Европско првенство во фудбал за играчи под 21 година 2015

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Европско првенство во фудбал за играчи под 21 година 2015
УЕФА Европско првенство за играчи под 21 година - 2015
Европско првенство во фудбал за играчи под 21 година 2015
Општо за првенството
Домаќин(и) Чешка Чешка
      градови 8
      стадиони 4
Период на оддржување 17 јуни30 јуни 2015
Број на учесници 8
Распределба на медалите
Gold medal.svg Шампион Шведска Шведска
Silver medal.svg Второ место Португалија Португалија
Bronze medal.svg Трето место Данска Данска
Германија Германија
Статистички податоци за првенството
Посетеност 144.127  (9.608 по натпревар)
Одиграно натпревари 15
Дадено голови 37  (2.47 по натпревар)
Најдобар стрелец Чешка Јан Климент (3 гола)
2013
2017


УЕФА Европското првенство за играчи под 21 година - 2015 било 20-тото Европско првенство за играчи под 21 година, фудбалско натпреварување кое се одржува на секои две години за репрезентациите за играчи под 21 година, организирано од страна на УЕФА. Завршниот турнир ќе биде одржан во Чешка од 17-30 јуни 2015 година, откако нивната понуда била избрана од страна на Извршниот комитет на УЕФА на 20 март 2012 година во Истанбул, Турција.[1]

Педесет и две репрезентации учествувале во квалификациите, кои се одвивале помеѓу март 2013 и октомври 2014 година, за да се добијат седумте земји кои му се приклучиле на финалниот турнир на домаќинот. Фудбалерите родени на или по 1 јануари 1992 година, имаат право да учествуваат на турнирот.[2]

Бранител на титулата требало да биде Шпанија, која ја обезбедила својата втората последователна титула со победата над Италија со 4-2 на претходното првенство во 2013 година во Израел. Сепак, Шпанија не била во можност да ја брани својата титула, бидејќи биле елиминирани од страна на Србија во квалификацискиот-бараж.

Во финалето, играно на Еден Арена во Прага, Шведска ја победила Португалија со 4-3 на пенали, откако по 120 минути игра натпреварот завршил 0-0. Притоа, шведската репрезентација ја освоила својата прва титула во ова натпреварување, откако претходно загубиле во финалето во 1992, обезбедувајќи ја првата титула во младинските натпреварувања организирани од УЕФА.

Со пласманот во полу-финалето, Данска, Германија, Португалија и Шведска, исто така, се квалификувале за Летните олимписки игри 2016, кој ќе се одржат во Бразил.[3]

Квалификации[уреди | уреди извор]

Квалификациите за завршниот турнир на Европско првенство за играчи под 21 година - 2015 се состоел од два круга: групна фаза и бараж. Ждрепката за групната фаза се одржала на 31 јануари 2013 година во Нион, Швајцарија, каде 52 национални тимови биле поделени во десет групи со по пет или шест екипи. Секоја група се одиграла по двоен Бергеров систем, каде што репрезентациите играат едни против други двапати, дома и на гости. Десетте репрезентации победници на групите и четирите најдобри второпласирани репрезентации се пласирале во бараж-двомечот. Седумтте победници од баражите му се приклучиле на домаќинот Република Чешка на завршниот турнир.[4]

Квалификувани репрезентации[уреди | уреди извор]

Во табелата се наоѓаат квалификуваните репрезентации за завршницата на Европско првенство за играчи под 21 година - 2015 :

Држава Квалификувана како Претходни учества на турнирот1
само во У-21 ерата (од 1978)
Чешка Чешка Домаќин 11 (19785, 19805, 19885, 19905, 19925, 19945, 1996, 2000, 2002, 2007, 2011)
Данска Данска Победник во баражот (против Исланд) 5 (1978, 1986, 1992, 2006, 2011)
Англија Англија Победник во баражот (против Хрватска) 12 (1978, 1980, 1982, 1984, 1986, 1988, 2000, 2002, 2007, 2009, 2011, 2013)
Германија Германија Победник во баражот (против Украина) 11 (19822, 19842, 19882, 19902, 1992, 1996, 1998, 2004, 2006, 2009, 2013)
Италија Италија Победник во баражот (против Словачка) 17 (1978, 1980, 1982, 1984, 1986, 1988, 1990, 1992, 1994, 1996, 2000, 2002, 2004, 2006, 2007, 2009, 2013)
Португалија Португалија Победник во баражот (против Холандија) 6 (1994, 1996, 2002, 2004, 2006, 2007)
Србија Србија Победник во баражот (против Шпанија) 8 (19783, 19803, 19843, 19903, 20044, 20064, 2007, 2009)
Шведска Шведска Победник во баражот (против Франција) 6 (1986, 1990, 1992, 1998, 2004, 2009)
1 Болд буквите укажуваат на шампионот за таа година. Италик укажува на домаќинот на турнирот.

