за Шведска против Швајцарија на Светското првенство 2018.

За сениорската репрезентација дебитирал на 15 јануари 2015 година, во пријателски натпревар против Брегот на Слоновата Коска.

Во јуни 2018, тој бил повикан од селекторот Јане Андерсон да ја претставува својата земја на Светското првенство 2018 во Русија. На 27 јуни 2018, во натпреварот од последното коло од групната фаза против Мексико во Екатеринбург, Аугустинсон го постигнал својот прв гол за својата репрезентација во победата со 3-0.[28] Со таа победа, швеѓаните минале понатаму во осминафиналето каде ја совладале Швајцарија, а нивниот пат на првенството завршил во четвртфиналето каде биле елиминирани со 2-0 од Англија. Аугустинсон ги одиграл сите минути за Шведска на првенството завршувајќи го со пет настапи и еден гол.

Три години подоцна, тој настапил и на Европското првенство 2020, каде одиграл четири натпревари а неговата репрезентација била елиминирана во осминафиналето од Украина по продолженија.

Хронологија на репрезентативните настапи

[уреди | уреди извор]
Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Шведска
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
15-1-2015Абу ДабиШведска Шведска2 – 0Брег на Слоновата Коска Брег на Слоновата КоскаПријателска-заменет 74'
19-1-2015Абу ДабиШведска Шведска0 – 1Финска ФинскаПријателска-добил жолт картон во 21-вата минута 21' заменет 46'
24-3-2016АнталијаТурција Турција2 – 1Шведска ШведскаПријателска-
5-6-2016СолнаШведска Шведска3 – 0Велс ВелсПријателска-влегол во игра 46'
10-10-2016СолнаШведска Шведска3 – 0Бугарија БугаријаКвал. за СП 2018-влегол во игра 63'
11-11-2016Сен ДениФранција Франција2 – 1Шведска ШведскаКвал. за СП 2018-
25-3-2017СолнаШведска Шведска4 – 0Белорусија БелорусијаКвал. за СП 2018-
9-6-2017СолнаШведска Шведска2 – 1Франција ФранцијаКвал. за СП 2018-
31-8-2017СофијаБугарија Бугарија3 – 2Шведска ШведскаКвал. за СП 2018-
3-9-2017БорисовБелорусија Белорусија0 – 4Шведска ШведскаКвал. за СП 2018-
7-10-2017СолнаШведска Шведска8 – 0Луксембург ЛуксембургКвал. за СП 2018-
10-10-2017АмстердамХоландија Холандија2 – 0Шведска ШведскаКвал. за СП 2018-
10-11-2017СолнаШведска Шведска1 – 0Италија ИталијаКвал. за СП 2018-
13-11-2017МиланоИталија Италија0 – 0Шведска ШведскаКвал. за СП 2018-
9-6-2018ГетеборгШведска Шведска0 – 0Перу ПеруПријателска-
18-6-2018Нижни НовгородШведска Шведска1 – 0Јужна Кореја Јужна КорејаСП 2018 - Прва фаза-
23-6-2018СочиГерманија Германија2 – 1Шведска ШведскаСП 2018 - Прва фаза-
27-6-2018ЕкатеринбургМексико Мексико0 – 3Шведска ШведскаСП 2018 - Прва фаза1
3-7-2018Санкт ПетербургШведска Шведска1 – 0Швајцарија ШвајцаријаСП 2018 - Осминафинале-
7-7-2018СамараШведска Шведска0 – 2Англија АнглијаСП 2018 - Четвртфинале-
10-9-2018СолнаШведска Шведска2 – 3Турција ТурцијаУЕФА Лига на нации 2018-2019 - Прва фаза-
11-10-2018КалининградРусија Русија0 – 0Шведска ШведскаУЕФА Лига на нации 2018-2019 - Прва фаза-добил жолт картон во 31-вата минута 31'
17-11-2018ЕскишехирТурција Турција0 – 1Шведска ШведскаУЕФА Лига на нации 2018-2019 - Прва фаза-
20-11-2018СолнаШведска Шведска2 – 0Русија РусијаУЕФА Лига на нации 2018-2019 - Прва фаза-
23-3-2019СолнаШведска Шведска2 – 1Романија РоманијаКвал. за ЕП 2020-
26-3-2019ОслоНорвешка Норвешка3 – 3Шведска ШведскаКвал. за ЕП 2020-
7-6-2019СолнаШведска Шведска3 – 0Малта МалтаКвал. за ЕП 2020-
10-6-2019МадридШпанија Шпанија3 – 0Малта МалтаКвал. за ЕП 2020-
8-9-2020СолнаШведска Шведска0 – 2Португалија ПортугалијаУЕФА Лига на нации 2020-2021 - Прва фаза-
11-10-2020ЗагребХрватска Хрватска2 – 1Шведска ШведскаУЕФА Лига на нации 2020-2021 - Прва фаза-
25-3-2021СолнаШведска Шведска1 – 0Грузија ГрузијаКвал. за СП 2022-добил жолт картон во 64-тата минута 64'
28-3-2021ПриштинаКосово Косово0 – 3Шведска ШведскаКвал. за СП 20221заменет 83'
14-6-2021СевиљаШпанија Шпанија0 – 0Шведска ШведскаЕвро 2020 - Прва фаза-
18-6-2021Санкт ПетербургШведска Шведска1 – 0Словачка СловачкаЕвро 2020 - Прва фаза-заменет 88'
23-6-2021Санкт ПетербургШведска Шведска3 – 2Полска ПолскаЕвро 2020 - Прва фаза-
29-6-2021ГлазговШведска Шведска1 – 2 прод.Украина УкраинаЕвро 2020 - Осминафинале-заменет 83'
Вкупно Настапи 36 Голови 2

