Зборник на Миладиновци

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
„“  
Bulgarian Folk Songs Miladinov1.jpg
Насловна страница на оргиналното прво издание
Автор Браќа Миладиновци
Наслов на
оригиналот
Бѫлгарски народни песни
Земја Хрватска, Австро-Унгарија
Жанр(ови) Народно творешво
Издадена прво издание: 1861 година во Загреб
Vista-password.png

Оваа страница е заштитена од понатамошни измени на анонимни корисници, поради сомнителни придонеси на анонимни корисници кои треба да се дискутираат на страницата за разговор.
За да ги видите претходните верзии, стиснете на врската историја.

Зборникот на Миладиновци, насловен како Бѫлгарски народни песни, излегува од печат во Загреб, во текот на јуни 1861 година [1]. Македонската наука за литература го избегнува терминот Б‘лгарски народни песни од причини што со едно интервентно вклучување на 70 бугарски народни песни од страна на менторот на изданието, хрватскиот бискуп Јосип Јурај Штросмаер и бугарскиот преродбеник Васил Чолаков, наспроти бројката од шестотини македонски народни песни.

Содржина

Во овој Зборник на 538 страници голем формат се објавени вкупно 660 песни, од кои 584 македонски и 76 бугарски. Покрај тоа, во книгата се приклучени уште и свадбени обичаи од Струга и Кукуш, годишни обичаи од Струга, верувања, игри, преданија, сопствени народни имиња, пословици, гатанки и мал македонско-хрватски речник.

Предговорот кон Зборникот на народни песни е приредувачки и толковен коментар кон неговите содржини. Приредувачкиот коментар, најпрвин, прецизно ги изложува податоците за соработувачкиот тим на кажувачките од една страна, и запишувачите, од друга.

Наведени се имињата на кажувачките на македонските народни песни од кои се чуени најмногу песни (Деча Кавајова од Струга и Ѓурѓа Котева од Прилеп), а искажана им е благодарност и на Рајко Жинзифов, кој ќе им помогне на браќата во запишувањето на народните песни од Македонија, како и на Васил Чолаков, со чие посредство ќе бидат вметнати седумдесет бугарски народни песни (согласно барањето на ѓаковскиот бискуп).

Константин го споменува изоставањето на Богослужбените слова и нотните записи на песните во изданието, кои ќе ги изработи третиот брат, првиот македонски музиколог, Наум Миладинов, чиешто неспоменување ќе му помогне да ја избегне трагичната судбина на своите двајца браќа.

Во продолжение, Константин ги изложува правописните принципи на запишувањето, кои се во функција на изворниот изговор на чуените песни, што е особено значајно за огласувањето на македонската изворна народна реч во овој зборник на македонската преродба.

Независно што македонската народна песна е далеку помногубројна, таа е насловно наведена под името "бугарска" и сосема независно од тоа што во своите писма од Русија, Константин Миладинов забележува дека има намера да испечати македонски народни песни. фонетски доследното бележење на песните и овозможи на македонската песна да се огласи во својата акустичка самобитност.

Значење во македонската литерура

Без оглед што оваа епохална книга на Браќата Миладиновци се јавува по изданието на Стефан Верковиќ (Народни песни на македонските бугари, 1860 година), таа во историјата на македонската литература и култура воопшто си го зазема првото, водечкото место во презентацијата на македонското усно народно творештво.

Полемики

Од годината на првообјавата на Зборникот на Миладиновци, науката за литература кај Македонците и Бугарите се уште не се одважила да го употребува компромисното име на насловот: "Македонски и бугарски народни песни", па до денес, книгата е преиздадена во повеќе од десет изданија.

Бидеjќи во средината на ХІХ век не се правела разлика помеѓу Македонци и Бугари самите Миладиновци кога ги собирале песните пишувале дека ги собираат бугарски песни.

Извори

  1. Зборник на Миладиновци

Надворешни врски