Стадиони[уреди | уреди извор]

Натпреварувањето ќе биде одржано на четири стадиони во три града домаќини: Еден Арена и Генерали Арена (во Прага), Стадионот Андрув (во Оломуц), и Стадионот Мирослава Валенти (во Ухерске Храдиште).[5]

Прага Оломуц Ухерске Храдиште
Еден Арена Генерали Арена Стадион Андрув Стадион Мирослава Валенти
50°4′3″N 14°28′18″E / 50.06750° СГШ; 14.47167° ИГД / 50.06750; 14.47167 (Еден Арена) 50°5′59.3″N 14°24′57.3″E / 50.099806° СГШ; 14.415917° ИГД / 50.099806; 14.415917 (Генерали Арена) 49°36′0″N 17°14′54″E / 49.60000° СГШ; 17.24833° ИГД / 49.60000; 17.24833 (Стадион Андрув) 49°3′56″N 17°28′17.3″E / 49.06556° СГШ; 17.471472° ИГД / 49.06556; 17.471472 (Стадион Мирослава Валенти)
Капацитет: 20,800 Капацитет: 19,784 Капацитет: 12,566 Капацитет: 8,121
Stadion Eden.jpg Toyotaarena.jpg Andruv stadion.jpg Stadion Miroslava Valenty.png

Судии[уреди | уреди извор]

Шест судии од шест различни земји ќе ја делат правдата на натпреварите од турнирот:

Земја Судија Помошници Дополнителни асистенти судии
Франција Франција Клеман Тирпен Frédéric Cano
Nicolas Danos
Fredy Fautrel
Nicolas Rainville
Грција Грција Анастасиос Сидиропулос Damianos Efthymiadis
Polychronis Kostaras
Michael Koukoulakis
Stavros Tritsonis
Холандија Холандија Дани Макели Mario Diks
Hessel Steegstra
Kevin Blom
Jochem Kamphuis
Полска Полска Шимон Марцињак Paweł Sokolnicki
Tomasz Listkiewicz
Paweł Raczkowski
Tomasz Musial
Русија Русија Сергеј Карасев Anton Averyanov
Tikhon Kalugin
Sergey Lapochkin
Sergey Ivanov
Шпанија Шпанија Хавиер Естрада Фернандес Miguel Martínez Munuera
Teodoro Sobrino Magán
Alejandro Hernández Hernández
Jesús Gil Manzano

Носители[уреди | уреди извор]

Ждрепката за завршниот турнир се одржала на 6 ноември 2014 со почеток во 18:00 ЦЕВ, во Хотелот Кларион Конгрес во Прага. Англија, како највисоко рангиран тим според коефициентот на УЕФА, заедно со репрезентацијата-домаќин, Република Чешка, биле автоматски постевени во одделни групи. Второ и трето рангираните екипи според коефициентот на УЕФА, Италија и Германија, исто така, биле извлечени во различни групи, додека четирите екипи кој биле не-носители, биле извлечени во последниот шешир со што се пополниле останатите две места во двете групи.[2][6]

Први носители Втори носители Не-носители

Состави[уреди | уреди извор]

Секоја репрезентација треба да достави список од 23 играчи, од кој тројца мораат да бидат голмани. Ако некој играч е повреден или болен доволно сериозно за тоа да го спречи неговото учество на турнирот пред првиот натпревар на неговиот тим, тој може да биде заменет со друг играч.[2]

Фаза по групи[уреди | уреди извор]

Финалистите на УЕФА Европско првенство за играчи под 21 година - 2015.

Осумте финалисти биле поделени со ждрепка во две групи од по четири екипи. Домаќинот Чешка биле избрани во групата А, додека Англија, како најдобро рангиран тим според коефициентот за пласман на УЕФА, биле избрани во групата Б. Во секоја група, тимови ќе играат натпревари едни против други во Round-Robin систем, и првите две екипи ќе се пласираат во полуфиналето.[7][8]

Официјалниот распоред на натпреварите бил објавен од УЕФА на 10 ноември 2014,[9] и потврден на 2 декември 2014.t[10][11]

Ист број на бодови[уреди | уреди извор]

Ако две или повеќе репрезентации имаат еднаков број на бодови точки по завршувањето на натпреварите од групата, се применуваат следниве критериуми:[2]

  1. Поголем број на бодови од меѓусебните натпревари помеѓу екипите кој се во прашање;
  2. Подобра гол-разлика како резултат на натпревари помеѓу екипите кој се во прашање;
  3. Поголем број на постигнати голови во натпревари помеѓу екипите се во прашање;

Ако, откако ќе се применат критериумите 1-3, екипите се уште имаат еднаков пласман, критериумите 1-3 повторно ќе бидат применети но сега ќе се вклучат сите одиграни натпревари од групата не само оние меѓусебните. Ако оваа постапка не доведе до одлука, се применуваат критериумите 4-6.

  1. Подобра гол-разлика во сите натпревари во групата;
  2. Поголем број на постигнати голови во сите натпревари во групата;
  3. Подобар коефициент во пласманот на УЕФА под 21 година, кој се користи ако две екипи се тотално изедначени.

Ако само два тима се изедначени (според критериумите 1-5) после последниот натпревар од групната фаза, нивниот пласман ќе биде утврдени со изведување на пенали .