Статистика

[уреди | уреди извор]

Клупска статистика

[уреди | уреди извор]

Статистиката е ажурирана на 4 јули 2021.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
2011Шведска БромапојкарнаСЕ30КШ10------40
2012СЕ272КШ00------272
Вкупно Бромапојкарна30210----312
2013Шведска ГетеборгА10КШ30ЛЕ00СШ0040
2014А281КШ50ЛЕ5[29]0---381
Вкупно Гетеборг2918050--421
јан. 2015Данска КопенхагенСЛ151КД41------191
2015-2016СЛ311КД30ЛЕ4[29]0---381
2016-2017СЛ321КИ21ЛШ+ЛЕ12[30]+40+0---502
Вкупно Копенхаген78392200--1075
2017-2018Германија Вердер Бремен291КГ40------331
2018-2019341КГ50------391
2019-202012+2[31]0+1[31]КГ10------151
2020-2021230КГ21------280
Вкупно Вердер Бремен1003150----1153
Вкупно во кариерата23793322500029511

Шведска Гетеборг

[уреди | уреди извор]
2012-2013

Данска Копенхаген

[уреди | уреди извор]
2015-2016, 2016-2017
2014-2015, 2015-2016, 2016-2017

Репрезентативни

[уреди | уреди извор]

Шведска Шведска под 21 година

[уреди | уреди извор]
2015
  1. „Jag får gåshud bara jag tänker på det“ (шведски). Expressen. 28 January 2013. Посетено на 18 February 2015.
  2. „Jonathan Augustinsson klar för Djurgården“ (шведски). Djurgårdens IF. 15 February 2016. Посетено на 15 February 2016.
  3. „Sveriges nya fotbollscentrum“ (шведски). Aftonbladet. 13 September 2015. Посетено на 3 December 2015.
  4. 1 2 „Augustinsson om det enorma fotbollsintresset“ (шведски). Göteborgs-Posten. 9 February 2013. Посетено на 5 October 2014.
  5. „Ludwig Augustinsson: "Det är en ära att få spela för svenska landslaget" (шведски). Metro Mode. 2 December 2015. Архивирано од изворникот на 2017-02-02. Посетено на 1 February 2016.
  6. „Ludwig Augustinsson "Jag är 100 procent fotboll" (шведски). SvenskaFans. 28 January 2013. Посетено на 2 December 2015.
  7. „I giocatori più sorprendenti del Mondiale“. Посетено на 2019-10-16. Занемарен непознатиот параметар |data= (се препорачува |date=) (help)
  8. „La Lazio punta Augustinsson, il terzino che ha battuto anche i "ratti"...“. Посетено на 2021-06-18.
  9. „Ludwig siktar högt“ (шведски). TipsElit. 23 July 2011. Архивирано од изворникот на 22 April 2016. Посетено на 8 April 2016.
  10. „Silly Season 2011/2012“ (шведски). SvenskaFans.com. Посетено на 5 October 2014.
  11. „Ludwig Augustinsson“. Soccerway. Посетено на 5 October 2014.
