Народни песни на Mакедонските Eгзархи

Од Википедија — слободната енциклопедија
Обвивката на „Народните песни на Македонските Егзархи“.

Народни песни на Македонските Егзархи (исто познато и како Македонски лирски народни песни[1] и Јужномакедонски народни приказни[2] и Македонски народни песни)[3] (српски: Народне песме Македонски Егзархије) е збирка на Македонски народни песни собрани од Стефан Верковиќ, која се смета за негов највреден придонес во Македонска култура и Македонскиот фолклор.[2] На старо српски јазик е објавено во 1860 година, во Белград.[4]

Обработување на книгата[уреди | уреди извор]

Целта на книгата беше да помогне со развивањето на Македонската култура и Македонскиот идентиет со помош преку привлекување вниманието на Руските и Австроунгарските власти кон Македонското прашање.

Кога Стефан Верковиќ работел на книгата тој собирал песни од различни региони од Македонија но голем број што ги собирал биле во Егејска Македонија бидејќи околу тоа време тој работил како агент на Отоманското царство во градот Сер.[5]

Стефан Верковиќ почна да работи на книгата кога Српскиот министер му даде наредба да ја шири српската пропаганда во Егејска Македонија но заради неговите Бугарофилски чувства кон Македонското прашање тој ширел и Бугарска и Српска пропаганда во Егејска Македонија и делумно во Вардарска Македонија[6]

Кога Стефан Верковиќ беше готов со книгата во 1860 тој почнал да патува од градот Сер во Егејска Македонија до Будимпешта во Австроунгарија за да ја штампа книгата, после тоа кога беше готов тој се врати во Белград во Србија и ја издавал книгата на народот во Белград.[7]

Структура на книгата[уреди | уреди извор]

Книгата содржи 335 народни песни кои се лирски и затоа тој ги нарекол женски. Насловот, предговорот, нотите и објаснувањата на песните се на српски јазик, а на крајот има објаснување на некои непознати зборови на српски.

Сепак, песните се во нивната изворна форма. Верковиќ наведува дека планирал да објави втор том од збирката.Поради неговата вклученост во дебатата за Веда Словена, тој не можел да ја објави вториот том и материјалите што ги собра се објавени како „Сборникъ Верковича. Ι. Народныя пѣсни македонскихъ болгаръ“ (Зборник на Верковиќ. Народни песни на македонските Бугари) во 1920 година во Петроград.[8]

Фалсификација на историја од Бугарија[уреди | уреди извор]

Бугарската историографија активно го фалсификува случајот со книгата на Стефан Верковиќ каде што декларират дека терминот “Бугара“ значело “Бугари“ (во етничка смисла) но оваа не е точно, терминот порано значело Македонец што соработувал со Бугарската Егзархија и заради тоа Македонската историографија го користи поточниот термин на “Македонски Егзархи[9][10][11][12]

Според Бугарската историографија тие спомнуваат дека терминот “Бугара“ означуваше Бугари бидејќи Бугарската Егзархија не беше формирана во 1860 но сепак Македонци Егзархи уште постоиле во Македонија но тие имале други термини како “Македонски Патријаршист“ или “Печалбари

Стефан Верковиќ самиот себеси спомнал како терминот “Бугари“ во неговата книга беше синоним на словени што потекнуваше од страиот Византички термин “Волгари“ според Верковиќ “Болгари (voulgaroѕ) бил византиски, па грчки политички наметнат назив за словенското население, како што и називот „болгари“ бил подоцнежен синоним, замена за „словени“[13]

Бугарската истографија заради нивните бугарофилски чувства неможеле да го прифатат терминот “Македонци Егзархи“ и заради тоа кога книгата беше објавена во бугарски јазик од Петар Динеков во 1966 година. Тие намерно го додадоа терминот “Македонски Бугари“ иако Стефан Верковиќ самиот себеси декларирал дека не беше во етничка смисла.[13]

Според истографијата на Македонија тие спомнуват дека вакво објавување е вид на Бугарска пропаганда од Бугарската влада за да го Бугаризира народот.

Во 1961 година, книгата беше објавена од Кирил Пенушлиски во Скопје каде што тој го користи правилниот термин „Македонски народни песни“.[14]

Извори[уреди | уреди извор]

  1. Ристовски, Блаже (1999). Историја на македонската нација. Makedonska akademija na naukite i umetnostite. стр. 193. ISBN 998964957X.
  2. 2,0 2,1 Predavanja na ... Seminar za makedonski jazik, literatura i kultura. Univerzitet. 1983. стр. 232.
  3. Todorovski, Gane (1979). Veda Slovena. Makedonska kniga. стр. 18.
  4. Народне песме македонски Бугара. Скупио Стефанъ И. Верковићъ. Кньига прва Женске песме. У Београду, Правителственомъ кньигопечатньомъ, 1860.
  5. Гласник на Институтот за национална историја. Institut. 1998. стр. 178.
  6. Иваноски, Орде (2007). Димо Хаџи Димов: живот и дело. Архив на Македонија. стр. 24. ISBN 9989480737.
  7. Collection of the Miladinovci. Društvo za nauka i umetnost "Braḱa Miladinovci". 1994. стр. 205.
  8. Тодоров, Делчо. Българската етнография през Възраждането. София, Издателство на Българската академия на науките, 1989. с. 130.
  9. Пандевски, Манол (1974). Националното прашање во македонското ослободително движење: 1893-1903. Култура. стр. 57.
  10. Историја: списание на Сојузот на историските друштва на СР Македонија. Сојуз. 2007. стр. 101.
  11. Биролски, Крсте (1983). Diplomatski odglasi za ilindenskoto vostanie. Arhiv na Makedonija. стр. 122.
  12. Влахов, Димитар (1970). Мемоари. Заедница на издадени дејност при НИП "Нова Македонија". стр. 22.
  13. 13,0 13,1 "Народни песни на Македонските Бугари Архивирано на 8 март 2023 г." (1860) од Стефан Верковиќ
  14. Chris Kostov, Contested Ethnic Identity: The Case of Macedonian Immigrants in Toronto, 1900-1996, Peter Lang, 2010, ISBN 3034301960, p. 94.