Група A[уреди | уреди извор]

Поз. Репрезентација Бод ОН П Н И ДГ ПГ ГР
1. Данска Данска 6 3 2 0 1 4 4 0
2. Германија Германија 5 3 1 2 0 5 2 +3
3. Чешка Чешка 4 3 1 1 1 6 3 +3
4. Србија Србија 1 3 0 1 2 1 7 -6





Група Б[уреди | уреди извор]

Поз. Репрезентација Бод ОН П Н И ДГ ПГ ГР
1. Португалија Португалија 5 3 1 2 0 2 1 +1
2. Шведска Шведска 4 3 1 1 1 3 3 0
3. Италија Италија 4 3 1 1 1 4 3 +1
4. Англија Англија 3 3 1 0 2 2 4 -2





Нокаут фаза[уреди | уреди извор]

Во нокаут фазата, продолженијата и пеналите ќе го одлучуваат победникот доколку е неопходно.[2]

Bracket[уреди | уреди извор]

Полуфинале Финале
27 јуни – Прага
 Данска Данска 1  
 Шведска Шведска 4  
 
30 јуни – Прага
     Шведска Шведска 0 (4)
   Португалија Португалија 0 (3)
27 јуни – Оломуц
 Португалија Португалија 5
 Германија Германија 0  

Полуфинале[уреди | уреди извор]


Финале[уреди | уреди извор]

Победник[уреди | уреди извор]

Победник на Европско првенство за играчи под 21 година - 2015

Шведска
Шведска
1. титула

Листа на стрелци[12][уреди | уреди извор]

Гол Пенали Играч Клуб
3 0 Чешка Јан Климент  Чешка
2 0 Германија Кевин Фоланд  Германија
2 0 Италија Марко Бенаси  Италија
2 0 Португалија Жоао Марио  Португалија
2 0 Шведска Симон Тиблинг  Шведска
2 1 Шведска Џон Гвидети  Шведска
1 0 Данска Расмус Фалк  Данска
1 0 Данска Виктор Фишер  Данска
1 0 Данска Пионе Систо  Данска
1 0 Данска Јаник Вестергор  Данска
1 0 Данска Уфе Бех  Данска
1 0 Германија Емре Џан  Германија
1 0 Германија Матијас Гинтер  Германија
1 0 Германија Нико Шулц  Германија
1 0 Англија Џеси Лингард  Англија
1 0 Англија Нејтн Редмонд  Англија
1 1 Италија Доменико Берарди  Италија
1 0 Италија Андреа Белоти  Италија
1 0 Португалија Бернардо Силва  Португалија
1 0 Португалија Иван Кавалеиро  Португалија
1 0 Португалија Рикардо  Португалија
1 0 Португалија Рикардо Орта  Португалија
1 0 Португалија Гонсало Пасиенсија  Португалија
1 0 Чешка Мартин Фридек  Чешка
1 0 Чешка Павел Кадерабек  Чешка
1 0 Чешка Ладислав Крејчи  Чешка
1 0 Србија Филип Ѓуриќиќ  Србија
1 0 Шведска Робин Кваизон  Шведска
1 0 Шведска Оскар Хиљемарк  Шведска
1 1 Шведска Исак Кисе Телин  Шведска

Амбасадор[уреди | уреди извор]

Поранешниот играч од средниот ред на чешката репрезентација Павел Недвед е амбасадор на турнирот.[13]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. UEFA.com (20 март 2012). "Czech Republic to host 2015 Under-21 finals". Соопштение за печат.  посет. 6 април 2012 г
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 „Regulations of the UEFA European Under-21 Championship 2013–15“ (PDF). UEFA.com. конс. 18 October 2014. 
  3. „QUALIFICATION SYSTEM – GAMES OF THE XXXI OLYMPIAD – RIO 2016 Original“ (pdf). Comité Olímpico Portugal. 23 April 2014. конс. 22 January 2015. 
  4. UEFA (31 јануари 2011). "Spain learn fate in U21 qualifying draw". Соопштение за печат.  посет. 1 февруари 2013 г
  5. „Česko v roce 2015 uspořádá šampionát fotbalistů do 21 let“. Mladá fronta DNES (Czech). 20 March 2012. конс. 27 March 2014. 
  6. „Final tournament draw“. UEFA. 6 November 2014. конс. 8 November 2014. 
  7. „Competition format“. UEFA.com. Union of European Football Associations (UEFA). конс. 18 October 2014. 
  8. „Czechs paired with Germany, Denmark and Serbia“. UEFA.com. Union of European Football Associations (UEFA). конс. 6 November 2014. 
  9. „Provisional schedule for Under-21 finals“. UEFA.com. 10 November 2014. 
  10. „Confirmed schedule for Under-21 finals“. UEFA.com. 2 December 2014. 
  11. [htp://www.uefa.com/MultimediaFiles/Download/competitions/Draws/02/19/06/01/2190601_DOWNLOAD.pdf „Confirmed U21 2015 finals match schedule“] (PDF). UEFA.com. 
  12. uefa.com (уред.). „Statistiche giocatori dai sito it.uefa.com“. конс. 23 јуниo 2015. 
  13. „The ambassador: Pavel Nedvěd“. UEFA.com. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]