Везер (стадион)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Везер
Weserstadion
Целосно име Везерштадион
Место Bremen Wappen(Mittel).svg Бремен, Германија Германија
Отворен 1947[1]
Реновиран 1963–1965, 1989, 2005, 2008–2011[1]
Сопственик Бремер Везер-Штадион ГмбХ
Подлога трева
Цена на изградбата €76.5 милион (2008–2011)
Игра Вердер Бремен Вердер Бремен
Гледачи 42,100[2][3]

Стадионот Везер или Везерштадион е мултифункционален фудбалски стадион во Бремен, Германија и домашен терен на фудбалскиот клуб Вердер Бремен, кој се натпреварува во Бундеслигата. Се наоѓа на северниот брег на реката Везер и е опкружен со бујни зелени паркови.

Во периодот од 2008 до 2011 година, Везер бил реконструиран и модернизиран. По завршувањето на неговата реконструкција пред почетокот на сезоната 2011-2012 стадионот има капацитет од нешто повеќе од 42.000 места. Сопственикот на стадионот е Бремер Везер-Штадион ГмбХ, кој е во сопственост на Вердер Бремен и градот Бремен.

Историја[уреди | уреди извор]

Првиот претходник на стадионот Везер било спортско игралиште со дрвена платформа изгадено во 1909 година. Неговото сегашно име за прв пат го добил во 1930 година. Од 1945 година бил нарекуван ИКЕ стадион и се користеше за американски тимски спортови. Од неговото повторно отворање во 1947 година, го носи името "Везер".[4]

Во својата долга историја, стадионот Везер претрпел бројни проширувања и реновирања. Иако новите трибини го прошириле својот капацитет, другите мерки, особено реконструкцијата на положбата на седиштата, го спречиле ова. Поради тоа, капацитетот на Везерштадион од 1970-тите до 2002 година се намалил. Во 1965 трибините биле завршени со врвен чин, како награда за првото место на Вердер Бремен во германско фудбалско првенство.

Последната реконструкција на стадионот била извршена во периодот 2008-2011 кога на стадионот биле извршени бројни работи за модернизација како реконструкција на покривот и поставување на соларни панели, како и реконструкција на трибините, со кои била направена моменталната правоаголна форма на Везер.

Од декември 2004 година, на стадионот Везер се наоѓа и музејот на Вердер Бремен, познат под името "Вузеум". Тој бил отворен како резултат на реконструкцијата на северната трибина. Во "Вузеум" се изложени успесите и титулите кој низ својата историја ги освоил Вердер. Така, тука се сместени титулите од Бундеслигата, Купот на Германија и многу ретки постери, фотографии и други трофеи кој вредат да се погледнат. Покрај тоа, има специјални изложби во почест на многу истакнати играчи или други членови на клубот.

Галерија[уреди | уреди извор]

Концерти[уреди | уреди извор]

Многу познати пејачи имаат настапувано на Везер стадионот вклучувајќи ги Бон Џови, Мајкл Џексон, Тина Тарнер, Металика, The Rolling Stones, Guns N' Roses и многу други.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Das Weser-Stadion“. werder.de (German). Bremen: SV Werder Bremen GmbH & Co KG aA. n.d. конс. 1 May 2017. 
  2. „Weser-Stadion“. werder.de (German). SV Werder Bremen GmbH & Co KGaA. n.d. Архивирано од изворникот на 15 September 2015. конс. 4 September 2015. 
  3. Die Kapazität der 18 Bundesliga-Stadien“, RP Digital GmbH, 26 јуни 2019. (на German)
  4. Грешка во шаблонот: потребен е наслов на аргументот.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]