ФК Хофенхајм 1899
Хофенхајм | ||||
---|---|---|---|---|
![]() | ||||
Целосно име | ТШГ Хофенхајм 1899 | |||
Прекар | Хофе | |||
Основан | 1 јануари 1899 | |||
Стадион | Рајн Некар-Арена Зинсхајм, Германија | |||
Сместивост | 30,150 | |||
Претседател | ![]() | |||
Тренер | ![]() | |||
Лига | Бундеслига | |||
2021/22 | Бундеслига, 9-ти | |||
Мреж. место | Службено мрежно место | |||
|
ТШГ 1899 Хофенхајм е германски фудбалски клуб од градот Зинсхајм. Во 2007, клубот одлучил да го усвои користењето на своето име во пократок облик Хофенхајм 1899 наместо традиционалното име ТШГ Хофенхајм.
Историја
[уреди | уреди извор]Клубот е основан во 1945 година, со спојување на гимнастичкиот клуб Турнверајн Хофенхајм (основан на 1 јуни 1899) и фудбалскиот клуб Фудбалверајн Хофенхајм (основан во 1921). Во почетокот на 1990-тите, Хофнхајм бил само локален аматерски клуб кој настапувал во осмата лига, Баден-Вуртемберг А-Лига. Маѓутоа, полека напредувале и во 1996-тата започнале да се натпреваруваат во Verbandsliga Nordbaden.
Околу 1990, со-основачот на софтвер компанијата SAP, Дитмар Хоп, уложува значајни парични средства во својот поранешен клуб. Неговите вложувања речиси веднаш донеле резултати: па во 2000-тата година Хофенхајм завршува како прв во Verbandsliga и се квалификува за Оберлигата, четвртото ниво на германскиот фудбал. Со уште едно освоено прво место, клубот дошол до Регионалнатта лига-Југ во сезоната 2001-02. Во својата прва сезона во Регионалната лига завршуваат на 13. место, но значајно се поправиле наредната сезона, кога завршиле на петто место.
Во наредните две сезони, Хофенхајм завршил на седмо и петто место, па и на четврто место во сезоната 2005-06. Сезоната 2003-04, клубот за првпат во својата историјата настапувал во германскиот куп во кое стигнале до четвртфиналето, во кое ги запира клубот од 2. Бундеслига, Либек. На тој пат до четвртфиналето ги исфрлиле Ајнтрахт Франкфурт, Карлсруе, и бундеслигашот Баер Леверкузен.
Во 2006 година, раководството на клубот донело неколку искусни играчи кој претходно играле во Бундеслигата, како што се Јохен Зајц и Томислав Мариќ, како и поранешниот тренер на бундеслигашите Штутгарт, Хановер и Шалке, Ралф Рагник, кој потпишал петгодишен договор. Тие вложувања во клубот се исплатиле во сезоната 2006-07, кога избориле промоција во 2. Бундеслига, откако завршиле на 2. место во Регионалната лига. Веќе следната сезона, Хофенхајм изборил промоција во Бундеслигата, откако завршуваат уште една сезона на второ место, и така клубот од село со 3,000 жители во сезоната 2008-09 за првпат заиграл во највисоката фудбалска лига во Германија.
Стадион
[уреди | уреди извор]
Пред да избори промоција во 1. Бундеслига во 2008 година, клубот настапувал на Стадион Дитмар-Хоп, кој бил изграден во 1999 година со капацитет од 5000 (1620 седечки места). Повишените амбиции на Хофенхајм станале јасни во 2006 година, кога раководството на клубот одлучило да изгради нов стадион со 30.150 седишта, а новиот нивен дом го добил името Рајн Некар-Арена, погодна за угостување на квалитетните тимови од Бундеслигата. Првично стадионот бил во план да се гради во Хајделберг пред изборот на едно место во Зинсхајм.
Тие ја отвориле својата прва сезона во 1. Бундеслига на стадионот Карл-Бенц во Манхајм со капацитет од 26.022, и го одиграле тука својот прв натпревар додека нивниот нов стадион не бил отворен-на 31 јануари 2009 година.[1]
Играчи
[уреди | уреди извор]Моментален Состав
[уреди | уреди извор]
|
|
Познати поранешни играчи
[уреди | уреди извор]Последни тренери
[уреди | уреди извор]Последни тренери на клубот:[2]
Започнал | Завршил | Тренер |
---|---|---|
1979 | 1982 | ![]() |
1982 | 1982 | ![]() |
1982 | 1984 | ![]() |
1984 | 1985 | ![]() |
1986 | 1989 | ![]() |
1989 | 1990 | ![]() |
1990 | 1992 | ![]() |
1992 | 1994 | ![]() |
1994 | 1998 | ![]() |
1998 | 1998 | ![]() |
1998 | 14 март 1999 | ![]() |
15 март 1999 | 30 сеп 1999 | ![]() |
31 авг 1999 | 12 март 2000 | ![]() |
2000 | 30 јуни 2000 | ![]() |
1 јули 2000 | 19 ноем 2005 | ![]() |
19 ноем 2005 | 23 дек 2005 | ![]() |
10 јан 2006 | 21 мај 2006 | ![]() |
24 мај 2006 | 30 јуни 2006 | ![]() |
1 јули 2006 | 1 јан 2011 | ![]() |
2 јан 2011 | 30 јуни 2011 | ![]() |
1 јули 2011 | 9 фев 2012 | ![]() |
10 фев 2012 | 3 дек 2012 | ![]() |
3 дек 2012 | 31 дек 2012 | ![]() |
1 јан 2013 | 2 април 2013 | ![]() |
2 април 2013 | денес | ![]() |
- * Тренери на привремена должност.
Титули
[уреди | уреди извор]- 2. Бундеслига : 2008-вицешампиони
- Регионал лига : 2007-вицешампиони
- Оберлига : 2001
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Официјално мрежно место на клубот
- Информации за клубот на soccerway
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Wirsol Rhein-Neckar-Arena Архивирано на 8 март 2012 г. (германски) weltfussball.de, accessed: 18 September 2011
- ↑ 1899 Hoffenheim .:. Trainer von A-Z (германски) weltfussball.de, accessed: 18 September 2011
|