24 јуни

Од Википедија — слободната енциклопедија

24 јуни — 175-тиот ден во годината според грегоријанскиот календар (176-ти во престапна година). Остануваат 190 дена до крајот на годината. Предлошка:Јуни 2024

Настани[уреди | уреди извор]

972  Се одвива Битката кај Цедиња во близина на истоимениот град во Полска, во која полските сили ја забележуваат својата прва победа во историјата на војувањето.
1441  Формиран е Колеџот Итон.
1497  Џон Кабот стапнува на северноамериканско тло кај Њуфаундленд, Канада - прво европско откритие на регионот по Викинзите.
1509  Хенри VIII после женидбата со Катерина, вдовицата на својот брат, бил крунисан во Вестминстерската капела за крал.
1793  Усвоен првиот републикански устав во Франција.
1859  Пиемонт и Франција ја поразуваат Австрија кај Солферино, Северна Италија. Битката кај Солферино ќе го поттикне Анри Динан да го основа Црвениот крст.
1861  Од печатницата на Анте Јакиќ, во Загреб, излегол од печат „Зборникот народни умотворби“ на браќата Миладиновци.
1894  Бил извршен атентат на францускиот претседател Сади Карно, кој се борел за ограничување на синдикалните права.
1901  Првата изложба на Пабло Пикасо во Париз.
1910  Јапонија ја освојува Кореја.
1918  Гигантскиот топ Големата Берта започнува со бомбардирање на Париз.
1940  Франција и Италија потпишуваат примирје.
1944  Македонска делегација во состав: Методија Андонов - Ченто, Емануел Чучков и Кирил Петрушев на Вис се среќаваат со Народниот комитет за ослободување на Југославија на чело со Јосип Броз Тито, на средбата делегацијата го поставува прашањето за обединување на Македонија по ослободувањето од окупацијата. Тито начелно се согласува, но не смета дека тоа треба да биде непосредна задача.
1945  Одржана парадата на победата над фашизмот во Москва.
1947  Прв познат случај на средба со НЛО. Кенет Арнолд, летајќи над Вашингтон, забележува девет светлечки дискови во форма на чинии.
1983  Јасер Арафат протеран од Дамаск.
1990  Основана е Работничката партија, левичарска политичка партија во Република Македонија.
1991  Врз основа на плебисцитот од декември 1990 година на кој словенечкиот народ со уверливо мнозинство се определи за градење суверена држава и Декларацијата за независност, Словенија прогласи независност. Веднаш по тој чин дојде до оружени конфликти меѓу ЈНА и словенечката територијална одбрана. Воениот судир заврши за триесетина дена со Брионската декларација и повлекување на единиците на ЈНА од Словенија во Србија и во БиХ.
1996  Мајкл Џонсон го надминува светскиот рекорд на 200 метри, со време од 19,66 секунди.
1999  Гитарата на Ерик Клептон со која е снимена „Лејла“ е продадена на аукција за 497.500 долари.


Родени[уреди | уреди извор]

1842  Емброуз Бирс — американски писател.
1869  Георги — грчки принц.
1895  Џек Демпси — американски боксер.
1911  Ернесто Сабато — аргентински писател.
1911  Хуан Мануел Фанџо — аргентински возач во „Формула 1“.
1928  Бранко Хорват — хрватски и југословенски економист.
1930  Иван Сламниг — хрватски писател.
1930  Клод Шаброл — француски режисер, сценарист и глумец.
1944  Џеф Бек — англиски рок-гитарист.
1959  Дерек Симпсон — јамајски реге-пејач.
1950  Мајда Тушар — македонска театарска и филмска глумица.
1951  Чарлс Стариџанглиски сценарист.
1968  Борис Гелфанд — израелски шахист.
1977  Франсин Жордишвајцарска пејачка.
1985  Крунослав Симон — хрватски кошаркар.
1991  Мутаз Еса Баршим — катарски атлетичар.
1992  Давид Алаба — австриски фудбалер.
1999  Дарвин Нуњес — уругвајски фудбалер.
1999  Бојан Миовски — македонски фудбалер.


Починале[уреди | уреди извор]

1322  Матео I Висконти — владетел на Милано.
1519  Лукреција Борџија — ќерка на Родриго Борџија.
1894  Мари Франсоа Сади-Карнопретседател на Франција.
1993  Масимо Урбани — италијански џез-музичар.
2000  Вера Еткинсбританска шпионка од романско потекло.
2002  Пјер Вернерпремиер на Луксембург.
2011  Томислав Ивиќ — хрватски и југословенски фудбалер и тренер.

Празници[уреди | уреди извор]

24 јуни (празници)