  12. „Brommapojkarna 3–1 Gefle“ (шведски). Soccerway. 12 May 2011. Посетено на 2 December 2015.
  13. 1 2 „Ludwig Augustinsson“ (шведски). SvenskFotboll. Посетено на 2 December 2015.
  14. „Augustinsson in, Bärkroth ut“ (шведски). IFK Göteborg. Архивирано од изворникот на 10 March 2013. Посетено на 21 March 2013.
  15. „Klart: Augustinsson går till IFK Göteborg“ (шведски). Sportbladet. 6 January 2013. Посетено на 20 February 2015.
  16. „Augustinsson borta fem månader“ (шведски). Göteborgs-Posten. 28 March 2012. Архивирано од изворникот на 4 March 2016. Посетено на 5 October 2014.
  17. „Första matchen sen mars – skadad igen“ (шведски). Sportbladet. 25 August 2012. Посетено на 5 October 2014.
  18. „IFK Göteborg vs. Värnamo 2 – 0“ (шведски). Soccerway. 1 March 2014. Посетено на 29 December 2015.
  19. „Örebro – IFK Göteborg“ (шведски). SvenskFotboll. 24 September 2014. Посетено на 10 February 2015.
  20. „Ludde till FC Köpenhamn efter säsongen“ (шведски). IFK Göteborg. 6 June 2014. Архивирано од изворникот на 17 October 2014. Посетено на 6 June 2014.
  21. „Ståle om ny svensker: Bedste debut siden...MIG!“ (дански). Ekstrabladet. 22 February 2015. Посетено на 22 February 2015.
  22. „Assists, top 20, 2014/2015“ (дански). SuperStats.dk. Посетено на 28 December 2015.
  23. „Esbjerg fB – FC København (30. april 2015)“ (дански). bold.dk. 30 April 2015. Архивирано од изворникот на 2017-05-18. Посетено на 28 December 2015.
  24. „Svenska landslagstrion får ledigt av danska toppklubben“ (шведски). Fotbollskanalen. 21 May 2015. Посетено на 5 June 2016.
  25. „Assists, top 20, 2015/2016“ (дански). SuperStats.dk. Посетено на 28 December 2015.
  26. „Relegation playoff: Werder Bremen retain Bundesliga status on away goals“ (англиски). Посетено на 11 November 2020.
  27. „Ludwig Augustinsson wechselt nach Spanien“. SV Werder Bremen (германски). 15 August 2021. Архивирано од изворникот на 2021-08-16. Посетено на 15 August 2021.
  28. „Švedska prva u grupi – "Sombrerosi" slave Južnu Koreju!“. b92. 27. 6. 2018. Посетено на 27. 6. 2018. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  29. 1 2 Во квалификациите.
  30. 6 натпревари во квалификациите.
  31. 1 2 Бараж за опстанок.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]